Социјални и бихејвиористички аспекти на фармацијата

22

Transcript of Социјални и бихејвиористички аспекти на фармацијата

Содржина:

Генеза на социјалната фармација........................................................................3

Дефиниција за здравје и болест (од општествен аспект........................5

Социјална и бихејвиористичка димензија на фармацијата...................7

Променлива состојба на фармацијата...........................................................13

Место заклучок............................................................................................................16

Литература...................................................................................................................17

2

Генеза на социјалната фармација

Ниту еден здравствен професионалец не е подложен на брзи, длабоки

и моментуозни промени како што е фармацевтскиот професионалец.

Значајна трансформација на професијата фармацевт вклучува

професионална промена на фокусот од производот кон пациентот, со

што фармацевтот добива нови улоги, како што се обезбедување на

грижа за пациентот, со што фармацевтската едукација се соочува со

значајни предизвици кои се последица од еволуцијата кон соодветна

грижа за пациентот.

Основните познавања на историските настани кои ја имаат

обликувано современата фармацевтска едукација откриваат поучни

гледишта за денешната улога на фармацевтот во општеството. Во

1975 година, фармацевтските едукатори ја имаат оформено Millis Study

Commission со обид да ја подредат фармацевтската едукација со

современите лек-поврзани потреби на пациентите. Оваа комисија

издала ревидиран фармацевтски курикулум кој историски бил

3

ориентиран кон основната наука и го истрасирал патот кон

професионалната природа и иднина на фармацијата.

Со промена на основно-научниот фокус на фармацевтскиот курикулум,

се поместила професијата понапред, кон разбирањето како луѓето

носат одлуки за своето здравје - важен ран чекор кон

диференцијација на фармацевтите додека сеуште се во фаза на

студирање.

Фармацевтската едукација со текот на времето била гледана како

област кон насочување кон лековите и само кон лековите, додека

луѓето не биле ставени во предвид, што претставува дијаметрален

контраст со потребата на квалификуван практиционер кој поседува

вештини и знаења потребни за идентификација, решавање и

превенција на проблемите на пациентите поврзани со лековите.1

Пациент-ориентираните погледи барале фармацевтски курикулум кој

ќе ги вклучува темите од општеството, како социјалните и

бихејвиористичките аспекти на преносот на здравствена заштите и

комуникациски вештини.

Затоа, во денешно време, скоро во секоја фармацевтско-едукативна

институција постојат програми за запознавање со основните

социолошко-бихејвиористички аспекти на пациентите, а и на самото

општество.

Здравствените работници не само што ги лечат болестите туку се

обидуваат и да ги спречат. За да успеат во тоа, тие не можат да

се потпрат само на биомедицински објаснувања за здравјето и1 Worthen DB, ed. The Millis Study Commission on Pharmacy:a road map toa e profesion`s future, Binghamton, NY:Pharmaceutical Products Press, 2006.

4

болеста затоа што здравјето и болеста не произлегуваат исклучиво

од самото тело туку и од фактори кои се јавуваат во општествената

и природната животна средина. Па според ова, стратегиите на

јавното здравство за заштита од болест и за подобрување на

здравјето сè повеќе се насочени кон начинот на живот на

поединците и ја признаваат потребата од промени во општествената

и животната средина. Па затоа, сега, здравствените служби и

лекари не се грижат само за болести и лекувања, туку и за

здравјето и за негово унапредување. Па на овој начин, бидејќи се

менуваат условите во кои се применува фармацијата, исто така се

менува и сликата и природата на фармацијата, а фармацевтите сè

повеќе се сметаат за клучни личности во здравството. Нивната

улога не е само приготвување лекарства, туку вклучува и давање

совети на клиентите, договарање со други здравствени работници за

лековите и терапиите, а имаат и голема улога при обезбедување

порентабилни здравствени услуги. Денес, работата на фармацевтите

е мошне изменета и општествено сложена. Сепак, начинот на

работење на фармацевтите во нивната општествена и политичка

средина (основата на општествената фармација) е сè уште недоволно

истражена област во здравството.

Дефиниција за здравје и болест5

(од општествен аспект)

Болеста и здравјето се централни теми во човековото постоење, со

варијабилни дефиниции и интерпретации кои се шират во скоро сите

култури. Се поголеми загрижувања се подигаат кога станува збор за

здравје-болест и привлекуваат премногу внимание, виртуелно, во

секое општество низ светот и значителни ресурси се посветени кон

едукација на здравствените професионалци. Концептуализацијата на

здравјето и болеста опишува широк спектар на акивности од

здравствените професионалци. Одлуката за нечии здравствени

потреби, без разлика кој ги прави овие одредувања, бара брза

интервенција. Во случај со фармацијата, одговорностите на

фармацевтот може да се најдат во областа на идентификација,

резолуција и превенција на проблеми поврзани со терапијата, кои

логично треба да се поврзани со едукацијата на фармацевтот.

Со оглед на универзалноста, преваленцата и фрекфенцијата на

болеста и здравјето, за било кои индивидуи, во било кое

општество, можеби е чудно што тие се гледаат како абнормални

состојби. Според Рене Дубоа (Rene Dubos) заболувањето и болеста

се нормални, додека здравјето е абнормална состојба.

Сепак, социјално е неопходно да секоја индивидуа во општеството

придонесува за тоа општество за да може општеството да

`процветува`. Споед ова, секоја единка има една или повеќе улоги

кои дефинираат каква личност е секоја единка, што таа единка

прави и што се очекува од неа. Овие улоги имаат две

6

карактеристики кои се релевантни за оваа дискусија, а тоа се

социјалните очекувања од занимањето на индивидуата и репрочната

природа на занимањето.

Преглед кон некои литератури покажуваат дека дефиницијата за

здравје и болеста варираат во широк опсег, врз база на

културолошката позадина.

Заболување е медицински термин, кој значи дека постои патолошка

промена во структурата или функцијата на телото или умот.

Светската Здравствена Организација, во 1974 година, имам дадено

јасма дефиниција за здравјето, која гласи:

`Состојба на комплетна физичка, ментална и социјална

добросостоба, што не значи отсуство на заболување или немоќ`

со што се истакнува механичкото гледање на телото во кое болеста

и здравјето се метани како механички откажувања на некој дел или

на неколку системи на телото и медицинска задача е да ги поправи

оштетувањта. Во исто време, сепак, оваа дефиниција ја проширува

улогата на здравствените провајдери, позади традиционалните улоги

за третман на заболување.

Болест, пак, е одговор на личноста кон заболувањето; абнормален

процес при кој нивото на функционалност на индивидуата е

променета. Талкот Парсонс (Talcott Parsons - социолог и филозоф),

во 1972 година го дефинира здравјето како:

7

`Состојба на оптимален капацитет на индивидуата потребен за

ефективни перформанси на неговата улога и задачи за кои таа индивидуа е

социјализирана`

со што повторно се проширува дефиницијата кон нагласување на

социјалните потреби на индивидуата за нормално социјално

функционирање.

Оваа промена од индивидуалистички кон повеќе колективистички

погледи на ефектите од здравјето и болеста дава далеку-досежни

последици за здравствените професионалци, поради тоа што тие не

се повеќе лимитирани само кон лечење на болеста туку може да се

вклучат и во превентивните мерки.2

Социјална и бихејвиористичка димензијана фармацијата

Навлегувањето на фармацевтите во општеството се јавило кон крајот

на деветнаесетиот век како резултат на експанзијата на урбаното

општество. Овие професнионалци од тогаш станале интегрален дел на

општеството. Тие `процветале` поради тоа што многу луѓе го

2 Parsons T, The social system, London: Routledge&Kagan Paul, 1951.

8

гледаат начиниот на живот како комплексен за живеење без

бенефитот од консултација и специјализирана услуга.

Овие услуги се обезбедени од професионалци кои покрај своето

знање, кое понекогаш е во високо-модифицирана форма, се обидуваат

да го разрешат комплексниот живот на луѓето.

Комплексните, секогаш менувачки промени на општеството во дваесет

и првиот век, даваат посебен предизвик за здравствените

професионалци. Во замаглениот свет на натпреварување, дали

здравствениот професионалец сеуште се декларира, ветува или

обезбедува нешто што е потребно на пациентот, а тој да може да го

разбере јасно и целосно?

Со векови фармацевтската професија обезбедувала услуги од

фундаментално значење за општеството. За време на првата половина

на дваесетиот век, фармацеијата постепено изгубила три од

четирите професионални функции кои ја карактеризирале

фармацевтската пракса и професија скоро илјада години наназад, а

тоа се набавка, чување и правње на лековити производи. Во средина

на векот, фамрацевтите се концентрирале на останатите функции -

продавање на лековити продукти и менаџирање на доставата на

лекови. Како што лековите станувале се попотентни и како што

државните легислативи станувале се посилни, фармацевтите земале

оправдување за да станат поодговорни и попресметливи во

контролата на дистрибуцијата на лекови.

Во средина на `60тите години, фармаевтите почнале да се

фокусираат кон обезбедување на сигурни, безбедни и ефтини

9

терапевтски исходи за нивните пациенти. До доцните `60ти години,

професијата почнала да влече остар критицизам дека станала

премногу комерцијализирачка индустрија. Во средината на `70тите

години со донесување на забраната за интерпрофесионална пракса и

со донесување на закони за послободен ристап кон клинички

податоци и други информации за пациентите, професијата отворила

нова клиничка улога во областа на консултациите. Во изминатите

декади, општествените потреби за дистрибуција и поспецијализирани

професионални услуги ид страна на фармацевтите се добро

документирани. Денес, фармацевтите се соочуваат со предизвикот да

обезбедат фармацевтска грижа, која бара прифаќање на одговорности

за обезбедување на терапија со лекови со цел постигнување на

дефинитивен исход кој би го подобрил здравствениот квалитет на

живот на пациентот.

Исто како што индивидуалните акции колективно формираат и го

погодуваат општеството во кое индивидуите живеат, така и

општеството го погодува делувањето на индивидуите. Социологијата

е социјална наука која ги испитува организацијата и обичаите на

општеството, а социолозите проучуваат различни проблеми од кои е

засегната и фармацијата.

Социологијата како социјална наука е фокусирана на теоријата,

каде што фармацијата се гледа како поле на апликација која ги

зимаконцептите и фактите од други полиња на наука и ги применува

во својата пракса. Како што е погоре напишано, фармацевтската

10

едукација има тенденција на насочување кон хемиски и биолошки

науки, со многу мал внес на теории од социолошките науки.

Според Хардлинг и Тејлор (Hardling and Taylor) дејствијата на

фармацевтите во опшеството е всадна во социјалниот контекст.

Социјалните промени и зголемената свесност кон ризици ги

натерално здравствените професионалци да размислат за својата

професионална улога и га дефинираат своите активности во насока

на општествено делување.

Главна тема во социологијата е процесот на станување на пациент.

Пациентот може да биде сметан како централен концепт во било која

дискусија за обезбедување добро здравје и здравстена грижа,

централна тема во улогата на фармацевтот и употребата на лекови.

Можеби најцитирана и најчесто употребувана карактеризација на

концептот `пациент` е онаа на Талкот Парсонс. За поедноставување,

сите општества се состојат од комплементарни улоги, адхерирани за

нормални или нормативни сетови од карактеристики и имаат

репирочни очекуваеа. Секоја улога е асоцирана со права и обврски.

Правата на определена улога се одговорностите на нејзината

комплементарна улога. Постои одредена толеранција од девијација

од нормата. Сепак, секое општество мора да има одредени средства

за зајакнување, кое според Парсонс се нарекува

`општественнормативен ред`. Како што е напишано порано,

општествено е потребно да секоја индивидуа во општеството

придонесува да тоа општество `цвета`м а болеста или заболувањето

се девијации од тоа што значи нормално. Со оглед на ова, улогата

11

на болен е метод за социјална контрола на заболувањето како

девијантно однесување. Кон оваа улога постојат две загарантирани

права: право да болниот не биде одоговрен или обвинет за својата

состојба и право да биде извинет од својата улога и одговорности;

две облигации или одговорности кои служат да се побара помош од

компетентно лице и `потреба за оздравување`.

Друг социолог, Едвард Сухман (Edvard E. Suchman), го има

формулирано болното однесување како чекор кој се состои од пет

фази: доживување на симптоми, претпоставка на улога на болен,

контакт со медицинска грижа, зависен пациент и опоравување или

рехабилитација (Табела 1). Секоја фаза има потреба од донесување

на одлука за тоа `дали може да биде пациент` и ја илустира

важноста на болничкиот систем кој се состои од семејство и

пријатели, кои ја конституираат комплементарната улога на улогата

`болен`.

Како што симптомите ги поминуваат фазите, така се донесува одлука

за тоа дека нешто не е во ред или не е нормално. Постојат три

аспекти од оваа фаза: физичко искуство, когнитивни аспекти и

емоционален одговор. Најчесто физичко искуство кое упатува дека

нешто не е во ред е болката. Когнитивно, искуствата се

интерпретираат врз база на физичките манифестации, нивната

сериозност и текот кој го заземаат, како и претходните персонални

искуства или знаења за знаците. Симптомите се препознаени и

дефинирани во конекст на интерференција на нормално функционирање

на улогата. Емоционалниот одговор вклучува страв, загриженост и

12

возбуденост. Кога симптомите се особено сериозни и продолжуваат

да интерферираат со огвороностите на другите улоги, најчесто

првата инклинација е да се побрара здравствена помош, со мал број

кои сметаат на само-лекување.3

Професионалните прерогативи може да се дефинираат ако оние права

кои припаѓаат на група или класа на индивидуи, како санкционирани

од општеството. Професионалните прерогативи се однесуваат на

темите внатре во професионалниот правец кои не се специфично

поврзани со правото и законот. Во фармацијата, многу фармацевти

привлекуваат внимание за нивните права за одлуки дали да

препишуваат рецепти и често пати зборуваат за пркикување или не

практикување на нивните професионални прерогативи, демонстрирајќи

ја волонтерната природа на оваа активност. Концептот на

професионалната автономија е база за практикување на

професионалните прегоративи.

Професионалците не само што практикуваат дискрециона моќ над

нивните индивидуални дела, туку исто и ги надлгледуваат дејствата

на нивните соработници.

Као што е сугерирано, фармацијата почнала да ги поместува своите

движења од патот кој ја карактеризирал фармацијата уште од стари

времиња - функција која била центрирана кон знаења за изработка

на ековити соединенија. Механизираниот процес на индустријата и

појавата на нови лекови ја поместиле комплексноста на

препарацијата на лекови многу подалеку од знаењата на просечниот3 Baldwin HJ, Closer LE, Schultz RM, Opinion on lidership in medication information. Communication Q, 1987.

13

фармацевт. Поради тоа што лековите се особено опасни супстанци и

знаењето на фармацевтот за нивната подготовка, чување и ракување

се поголеми од било кој друг здравствен професионалец,

фармацевтот почнал да развива повеќе технолошки функции, кои биле

дефинирани токму од општеството и од професијата, кои безбедувале

технолоќк напредна функција во квалитетбо обезбедувањеи примена

на лековите.

Оваа еволуирачка фармацевтска функција, како дефиниран дел од

општеството, дава сигурност дека лекот обезбеден за пациентот е

сигурен и точно диспензиран.

Во изминативе години, фармацевтскта пракса искусува една

постепена промена која се одалечува од техничката парадгма, со

емфазирање на лековитите продукти и нивна подготовка, кон повеќе

болест-пациент насочен пристап и зголемена фармацевткса одлука.

Оваа промена кон поактивно, директно инволвирање на пациентот во

својата грижа станува се поприродна постпака во

институционализираните поставки, отколку во општествената пракса

на фармацевтите.

Постојат премногу работи да се научат за болеста и здравјето во

процесот на постанување здравствен професионалец. Дури и во

програмите кои траат многу години, постои релативно малку време

кое се посветува за препознавање на здравјето и болеста на

субјективен начин. Најчест филизофски пристап во обуката на

фармацевтите кој се однесува токму на ова прашање е опишано како

наивен нормализам во кој болеста конотира со абнормалните функции

14

и здравјето е сугестивно нормално функционирање. Сепак,

вистинската дефиниција на `нормално` е нејасна и всушност може да

биде субјективна и да има влијане врз преовладувачките

културолошки фактори.

Клиничарите често пати имаат повисок стаус и моќ кој го добиваат

од своите вештини и експертиза, што значи дека нивниот

професионализам често пати има голема тежина. Според ова, може да

очекувае дека кога ќе има значителна, шроширена промена во

социјалните вредности внатре во културата, дефиницијата и

зтандардите за болеста и здравјето ќе бидат, исто така променети.

Ова може да биде `точка на смирување` за фармацевтите - природата

и улогата на нашата професија не е стриктно ограничена на

објективизам и нашите сегашни разбирања за здравјето и болестите

веројатно ќе се променат со текот на времето.

Најголема контроверзија во новиот век е маркетингот на

фармацевтиците, што секако на пациентите им се нуди соодветна

терапија врз основа на производителот, и може да се истакне дека

постоењето на оваа контроверзија демонстрира дека дефинициите за

здравје и болести не постојат во вакуум. Според ова, бизнисот и

економијата форсираат одредено влијание на нашата интерпретација

што е здраво, а што патолошко.

Интерсно е дека луѓето може да ја дефинираат болеста и здравјето

на начин кој е различен од клиничарите. На пример, познато е дека

повозрасните единки кои имаат мултипни здравствени проблеми може

себе си да се опишуваат како `здрави`. Од друга страна, пак,

15

некои луѓе се дефинираат себе си како лица кои патат од одредена

соодветна медицинска состојба во која природата на болеста е

многу тешко да се дефинира или објективно да се разбере. Ова

најдобро се забележува во пристуноста на зборот `зависност` во

Западното општество, како зависност се однесува на биолошка или

медицинска состојба или, пак, на двете.

Сликата за телото е друга состојба каде може да се забележи

медикализација. Стандардите за убвина се менуваат со текот на

времето, така што пред неколку векови жена со изразени физички

посебности се сметала за атрактивна, додека послабите жени не

биле атрактивни. Во денешното модерно општество стандарите за

убавина се обратни, па според тоа не е коинциденција земањето на

лекови и други препарати за промена на физичкиот изглед.

Безмалку, модерните фармацевти треба да бидат способни да ја

препознаат та грижа за сликата на телото која преовладува во

модерниот свет. Друг нов термин во речникот на фармацевтот е

`лекови за животен стил` кои не се секогаш медицински потребни,

туку се пропишани за други, козметички, причини.

Од овие примери се гледа индивидуиуте вршат интеракција со

фармацевтите поради различни причини и природата на тие

интеракции е обликувана од бројни екстерни сили, како култура,

општество, морал и економија. 4

4 Jones EE, Haris VA. The attribution of attitudes. Social Pyscol, 1976.

16

Променлива состојба нафармацијата

Општествената фармација се појави во време на значајна

општествена промена која ја создаде потребата и го олесни

развојот на оваа дисциплина. Во западните индустриски земји имало

големи демографски и политички промени кои влијаеле на видот и

начинот на обезбедување здравствена заштита. На пример,

стареењето на населението е промена која наметна поинакви форми

на здравствена и општествена заштита. Проблемот со заболувањата

исто така се промени од акутни во хронични услови, што повторно

има влијание на соодветниот тип на здравствена заштита.

Економските промени имаат драматични ефекти на трошоците за

здравствена заштита, кои пак од своја страна се инфлациски и

неконтролирани. Политичките промени посведочија пораст на

движењата на потрошувачите и корисниците на здравствена заштита

кои бараат право да учествуваат при донесувањето одлука за видот

на третман кој го добиваат. Во однос на здравјето и медицината

исто така постои значајна промена, повеќе не владее

биомедицинскиот модел. Ограничувањата на биомедицинскиот модел,

кој досега доминираше во западната медицина, се добро потврдени и

сега, потребата од социолошки пристап на животната средина кон

здравствената заштита е во голема мера прифатена. Се разбира,

придонесите на општествените фактори и факторите од животната

17

средина, се прифатени уште од XIX век во рамките на јавната

медицина, но во тоа време јавното здравство се грижело за

санитарни уреди, вода и хигиена.

Многумина од противниците на реформите во животната средина не

биле лекари, а и до неодамна јавното здравство претставувало

маргинален дел од самата медицина. Општествената медицина како

дисциплина била основана во Британија во текот на 40-тите години

на XX век, а статусот на општествената медицина, здравствената

заштита во рамки на општина и јавната здравствена заштита, е

мошне нејасен во однос на тоа која од овие е дициплината -

родител од која произлегле другите.

Како и да е, сега некои работи се променети. Оние кои ја

создаваат политиката на дејствување а и здравствените експерти го

оценуваат „новото јавно здравство“ и неговото нагласување на

бихевиористичките и општествените фактори како чекор напред во

подобрување на здравствената состојба на населението. Подобрување

на здравјето, а не само лекување на болеста, сега претставува

значаен дел од здравствената политика како и од секојдневните

активности на сите здравствени работници.

Во согласност со овие случувања се разви и програмата за видови

професии во областа на здравството. Социолошките и психолошките

аспекти на здравјето се изучуваат во медицинските училишта уште

од 70-тите години од XX век . Денес, во рамки на обуката за

медицински сестри се вклучува и учење на општествени и

бихевиористички науки, а во стоматолошките училишта сè повеќе се

18

учат социолошките, како и психолошките аспекти на денталното

здравство. Од ова не е исклучено ниту фармацевтското образование,

иако формално прифаќање на

општествените и бихевиористичките науки во рамките на наставната

програма за фармација беше прикажано во извештајот за иднината на

фармацијата од Комисијата во Нафилд во 1986год. Па оттука, во

рамките на програми за здравствените професии социо-економските,

културните и политичките фактори сега се прифатени како составни

и подеднакво важни фактори за здравствената состојба како и

биопатолошките. Влијанието на овие фактори врз здравствената

состојба е дел од факултетската наставна програма на фармацијата

и ја формира на „општествената фармација“.5

5 Сара Нетлтон, Џефри Хардинг и Кевин Тејлор, Концептот и состојбата на социјалната фармација - Извадок од Социјална фармација, Фармацевтски Факултет.

19

Место заклучокОпштествената фармација се формирала во посебно научно поле како

резултат на големи општествени промени. Овие промени се јавуваат

паралелно со појавата на нови облици на здравствена заштита кои

пред сè се обидуваат да го подобрат здравјето и да обезбедат

ефикасни и рентабилни услуги за пациентите и клиентите а не само

едноставно да ја лечат болеста. Иновациите поврзани со овие

промени значително влијаат на секојдневните активности на

фармацевтите. Сега, тие поминуваат повеќе време во разговори со

клиенти, и се охрабрени да работат поконструктивно со определена

група клиенти, на пример кога се работи за програмата за размена

на игли; тие треба да ја набљудуваат својата работа и тие се

првите корисници на пронајдоците во информатичката технологија.

Иако за повеќето фармацевти овие ефекти се корисни, сепак тие си

20

носат и одредени потешкотии. Фармацијата се менува и оние кои

работат во оваа област треба да научат нови вештини, а воедно

треба и да се проценат последиците од овие нови активности.

Истражување на овие работи е суштината на општествената

фармација.

Литература

1. Baldwin HJ, Closer LE, Schultz RM, Opinion on lidership in

medication information. Communication Q, 1987.

2. Jones EE, Haris VA. The attribution of attitudes. Social

Pyscol, 1976.21

3. Parsons T, The social system, London: Routledge&Kagan Paul,

1951.

4. Worthen DB, ed. The Millis Study Commission on Pharmacy:a

road map toa e profesion`s future, Binghamton,

NY:Pharmaceutical Products Press, 2006.

5. Сара Нетлтон, Џефри Хардинг и Кевин Тејлор, Концептот и

состојбата на социјалната фармација - Извадок од Социјална

фармација, Фармацевтски Факултет.

22