OЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОМЕНИТЕ НА ЗАКОНСКАТА...

19
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО-ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЕКОНОМИКА НА ТРУДОТ ТЕМА: OЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОМЕНИТЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ ПОВИСОКИ ПРИДОНЕСИ НА ХОНОРАРНО АНГАЖИРАНИ ЛИЦА ВРЗ РАБОТАТА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РМ Ментор: Студент: Проф. Др. Јорде Јакомовски Зоран Стојковски, Индекс бр. 203 Декември, 2014 Скопје 1

Transcript of OЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОМЕНИТЕ НА ЗАКОНСКАТА...

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ

ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО-ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЕКОНОМИКА НА ТРУДОТ

ТЕМА: OЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОМЕНИТЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВАЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ ПОВИСОКИ ПРИДОНЕСИ НА ХОНОРАРНО АНГАЖИРАНИ ЛИЦАВРЗ РАБОТАТА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РМ

Ментор:

Студент:

Проф. Др. Јорде Јакомовски Зоран

Стојковски, Индекс бр. 203

Декември, 2014

Скопје

1

СОДРЖИНА:

Вовед..........................................................................................................................................3

` Видови на работно ангажирани лица во граѓанскиотсектор........................................3

Што дефинираат новите одредби?........................................................................................6

Како се пресметуваатпридонесите?......................................................................................8

Ставови на хонорарците и на ГОи за законскитеизмени.. .................................................9.

Заклучок...................................................................................................................................14

Библиографија........................................................................................................................15

2

ВОВЕД

Почнувајќи од 01.01.2015 година, согласно измените на одредбите во 5закони1, на приходот остварен од извршување физичка и/или интелектуалнаработа врз основа на договор за дело, авторски договор и друг договоркој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврденасо закон, се пресметуваат и плаќаат придонеси за пензиско и инвалидскоосигурување и придонес за задолжително здравствено осигурување.

Инаку Во буџетот за 2015 година се предвидува државата по основ напридонеси да собере 68 милиони евра повеќе отколку во 2014 година.Според податоците за 2013 година, во Македонија ималонад 100.000 хонорарци и 27.000 лица со договори за авторските права.

Имајќи ја предвид структурата на работно ангажираните лица вограѓанските организации , како и начинот на финансирање на граѓанскитеорганизации (ГОи)2, се очекува овие законски промени во голема меранегативно да влијаат, како врз финансиската состојба на граѓанскитеорганизации во поглед на зафаќањето на поголеми средства за хонорари,така и врз намалувањето на мотивацијата на работно ангажираниотперсонал поради можноста да им биде исплатуван помал нето износ заангажманот .

ВИДОВИ НА РАБОТНО АНГАЖИРАНИ ЛИЦА ВО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Граѓанските организации како и сите правни субјекти за оставрување насвоите цели и работни задачи, ангажираат персонал со полно и скратеноработно време, или со постојан или повремен ангажман на договор надело. Специфика за работата на граѓанските организации е што можат да

1 Во текот на 2014 г. беа направени измени и дополнување на 5 закони со кои сеуредува оданочувањето на договорите на дело и авторските договори и тоа: Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за вработување и осигурување вослучај на невработеност, Закон за работните односи, Законот за здравствено осигурување2 Под терминот граѓански организации се подразбираат организациски форми дефинирани во Законот за здруженија и фондации, кои вклучуваат здруженија и фондации, коалции, сојузи, мрежи, како и други непрофитни ентитети дефиниранисо други закони (синдикати, организации на работодавачи, стопански комори, социјални претпријатија, непрофитни компании, и сл)

3

ангажираат волонтери кои доброволно се ангажираат во остварувањето намисијата на овие организации.

Според податоците на Централен регистар „Во 2013 г. вкупниот број навработени во граѓанскиот сектор во Македонија изнесува 1.839“3, а во2009 2.424 лица биле вработени во граѓанските организации (2.079 воздруженијата и фондациите), што претставува 0,4 % од вкупниот број навработени лица во Македонија“4

Во Цивикус индексот5 од 2005 година, се наведеува дека „Од 858организации (потесен круг на граѓански организации) регистрирани воАдресарот на граѓанските организации, 657 (76,57%) немаат ниту еденвработен. Од преостанатите организации само 18 имаат над 10 вработени(2,1%). Пресметките за вкупниот број вработени се движат од 550 до1.500 (со средна вредност од околу 1.000 вработени) во целиот сектор.За бројот на хонорарно ангажирани, е прикажан прегледот од апликациитена 61 организација кои алицирале во една од програмите на МЦМС, во којстои дека дури 41 ГОи имаат ангажирано до 20 хонорарци (17 ГОи имаатдо 5 хонорарно ангажирани, од 6 до 10 хонанрци имаат 11 организации, а13 организации има од 11-20 хонорарци). 7 организации известиле декаимаат меѓу 21 и 60 хонорарци.

Од направената анкета6 за потребите на оваа семинарска тема, може да севиди дека скоро половина (50.6 %) од работно ангажираните во овиеорганизации се лица на договор на дело. Притоа доминираат оние кои сеповремено хонорарно ангажирани (во просек 6.7 лица по организација)или 35% од вкупниот број на работно ангажирани. Со 16% следуваат ониелица кои се постојано ангажирани, а се на договор на дело ( во просек3 лица по организација).

3 „Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија„ Емина Нурединовска, и др. МЦМС, 20144 Цивикус – Индекс на граѓанското општество ДОЛГ ПАТ ДО ПОГОЛЕМ ГРАЃАНСКИ АНГАЖМАН 5 Цивикус - Индексот на граѓанското општество во Република Македонија „По 15 години транзиција – Од стабилизација кон граѓанско учество“, 2005, МЦМС6 Во периодот 4-19 декември 2014 беше реализирана анкета која ја одговорија 45граѓански организации од цела РМ, со пополнување на прашалник по електронски пат.

4

Вработени со полно работно време (просек

2.5 лица)13%

Вработени со пола работно време (просек

0.42 лица)2%

Постојано ангажирани лица на договор на дело ( просек 3.0

лица)16%

Повремено Ангажирани лица на договор на дело

(просек 6.7 лица)35%

Волонтери (регистрирани согласно Зак. за волонтерство)

- (просек 1.3)7%

Волонтери (не регистрирани согласно Зак.за волонтерство)-

(просек 5.2 лица)27%

Анализа на видови на работно ангажирани лица во граѓански организации во РМ

Графички приказ 1: Анализа на видови на работно ангажирани лица во ГОиво РМ

Иако „волонтерскиот ангажман доминира во граѓанскиот сектор наспротидругите сектори во Македонија„7 , од направената анализа може да сезаклучи дека со 34% се на второ место после ангажираните на догоор надeло, или волонтерите се нешто над 1/3 од ангажираните лица во овиеграѓанските организации. Исто така индикативно е тоа што од нив, самоедна петина се волонтери кои се регистрирани согласно Законот заволонтерство, а додека високи 79.7% не ги користат придобивките назаконот (покривање на трошоците за храна и патарина на волонтерите, иданочно ослободување за организациите при покривање на трошоците заволонтерите и сл.)

Во поглед на бројот на лицата кои се работно ангажирани и пријавени сополно или скратено работно време, од анализита произлегува дека тие

7 Стојанова Д., Јаковлеска Г., Клековски С., Нурединоска Е., (2010), Самоперцепција за граѓанското општество – извештај од организациската анкета. Скопје, МЦМС

5

сочинуваат 15.4% или во просек 3 лица по организација (од кои 13.2% сополно работно време, а 2.2 % со скратено работно време).

Една од спецификите на граѓанскиот сектор е и високата зависност одсредства кои доаѓаат од странските донатори. На следната слика може дасе види колку изнесува финансиите кои влегувале во граѓанскиот секторво периодот 2009-2011 година8. Високи 77.5 % од финансиите доаѓаат одгрант поддршка од странски донатори и меѓународни развојни програми,каде што финансиите се за однапред одредни и дефинирани трошоци.Следствено и срествата за хонорари и плати за оние ГОи кои ги имаатобезбедено за следната година, се јасно одредени и во голема мера немада можат да се зголемат за да одоговорат на предвидените повисокизафаќања за придонеси кај лицата на договор на дело/авторски договори.

Графички приказ 2: Извори на финансирање за ГОи за 2009, 2010 и 2011

Имајќи ја предвид структурата на работно ангажирани лица вограѓанските организации и начинот на нивно финансирање, зголемувањетона придонесите за хонорарно ангажираните лица предвидено со законскитеизмени, негативно ќе се одрази врз работењето на граѓанскитеорганизации, и во поглед на недостаток на финански средства за да сепокријат овие нови давачки, како и потешкотија да се најде соодветен

8 Стојковски З., Анализа на пристигнати апликации од ГОи во CIVICA Mоbiliats програмата спроведувана од ЦИРА, 2013, ЦИРа,

6

кадар кој би прифатил да биде ангажиран во случај на намалување нането износот на хонорарите.

ШТО ДЕФИНИРААТ НОВИТЕ ОДРЕДБИ?

Законските измени со кои се предвидиува пресметка на повисокипридонеси се однесува за работни ангажмани за кои е склучен договор задело, авторски договор, друг договор од извршување физичка и/илиинтелектуална работа со кои физичко лице остварува приход кој во нетоизнос е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.

Следниве видови договори не се опфатени со овие промени (т.е. за нивнема да се пресметува повисоки придонеси):

Примања на професионални спортисти (премии, трансфери); Примања на функционери, пратеници, советници и други носители на

јавни функции (избрани и именувани лица) ; Надоместок по основ на стипендии; Договори за  јавна работа кој ги склучуваат единиците на

локалната самоуправа; Договор за закуп; Волонтерство согласно со закон; Надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници; Надоместок за врвни спортисти; и Договор за дело, авторски договор и друг договор од извршување

физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисникна пензија според прописите од пензиското и инвалидскоосигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжителносоцијално осигурување.

Согласно предвидените одредби, и правното лице исплатувач и физичкотолице примател на приходот за извршена физичка и/или интелектуалнаработа по основ на Договор за дело, Авторски договор и/или другдоговор кој во нето износ е повисок од износот на минималната платаутврдена со закон, има обврска договорот/ите да го/ги достави доФондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Истотака, оние физички лица кои имаат исплата по договори кои поединечносе во износ понизок од минималната плата, а збирно го надминуваатизносот на минималната плата утврдена со закон, имаат обврска

7

договорите да ги достават до Фондот на пензиското и инвалидскотоосигурување на Македонија.

Законските одредби ги дефинираат кои се лица се обврзани да направат„прием во осигурување“ т.е. да поднесат низа документи вклучувајчиБарање за прием во осгигурување за да може да им се пресмета висинатана придонесот.

Следниве лица се обврзана да направат „прием во осигурување“, притоаподнесувајќи разични документи пред Фондот на пензиското иинвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ):

1. Лице кое нема осигурување, а има договор кај едно правно лице –исплатител; 2. Лице кое нема осигурување, а има договор кај повеќе правни лица илифизичко/и лице; 3. Лице кое е во осигурување по основ на работен однос и има Договорза дело и/или Авторски договор или друг вид Договор кај истиот, илидруг работодавач (исплатител) во износ повисок од минималната платапоединечно за секој договор; 4. Лице кое е во осигурување од работен однос и има договори за дело/авторски договори, или друг вид договори кај повеќе исплатители(правни и физички) чиј поединечен износ е под минималната плата, азбирниот износ ја надминува минималната плата: 5. Лице резидент на Република Македонија кое има Договор задело/Авторски договор или друг вид на Договор  со странски исплатител(правно и физичко лице); 6. Странско физичко лице нерезидент кое има договор со домашенисплатител (правно -  физичко лице)

Покрај задолжителното барање, во зависност на типот на договорот ифизчкото лице, се поднесуваат Договор-и (оргинал на увид и копија)Копија на трансакциска сметка, а во дадени случаи и Пријава М1/2пополнета со податоци за осигуреникот и датум за почеток и престанокна осигурувањето според податоците од договорот и други документи. Засеое поднесено барање Фондот за ПИОМ Донесува Решение за прием воосигурување со основица за плаќање на социјалните придонеси, изготвуваМ1/М11 образец за период наведен во договорот, во некои случаи ФПИОМизготвува и доставува МПИН за придонес за ПИО

8

Како основица на осигурување на месечно ниво е бруто надоместокотутврден во договорот, поделен со периодот на времетраење на договорот.Доколку нема определено времетраење на договорот, основица за плаќањена придонесот е бруто надоместокот утврден во договорот, за секојмесец поединечно, до моментот на завршување на договорот. За да сеобасни како ќе функционира во пракса, пресметката ќе биде илустриранасо два примери:

КАКОСЕ

ПРЕСМЕТУВААТ ПРИДОНЕСИТЕ?

Законски сите придонеси (за пензиско 18 проценти, за здравствено 7,3,за вработување 1,2 и за професионални заболувања 0,5 проценти) се 27проценти, а се плаќа и 10 проценти персонален данок, односно заплатите има вкупни давачки од 37 проценти. Сите придонеси се плаќаатна бруто-плата. За нето-плата од 17.153 денари, бруто-плата е 25.000денари и основицата за плаќање на давачките се овие 25.000 денари.

Согласно предвиденото, основицата за плаќање нема да биде реалноисплатениот хонорар, туку таа може да биде најмалку 50 проценти одпросечната плата во Македонија. Практично, ова значи дека за помалихонорари ќе се плаќаат поголеми придонеси. Според последните податоци,просечната плата во Македонија е 21.217 денари, односно 50 проценти одовој износ е 10.608 денари. Независно дали хонорарот е на пример 9.000денари, или 9.500 денари, фондовите ќе си пресметаат придонеси како дае исплатен хонорар од 10.608 денари.

9

Пример 3.

Доколку земате нето хонорар од 10.000 денари, за него треба се платат, вкупно, придонеси и персонален данок во износ од 4.874 денариПресметката оди вака:

Нето износ : 10.000 денариПридонеси за здравствено осигурување: 7.3%; Придонеси за пензиско осигурување: 18%;Персонален данок: 11,11%

Се пресметува коеифициент на придонеси според следнава формула1-(0,073 (придонеси за здравствено) + 0,18 (придонеси за пензиско)) = 0.7471-(0,073+0,18) = 0.747. 0.747 е коефициентот на придонеси кој сега се дели со нето хонорарот.

10.000 / 0,747 = 13.386. Тоа значи дека придонесите на хонорар од 10.000 денари пред даночење изнесуваат 3.386 денари

Значи од 1 јануари, нема да се пресметува само 10% персонален данок,туку дополнително ќе се плаќаат и 18% за пензиско и уште 7,3% заздравствено осигурување. Во практика, за хонорар во бруто износ од, например, 30.160 денари, оној што ја дава услугата ќе добие околу 20.277денари, а на сметка на државата ќе легнат околу 9.883 денари, (или32.7% од бруто износот или 48.7% од нето износот). Инаку досега, поплатениот персонален данок, 27.144 денари се добивале во нето-износ.За да се разбере како се доаѓа од нето до бруто износ на хонорара,подоле е детално претставен пример за пресметка

СТАВОВИ НА ХОНОРАРЦИТЕ И НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ

Од реализираната анкета, 96% од ГОи одговориле дека законските променисо кои од 1 јануари 2015 ќе треба да се плаќаат повисоки социјалните

придонеси на хонорарците „Негативно ќе влијаат врз работењето на ГОи“.

10

Позитивно ќе влијаат врз работењето на ГО

4%

Негативно ќе влијаат врз работењето на ГО

96%

Како ги оценувате законските промени за повисоки социјалните придонеси на хонорарци

Графички приказ 3: Одговори на прашањето „Како ГОи ги оценуваатзаконските промени за повисоки социјалните придонеси на хонорарци ?“

Главни причини поради кои ГОи сметаат дека овие законски промени ќе влијаат негативно врз нивната организација, дека ќе бидат приморани даго намалат нето износот кој се плаќа кон времено анагажираните лица (скоро 30.2%), 25.6% од опфатените ГОи наведуваат дека ќе немаат средства за исплата на надомест на ангажираните лица. Скоро една петина од организациите (18.6%) сметаат дека овие законски промени ќе го зголемат админстративните обврски на ГО (доставување договори до Фондот на ПИОМ, зголемени пресметки, подготовка на известувања и сл). Високи 79.1% веруваат дека сите три наведени одговори погоре се причини поради која сметаат дека овој закон негативно ќе влијае.

11

Графички приказ 4: Одговори на прашањето „ Главни причини поради коиГОи сметаат дека овие законски промени ќе влијаат негативно врзнивната организација “

Една ГО верува дека со овие промени се вршат за да се замолчи гласот на ГОи, т.е. на граѓанските активисти како почетна мерка на притисок на владата врз нив. Како аргумент се наведува дека овие нови законскирешенија не се однесуваат за носителите на власта.

Еден од коментарите поврзани против донесувањето на овие законскипромени, се и дека постои можност работодавачите да бараат повеќеначини за избегнување на плаќањето даноци. Една од првите опции што ќестои на располагање на работодавците, секако е намалување на нетоизносот на хонорарот.

Како резултат на примената на законските промени, евидентно е дека ќесе случуваат низа организициски промени за граѓанските организации даможат да се прилагодат. Како што може да се види на графичкиот приказбр. 5 на следната страна, скоро половината (47.6%) од ГОи превдидуваначини за заобиколување на одредбите, или нивно искористување кое одатво прилог на персоналот.

Дел на организациите кои одговорија на ова прашање коментираат дека ќеги намалат приходите на вработените, за да останат исти хонорарите нанадворешните лица. Оние кои не се во можност, ќе продолжат да гиплаќаат предвидените хонорари, но ќе ги намалат нето износите заизносот на придонесите, но се свесни дека негативно ќе влијае нанивната соработка со овие лица кои нема да се задоволни од надоместоткој го добиваат за работата за која се ангажирани. Друга организацијасмета дека затоа што немаат постојан извор на средства можно е и дапродолжат само на волонтерска основа.

12

Оние за кои ги плаќаме сите потребни придонески ќе ги пријавиме на договор на

дело

Ќе исплаќаме хонорари на неколку лица или преку пензионери

19.05%

21.43%

28.57%

38.10%

Извесни организациски промени како резултат на новите законски одредби

Графички приказ 5: Извесни организациски промени како резултат нановите законски одредби

Оваа анализа покажува дека ГОи сметаат дека законските промени ќеделуваат демотивирачки врз персоналот поради што организациите ќебидат приморани да го намалат нето износот кај оние хонорари чиј брутоизнос е веќе одобрен во проектните буџети и без можност за промена.Таков став имаат високи 89% од организациите. Намалениот износ заисплата ќе влијае и во загубата на дел на надворешни експерти. Дел одорганизациите веруваат дека поради тоа ќе се намали квалитетот напродуктите што се изработуваат од надворешни лица со авторски договорибидејќи ќе се намали значително износот на хонорарот. Само 4% веруваатдека законските промени ќе делуваат мотивирачки, а 5% дека се ќеостане исто како претходно.

Демотивирачки (поради намалувањето на нето

износот на хонорарите на врмено ангажираните)

89%

Нема да има промени во мотивацијата

4%

Ќе делува мотивирачки4%

Немам одговор на ова прашање

2%

13

Графички приказ 6: На кој начин примената на овие законски одредби ќевлијаат врз човечките ресурси во Вашата организација?

Еден од предусловите за ефикасно и ефективо спроведување на било коизаконски промени е и инФрмираноста на засегнатите страни. Поради тоадел од поставените прашања беа и поврзани со информираноста за новитезаконски одредби.

Графички приказ 7: Одговори на прашањето „Дали во организација имаатдоволно информации за ефикасно спроведување на предвидените законскитеизмени за повисоко оданочување при исплата на хонорарите“

На прашањето „дали во организација имаат доволно информации заефикасно спроведување на предвидените законските измени за повисокооданочување при исплата на хонорарите“ високи 80% одоговораатнегативно.

Многу од организациите ќе се соочат со проблеми во спроведувањето нановите одредби, не само поради тоа што се недоволно информирани, тукуи поради комплицираните процедури. Очигледно е дека ќе има зголеменониво на обврски во самите организации, во делот на мотивацијата наперсоналот, амонистративно-финансиките обврски, како и на ниво назголениот обем на комуникации со надворешните сметководители, тренингинституции и државни институции одоговорни за законот.

14

За проблемот на двојното плаќање на пензиско или здравственоосогуравање кај оние лица кои се во редовен работен однос, одМинистерството за труд и социјална политика потврдуваат дека „вослучај да се плати придонес за пензиско осигурување два пати (оддоговорот на дело и од вработувањето), тоа ќе биде пресметано воосновицата за пензија. „Тоа секако ќе влијае на висината на пензијата,односно осигуреникот ќе оствари повисок износ на пензија“, велат одМинистерството“9

Поради големото ниво на незадоволство од предвидените промени зазголемување на придонесите кај хонорарно ангажираните лица, постојатнеколку институционални и вонинституционални иницијативи од страа наоние кои се најпогодени.

Инцијатива за одложување на спроведувањето (11.36%)

Инцијатива за комплетно укинување на овие одредби (63.64%)

Иницијатива за организирање протест против овие одредби(29.55%)

Сите три погоре наведени иницијативи (29.55%)

Не би поддржале било која од наведените три иницијативи (6.82%)

0% 10% 20% 30% 40% 50% 60% 70% Г

рафички приказ 8: Одговори на прашањето „ Која од следниве иницијативикои се превземаат од различни организации би ја поддржале какоорганизација?

На Графичкиот приказ бр. 8 (на претходната страница) може да се видидека повеќето организации би поддржале Инцијатива за комплетноукинување на овие одредби (63.6% од организациите). 29.5% одорганизациите би поддржале иницијатива за организирање протест противовие одредби, колку и организации би поддражале било каква иницијатива

9 Од текстот Хонорарците ем невработени ем обесправени, БИРН, Окт 2014

15

која би го одложила или би ја спречила примената на овие законскипромени.

Неколку синдикати и здруженијата за заштита на работничките права(Синдикатот на УПОЗ, Конфедерацијата на синдикални организации наМакедонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници,Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда„Ленка“), како и други здруженија на граѓани и поединци потпишааПовелбата за солидарност со која од Владата на Република Македонијапобараа:

1) да ја стопира примената на измените на законите со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, со цел да се отвори простор за нивна измена и повлекување;2) преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнато вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што за работниците не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување.3) да се укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите на плата од шест просечни плати.

Носителите на иницијативата не се убедени дека законските измени штостапија на сила од 1 јануари 2015 година ќе го решат проблемот соправата од пензиското и здравственото осигурување на лицата соприкриен работен однос, кои вршат работа без договор или врз основа надоговор за дело. Напротив, тие сметаат дека овие законски измени ќе јаотворат„ Пандорината кутија на дополнително намалување на правата наработниците“,затоа што веруваат дека “ќе ги поттикнат работодавачитенаместо договори за вработување да склучуваат договори за дело сонововработените лица, па дури и со веќе вработените работници“.

На тој начин, формално ќе се исполнат финансиските обврски кондржавата (плаќање придонеси од плата и персонален данок), но ќезаштедат на грбот на работниците врз основа на неисплата нанадоместоци за годишен одмор, надоместоци за боледување, задолжителнисистематски прегледи, отпремнини за вработените кои ги отпуштаат идруго. Исто така, нема да бидат законски обврзани да ги почитуваат

16

работничките права кои ги имаат работниците согласно Законот заработните односи и другите закони кои регулираат права од работеноднос.

Носителите на иницијативата веруваат дека законски измени нема даимаат реперкусии по џебот и правата само на оние лица кои во моментотвршат работа за хонорар наместо за плата, туку и по оние вработени коиво моментот се вработени согласно одредбите на Законот за работниодноси.

Во текот на месец јануари 2015 од страна на Управата за јавни приходибеше изработен и Правилник за тоа кој и како ќе се врши плаќање напридонесите. Според нив„Пресметките на придонесите за договорите задело и авторските договори, потребно е да се подготват и достават доУЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да сеизврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно одтоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен“.

И покрај силниот притисок од страна а хонорарците и нивнитепретстабници, владата има сериозна намера да ги спроведе во делопромените на законската регулатива со која се зголемуваат значителнодавачките, а истовремено најчесто со намалува нето износот кој гопримаат хонорарците и оние кои имаат надоместоци за договоор на дело.

ЗАКЛУЧОК

Високи 96% од ГОи сметаат дека законските промени со кои од 1 јануари2015 ќе треба да се плаќаат повисоки социјалните придонеси нахонорарците „Негативно ќе влијаат врз нивното работење“.

Врз основа на фактот дека скоро половината од ангажираните лица во ГОисе на договор на дело, се очекува овие законски промени во голема меранегативно да влијаат, како врз финансиската состојба на ГОи.

Прашање е дали донаторите на ГОи ќе се согласат да ги покријатзголемените трошоци за хонорари како резултатат на овие законскипромени и за очекување е како резултат на тоа да се намалат нетоизносите кај лицата на договор на дело/авторски договори.

Новите давачки, кои се околу 33% од бруто износот или скоро 50% однето износот кој го примаат хонорарците негативно ќе влијае врз

17

намалувањето на мотивацијата на работно ангажираниот персонал, како иво потешкотија да се најде соодветен кадар кој би прифатил да бидеангажиран.

Воведувањето на новите придонеси ја зголемува и комплицираадминстративната процедура и кај работодавачите и кај лицата надоговор на дело/авторски договори.

Од реализираната анкате скоро половината од ГОи (47.6%) превдидуваначини за заобиколување на законските одредби (повеќекратна исплата довисина на минималната плата, или исплата на пензионери и тн. )

Според 80% од ГОи, овие законски промени се случиле без задоволителнониво на информации за ефикасно спроведување на предвидените законскитеизмени за повисоко оданочување при исплата на хонорарите.

Неколку ГОи, синдикати, како носители на иницијатива за да се одложиили целсоно стопира примената на овој закон, не се убедени деказаконските измени ќе го решат проблемот со правата од пензиското издравственото осигурување на лицата со прикриен работен однос, коивршат работа без договор или врз основа на договор за дело.

Имајќи ја предвид структурата на работно ангажираните лица во ГОи и начинот на финансирање на ГОи, може да се очекува дека со зголемувањето на давачките кај хонорарите од 10% на скоро 50% ( од нето износот на хонорарот) во голема мера негативно ќе влијае врз граѓанските организации и секторот во целост.

БИБЛИОГРАФИЈА

Стојковски З., Анализа на пристигнати апликации од ГОи во CIVICA Mоbiliats програмата спроведувана од ЦИРА, 2013, ЦИРа,

„Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија„ Емина Нурединовска, и др. МЦМС, 2014

Цивикус – Индекс на граѓанското општество -Долг пат до поголем граѓански ангажман, 2011, МЦМС

Цивикус - Индексот на граѓанското општество во Република Македонија „По 15 години транзиција – Од стабилизација кон граѓанско учество“, 2005, МЦМС

Стојанова Д., Јаковлеска Г., Клековски С., Нурединоска Е., (2010), Самоперцепција за граѓанското општество – извештај од организациската анкета. Скопје, МЦМС

18

Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, 29.07.2014

Законот за пензиското и инвалидското осигурување, 29.07.2014 Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност,

29.07.2014 Закон за работните односи, 17.02.2014 Законот за здравствено осигурување, 5.03.2014 Правилник за формата и соджината на месечниот извештај за износот

на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиot договор или друг договор, исплатениот нето надоместок и пресметаните придонеси, 31.12.2014, Министерство за финансии

Упатство за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на Персоналниот данок на доход по одбивка, 31.12.2014, Министерство за финансии

Насоки за пресметка и уплата на придонеси по основ на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори, УЈП, 30.01.2015, Управа за јавни приходи, (http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/500)

Хонорарците ем невработени ем обесправени, Горан Ризаов, БИРН, Окт 2014 Пресметавме: Колку пари за придонеси треба да платите на хонорар

од 10.000 денари, текст на 24 Вести, 30.01.2015, http://press24.mk/presmetavme-kolku-pari-za-pridonesi-treba-da-platite-na-honorar-od-10000-denari

19