Султан Муратова џамија - Целосен комплекс

22
УНИВЕРЗИТЕТ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ ИНСТИТУТ: ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГИЈА НАСОКА: ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ СЕМИНАРСКА РАБОТА ПРЕДМЕТ: ИСТОРИЈА НА АРХИТЕКТУРА НА МАКЕДОНИЈА ТЕМА: СУЛТАН МУРАТОВА ЏАМИЈА Ментор: Студент: Проф. Др. Сашо Коруновски Марија Тодоровска

Transcript of Султан Муратова џамија - Целосен комплекс

УНИВЕРЗИТЕТ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

ИНСТИТУТ: ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГИЈА

НАСОКА: ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ

СЕМИНАРСКА РАБОТАПРЕДМЕТ:

ИСТОРИЈА НА АРХИТЕКТУРА НА МАКЕДОНИЈА

ТЕМА:

СУЛТАН МУРАТОВА ЏАМИЈА

Ментор: Студент:

Проф. Др. Сашо Коруновски Марија Тодоровска

Султан Муратова џамија

Индекс: 22960/13

Скопје, декември 2014 год.

Содржина:

Вовед............................................................

.................................................................

.........3

Султан Муратова

џамија...........................................................

...................................................5

Медреса на Султан

Муратоватаџамија.................................................

.....................................7

Турбе на Султан Муратова џамија – Турбе Бејхан

Султан.......................................................8

Турбе на Султан Муратова џамија – Семејната гробница на Али –

Паша.............................9

Саат -

кула.............................................................

.................................................................

......10

2

Султан Муратова џамија

Заклучок.........................................................

.................................................................

............12

Фотографии.......................................................

.................................................................

.........13

Библиографија....................................................

.................................................................

.......17

Вовед

Културно – историското наследство на територијата на Македонија е

многу богато и разновидно. Секоја цивилизација оставила трајни

белези преку спомениците кои се веродостојни сведоци за животот и

3

Султан Муратова џамија

развитокот на човекот на оваа територија од најстарите времиња до

денес. Ова најдобро го потврдуваат значајните археолошки

наоѓалишта, бројните средновековни цркви, манастири како и

османлиските споменици.

Во овој труд се ограничуваме исклучиво на презентирање на

спомениците од исламската цивилизација и тоа само од Скопје кое

се наоѓало во составот на Османлиската империја во периодот од

1392 до 1912 година.

Џамиите, односно месџидите биле први и најмногубројни објекти од

исламската архитектура кои се граделе на секаде со ширењето на

Османлиската власт. Зборовите џамија (câmi) и (mescid) се од

арапскопотекло и означуваат објекти за собирање на верниците и за

вршење на религиозните обреди. Џамиите ги карактеризира внатрешен

простор во кој се врши службата. Во средината на јужниот ѕид,

како што е тоа вообичаено во правец кон Мека е поставена

полукружна ниша каде што стои имамот кој во заедничка молитва ги

предводи верниците. Десно од михработ се наоѓа место за проповед,

а лево е сместена катедра од каде што се врши проповед и на

мајчин јазик. На спротивната страна, по должината на целата

широчина од ѕидот или само во едната половина се наоѓа галерија

поставена на столбови од камен или од дрво. Тука за време на

молитвата стои муезинот. Тоа е и место за жени. Главно тоа се

елементите во внатрешниот простор на џамијата.

Од надворешната страна на џамијата, покрај влезот се наоѓа малку

издигнат трем кој служи како заклон, а и за молитва кога џамијата

4

Султан Муратова џамија

е полна. Џамијата е секогаш опкружена со двор ограден со ѕид. Во

средината на дворот е шадраван или чешма за ритуално миење. Ниту

една џамија не може да се замисли без чешма и двор. Битен

елемент на секоја џамија е минарето кое го акцентира претежно

хоризонтално развиениот објект и во неговата внатрешност се

поставени спирални басамаци по кои се стигнува до издадениот дел

на минарето од каде музеинот повикува на молитва. Сите постари

џамии од овој терен биле градени од обработен камен и тула.

Куполите над молитвениот простор и оние од тремот биле покриени

со олово.

Основачите на овие објекти биле поединци, муслимански големци,

владетели и побогати граѓани кои ги подигале како свои задужбини.

Ова го потврдуваат и многубројните пишани документи вакафнами.

Богатството на градителите се гледа од самите објекти, од нивната

големина, луксузниот материјал кој е употребуван во градењето и

во декорацијата.

Џамиите се граделе во градските маала и во Чаршијата и го носеле

обично името на основачот на џамијата. Може да се каже дека било

карактеристично за Скопје што маалата главно го добивале името на

џамијата изградена во него, која како што рековме била позната по

својот основач. Такви примери се: Хаџи Гази џамија – Хаџи Гази

маало, Емир Хоџина џамија – Емир Хоџино маало, Ибни Пајкова

џамија – Ибни Пајково маало итн.

Во Скопје во минатото биле изградени голем број џамии. Евлија

Челеби вели дека во Скопје постојат 120 михраби (исламски

5

Султан Муратова џамија

богомолји), големи и мали џамии, месџиди и приватни боломолји. Но

заедничката молитва во петок (џума) се врши само во 45 џамии.

Од така голем број на џамии низ вековите што биле изградени во

Скопје, до денес се зачувале само 21 џамија.

СУЛТАН МУРАТОВА ЏАМИЈА

Џамијата на Султан Мурат II (1421 – 1451) се наоѓа на едно од

најдоминантните места во Скопје. Лоцирана е на возвиешнието кое

се издига од стариот дел на градот. Оваа џамија спаѓа во редот на

првите џамии што биле изградени во Скопје. Таа датира од 1436

година и денес претставува најстарата џамија од зачуваните џамии

во Скопје.

Скопје бил еден од трите градови што ја имале привилегијата да

добијат султанска џамија во времето на османлискиот император

Мурат Втори

6

Султан Муратова џамија

Своевремено покрај Султан Муратовата џамија биле изградени

медреса и имарет кои се вбројувале меѓу најпознатите објекти од

овој вид во Скопје. Од придружните згради на џамијата кои

сочинувале цел комплекс, денес покрај неа се запазени само

остатоците од медресата како и џамиските гробишта во кои се

наоѓаат и две турбиња, турбето на Бејхан Султан и Семејната

гробница на Али – паша од Дагестан. За Имаретот, кој не е запазен

се претпоставува дека се наоѓал покрај Медресата. Од северната

страна на Султан Муратовата џамија, во нејзиниот двор се наоѓа и

скопската Саат – кула која влегува во џамискиот комплекс. Целиот

комплекс на Сулатан Муратовата џамија со својата монументалност и

извонредната местоположба како и со складните архитектонски форми

на сите објекти кои го сочинуваат, претставува и посебно естетско

доживување.1

Големите димензии на објектот, начинот на градењето, остатоците

од извондредната камена пластика и други елементи укажуваат на

тоа дека денес Султан Муратовата џамија е запазена во доста

изменет облик, но и покрај тоа таа претставува одредена историска

и архитектонско – урбанистичка вредност. Џамијата била повеќе

пати обновувана по оштетувањата кои и биле нанесувани во време на

нејзиното повеќевековно постоење. Овој значаен споменик на

културата не бил поштеден ниту во силниот земјотрес од 26 јули

1963 година којшто го разурна Скопје. По земјотресот се извршени

конзерваторски – рестарвраторски интервенции на џамијата,

1 Лидија Кумбараџи – Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Исламска заедница на РМ, (1998), Скопје стр. 16

7

Султан Муратова џамија

зајакнето е минерето и реконструиран е урнатиот дел. Санирани се

и двете турбиња, Саат – кулата и оштетениот потпорен ѕид. Денес

таа има дрвена покривна конструкција со покрив на четири води

покриен со ќерамиди. Овој облик го има добиено главно по обновата

извршена во почетокот на XVIII век меѓутоа се претпоставува дека

џамијата е изградена како куполен објект. Внатрешниот простор на

Султан Муратовата џамија е поделен на три дела со столбови

поставени во два реда по три столба. Тремот на џамијата е отворен

од предната страна. Има четири камени столба со многу убави

капители. Капителите од средните столбови имаат богата

декорација. Другите два капители со својата декорација т.е

начинот на кој е таа предадена претставуваат ретки примероци.

Минарето на Султан Муратовата џамија е изградено од добро

обработен камен, а под шерефето се наоѓа богата декорација од

сталактитни украси. Во минарето се влегува од тремот и од

шерефето и се искачува по камени скали кои се 114 на број.

Џамијата е многу живописна заради употребениот материјал во

градењето, каменот, тулата, различен по боја и квалитет.

Сегашната сликана декорација во џамијата датира од првата

деценија на овој век кога се интервенирало во врска со доаѓањето

на Султан Решад во Скопје и неговото присуство на молитва во оваа

џамија2. Комплексот на Султан Муратовата џамија е ограден со ѕид

во кој се наоѓаат два влеза. Главниот влез е поставен на

северната страна, а другиот влез е од источната страна.

2 Арх. Афродита Таневска, Санационо – конзерваторски работи на султан Муратовата џамија во Скопје, Културно историско наследство на СР Македонија XVIII, Републички завод за заштита на спомениците на културата (1983), стр. 187 - 192

8

Султан Муратова џамија

Над овој влез се наоаѓа една мермерна плоча со изрежан натпис во

две елипсести полиња. Во превод овој натпис гласи:

„Оваа врата ја отвори Биџан за да ја овозможи посетата на Бејхан“.

Година 1329

Од натписот јасно се гледа дека овој влез бил отворен во врска со

посетата на султан Рашад на оваа џамија.

МЕДРЕСА НА СУЛТАН МУРАТОВА ЏАМИЈА

Остатоците од Медресата се наоѓаат од јужната страна на Султан

Муратовата џамија. Таа била основана во првата половина на XV

век, едновремено со изградбата на џамијата. Според запазените

остатоци се добива впечаток дека Медресата била со доста големи

димензии. Таа претставувала цврста градба, изградена од камен и

тула на начин како што е градена и самата џамија.

Турскиот патописец Евлија Џелеби, во својот Патопис меѓу

најпознатите медреси во Скопје како прва ја забележал оваа

медреса како Медреса на султан Мурат – хан. На приложениот

документ, “План на џамијата на Мурат II“ од 1711/12 година, овој

објект е означен како „Мектеб на старата џамија“. Од овој цртеж

многу убаво се гледа обликот и основните конструктивни елементи.

Медресата во означениот период имала од предната страна трем со 3

9

Султан Муратова џамија

столба, покрив на четири води и прозорци поставени во два реда на

источниот и западниот ѕид на објектот. Дворното место било

оградено со ѕид, а се влегувало низ портата која била ситуирана

на источната страна. Медресата го изменила првобитниот

архитектонски облик на Султан Муратовата џамија, односно таа била

куполен објект со измените т.е поправките што следувале по

земјотресот во Скопје во 1963 година.

Познатиот турски поет Јахја Кемал, роден во Скопје во 1884 година

во своите “Спомени“ пишува и за ова училиште. Имено, од 1889

година тој станува ученик на училиштето познато како “Ново

училиште“ и вели дека тоа се наоѓало зад михработ на Султан

Муратовата џамија. Јахја Кемал известува исто така дека

училиштето сеуште работело во 1932 година кога тој, по 30 години

повторно го посетил Скопје. Овој мектеб е секако идентичен со

некогашната Медреса на Султан Муратовата џамија.

ТУРБЕ НА СУЛТАН МУРАТОВА ЏАМИЈА – ТУРБЕ БЕЈХАН СУЛТАН

Турбето Бејхан Султан се наоѓа на јужната страна на Султан

Муратовата џамија. Од типот е на затворени турбиња со купола.

Дејствува доста масивно и може да се рече дека е најголемото

10

Султан Муратова џамија

турбе во Македонија по своите димензии. Ѕидано е од камен и тула

и дејствува многу живописно.3

Над влезот во турбето се наоѓа натпис изрежан во камена плоча во

стихови на турски јазик предаден во четири полиња. Преписот и

преводот е предаден според Глиша Елезовиќ.

Преписот на натписот гласи:

На почивалиштето на овој чесен маченик за вера ветриња нека му

донесат мирис од рајската градина. Кој сака да дознае кога е

подигнато ова турбе, нека го прочита следниот стих:

„Ова место нека биде светилиште на моќниот Господ“.

Година 964 (1556/57)

Хиџриската година 964 со бројки е изрежана во средината на

натписната плоча, а искажана е и во ебџед сметањето како што тоа

го покажува збирот на бројчената вредност на последниот полустих

од натписот.

Во турбето се наоѓаат пет надгробни споменици без натпис.

Потребно е да се истакне дека во литературата ова турбе се

среќава под неколку називи и тоа како: Бикј – хан, Бејхан Султан

и Бејан Баба. На документот “План на џамијата на Мурат II во

Скопје“ од 1711/12 година, ова турбе е означено како турбе на

старата џамија. Се гледа дека од предната страна пред влезот,

3 Арх. Крум Томовски, Преглед на позначајните турбиња во Македонија, Зборник на Техничкиот факултет (1957), Скопје, стр. 58, 102 и 103

11

Султан Муратова џамија

имало отворен трем на столбови кој денес не постои. Во текот на

своето постоење и ова турбе претрпувало оштетувања и било

обновувано.

ТУРБЕ НА СУЛТАН МУРАТОВАТА ЏАМИЈА – СЕМЕЈНАТА ГРОБНИЦА НА

АЛИ – ПАША ОД ДАГЕСТАН

Семејната гробница на Али Паша од Дагестан се наоѓа покрај самата

источна фасада на Султан Муратовата џамија. Припаѓа на отворен

тип турбиња со купола. Во турбето се наоѓаат два гроба со

обележани камени саркофази. Од натписите што се врежани на

нишаните се дознава дека турбето било подигнато кон крајот на

XVIII век над гробовите на мајката и ќерката, т.е жената и

ќерката на Али – паша од Дагестан. Преписот и преводот на

натписите на двата гроба се од Глиша Елезовиќ.

Преписот на натписот на гробот на ќерката гласи:

„Ова е гробот на Ајше, ќерката на Зејнеб анама, зениците на нејзините очи, одчистата крв на прочуениот Али Паша. Саканата и ќерка на мајка не можејќида ја преживее смртта на својата ќерка, рече: Господе, сакам да бидам заедносо својата ќерка, затоа што како јагне на градите сум ја доела. Нека ми останево скутот од окончувањето на светот како пупка на трендафил. Тоа му бешеугодно на божјото провидение. И така утредента, по смртта на девојката наоваа молба на мајката и таа умре. Беше удостоена со позивот на Господа:Дојди кај мене! Ела, седни и читај ја молитвата за покој на душата на Ајше!“.

Година хиџриска 1188 (1774)

Преписот од гробот на мајката гласи:

„Штом од Истанбул стигна во Скопје Зејнеб – анама, сопругата на Али – паша дДагестан, светиот Дух и рече: Тука е местото твое! Радувај се! Сега ти е

12

Султан Муратова џамија

пресудно да влезеш во божјиот храм. Господ ти вети да стигнеш во рајот. Когасе претстави беше месецот Рамазан, и кога беше во гробот погребана,пријателите на Господа кажаа: Господ да ја прости! Од овој минлив светзамина во годината осумдесет и осма“.

При самиот врв на турбето од северната страна се наоѓа убав

декоративен елемент – плиток релјеф со претстава на една џамија

со минаре, потоа само едно тордирано минаре и од страните се

поставени два ибрици со цвеќе.

СААТ – КУЛА

Скопската Саат – Кула се наоѓа покрај Султан Муратовата џамија.

Таа е лоцирана на возвишение и зазема доминантно место во стариот

дел од градот. Ваквата нејзина местоположба придонела уште повеќе

за да биде видлива од сите страни. Точното време на нејзината

изградба не се знае, но според одредени податоци таа била

подигната во периодот меѓу 1556 и 1573 година како прва Саат –

кула на територија на Османлиската држава. Часовникот на Саат –

кулата како и мајсторот што требало да се грижи за неа биле

донесени од заземениот Сигет. Овие податоци ги оставил во своите

патописни забелешки Французинот Филип Дифрен – Кане кој поминал

низ Скопје во 1573 година. Тој забележал: „Овде има еден јавен

саат кој се слуша во целиот град и ги отчукува часовите на

француски начин. Го донеле од Сигет во Унгарија, а заедно со него

го довеле и неговиот мајстор, кој прима добра плата. И покрај тоа

13

Султан Муратова џамија

што Турците во голема мера ги сакаат часовниците и многу ги

ценат, во цела Турција е само тој единствен јавен саат. 4

Саат – кулата претставува интересен споменик на културата со

утилитарната намена што ја имала и во текот на своето постоење го

привлекувала вниманието на граѓаните. Меѓутоа овој значаен и така

потребен објект денес не работи. Според кажувањата на некои

граѓани, саатот уште пред земјотресот бил симнат од Саат – кулата

и однесен на поправка. За жал до денес не е вратен на објектот и

со тоа од небрежност денес Саат – кулата опстојува без да ја врши

својата функција.

Саат – кулата се состои од три дела: долниот дел е изѕидан со

камен кој има квадратна основа (5,50 x 5,50 m), средниот дел кој

претставува осумстрано стебло (до извесна височина градено од

камен, а горе со тула и горниот дел со отвори поставени во два

реда. Овој дел е ограден со железна ограда. Кулата завршува со

едно кубе. Во споредба со другите два дела, овој дел дејствува

полесно поради споменатите отвори преку кои без пречки надвор се

ширел гласот на ѕвоното. При самиот завршеток на вториот дел од

Саат – кулата се наоѓаат празни кругови во кои биле поставени

четири бројченици на часовникот. Денешниот изглед Саат – кулата

го добила кон крајот на XIX и почетокот на XX век во времето на

косовскиот валија Хазиф Мехмед – паша.

Најстарата претстава за Саат – кулата се наоша во документот

познат како „План на џамијата на Мурат II“ од 1711/12 година кој4 Лидија Кумбараџи – Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Исламска заедница на РМ, (1998) – Скопје стр. 26

14

Султан Муратова џамија

се чува во Архивот на Музејот Топкани во Истанбул. Овој документ

всушност претставува план – скица на реонот околу султан

Муратовата џамија во Скопје за положбата по опожарувањето на

градот во 1689 година. Од објаснувањата што се испишани покрај

одделните објекти предадени на овој план, за Саат – кулата

добиваме многу интересни и значајни податоци. На пример, се вели

дека: растојанието меѓу Саат – кулата и султан Муратовата џамија

изнесувало 67 чекори; наведено е дека кулата е претставена онака

како што изгледала пред уривањето во 1689 година; за време на

австриското преземање на градот таа била урната и се` до

составувањето на планот саатот бил на земја во неисправна

состојбам додека порано “гласот му се слушал на десет саати од

местото“. Сега пак, “Скопското население без него приближно го

определува времето, поради што ту навреме, ту безвреме го прави

намазот (божјата служба). Поради тоа се инсистира на потребата да

се најде некој добродетел што би го поправил саатот. Не се

пронајдени податоци кога бил поправен саатот по ова општетување.

Се претпоставува дека тоа било сторено по изготвувањето на овој

документ, бидејќи се знае колкава била потребата на населението

за точното време.

15

Султан Муратова џамија

ЗАКЛУЧОК

Султан Муратовата џамија ќе остане да сведочи дека и граѓаните на

Македонија, без разлика на верата и националноста, имаат со што

да ги привлечат турситите.

За тоа сведочи токму оваа извонредна по структура Султан Муратова

џамија, која кога ќе ја видиме, секогаш не потсеќа на тоа кој ја

има најстарата и најубавата џамија на Балканот.

Во дворот на џамијата се наоѓаат две турбиња: Бикиј Хан и Али-

паша од Дагестан, како и познатата скопска Саат кула, сочинувајќи

со нив единствен комплекс.

16

Султан Муратова џамија

ФОТОГРАФИИ

17

Султан Муратова џамија

Султан Муратовата џамија и Саат – кулата5

5 http://volanskopje.blogspot.com/2009/04/saat-kula-sultan-muratova-dzamija.html

18

Султан Муратова џамија

Турбе на Султан Муратовата џамија – Турбе Бејхан Султан

19

Султан Муратова џамија

Семејната гробница на Али – паша од Дагестан,

денешен изглед

20

Султан Муратова џамија

Саат – кулата6

6 http://volanskopje.blogspot.com/2009/04/saat-kula-sultan-muratova-dzamija.html

21

Султан Муратова џамија

БИБЛИОГРАФИЈА

Авторизирани извори:

1. Арх. Афродита Таневска, Санационо – конзерваторски работи на

султан Муратовата џамија во Скопје, Културно историско

наследство на СР Македонија XVIII, Републички завод за

заштита на спомениците на културата (1983);

2. Арх. Крум Томовски, Преглед на позначајните турбиња во

Македонија, Зборник на Техничкиот факултет (1957), Скопје;

3. Лидија Кумбараџи – Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје,

Исламска заедница на РМ, (1998).

Интернет извори:

1. http://volanskopje.blogspot.com/2009/04/saat-kula-sultan-

muratova-dzamija.html

22