Европската архитектура о

14
ТЕОРИЈА И ИСТОРИЈА НА АРХИТЕКТУРА И УМЕТНОСТ Семинарска работа тема: Европската архитектура од класицизмот до модерната

Transcript of Европската архитектура о

ТЕОРИЈА И ИСТОРИЈА НА АРХИТЕКТУРА И УМЕТНОСТ

Семинарска работа

тема: Европската архитектураод класицизмот до модерната

2

ментор: студент:Проф. Д-р Кокан Грчев Зорица Чеботарева ID: 3070

3

СОДРЖИНА

ВОВЕД..................................................................3

ФРАНЦИЈА...............................................................4Жак-Анж Габриел.......................................................4

Жан-Жермен Суфло......................................................5НЕОКЛАСИЦИЗАМ..........................................................6

ГЕРМАНИЈА.............................................................6АНГЛИЈА...............................................................10

4

ВОВЕД

Во периодот на втората половина од 18 век, таму каде барокот ги достигнува границите на подносливост на кичот, се јавува потреба да се корегира архитектурата. Со радикалните промени во политичките системи низ цела Европа, укинувањето на апсолутистичката монархија со француската буржоаска револуција и појавата на новото демократско општество следува и издвојување и издигнување на новиот стил. Тој има тенденција да биде поумерен и поедноставен во својот израз.

Класицизмот почнува да се развива уште со појавата на ренесансата во Италија. Значајни италијански мајстори како што се Бруналески и Паладио ќе се навратат на античките учења на Витрувие. Класицизмот како уметнички правец прв пат се појавува вокралскиот двор на Луј XIV. Во неговите најрани почетоци тој влече цврсти корени од претходната градителска епоха на барокот, па уштесе нарекува и барокнен класицизам со доста застапени барокни елементи во него. После периодот на буржоаската револуцијата овојправец интезивно се развива. Во понатамошниот развој тој ќе се издвои од карактеристиките на барокот дефинирајќи своја убавина и творечки процес.

Главната инспирација за пресоздавање на класичниот стил се римските триумфални порти и грчките храмови. Со нивно преплетувањесе постигнува хармонија и еднаквост на сите делови на објектот. Главната идеја на архитектот е да создаде простор комплетно утилитарен за корисникот.

5

Историски гледано класицизмот претежно се однесува на уметноста и архитектурата која што е создадена уште од античко време, а подоцна ќе се однесува и на уметноста и архитектурата која што ќе биде инспирирана и интерпретирана од античкото. Со целполесно да се разликува тој стил ќе биде наречен неокласицизам.

ФРАНЦИЈАВодечка улога за архитектурата од овој период има Франција.

Таа ќе го диктира овој стил не само на својата домашна територија туку и во сите свои колонии.

Карактеристика на архитектурата во овој период е враќање кон францускиот барокен класицизам и влијание од класичната уметност. Во овој период најмногу се градат палати, цркви и плоштади, кои јаизразуваат моќта на француската држава.

Се создаваат големи плоштади, се пробиваат големите авении кои завршуваат со маркантни објекти. Објектите добиваат нагласено,погрешно димензионирање. Друга карактеристика на периодот на класицизмот е потребата од создавање голем градски простор потребен за славење на триумфите. Се применуваат класичните елементи, но изоставена е аргономијата, човекот не се јавува како мерка.

Жак-Анж Габриел Најголема интервенција на овој архитект е концептот и

уредувањето на плоштадот Конкорд во Париз. Формата на плоштадот е правоаголна, со изразени симетрали на кои се сместени значајни објекти: на исток црквата Мадлена , Бурбонската Палата на спротивниот брег од реката Сена, Лувр на југ и големата Триумфалнапорта на север.

Дефинирање на карактеристиките на класичната архитектура.

6

Павиљонот Мал Трианон, сместен воверсајскиот парк е уште едно од познатите дела на овој архитект. Се користел како приватен простор на кралот. Павиљонот е обликуван со антички елементи.

Жан-Жермен Суфло

Негов значаен објект е црквата Пантеон во Париз.Оваа црква има перистил и портик, со што премногу

очигледно е влијанието од античките храмови. Куполата врз тамбурот со колонада поставен

над пресекот на краците во крстовидно

Плоштад Конкорд - Париз

7

решение е уште еднакарактеристика специфична за

античкиот период

Други значајни објекти изградени во периодот на францускиот класицизам:

НЕОКЛАСИЦИЗАМСо навраќањето кон старата грчка и римска архитектура и

враќањето кон паладиевските мотиви започнува и неокласицизмот какоправец. Се редуцира употребеноста на деталите, се чисти претераната барокна и рококо декорација.

Со појавата на првите званични академии ќе се придонесе класицизмот да се интерпретира како неокласицизам. Период на масовно градење на објекти што ќе ги оформат денешните историски јадра на европските метрополи

Театарот Одеон во Париз, со класичен портик во тоскански ред. Истовремено е поврзан и со антиката и со ренесансата.

Театарот во Бордо, со нагласена колосалнаколонада со класичен коринтски ред и монуметално степениште. Со своето степениште ќе стане пример за обликување на степениште во париската опера.

8

Објектите се карактеризираат со монументалност, потполна

симетрија, високи столбови по должината на целите објекти и усовршување на просторната геометрија на објектите. Пристапот е јасен, смирен, пластичната декорација е сведена на минимум, а дефиниција за распознавање на објектите во просторот е смирената монументалност. Архитектите целосно ги применуваат своите претходни учења за класичната римска и грчка архитектура. Покрај класичните форми, не дозволиле експериментирање со формата и дизајнот.

Темата на неокласицизмот се однесува на четири принципи со кои се објаснува архитектурата од овој период: историја, едноставност, рационалност и едукација. Историјата е во функција на враќање кон минатото. Воспоставен е редизајн на базичните елементи и нивно усовршување за создавање нова историја.Едноставноста се дефинира преку базичните примери на архитектуратасо желба да се избегне комплексноста и сложеноста на материјалот.Преголемиот интерес за чистите геометриски форми и волумени како инивното истражување ја дефинираат рационалноста, додека пак едукацијата е претставена преку потребата на архитектот за пренесување на неговите знаења и претопување на истите во совршеникласични објекти.

Според архитектот Mies van der Rohe, класичната архитектура била практична, функцијата била таа што ја диктирала формата. Архитектите ги користеле законите на основната геометрија како основен визуелен јазик. Се создавале чисти архитектонски форми обработени со економичност и елеганција. Се истакнува испревртувањето и прилагодувањето на потребите од минатото кон потребите од сегашноста.

ГЕРМАНИЈАВо XIX век настапува милитаризмот на Бизмарк во Германија. Со

тоа новосоздадената држава својата моќ сака да ја изрази и преку силната архитектура.

Бранденбуршката порта во Берлик со облик инспириран од пропилеите на Атинскиот Акропол. Бранденбуршката портапретставува еден од ретките германски класични примери наобнова на класичните вредности во архитектурата.

Бранденбуршката Порта во Берлин

9

Архитектурата во Германија за времето на неокласицизмот тежнеела кон прикажување на општеството во ново светло. Најдобриотпример на архитект кој творел во тој период во Германија е Карл Фредрих Шинкел.

За Шинкел може да кажеме дека е еден од најталентираните архитекти во Германија. Тој успеа да ги воспостави мерката и односот на нештата, оставајќи трага и влијание на модернистите штоследеле. Својата креативност Шинкел ја користи комбинирајќи различни стилови во еден манир. Во неговите дела биле вклучени класичниот римско-грчки стил, готскиот стил и ренесансниот стил.

Еден од најпознатите објекти на Шинкел е Стариот музеј во Берлин. Реализацијата на ова дело претставува резултат на различното разбирање на општеството во овој период. Музејот е сместен во центарот на Берлин. Шинкле ја одбрал градината на задоволствата велејќи дека го препознал значењето на таа локација за подобрување на урбанистичкиот развој. Тој вели, "Убавината на оваа локација ќе биде совршена со изградбата на музејот кој ќе ја исполни четвртата страна на овој стар плоштад на соодветен начин. Пантеон на германската култура, место каде што се соединуваат големите дела на уметноста од минатото. Симболичното отварање кон партерното уредување пред самиот влез на музејот е специфично за видувањето на Шинкел. Овој објект претставува најмонументална градба во XIX век, издигната на висок подиум со централно поставенскалишен простор. Со ова свое дело Шинкел постигнал нешто што не успеал ниту еден од француските архитекти.

10

Карактеристично за Стариот музеј е неговата внатрешна купола која со својата поставеност во средината на внатрешниот простор претставува главна координата на движење.

Уште една од спецификите на оваа градба е отвореноста кон плоштадот. Влезниот екстериер е збогатен со колонада од јонски столбови со отворен поглед кон предниот дел на партерното уредување. Фасадата на објектот е вовлечена зад столбовите со што се создава една отворено-затворена фасада.

основа на Стариот музеј

пресек на Стариот музеј

11

Во значајните дела на Шинкел се спомнува и Вилата Шарлотенхов.Својата преокупација со пејсажното уредување Шинкел ја истакнува преку своите проекти на екстравагантни вили. Вилата Шарлотенхов сенаоѓа во близина Потсдам. Присутен е дорскиот портик и значително е застапено влијанието на Паладио. Вилата е поставена на една страна заедно со нејзината лоѓија и градина како дел од пејсажното уредување по примерот на англиските имоти.

12

Палатата во Акрополис

Шинкел добил задача да ја изгради новата палата на кралот во Грција. Центарот на објектот бил замислен како голема рецепциона сала. Според дизајнот, висок хол опкружен со столбови се отварал кон внатрешниот двор. Четири големи столбови го носеле уникатно конструираниот отворен покрив. Било декорирано со многу богати материјали и скулптури давајќи му на објектот кралски карактер. Восвоите дела Шинкел избегнувал спој на стари објекти со нови градби.

Со својата работа Шинкел претставува предвесник на модернизмот во Германија.

АНГЛИЈА

Со преземањето на голем број колонии во Англија се развиваат

трговијата и

индустријата што ќе резултира и со засилена градителска дејност во

новиот неокласичен стил. Британскиот музеј во Лондон на

архитектот Роберт Смирк е доказ дека неокласицизмот е единствениот

начин да се прикаже конзервативноста на тој британски дух.

Авторот го обликувал објектот со јонски ред, по угледот на

античките грчки храмови.

13

Други значајни објекти од овој период се и Националната галерија и

Универзитетскиот колеџ во Лондон на архитектот Вилијам Вилкинс.

Вториот е концепиран со коринтски портик и купола по углед на

парискиот Пантеон.

Уште еден, можеби и најкарактеристичен пример за тенденцијатаобјектите да изгледаат старо е Високата школа во Единбург на ТомасХамилтон. Тука среќаваме едно потполно имитирање на грчкиот Партенон во еден градски амбиент, во грчко-дорски стил, по углед на античките пропилеи.

Британскиот музеј во Лондон

Националната галерија

Универзитетскиот колеџ

14

Високата школа во Единбург