СОВРЕМЕНИ МЕШАНИ МАКЕДОНСКО – АЛБАНСКИ БРАКОВИ,...

30
СОВРЕМЕНИ МЕШАНИ МАКЕДОНСКО – АЛБАНСКИ БРАКОВИ Мери СТОЈАНОВА НУ „Завод и Музеј“ – Битола Климент Охридски бб, 7000 Битола Апстракт: Феноменот на склучување на мешани бракови во изминатите триесетина години не е тема која е присутна и актуелна само во Македонија, туку напротив таа е проучувана во многу земји од светот. Главна причина за оваа пилот статија е реалноста на мешаните македонско-албански бракови кои зачестија во Република Македонија во последните петнаесет години, кои и покрај својата актуелноста во тој рамковен период, останаа многу малку или речеси воопшто не проучувани. Клучни зборови: Мешани бракови, стројникување, миграција, религија, Македонија, Албанија, етнички промени Актуелноста на мешаните бракови помеѓу девојки од северните делови на Албанија и момчиња од западните делови на Македонија, произлезе од нивната бројност, насоките кон ареалите кои условно речено беа зафатени од ваквиот бран на случувања, но и медиумска актуелност (Rukaj Marjola 2010; Цветановски Виктор 2008; Зафирова Билјана 2006) која ги проследи овие случувања. Причините за зачестеноста на оваа појава и во двете средини се бројни и тие речиси без исклучоци се детерминирани од повеќе фактори како на пр. 1

Transcript of СОВРЕМЕНИ МЕШАНИ МАКЕДОНСКО – АЛБАНСКИ БРАКОВИ,...

СОВРЕМЕНИ МЕШАНИ МАКЕДОНСКО – АЛБАНСКИ БРАКОВИ

Мери СТОЈАНОВАНУ „Завод и Музеј“ – БитолаКлимент Охридски бб, 7000 Битола

Апстракт:

Феноменот на склучување на мешани бракови во изминатите

триесетина години не е тема која е присутна и актуелна само

во Македонија, туку напротив таа е проучувана во многу земји

од светот. Главна причина за оваа пилот статија е реалноста

на мешаните македонско-албански бракови кои зачестија во

Република Македонија во последните петнаесет години, кои и

покрај својата актуелноста во тој рамковен период, останаа

многу малку или речеси воопшто не проучувани.

Клучни зборови: Мешани бракови, стројникување, миграција,

религија, Македонија, Албанија, етнички промени

Актуелноста на мешаните бракови помеѓу девојки од северните

делови на Албанија и момчиња од западните делови на

Македонија, произлезе од нивната бројност, насоките кон

ареалите кои условно речено беа зафатени од ваквиот бран на

случувања, но и медиумска актуелност (Rukaj Marjola 2010;

Цветановски Виктор 2008; Зафирова Билјана 2006) која ги

проследи овие случувања. Причините за зачестеноста на оваа

појава и во двете средини се бројни и тие речиси без

исклучоци се детерминирани од повеќе фактори како на пр.

1

демографските промени, промената на социјалните стандарди,

политичките и економските услови, традиционалната култура,

промените во ткивото на семејниот живот, конфесионалната

припадност итн. Сите овие фактори и многу други, на свој

начин влијаат врз вообличувањето на социјалните и

општествените норми на однесување на поединецот во рамките

на потесната и пошироката заедница и го моделираат неговото

„идеално “ и/или „реално“ однесување. Но, секогаш постои

разлика помеѓу „идеалното“ и „реалното“ односно

„прифатливото“ однесување на поединците во рамките на

семејството, интересната група или општество.

Кога зборуваме за миграциите може да зборуваме за нивните

различни аспекти: мотив, насока, број на мигранти, пол,

возраст, времетраење на миграцијата и др.

Иако постојат различни приоди и истражувачки методи кои се

користат од страна на различни науки како на пр.

етнографија, етнологија и антропологија, географија,

социологија, демографија, економија итн., сепак помалку или

повеќе тие се преплетуваат, взаемно делуваат и се

надополнуваат едни со други во одредени точки, на овој начин

збогатувајќи го знаењето за човечките причини и навики

постојано да се движат во потрага по нешто „ново и подобро“.

Во недостаток на научни и стручни материјални од

проблематиката на мигрантските мешани бракови кои се

однесуваат на територијата на Македонија, обработката на

2

соодветната тема истражувањата се потпираат на теренски

материјали, теориска литература и на компаративните анализи.

Во текот на теренските истражувања беше користен

авторефлексивниот метод, за да се согледа личниот аспект на

информаторите и нивното перцепирање на причините и

состојбите, а во таа смисла и етнографскиот метод во кој

предност има „вистината“ и „гледиштето“ на информаторот“.

Во текот на минатите векови, а врз основа на историските

податоци, може да посведочиме многу глобални миграции,

интерконтинентални и трансконтинетални. Иако сите тие се

иницирани од различни фактори сепак имаат една заедничка

крајна цел, а тоа е: обезбедување на подобри услови за живот

за поединците и/или нивните семејства. Ваквата состојба може

да се постави во корелација со многупати споменуваниот „push

- and pull factor“ на Равенштајн (Ernest George Ravenstein)

и неговите честопати споменувани Закони за миграција (1885)

како комплементарни елементи на миграциите и нејзините „за“

и „против“ миграциони фактори (ставови). Многу од

интензивните дебати (Huntington P., Sамuel 2004: 7) во

изминатите децении, кои се однесуваа на миграцијата, скоро

без исклучоци го вклучуваа мултикултурализмот, диверзитетот,

асимилацијата и на крајот идентитетот како важен, но

променлив белег на луѓето во современото општество

прифаќајќи ја мобилноста на населението како едно од

есенцијалните средства и појави на функционирањето на

3

глобалното општество. Во прилог на ваквиот став миграцијата

директно или индиректно е поддржана и поттикнувана од

различни релевантни организации и институции, како што е

случајот со Европската Унија која на мобилноста (користено

20.10.2010)1, (а честопати може да се рече и миграцијата),

гледа како на своевидна придобивка и еден од клучните

фактори во реализција на многу од своите активности, па

според тоа преку своите агенции, програми и политики ја

поддржува на себесвојствен начин. Во овие настојувања секако

е значаен и политичкиот фактор.

Колапсот на комунистичкиот режим, на почетокот на 1990-тите,

во многу од европските земји иницираше промени и транзиции

кои беа политички, економски и социјални, исто така.

Динамичните трансформации и разлики во секој аспект од

животот на населението ги „фати“ луѓето неподготвени за

добрите и лошите работи кои требаше да се случат. Силното

влијание на овие промени беа почувствувани во годините кои

следеа. Во Албанија како држава долго заробена во изолација

и под постојан политички и економски притисок, со постапките

за промена на државниот систем (од комунизам во капитализам

по падот на Енвер Хоџа) истовремено беше промовиран обратен

принцип на сопственоста (приватна пред државна). Со

отворањето на границите на почетокот на 1990-тите се случија

драстични промени кои доведеа до големо раздвижување и

1 http://europa.eu/index_en.htm

4

миграција на населението, внатре во државата и надвор од

неа. На овој начин беше предизвикана далекусежна демографска

нерамнотежа која во некои од официјалните документи и

извештаи ја квалификуваше Албанија и албанската емиграција

како еден од најдраматичните демографски феномени во Европа

(Migration in Albania, Population and Housing Census 2001,

INSTAT). Дневни и периодични селидби во потрага по работа за

обезбедување елементарна егзистенција се случувале во

границите на земјата и течеле паралелно со периодичните

миграции во соседните земји, пошироко во Европа и во светот.

Голем дел од овие времени селидби со тек на време се

претвориле во трајни.

Насоките на внатрешна миграција на населението биле насочени

од руралните кон урбаните средини, како и од јужните и

северните делови кон централните региони и низините, во

населбите по должината на активните трговски патишта, при

што голем пораст на населението беше забележан во главниот

град Тирана, кој што од 200 000 жители во 1990тите, достигна

до 800 000 во 2006 (Çaro Erka. and Van Wissen, L.J.G., 2007:

88). Според податоците од пописот во 2001 (Labour Market

Review of Albania, 2006) како и според други извори (Çaro

Erka and Van Wissen, L.J.G., 2007: 94), бројот на мигранти

кои ја напуштиле земјата од почетокот на транзициониот

период во 1990тите изнесувал околу 1.000.000 Албанци, од кои

најголем број отпаѓал на возрасната категорија помеѓу 20 –

29 години и кој бил во корист на машката популација

5

(Migration in Albania, Population and housing census 2001,

INSTAT, p. 34) сочинувајќи 70% (Çaro Erka and Van Wissen,

L.J.G., 2007: 95) од вкупниот број на мигранти. Главната

дестинација на албанските мигранти тогаш биле и до денес

останале Грција, Италија, САД, Велика Британија и Канада2.

Малиот број на жени мигранти најчесто бил резултат на

семејните здружувања во одредени случаи заради образование,

а многу поретко нивната миграција била резултат на лична

определба.

Во истиот период, состојбата во Македонија на била помалку

драматична. Врз основа на различни статистички податоци

достапни од Државниот завод за статистика на Р. Македонија

(пристапено 6.10.2012)3, може да се забележи дека

миграционите процеси се одвивале непрекинато, при што во

одредени региони на западна Македонија миграционите процеси,

без разлика дали станува збор за внатрешна или надворешна

миграција, се најзастапени кај женската популација на

возраст од 20 – 34 год. и тоа во одредени случаи ваквиот

сооднос е повеќекратно повисок од стапката на миграција кај

машкото население. Стапката на миграција на женското

население е особено висока кај населението од руралните

средини што доведува до дисбаланс на половата структура на

населението, што пак понатаму води до социјални промени.2 The Republic of Albania Migration Profile, IOM InternationalOrganization for Migration, Republic of Slovenia, Ministry of theInterior, October 2007, p.14 3http :// makstat . stat . gov . mk /Publikacii/2.4.10.07.pdf

6

Според тернските истражувања во планинските села на

етнографскиот предел Порече, девојките одбиваат да бидат

„селански“ цел живот и спремни се да тргнат кон градовите

(Македонски Брод, Кичево, Скопје, итн.) и да ризикуваат, со

цел да најдат било каква работа и да се омажат (Инф. проф.

Д-р Анета Светиева)*.

Иако во различни документи Македонија е спомената како

транзитна дестинација на албанските мигранти кои се

упатуваат кон Грција или кон другите европски земји, од

почетокот на 1990тите бил забележителен бројот на женски

мигранти за кои Македонија стана крајна дестинација. Според

достапните статистички податоци бројот на женската

популација доселена од Албанија е значително повисок од оној

на машката популација. Иако оваа категорија на мигранти е

веќе препознаена од страна на македонската Влада4 остануваат

недостапни конкретните бројки на склучени мешани бракови со

што би се овозможила подетална анализа. Миграционите движења

на женската популација од Албанија кон Македонија, врз

основа на конфесионалната припадност може да биде проследена

низ два брана. Во првиот бран овие мигранти биле главно

муслимани кои што стапувале во брак со муслиманското

население од Македонија. Но, од почетокот на 2000 год.

настана „пресврт“, така што Македонија стана „брачна

** Податоците за информаторите се дадени на крајот од текстот.4 Стратегија за интеграција на бегалци и странци во Републица Македонија2008-2015, Влада на република Македонија, Министерство за труд исоцијална политика, Декември, 2008, стр. 9

7

дестинација“ за Албанките – христијанки (Милошеска Ели 2009)

од северниот дел на Албанија.

Појавата на склучување на мешани бракови може да биде

идентификувана под различни термини, но најсоодветни се

термините „невестинска миграција“(Simons Lisa Anne 2001: 47-

50; Bruce Andrew пристапено 15.10.2010) или „свадбена

миграција“ (Стојановиќ-Лафазановска Лидија 2008: 29). Овие

термини се прифатени и користени од страна на повеќе автори

кои ги истражуваат мешаните бракови. Меѓузависноста која што

се појавува во процесот на создавање на овој вид на

социјални и семејни врски соодветствува на востановените

традиционални и културни норми на поединците од земјата од

која доаѓаат, но и од востановените норми на земјата во која

доаѓаат.

Иако како иницијален мотив кој се појавува при теренските

истражувања скоро без исклучок беше споменуван мотивот на

„недостиг“ на машка популација (Инф. Ганче Вокај 2010)* во

соодветните региони во Албанија, што се должи на засилената

миграција во европските и прекуокеанските земји, може да се

заклучи дека вистинските мотиви се далеку покомплексни. Врз

основа на истражувањата како главни мотиви може да се

издвојат: економските, општествените, патријархалните односи

и желбата за полова еднаквост, избегнување на социјалната

маргинализираност и сл.

** Податоците за информаторите се дадени на крајот од текстот.

8

Кога станува збор за економските мотиви во најголем број

случаи станува збор за девојки кои доаѓаат од посиромашни,

многудетни, семејства на кои врз основа на некоја генерална

слика за подобрата економска положба во Македонија од страна

на посредниците им се „презентира“ слика која во суштина не

секогаш соодветствува со реалноста. Сепак ваквиот генерален

став може да претствува повеќе стереотип отколку вистински

одраз на состојбата, бидејќи голем број од девојките кои се

мажени во Македонија не потекнуваат од економски полошо

ситуирани семејства, од оние во кои доаѓаа. Општествените

прилики во Албанија во изминатиот период на индиректен начин

имаат свој одраз и врз оваа категорија на население. Имено

според нивните тврдења, донесувањето на одлуката за

напуштањето на сопствената држава е „олеснето“ и поради

стравот на населението од порастот на стапката на криминал и

од опасноста која им се заканува на многу девојките да

станат жртви на трговијата со жени. Овој страв не е без

основа, барем според полициските извештаи за медиумите во Р.

Македонија. Од визуелните медиуми, дневниот и периодичниот

печат во последните петнаесет години, познати се повеќе

такви случаи на современи „сексуални робинки“ особено во

западна Македонија, меѓу кои скоро редовно имало и Албанки

од Албанија.

Строгите патријархални односи и норми во голема мера

допринесуваат кои склучувањето на мешаните бракови. На тоа

укажува фактот што и покрај тврдењето на девојките дека

9

одлуката за стапување во брак ја донесуваат самостојно и без

никакви притисоци (Инф. Гентијана Мамурас 2012)*, таа

настапува дури откако таткото или некој од повозрасните

машки членови во семејството, ќе го посети домот на брачниот

кандидат и ќе се информира за неговата економска состојба и

сл. Значајно место во овој контекст мора да се даде и на

сликата што девојките ја имаат за ситуацијата и животот во

Македонија која е прилично идилично презентирана од

„стројниците“ и која честопати става акцент на слободата на

движење која ја имаат жените, а која била незамислива за

девојќите во Албанија. Според нивните тврдења тие речиси

никогаш, пред нивното доаѓање во Македонија, не останале

надвор од домот во вечерните часови. Оваа состојба може да

укаже и на желбата за стекнување на своевидна родова

еднаквост која е честопати ставена во корелација со

донесувањето на одлуката за склучување на мешаните бракови.

Постоечките социјални норми присутни во соодветните области

укажуваат и на уште еден момент кој треба да се има во

предвид при одредувањето на причините за склучување на

браковите. Зачестената појава на „насилно“ склучување на

меѓуконфесионални бракови (помеѓу девојки католици и момчиња

муслимани) исто така значи кршење на востановените норми и

наидува на осуда па според тоа многу од девојките ја

споменуваат ваквата појава како негативна и повторно ја

сврстуваат помеѓу факторите кои придонеле за нивно

заминување од Албанија. Имено социјалната исклученост и

10

маргинализација која настапува откако девојката ќе ја

надмине соодветната „возраст за мажење“ која се движи од 14

до 20 или 22 години претставуваат непремостив проблем за

многу девојки и нивните семејства, што повторно го условува

и олеснува донесувањето на одлуката за заминување.

„ Јас имав 18 год и мајка ми ми рече: Ние ќе те омажиме.

Сега си стара. Што ќе правиш сега? – Тие се навикнати да ги

мажат своите ќерки на 14 год. Мојата сестра имаше 14 год.

кога ја омажија“ (Инф. Дорина Меме Нунеска 2009)*.

Изложеноста на социјалниот потсмев и отфрлање е присутна и

во случаите кога по веридбата или „дадениот збор“, вереникот

ја напушта Албанија и заминува на работа во странство. По

долгогодишното отсуство во голем број случаи воопшто не

доаѓа до склучување на брак по што девојката останува во

незавидна положба речиси без никакви прилики за склучување

на друг брак во локалната средина. Сходно на тоа како

единствено прифатливо решение се појавува нејзиното

заминување заради склучување брак во друга локалната

средина, макар и различна конфесионално. Влијанието на

обичајните и социјалните норми е видливо и во заедниците

реципиенти. Тие пред сè се огледуваат во семејната

структуираност каде синовите се сметаат за столбови и

продолжувачи на семејната традиција па според тоа тие се

„нормативно“ обврзани да останат во татковиот дом. За

разлика од нив за девојките е сосема очекувано да го

** Податоците за информаторите се дадени на крајот од текстот.

11

напуштат родителскиот дом и да заминат во нова средина.

Ваквиот социјален став во голема мера го олеснува

напуштањето на татковиот дом без никакви „социјални санкции“

за девојките. Оваа појава секако ставена во корелација и со

други фактори доведува до константо осипување на женската

популација од руралните средини и создава полов дисбаланс,

но во овој случај за сметка на машкото население. Сега пак

машката популација се наоѓа во позиција на побројна

популација и се јавува своевиден дефицит на брачни

кандидати. Највисоката граница која се смета за погодна за

стапување во брак кај момчињата е нешто повисока и се движи

околу 25 – 27 години. Надминувањето на оваа возраст носи

квалификација на „стар беќар“ со што во овој случај повторно

доаѓаат до израз социјалните норми, па неженетите момчиња се

подложени на социјална исклученост и маргинализација. На нив

честопати во рамките на локалните средини се гледа како на

недоволно способни да формираат свој дом и свое семејство, а

поретко ваквата состојба е перцепирана како соодветен склоп

на околности. Ваквиот генерален став и желбата за припадност

кон сопствената заедница честопати ја олеснува одлуката за

склучување на договорен брак, макар и со девојка од друга

националност.

Теренските истражувања потврдуваат дека сите овие бракови

без никакви исклучоци се склучуваат по пат на

„стројникување“ (Инф. Зоран Атанасовски 2010; Милошеска Ели,

12

2009). Појавата на стројникување не е непозната и нова во

нашата и пошироко во балканската традиционална култура

(Стојановиќ-Лафазановска, Лидија, 2008: 29). Она што е

различно е всушност начинот на неговата манифеатација.

Иницијативата за склучување бракови не се реализира преку

денес познатите брачни агенции, туку се случува преку еден

осовременет вид на традициско стројникување. Во својство на

стројници на почетокот на ваквото миграционо раздвижување се

појавуваа Македонци, кои ги договараат браковите со

македонските „зетови“. Тие имаа свои соработници во Албанија

кои се појавуваат во својство на преведувачи и посредници

кај албанските девојки. Со тек на времето доаѓа до делумна

измена на структурата на стројниците при што некогашните

мигрантки - Албанки омажени во Македонија, сега ја

превземаат улогата на стројници. На тој начин, „дојдената

невеста“ настојува да си создаде амбиент во кој ќе

комуницира со повеќе нејзини другарки и земјаци. Оваа

иницијатива може да се следи според начинот на кој доаѓа до

склучување на новите бракови. Во таа смисла, оваа ситуација

може да биде разгледувана и како „последователна реакција“

(“chain reactions”,) при што првиот „свадбен мигрант“

започнува директно или индиректно да привлекува и посредува

во склучувањето на бракови помеѓу своите женските роднини

или пријателки од Албанија и машката популација од „новата

средина“ во Македонија. Финасиската придобивка од ваквото

посредување е различна но се движи во границите од 500 –

13

1000 Евра. Оваа сума се наплаќа од „зетот“ штом и двата

кандидати се согласат да стапат во брак. Во многу случаи

семејството на девојката не добива никакви пари, па според

тоа не можеме да кажеме дека бракот е склучен со цел

семејството на девојката да оствари економска добивка како

што е случај со многу други земји (Bruce Andrew пристапено

15.10.2010). Сепак, вековната пракса на „купување невеста“

преку поновите форми на „мираз“, оставила траги во

склучувањето на албанско-македонските бракови. Така на

пример, сите финасиски средства кои се собираат за време на

свадбената церемонија или веридбата која речиси задолжително

прво се одржува во Албанија и на која присуствуваат сите

блиски роднини и пријатели на девојката, зетот е должен да

ги отстапи на семејството на девојката. Кога стројникот е

член на семејството или роднина на девојката, а по претходен

договор, може да им отстапи одредена сума на пари на

родителите на двојката.

....мојот брат рече: ако платиш 1000 Евра ќе ја пуштам да

дојде. Тука, некои девојки кои само што се мажија тука, во

селото блиску (до село Годивље заб. авт.), нејзиниот

братучед рекол: ако дадеш пари може да ја земеш...“ (Инф.

Христина Џока Гоцеска 2009)*.

Иако на „купувањето“ на невестата генерално се гледа како на

нешто што е сосема прифатливо и разбирливо, девојките во

директна дискусија се обидуваат да го избегнат разговорот на

** Податоците за информаторите се дадени на крајот од текстот.

14

соодветната тема честопати негирајќи го чинот кој реално се

случил.

Процесот на договарање на бракот се состои од неколку

последователни фази.

На почетокот идниот „зет“ по нечија препорака или по

сопствена иницијатива стапува во контакт со стројникот.

Откако ќе се договорат околу сумата на пари која е потребна

да се плати за посредувањето најчесто со размена на

фотографии се врши „запознавање“ на кандидатите. Откако

начелно ќе биде одбрана невестата, зетот заедно со

стројникот и со некој свој пријател или член на семејството,

ја посетува куќата на девојката и се запознава со нејзините

родители. По првата средба, таткото, братот или некој друг

близок машки роднина на девојката доаѓа во Македонија да се

запознае со семејството на младоженецот, да ја види неговата

куќа и имот и да „процени“ дали тој ќе биде во состојба да

се грижи за невестата и идното семејство. Потоа се враќаат

назад во Албанија и по неколку дена го даваат својот конечен

одговор кој најчесто е потврден. Чинот на веридба или

своевидна свадбена церемонија е следниот чекор. Младоженецот

во придружба на членовите од своето најблиско семејство оди

да ја земе невестата од нејзиниот (татковиот) дом во

Албанија. За таа прилика младоженецот ја дарува невестата со

злато, прстен, обетки, гердани и облека и по кратката

прослава во нејзиниот дом, невестата се пренесува во

15

Македонија. Главниот настан – свадбата, се организира во

Македонија, според локалните традиции и обичаи кои се

прифатени и превземени од невестата без никаков приговор и

како сосема разбирлива и нормална работа. Ова воедно е и

првиот чекор на девојката во процесот на интеграција и

акултурација во новата средина.

Иако локалното население гледа со одобрување на ваквите

бракови, потенцирајќи го моментот на патријархалните

вредности и покорност кои ги одликуваат девојките од

Албанија, сепак во секојдневниот однос и на блиските членови

од семејството како и кај членовите на локалните заедници се

забележува одреден антагонизам. Во меѓусебната комуникација

локалното население честопати ги идентификува со терминот

„Албанките“ кој носи делумно пежоративно и омаловажувачко

значење. Ваквиот став и однос е присутен и кај некои од

членовите на потесните семејства кои дури и новородените во

брачната заедница ги ословуваат со терминот „Албанци“ и тоа

повторно со потсмешлива конотација.

Скоро сите нуклеарни семејства создадени на овој начин,

добиваат деца уште во првата година од бракот, додека во

наредниот период тие добиваат барем уште по едно или две

деца. Бидејќи најголемиот број на ваквите брачни заедници се

склучуваат во руралните речиси комплетно депопулирани

средини, природниот прираст на населението кој е резултат на

16

зголемениот број на родени деца, наидува на одобрение кај

локалното население и буди надеж дека многу од селата ќе

бидат и комплетно ревитализирани.

Склучувањето на мешани бракови помеѓу членови на различни

етнички, расни општествени или религиозни групи е секогаш

тешка одлука. Помеѓу сите споменати причини конфесионалната

припадност на сопружниците е онаа која провоцира најмногу

дискусии. Ако ја разгледаме религиската толерантност и

религиозниот диверзитет во многу од современите заедници и

ставот кој луѓето го имаат кон овие прашања, може да

заклучиме дека религијата ставена во контекст на меѓу-

религиозните бракови (Gołębiowska Ewa, 2009: 371-391;

Lucassen Leo and Laarman Charlotte, 2009) е речиси

дијаметрално спротивна. Одобрувањето на меѓу-религиозните

бракови најчесто претставува повеќе декларативна отколку

реална изјава на луѓето, која што дава помалку или повеќе

доминантна позиција на една – најчесто својата, за сметка на

другата – најчесто сопружничката религија. Религијата видена

во контекст на мигрантите како нешто што е „увезено“ заедно

со нив изгледа дека предизвикува проблеми кога е ставена во

контекст помеѓу мигрантите и „домашното“ население.

Религијата е скоро секогаш перцепирана испреплетена со

локалните култури, па според тоа ги носи обележјата на

локалните заедници како креатори на локалната култура.

17

Конфесионалната припадност на сопружниците игра значајна

улога и во овој случај на македонско-албански мешани

бракови. Сепак припадноста на католичката - христијанска и

православната - христијанска вероисповест не побудуваат

таков антагонизам како што тоа е случај кога станува збор за

брачна заедница помеѓу сопружници од две сосема различни

религии, како на пр. исламот и христијанство. Во тој случај

конфесионалната припадност се појавува како непремостив јаз.

„Ох никако! Тоа не може да се случи!“ (Инф.Ганче Вокај)*.

Процесот на акултурација на „новодојдените“ во рамките на

локалната заедница се одвива постепено и на повеќе нивоа.

Тоа започнува со постепено напуштање на сопствените

дотогашни религиозни норми и обичајни практики и прифаќање

на локалните. Свесноста за ваквиот чин иако реално не е

препознаена како неопходен елемент во процесот на

интеграција и акултурација, сепак станува дел од

секојдневието на новодојдените.

„Јас ги следам само тукашните обичаи; таму (во Албанија)

мајка ми си ги следи тие обичаи“ (Инф. Тереза Колај)*.

Извесни отстапки сепак се забележуваат особено во првите

години од бракот кога за главните христијански празници

Божиќ и Велигден, сопругата во два наврати (за католичкиот

и за православниот празник) подготвува дел од

традиционалните, празнични локални јадења. Така на пр. за

Велигден два пати се вапцуваат јаца иако за католичкиот

** Податоците за информаторите се дадени на крајот од текстот** Податоците за информаторите се дадени на крајот од текстот

18

Велигден нивниот број е минимален со што сепак му се дава

приоритет на локалните верски традиции. Останатите

традиционални обичаи кои се поврзани со свадбите, раѓањето

на децата, погребните обичаи итн. се адаптирани и

практикувани мошне брзо од страна на сопругите. Според оваа

ситуација може да заклучиме дека границата кај мешаните

бракови е поставена само во случај на комплетно непозната и

„спротивставена“ религија, додека во другите случаи

разликите се помалку важни.

Иако јазикот сам по себе не ја сочинува и не ја определува

во целост припадноста кон одредената етничка категорија -

група, народ или нација, сепак неговата комплементарност е

неминовна. Непознавањето на јазикот најдиректно создава

проблеми во секојдневната комуникација. Според тоа,

познавањето на јазикот на соодветната средина може да се

смета и како еден од основните интегрирачки или

дезинтегрирачки елементи (Мирчевска П. Мирјана 2007: 133)

кои ја определуваат припадноста на поединецот кон одредена

група. Соочени со ваквата ситуација жените – мигрантки,

Албанки, кои се омажиле за мажи – Македонци, со самиот чин

на доаѓање во Македонија на сите нивоа, општествено –

социјално, конфесионално и јазично доживуваат своевиден

културолошки шок (Макаријоска Лилјана 2008: 15). Периодот на

надминување на ваквата состојба и периодот на прилагодување

односно прифаќање на македонскиот јазик зависи од повеќе

19

фактори како на пр.: мотивираноста, степенот на образование,

семејната и социјалната средина и т н.

Со самото доаѓање на невестата во домот на нејзиниот сопруг,

нивната меѓусебна комуникација е сведена на минимум, а може

да се каже и дека не постои. Тоа секако се должи на фактот

што невестата го зборува само албанскиот јазик додека пак

нејзиниот сопруг го зборува само македонскиот јазик. Во

исклучително ретки случаи каде имало еден подолг период на

предбрачна меѓусебна комуникација сопругот се помош на

речник се потрудил да совлада дел од албанскиот јазик (Инф.

Боро Неданов, 2012)*, што довело до значително олеснување за

невестата кога таа дошла во новата средина. Речиси во сите

останати случаи на почетокот основното комуникациско

средство помеѓу споружниците, но и помеѓу невестата и

останатите членови од заедницата, се рацете. Посочувањето

кон одредени предмети придружено со мимики и гласно

изговарање на основните зборови на невестата й ги даваат

првите сознанија за поединечните зборови.

Брзината на прифаќање и учење на македонскиот јазик е повеќе

индивидуално достигнување, но сепак тој период најчесто се

движи околу една година. Овој период секако е доволен за

стекнување на основната вербални комуникација, при што

отсуствува реалното познавање на македонскиот јазик. Дури ни

по поминати 6-7 години невестите не постигнуваат некоја

драстична флуентност во познавањето на јазикот, но тоа

** Податоците за информаторите се дадени на крајот од текстот.

20

сигурно се должи и на локалните заедници во поширок

контекст. Сепак она што е интересно е тоа дека сите овие

жени имаат прилично субјективен став по однос на сопствените

достигнувања, односно познавања на јазикот. Мора да се

нагласи дека кога станува збор за познавање на македонскиот

јазик зборуваме за лимитирано познавање на локалниот

дијалект на македонскиот јазик, додека пак за книжевно

познавање на јазикот воопшто не станува ни збор. Кај овие

жени е забележано и отсуство на вештината за пишување и

читање, додека пак и ако тие знаат да читаат и пишуваат тоа

знаење е повторно на минимум.

Затвореноста или отвореноста на нуклеарните семејства и

нивните членови, кон заедницата или пак нивната

маргинализираност исто така влијаат врз брзината со која

жената го совладува јазикот. Во отворените семејни заедници

каде фрекфенцијата на комуникација со членови надвор од

тесниот семеен круг е поголема се забележува поголема брзина

и поголема флуентност во говорниот јазик. Спротивно пак на

овој случај во затворените семејни заедници каде заради

востановените семејни норми комуникацијата на жените е

рестриктивна и свртена пред сè кон членовите во потесната

семејна заедница, брзината и квалитетот на вербалната

комуникација се на незавидно ниво. Ваквата состојба

честопати е резултат и на тивкиот семеен револт кој

произлегува од начинот на кој е склучен бракот и многупати

притаениот одбивен став кон невестите – Албанки. Во

21

заедниците каде бројот на невести - Албанки е поголем

нивната меѓусебна комуникација во првите 2-3 години најчесто

се одвива на албански јазик, за да подоцна тоа прерасне во

комуникација во која наизменично се користат и македонски и

албански зборови. Сепак комуникацијата од овој тип најчесто

се одвива кога невестите се сами, додека во присуство на

други членови од семејството или локалната заедница тие се

трудат да зборуваат исклучиво на македонски јазик.

Рецентните теренски истражувања на ограничен број случаи на

мешани македонско-албански бракови, покажаа дека

надминувањето на јазичната бариера како еден од факторите за

целосна интеграција и акултурација на невестите – Албанки,

се одвива со доста тешкотии за сопружниците на двете страни.

Билингвизмот кај децата начелно е прифатен од страна на

двата родители, иако во најголем број случаи сè до 3-4

годишна возраст, според нивните тврдења (Инф. Гентијана

Мамурас, 2012)*, мајките комуницираат со своите деца на

македонски јазик. Меѓутоа, природно е мајката Албанка на

новородените деца во македонско-албанскиот мешан брак, да

им го внесе албанскиот јазик како мајчин јазик. Иако

најголем дел од децата доста слабо го владеат албанскиот

јазик, нивните родители потврдуваат дека за време на секој

подолг престој во Албанија тие релативно лесно се

прилагодуваат на тамошната средина и започнуваат да се

служат со него, што сепак укажува дека мајките и во

** Податоците за информаторите се дадени на крајот од текстот.

22

локалните средини, и покрај спротивните тврдења,

комуницираат со децата и на албански јазик. Во меѓусебната

комуникација децата кои потекнуваат од ваков вид на мешани

бракови, мошне ретко или никогаш не го користат албанскиот

јазик, што го остава отворено прашањето за вистинските

причини.

*

* *

Врз основа на изнесеното, може да се заклучи дека феноменот

на склучување на мешани бракови во изминатите триесетина

години е тема која е проучувана во многу земји од светот.

Теориската литература и емпириските проучувања потврдија

дека оваа појава е своевиден предизвик со кој се соочува

современото општество. Во таа смисла, главна причина за оваа

пилот статија е реалноста на мешаните македонско-албански

бракови кои зачестија во Република Македонија. Споредбата на

примерите од теренската литература и рецентните теренски

истражувања во Р. Македонија, покажаа дека независно од

територијата на која се присутни мешаните бракови, бројни се

сличностите кои се појавуваат во контекст на причинско –

последичните врски и импликациите кои настануваат како

резултат на воспоставувањето на нови односи и релации, а кои

пред сè се должат на засилената мобилност и раздвиженост на

населението. Истражувањето на поединечните појави, нивната

компаративна анализа и влијание врз локалните, националните

па и пошироко глобалните промени може да допринесе кон

23

подобро познавање на современите модели на однесување, но и

на одразот на традиционалните норми и обичаи кои како

сопствен културен код ги носи секој поединец. Врз основа на

конкретните емпириски податоци од првичното истражување на

оваа појава во Р. Македонија, може да се утврди дека

причините се бројни на двете страни, но сеуште не може да се

донесе заклучок дали станува збор на двете страни за

подеднакво застапена спонтана активност, или постојат и друг

вид активности. Во таа смисла, индикативно е дека рецентното

истражување на оваа појава во Р. Македонија потврди дека

новите брачни заедници како своевидни структури

претставуваат симбиоза на соци-културните и традиционални

норми, обичаи, верувања и симболи кои како “културен“

капитал секој од сопружниците ги внесува во новата заедница,

преобликувајќи се себеси и другиот во потесни семејни рамки,

но во зависност од интензитетот и зачестеноста на новите

воспоставени врски, со можности за промена и преобликување и

на локалните заедници и редица други културни промени што би

можеле да се очекуваат во иднина.

Извори и литература

1. Bruce Andrew: Bruce Andrew, Making the Family -

Marriage within and across Borders, IOM regional

24

Representative, South East Asia,

http://www.metropolis2009.org/Presentations/Marriage

%20A_Bruce_marriage_across%20borders.pdf пристапено

15.10.2010

2. Gołębiowska Ewa, 2009: Gołębiowska Ewa, Ethnic and Religious

Tolerance in Poland, in: East European Politics and

Societies, Volume 23 Number 3, 2009

3. Зафирова Билјана 2006: Зафирова Билјана, Сé поголем

број мешани бракови во тетовско, во: Вечер 05.09.2006

4. Labour Market Review of Albania, 2006

5. Lucassen Leo and Laarman Charlotte 2009: Lucassen Leo

and Laarman Charlotte, Immigration, intermarriage and

the changing face of Europe in the post war period, in:

The History of the Family, vol.14, 2009

6. Макаријоска Лилјана 2008: Макаријоска Лилјана, Заемките

во јазикот на македонските иселеници“, Македонки фолклор,

година XXXIV, бр. 66, Скопје 2008

7. Migration in Albania, Population and housing census

2001, INSTAT

8. Милошеска Ели 2009: Милошеска Ели, Жената мигрант и

акултурациските процеси изразени преку обредноста на

семејниот и календарскиот циклус“ - First international

interdisciplinary conference: Balkan folklore as an

intercultural code, Uniwersytet “Adam Mickievic”-

Познан (Обжицко), Poland, 11- 13 may, 2009

25

9. Мирчевска П. Мирјана 2007: Мирчевска П. Мирјана,

Вербални и невербални етнички симболи во Горна Река“,

Скопје 2007

10. Rukaj Marjola 2010: Rukaj Marjola, Between Albania

and Macedonia: Patriarchal loves, 29 September 2010

(пристапено 18/10/10)

http://www.balcanicaucaso.org/eng/Regions-and-

countries/Albania/

11. Simons Lisa Anne 2001: Simons Lisa Anne, Marriage,

Migration and Markets: International matchmaking and

international feminism, A Dissertation Presented to The

Faculty of the Graduate School of International Studies

University of Denver, June, 2001

12. Стојановиќ-Лафазановска Лидија 2008: Стојановиќ-

Лафазановска Лидија, Миграција и хабитус. Македонската

емиграција во Германија, Скопје 2008

13. Стратегија за интеграција на бегалци и странци во

Република Македонија 2008-2015, Влада на република

Македонија, Министерство за труд и социјална политика,

Декември, 2008

14. The Republic of Albania Migration Profile, IOM

International Organization for Migration, Republic of

Slovenia, Ministry of the Interior, October 2007

15. http://europa.eu/index_en.htm

(пристапено.20/10/10)

26

16. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.10.07.pdf -

Миграции 2009, Статистички преглед: Население и

социјални статистики, Скопје, 2010

17. Huntington P., Sамuel, 2004: Huntington P.,

Sамuel, Who are we? The cultural core of American

national identity, (New York, 2004)

18. Çaro Erka. and Van Wissen, L.J.G., 2007: Çaro

Erka. and Van Wissen, L.J.G., Migration in the Albania

of the post- 1990s: triggered by post-communist

transformations and facilitator of socio- demographic

changes, in: South-East Europe Review 3/2007

19. Цветановски Виктор 2008: Цветаноски Виктор,

Албански моми за Македонски ергени, Глобус, бр. 43,

12.02.2008

Информатори

1. Усмена информација од теренските истражувања на проф.

Анета Светиева, од 2004 година

2. Инф. Ганче Вокај – мажена Атанасовска, родена 1976 год.

родум од Блиниште Р. Албанија, живее во с. Гермијан, Р.

Македонија, Терен 2010

3. Инф. Николче Атанасовски, роден 1971 год., с. Гермијан,

Терен 2010

27

4. Инф. Тереза Колај – мажена Атанасовска, родена 1978 год, од

с. Репс Р, Албанија, живее во с. Гермијан, Терен 2010 год.

5. Зоран Атанасовски, роден 1974 год., с. Гермијан, Терен

2010

6. Инф. Боро Неданов, роден 1968 год., с. Лисолај, Терен

20127. Инф. Лучие Неданова, родена 1978 год., с. Лежа, живее во с.

Лисолај, Терен 2012 год.

8. Инф. Зоран Секуловски, роден 1965 год., с. Лисолај, Терен

2012 год.

9. Инф. Гентијана Велјановска, родена 1981 год., с. Мамурас,

живее во с. Лисолај, Терен 2012 год.

10. Инф. Стевче Велјановски, роден 1965 год., с. Лисолај,

Терен 2012 год.

11. Инф. Христина Џока Гоцеска, родена 1986 г. во с.

Кафтат, Р. Албанија, омажена во с. Кривогаштани,

Интервјуирала Милошеска Ели, 03.03.2009 г. во с.

Кривогаштани, АЕМ К1-2009

12. Инф. Дорина Меме Нунеска, родена 1986 г. во с.

Пукољ, Р. Албанија, омажена во Прилеп, Интервјуирала

Милошеска Ели 07.04.2009 г. во Прилеп, АЕМ К1-2009.

Meri Stojanova

“CONTEMPORARY MACEDONIAN – ALBANIAN INTERMARRIAGES”

Summary

28

The phenomenon of intermarriages in the past thirty years

has become an issue that has been studied in many countries

all over the world. Theoretical literature and empirical

research confirm that this occurrence is one of a kind

challenge that contemporary community faces. In that sense,

the main reason for this pilot study is the reality and

frequency of Macedonian – Albanian intermarriages in the

Republic of Macedonia. Comparison of the examples of

theoretical literature and recent field studies in the

Republic of Macedonia shows that irrespective of the

territory of intermarriages, numerous similarities appear in

the context of cause-and-effect relationships and

implications arising as a result of the establishment of new

connections and relations, which is primarily due to the

increased mobility and population movements. Research of the

individual phenomena, their comparative analysis and impact

on local, national even wider global changes, could not only

contribute towards better understanding of the contemporary

models of behaviour, but also to the traditional norms and

customs passed on by each individual as his own cultural

code as well. Based on the concrete empirical data from the

initial research of this phenomenon in Macedonia, we can

conclude that the reasons are numerous on both sides, but

yet we can not reach a conclusion if this is an equally

spontaneous activity present at both sides or there are some

other activities as well. In that sense, it is indicative

29

that the resent study of this phenomenon in Macedonia

confirms that the new marital communities as one of a kind

structures, represent a symbiosis of socio – cultural and

traditional norms, customs, beliefs and symbols that each of

the spouses brings to the new community as a “cultural”

capital, reshaping oneself’ and others in the close-knit

family frames, but based on the intensity and frequency of

the newly established relations with an opportunity to

reshape the local communities and other cultural changes

that could be expected in the future.

30