Дома - Идејата на конзервативизмот

162
Саркањац Дома-идејата на конзервативизмот

Transcript of Дома - Идејата на конзервативизмот

Саркањац

Дома-идејата на конзервативизмот

Дома

Идејатана

конзервативизмот

ǩȘȈȕȐșȓȈȊ�ǹȈȘȒȈȱȈȞ

Макавеј Скопје

ПРЕДГОВОР

7

СОДРЖИНА

Предговор .....................................................................................................7

ШТО НЕ Е КОНЗЕРВАТИВИЗАМ ........................................................9Светоглед - Што не е конзервативизам ......................................11Kонзервативизам со мало „к“ - Конзервативизмот не е монолитен ...................................................................................17Кој знае повеќе? - Конзервативизам и популизам ....................23

ШТО Е КОНЗЕРВАТИВИЗАМ .............................................................29Допри ја почвата! - Врз што вирее конзервативизмот во Македонија ...............................................31Да се победи машината - Конзервативизмот на неприспособениот .............................................................................35Scooby Dooby Doo! - Транзициски конзервативизам ...............41

ПРИНЦИПОТ ЗНАЕЊЕ.........................................................................47Чекори внимателно - Скепсата како исходишна точка .........49

ПРОМЕНА ..................................................................................................55Принципот промена - За потребата од закотвеностили против „Enterprise Society“ .....................................................57Бакарни чинии - Што има да конзервира конзервативизмот ......................................................63Да се сочува вредното - Конзервативизмот не е носталгија ...................................................................................67

КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ И СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА ............73Марксисти и крикет - Конзервативизам и марксизам ............75Капиталистичката крава - Празната реторика на социјалдемократијата ...........................................85

8

Стварноста е десно - Илузиите на левицата .............................93Саргаско море - Фијаското на социјалдемократијата ...........99Доцниш, доцниш и пак не можеш да види - Кризата на социјалдемократијата .............................................................105Терапевтика - За жртвите на комунизмот .............................111Кормило, карта и компас - (2006, 2008, 2009, 2011... and counting) ...............................................................117

ЕКОНОМИЈА ...........................................................................................121„Чија си“ - Пазар, приватна сопственост и држава ..............123Кој знае, има - Координиран капитализам ...............................129Чорбаџии и номенклатура - Капитализмот во Македонија .....133Добро општество - а не за расипаните јајца - Неоли-берализам, држава, поствашингтонски консензус ..................137Сепак има општество - Конзервативизмот и сиромаштијата ...........................................................................145

ДОМА ....................................................................................................... 151Дома да ти е убаво - Која политичка опција ќе победи? ........153Дома - Добро општество ..............................................................157

Содржина

ШТО НЕ Е КОНЗЕРВАТИВИЗАМ

СВЕТОГЛЕД1

ШТО НЕ Е КОНЗЕРВАТИВИЗАМ

Неоконзервативецот е либерал нападнат на улица од стварноста.Ирвинг Кристол, Двапати ура за капитализмот, 1979.

Факт е дека конзервативизмот кај нас, општо земено, е не поз-ната работа. И граѓаните, и политичарите, и новинарите го ко-рис тат тој збор, но не сум убеден дека го знаат неговото значење. Ин телектуалците не се исклучок во тоа незнаење (или недоволно знаење).

Конкретно, зборот конзервативизам по правило се употребува кога станува збор за партијата ВМРО-ДПМНЕ. И по правило по-грешно се употребува од оние што не ги одобруваат политиките на ВМРО-ДПМНО или ставовите на нејзините членови.

Така, барем од 2006 година наваму, партијата на ВМРО-ДПМНЕ своите позиции, како и политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ги легитмира како конзервативни. Но, во медиумите тие пречесто се определуваат само како десни.

Ваквите определби премногу упростуваат и даваат погрешна слика. И бараат простор малку да се објаснат работите.

Да се каже дека политиките на власта се само „десни“, според мене, не кажува речиси ништо или води во погрешна насока. При-тоа, кај нас уште и се комплицира! Се наметна како фраза дека кај нас всушност немало дефинирано левица и десница; или дека левицата и десницата имаат толку измешани и идеолошки не кон-

131 октомври 2008 година (за сите текстови кои се базирани на веќе објавени колумни наведен е само датумот на објавувањето на колумната). .

12

зис тент ни политики што левицата ја прави да биде поблиску до дес ницата и обратно, десницата да биде левица. Ова се фрази, кои не како се наметнаа по весниците и неделниците. Кога нешто не знае, обичниот човек вика „хаос“, „каша попара“, „не се знае кој пие, кој плаќа“. Тој народен „пристап“ се пренесе и во весниците, се раз бира, малку модифициран.

Политиката денес по многу нешта е „fuzzy“, збркана и нејас на. Светот во кој живееме е сложен и динамичен, „забеган“ и незауз-дан. Државите и општествата се неуправливи. Настаните се не-пред виливи.

Но, не е изговор да се помириме со „непознатливоста на светот“. И да релативизираме и апстрактно да мислиме. Напротив, некои работи се знаат и некои работи можат појасно да се определат.

Конкретно за конзервативизмот.Читам анализи на уредници на весници кои сакаат да прават

споредбени анализи меѓу „левицата“ и „десницата“ како да е тоа исто кога се прави разлика меѓу конзервативизмот и социјал демо-кратијата. А не е исто. Притоа, со голема леснотија се употребува из ра зот „крајна десница“ за да се опишат политиките на владата на Ни кола Груевски. Да се каже „крајна десница“ е етикетирање и се -риоз но обвинување. Зашто, зад таквите описи нема поиздржана по -ли тич ка анализа. Нема и референтни точки кои ги дефинираат пои-мите како што се конзервативно, неоконзервативно, либерално и сл.

Да видиме зошто.Самиот конзервативизам е посебна приказна. Најголемиот дел

од луѓето кај нас, всушност, не прават никаква разлика ниту меѓу кон зервативизмот и десницата, а камоли да прават разлика меѓу раз ните форми на конзервативизмот.

Луѓе што ги сретнувам ми зборуваат за конзервативизмот како да е нешто страшно заостанато и интелектуално тапо.

Пријатели ми префрлаат дека конзервативизмот е збир на по-ли тики кои забрануваат и ограничуваат слободи, и наметнуваат стари форми на однесување кои „развиенот свет“ одамна ги над-ми нал.

Што не е конзервативизам (i)

13

Колеги ми забележуваат дека немало почва за конзервативизмот во Македонија (немало која традиција да се чува, не сме знаеле кој режим да се брани?). Или поставуваат прашања од типот „што има да конзервира“ конзервативизмот во Македонија.

Треба да се прифати дека сите што го користат терминот има-ат некаква претстава за конзервативизмот и дека помалку или по-веќе успеваат да комуницираат и да ги изнесат своите ста во ви. Но, дали притоа се посредува стварноста е друго пра шање. Најчесто, за жал, тие што го критикуваат или отфрлаат конзер ва тивизмот нај често го идентификуваат со реакционерниот кон зер ва тивизам или со неолиберализмот. Според мене, тоа е погрешно. Можеби нај соодветно објаснување за ова е дека негативната слика за кон зервативизмот е наследена од бившиот режим кој се ле ги ти-мираше како вистинскиот пат и иднина и во кој секое спро тив ста-вено мислење беше оцрнето. Луѓе кои долго биле вос пи ту ва ни да живеат во црно бел свет и денес така ќе гледаат на работите. Порано за нив социјализмот беше добриот и вистинскиот режим, сè на за пад беше декадентно и реакционерно. Сè што беше граѓанско беше измама и лага. Слично на ова, југословенскиот социјализам беше тој вистинскиот, демократскиот. Притоа, тоталитаризмот се лоцираше во Источниот блок и сл.

И денес во Македонија се провлекува таквиот упростувачки начин на гледање на главните „идеологии“ на современата свет ска политика. Оние што не го „мирисаат“ конзервативизмот, всуш-ност, го задржале комунистички поглед врз него. Дека е „граѓан ска“ идеологија на привилегирани и алчни, на луѓе кои се против про-гресот и реформите. Дека е партија на богатите. И дека, оттаму, не се интересира за сиромашните. За сиромашните „задолжена“ би ла левицата. И кога владата на конзервативно ориентираната пар тија на ВМРО-ДПМНЕ влегува во борба против сиромаштијата, тие луѓе велат: еве, им се провлекуваат левичарски решенија. И затоа не се „чиста“ десница.

Што може да се каже наспроти сето ова? Погрешно и погрешно!Десница и конзервативизам не се исто. Се разбира, денес кон-

зер вативизмот во Европа и во Македонија е десно. Но не го по пол-

Светоглед

14

нува целиот спектар на десни позиции и идеологии. Впрочем, тој е и постар од поделбата лево-десно во политиката за да може да се вклопи во идеолошките мапирања.

Но, противниците на конзервативизмот по правило го упрос-ту ваат како „десничарство“. И не само кај нас така. И во Велика Британија е така, и во континентална Европа е така.2

Тука сакам само да појаснам дека конзервативизмот не е просто само друг збор за десница. Во смисла дека сè што е дес-но е конзервативно и сè што е конзервативно е десно. И нео ли бе -рализмот е десно, и либертаризмот (либертаријанизмот) е десно и неоконзервативизмот е десно. Но, конзервативизмот, за кој јас зборувам, е многу поблизок до неоконзервативизмот и се против-ста вува на неолиберализмот и и либертаризмот.

За да се дофати идејата на конзервативзмот, можеби е најдобро да се почне со објаснувањето дека да се биде конзервативен не значи нужно да си член на конзервативна партија.

Конзервативизмот е повеќе од партија, или идеологија на партија.

На пример, повеќе автори во Европа констатираат дека де-нес сè повеќе има луѓе со конзервативни, но не со десни (или дес-ничарски) ставови. Да се биде пристоен, трудољубив, да се вни-ма ва на хигиената, да се завршуваат работите на време – тоа се бара ња и вредности (тн. секундарни добродетели) кои денес имаат конјунктура – велат во Европа. Но, ваквото придвижување кон кон зер ва тивизмот многумина и во Европа „лекомислено и не ди-ферен ци ра но го обезвреднуваат како општествено помес ту вање кон десно“, што не е точно. Конзервативизмот не може да се ре-ду цира на десница. Како што не може да се релативизира како десница.

Што не е конзервативизам (i)

2 По Втората светска војна многу партии во Европа си го сменија името. Шведската Десна партија станува Умерена обединета партија, во Луксембург Партијата на старите десни сили се преименува во Христијанско-социјална народна партија, швајцарската Конзервативна народна партија го менува името во Христијанско-демократска народна партија.

15

Ова важи и за нас во Македонија. Придвижувањето кон кон-зер вативизмот е токму ова. Тој конзервативизам, јас како што го знам и разбирам, не е за laissez faire капитализмот и ја нема вербата во моќта во пазарот сè да регулира - (како што не верува во моќта на државата сè да регулира). Конзервативизмот не се залага за опш тество во кое сè е дозволено, не е за анархо-капитализмот – ти пичен за либертаризмот3 (како што, од друга страна не прифаќа држава која ги ограничува слободите).

Грижата за семејството, борбата против сиромаштијата. Залагање за културата која промовира вредности за кои се зала-га ше неоконзервативзмот на Ирвинг Кристол4 - тука се гледаат вредностите блиски на конзервативизмот во Македонија.

Во европските парламентарни системи, конзервативците во принцип се здружуваат со центристички групи, дури и со тие од левицата (на пример, социјалистите). Но, не и со крајната десница, со ксенофобичната и популистичката и радикална десница. Така е во Белгија, така е и во Франција. Популизмот на конзервативните партии кои и гледаат низ прсти на екстремната и ксенофобична дес ница за мене е неприфатлив.

Конзервативизмот е далеку повеќе од зацртана идеологија на една партија. Тој е диспозиција, став и светоглед на големо мно зин -ство, без разлика дали се членови на некоја партија или не.

И конечно, конзервативно, не е исто што и десно. Конезерва-ти визмот е десно, но не е сè што е десно.

Светоглед

3 Либертаризам – политичка филозофија која се залага за укинување или ограничување на државата во интерес на слободата на поединецот. Секој поединец има право да прави што сака, доколку не ја повредува слободата на другите.

4 Ирвинг Кристол е првото име за кое се врзува американскиот неокон-зервативизам од 1970 година. Наједноставниот опис на Кристол е дека тој е човекот кој го соочува моралниот капитал (се мисли на секојдневниот живот на Американецот во кој силна улога имаат религијата и традицијата) со „де-ка дентноста“ на младата генерација на седумдесеттите и со интелектуална кул тура која се врзува за тој период и таа генерација.

KОНЗЕРВАТИВИЗАМ СО МАЛО „к“5

КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ НЕ Е МОНОЛИТЕН

Појавата на конзервативизмот во кое било време и на кое било место има малку допирни точки со неговата појава во кое било друго време и место.Самуел Хантингтон, Конзервативизмот како идеологија, 1957.

Нема еден конзервативизам. Kонзервативизмот не е монолитен и изграден врз јасни и зацртани принципи. И доколку се повикува на принципи, меѓу нив има многу почесто тензија и несогласување отколку непротивречност.

На пример, ако зборуваме за британскиот конзервативизам, ќе видиме дека конзервативците еднаш се залагаат за поголема општествена кохезија, другпат за индивидуална слобода. Ја бранат слободната трговија, но и протекционизмот. Тие се за ефикасност на владата, за централни стандарди, но и за локална независност од британската влада. Тие подеднакво се борат против сиромаштијата, како што се залагаат за пониски даноци. И така натаму, и така на-таму.

Или да ги споредиме американскиот и британскиот кон зер-вативизам. За Американците конзервативци пишаниот устав е тој што ја гарантира слободата, за Британците конзервативци да се на пише устав би било првиот чекор на патот кон тиранија.

Значи, нема единствен идеолошки конструкт, туку може да се зборува за конзервативен идеен круг. Како што објаснува Панајотис Кондилис, во него припаѓаат: „де поборниците на план -ската економија и диктатурата на Исток, де поборниците на па-

5 14 ноември 2008 година.

18

зарната економија и парламентаризмот на Запад, некогаш и еко-лошки мотивираните пријатели на недопрената природа и ре ли-гиозно настроените противници на мини-здолништата“6

Конзервативизмот во Македонија никогаш не ќе може да биде ист со, условно да го наречеме, посткомунистичкиот нов кон зер-вативизам во земјите од Источна Европа, иако како држава из ле-говме од сличен режим по падот на Берлинскиот ѕид. Конзерва-тивизмот не инсистира на истомисленици и интернационализам.

Марксисти од Виетнам, Либерија и од Титовите леви сили од Македонија многу полесно ќе се согласат за главните работи на планот на идеологијата. И тоа за илузиите за „еднаквост“, „борба против експлоатацијата“, „историската улога на работничката класа“, и „нужноста од револуција“ и за „империјализмот кој сè уште владее во светот“.

Со конзервативците никогаш не одело така лесно до обврзу-вач ки консензус за суштествени прашања. Нема систем на идеи кој важи за сите. Едноставно, ниту се брани еден режим, ниту се на-метнува еден начин на живот..

Не можеш да ги ставиш во иста вреќа сите конзервативни партии или сите конзервативни мислители. Не постои книга која би се викала збир на принципи на некоја си конзервативна идеологија.

Има конзервативно мислење. Нема конзервативна идеологија. Нема конзервативна идеологија која е проект за ново општество и кое се наметнува. Нема идеално или вистинско општество кое треба да се оствари. Конзервативизмот бега од утопии и големи општествени проекти.

Врз ова почива антикомунизмот и антифашизмот на конзер -вативецот.

Затоа што се сомнева (принципот на знаење) и затоа што не ве рува во успехот на големи и радикални промени (принципот на про мена).

Што не е конзервативизам (ii)

6 Panajotis Kondylis, Die Antiquirtheit der politischen Begriffe, во: Frankfurter Allgemeine Zeitung, од 5 октомври 1991.

19

И затоа не може да биде монолитен. Затоа не може ниту да бара сите да мислат исто, и да се повикуваат на ист систем на идеи.

„Јас знам, затоа што Маркс рекол, и е научно докажано, дека менувајќи го светот го градиме новиот свет и новиот човек“ - ова беше типично резонирање за умовите на комунистичките партии. Интелектуалците и идеолозите на комунизмот ја поседуваа во об-разеноста дека знаат што прават и дека знаат што ќе донесе про ме-ната, некои знаеја дури и за колку време.

И, еднакво, може да се каже дека конзервативизмот е ре ак ти-вен. Тој повеќе реагира на случувања, отколку што има некоја док-трина или план според кои ги тера активностите (на партијата, на по литиките на државата).

Ако тинејџерската бременост и насилство во училиштата се проблем (Британците се први во Европа по овие девијантни по-ја ви), конзервативците ќе реагираат. Ако семејствата имаат сè по малку деца и ако „изумира нацијата“ (како што се случува во Македонија, и речиси, како што се случува во цела Европа), кон-зер вативците ќе реагираат. Но, нема никого да принудат да прави нешто да ги сменат работите. Конзервативците (барем во Европа и оние со либерална предлошка) се начисто со ова. Јав ниот ум, во кој се преиспитуваат традиционални или класични вредности, е глав ното оружје на конзервативните.

Конзервативизмот почива врз класичниот либерализам на Џон Стјуарт Мил. Да мислам поинаку од сите – тоа е мое највисоко право. Сите вие да се согласите околу некоја работа, а јас да имам мислење кое сосема се разликува, не смее ни влакно на косата да ми недостасува.

И тука да му одговорам на еден пријател за една негова за-белешка.

Конзервативците, колку што знам, не го употребуваат зборот кон зервативист. Го има зборот, точно е. Но, едноставно никој што ми е мене важен не го употребува. Англичаните велат „The con-servative“, или „the conservative with little c“!, „Der Konservative“, велат Германците. Затоа што да се биде конзервативен значи став,

Конзервативизам со мало „к“

20

позиција. Не значи идеолошка насока, припадност и обврска да се сместиш во некој „изам“. Затоа има марксисти, комунисти, фе ми-нисти, но нема „конзервативисти“.

Јас лично не го прифаќам конзервативизмот како „изам“, ниту оној што има конзервативни ставови го нарекувам „...ист“. Ниту јас ниту кој бил друг не може да се нафати да гради уче ње за конзервативизмот, или уште помалку да се смета за „идео лог“ на која било конзервативна партија. Јас сум, едноставно, конзер ва ти-вен, како што може да биде секој што се наоѓа себе во ова што го пишувам изминативе недели во „Дневник“.7

И дали има „конзервативни“ во СДСМ – во една лево ориен-ти рана партија? Може да има, и не е ниту скандал, ниту некоја недоследност (за конзервативците, барем, нема недоследност).

Просто кажано,„Конзервативистите“ ме носат во идеологија, а таму секогаш демне опасноста на тоталитаризмот. Тоа не е за мене.

Како политичка мисла, невозможно е (еднозначно) да се дефинира конзервативизмот. Како што не може да се бара кон-зи стентност и доследност типична за строго системско мислење. Притоа, конзервативизмот не подразбира своеволност и мен ли-вост на расположенија и ставови. Конзервативизмот, сепак, не е постмодернизам.

Бенџамин Дизраели е совршениот пример за таква недос лед-ност. Младиот Дизраели се противел на социјалната реформа во Велика Британија (гласа против „евтиниот леб“ 1846 година; се про тиви на законот за јавно здравје 1848). Постариот Дизраели како премиер ја води социјалната реформа за да ја намали си ро-маштијата, да ја зајакне социјалната кохезија (со идејата за „One Nation“). Ќе победи на изборите 1874 година со Ториевците како „пар ти ја на вистински реформи“ и ќе донесе бројни закони кои се однесуваат на условите во фабриките, синдикални права, јавно здравје, образование и домување.

Недоследност? Нелојалност кон идеите и идеалите? Преврт ли-

7 Ноември 2008.

Што не е конзервативизам (ii)

21

вост? Ништо од тоа. Конзервативецот кој се соменева во способ-носта на човекот да знае сè, кој се плаши дека промените ќе донесат несакани и непозната последици, не може да робува на зададен свет на идеи, кој се наметнува на стварноста. И тој се менува и ќе се менува. Самиот. Но, нема да ги тера другите да се менуваат – по негово.

Сомневањето во моќта на човековиот разум и знаење; прифа-ќа њето дека живееме во комплексен свет за кој наоѓаме бројни и разновидни одговори, речиси секогаш недоволни и често про тив-речни – тоа е постојаниот извор на тензии меѓу конзервативците и меѓу обидите да се преформулира што ќе се прави. И ова е позиција на конзервативецот уште од Едмунд Берк, кој во говорот од 1775, во поддршка на помирување со колониите кои подоцна ќе станат Соединети Американски Држави, ќе каже:

„Многу од оние фундаментални принципи, за кои претходно сметавме дека се непогрешни, или не се повеќе важни како што ги замислувавме; или воопшто не се повикувавме на многу поважни и многу посилни принципи, кои целосно ги укинуваат оние што ги сметавме за семоќни.“8

Принципите на кои се повикува конзервативизмот се различни и во простор и во време. Всушност, може да се зборува за бројни, различни и локални конзервативизми – конзервативизми со мало к. Нема еден конзервативизам што важи секаде и за сите.

8 Edmund Burke, On Moving His Resolutions for Conciliation With the Colonies, London New York 1775 (говор на Едмунд Берк одржан на 22 март 1775 година).

Конзервативизам со мало „к“

КОЈ ЗНАЕ ПОВЕЌЕ?

КОНЗЕРВАТИВИЗАМ И ПОПУЛИЗАМ

Повторувам ... дека сета моќ е доверба; дека сме одговорни за тоа како ја користиме; дека сета моќ извира од народот и за народот и така мора да биде. Бенџамин Дизраели, Вивијан Греј, 1826.

Една дефиниција вели дека популизмот „ги нагласува инте-ресите, културните црти и спонтаните чувства на обичните луѓе... популистот често директно се повикува на волјата на мн о-зинството, преку масовни собири, референдуми или други форми на народна демократија“

Американскиот политиколог Марк Платнер популизмот го става од онаа страна на либерализмот и конституционализмот. Спо ред него, популистите сакаат да го постигнат она што тие мис-лат дека е волја на мнозинството и тоа без пречки или одлагање. За тоа немаат трпение за почитување на процедури, заштита на чо-ве кови права.

Според вторава дефиниција човек треба да се намачи да го ло цира популизмот во една млада демократија, како на пример, Република Македонија. Воопшто не може да се брани тезата дека освојувањето на демократските вредности (почитување на про це-дурите и заштитата на човековите права) го оддалечува популиз-мот од Македонија. Или дека, според оваа логика, првите години по осамостојувањето политиката била терен на популисти.

Првата дефиниција пак не соодветствува за односите во Македонија. На пример, конституционализмот и популизмот одат заедно кога станува збор за името.

24

Дали е конзервативецот популист? Во Македонија и да и не – ако се повикаме на горните дефиниции. Во надворешната политика во однос на некои важни прашања врзани со идентитетот може да се зборува за популистичка позиција. На пример, по прашањето на спорот за името со Грција позицијата на ВМРО-ДПМНЕ може да се определи како популистичка – се повикува на мнозинството, на кул турните обележја на македонскиот народ, на чувствата на гене-ра ции Македонци. Таквиот „надворешно политички “ популизам е потребна и неспорна дипломатска алатка.

Меѓутоа, Република Македонија е хетерогена национална др-жава со мултикултурна политика во која правата на малцин ства та му даваат ограничувања на секој „внатрешно-политички “ по пу ли-зам во Македонија.

Вистински балансирана политика зборува за интересите на граѓаните на Македонија кои не смеат да ги повредат чувствата (на припадност) на етникумите.

Затоа што таква една политика е деликатна и динамичка, од-ре дена од повеќе фактори (партиски, геополитички, геокултурни) може да се зборува за етнички популизми во Македонија кои се конфронтираат, но и кои влегуваат во дијалог. Ова е особено вид ливо кога станува збор за прашањето за ЕУ интеграцијата на Репуб лика Македонија. Екстремните варијанти на овие популизми се: албанскиот е за побрзо влегување на Македонија во ЕУ (ин те-ресите на Албанците), македонскиот е да се сочува уставното име и националниот иденитет. Веќе зрелата македонска политика и по-ли тичкиот дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги има отфрлено овие две крајности.9

Може да се зборува за социјален популизам на СДСМ. СДСМ постојано се повикува на сиромаштијата во Македонија и „ра -сип -ничката држава“ во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, гра ни цата меѓу релевантна опозициска критика и популистичко ма ни пу-

Што не е конзервативизам (iii)

9 Од своја страна, албанскиот популизам по правило се повикува на заштита на човековите права, што првата дефиниција на популизмот дадена на самиот почеток на овој текст пак ја прави проблематична.

25

лирање со граѓаните сè уште тешко се одредува во Македонија. Може да се зборува и за националистички популизам на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ постојано се повикува на национална гордост и достоинство. Но и ова е само површно гледање, ефикасно само во меѓупартиски политики на знаење.

Подуховита е дефиницијата што ја дава Петер Слотердајк - дека популистот знае повеќе за народот отколку што знае за себе (иако, во суштина, го кажува истото што Платнер и др.).

Ако принципот на знаење е темел на каква било конзервативна позиција; ако сомневањето и свеста за несовршеноста на чо ве-кот и недоволноста на знаењето да се објасни стварноста - то гаш конзервативецот не може да биде популист. Едноставно, кон зер-ва тивецот не знае повеќе ниту за себе, уште помалку за народот. Ир винг Кристол, Мајкл Оукшот и Роберт Шилер јасно ја бранат оваа позиција10.

Во таа смисла, распишување на референдум (во врска со име-то) не е популизам, затоа што на тој начин власта вели дека не знае повеќе од народот.

Конзервативецот се преиспитува и не се осмелува да пред ви-дува долгорочно. Конзервативна власт мора секогаш да знае дека планираното наидува на непредвидливи пречки. Но, би било многу упростено од ова да се извлече заклучок дека една конзервативна партија која е на власт мора јавно да се сомнева во сопствените политики.

Не е прашањето дали политичарот знае повеќе или народот и дали народот е на крај секогаш поумен од политичарот.11

Кој знае повеќе?

10 Види го текстот „Чекори внимателно“ во оваа книга.11 За тоа дека народот - обичниот човек - знае повеќе види го филмот

„Remains of the Day“ во режија на Џејмс Ајвори. Спореди со мислењето на Макијавели за кого луѓето се глупави и ирационални, лековерни, заведливи, со погрешни сфаќања, а тие што не се такви често лошо може да ги пресметаат и измерат работите, зашто сè е во постојано движење (Niccolò Machiavelli, Discorsi sopra la prima deca di Tito Livio, приредил Франческо Бауси, Roma 2001.

26

Се работи за тоа дека конзервативецот со многу воздржаност збо рува во име на народот и со воздржаност зборува за тоа тој колку знае. Знаењето не е нечиј монопол. Особено не е политичкото знаење.

Затоа и нема центар на политичката мисла денес. Ниту Брисел, ниту Вашингтон не можат да се лоцираат како врвни референтни центри на политичко знаење.

Популизмот во Македонија е токму тука: кога на народот му се вели дека има центри на политичко знаење и кои се надвор од Македонија.

Еве уште една дефиниција на популизмот: популизам е кога власта или тој што ја има моќта му вели на народот, на граѓанинот, дека една зацртана политичка линија, една политичка цел, нема алтернатива, дека тоа е единствениот пат кој може да се следи.

Сите тоталитарни режими, во основа, се популистички. Лине-ар ната историја и детерминизмот на Маркс се популизам затоа што историјата нужно завршува со комунизам.

Кога се вели дека Европската Унија е единствениот пат за Ма-кедонија тоа е популизам.

Кога се тврди дека попуштањето во спорот со Грција е без алтернатива, тогаш тоа е популизам.

Кога се вели дека Македонија е мала земја и дека мора да ја прифати реалполитиката - тоа е популизам.

Всушност, популизмот е појава која е раширена на Запад.На принципот на знаење му се неопходни принципот на од го-

ворност и на доверба. Односот на доверба меѓу власта и гра ѓаните е клучен. „Ако имаш доверба во луѓето, тие, општо зе ме но ќе го пра ват исправното. Колку повеќе моќ имаат луѓето врз своите животи, колку повеќе одговорност имаат за своите живот, толку посилни стануваат, и толку посилно станува општеството.“12

12 David Cameron, Social responsibility. The big idea for Britain’s future, London 2007.

Што не е конзервативизам (iii)

27

Кога се игра на картата доверба, кога всушност нема искрен однос меѓу власта и граѓаните, туку манипулација, што ќе рече, кога ќе се изневери довербата, тогаш таквата власт не може да му избега на обвинението за популизам.

Кој знае повеќе?

ШТО Е КОНЗЕРВАТИВИЗАМ

ДОПРИ ЈА ПОЧВАТА!13

ВРЗ ШТО ВИРЕЕ КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

„Конзервативно“ е омилена килер-фраза. Со обвинувањето „конзервативно“ се тргаат настрана несакани позиции од дискусијата за да не мора да се расправа за нив. Сепак, се вртат работите. Полека расте свеста: да се биде конзервативен значи да се мисли напредно. Конзервативецот денес треба да му пружи доказ на општеството, дека конзервативното мислење и дејствување е поврзано со подобрување на квалитетот на живот, дека животот во највистинската смисла на зборот може да се среди како што треба. Јоханес Зајбел, Од погрден збор до комплимент, 2007.

Некои сметаат дека немало почва за конзервативизмот во Македонија. За конзервативизам требало аристократија и тра ди-ција. Ние сме го немале ни едното ни другото.

Тоа е, всушност, позиција на комунистичка партија на една ДДР од пред 30 години, на еден типичен марксистички учебник во кој сè што е на запад е граѓанско и декадентно. Конзервативците за нив се буржуи и колаборатори – и толку. Конзервативизмот не оди нужно со аристократија (американскиот, на пример – осо бено неоконзервативизмот на Кристол). Не оди нужно ниту со тра ди-цијата (на пример, британскиот!14).

13 5 декември 2008 година.14 Во манифестот на британските конзервативци („Invitation to Јoin the

Government of Britain - The Conservative Manifesto 2010“) само два пати се

32

А ‘ко да имало почва за комунизам во Македонија. Маркс са-миот вели дека комунизмот не е можен во земји како што е Ма-ке донија. Според него, комунизмот може да се остварува само во богати, развиени и капиталистички земји. Македонија не беше таква пред 70 години. И Маркс тврдеше дека обидите да се инсталира во сиромашни земји ќе пропаднат (како што и пропаднаа).

Или, имаме „жив“ пример за конзервативизам „без почва“. И го нарекуваат парадоксот на американскиот конзервативизам. Аме -риканците немаат аристократија и ја немаат традицијата на Бри тан-ците, но за неколку векови се изградија во една либерална и кон зер-ва тив на нација, со бројни имиња на политичари и тео ре тичари кои се веќе дел од историјата на конзервативната мисла во САД.

Конзервативците зборуваат и за радикален конзервативизам. Кога општеството е дисфункционално, кога вредностите се разја-дени, тогаш доаѓа времето на радикалниот конзервативизам. И тогаш барањето на ред, поредок и вредности се политичките пра-ша ња на денот. Тогаш на определбата „конзервативен значи да соз-да ваш ствари кои се вредни да ги сочуваш“, се додава: „премногу сум конзервативен за да не бидам радикален“. Радикалниот кон-зер вативизам сака да се сочува она што е вредно, но, истовремено, да се постави ново вредно и тоа да се чува.

Се работи за тоа да се сочуваат традиционалните вредности, но не да те направат да не можеш да создаваш и поставуваш нови вред ности.

Од сознанието дека прв пат во историјата Македонецот може да каже дека живее во сопствена држава, произлегува односот спре-ма домот, спрема имотот и сопственоста, спрема соседот, спрема локалното, спрема околината, спрема татковината. Тоа бара односи на одговорност и љубов спрема домот, спрема сопственоста. Но и одговорност спрема просторот во кој живееш, работиш, учиш, и се

Што е конзервативизам (i)

употребува зборот традиција. Еднаш тоа е повикување на гордата и долга традиција на добротворно дејстување, и вториот пат се нагласуваат демо-кратските традиции на земјата.

33

дружиш. А тоа бара почит спрема другите која е поставена токму врз овие релации.

Градскиот живот добива нови димензии. Градот не е иднина на државен идеолошки проект, преку нехумано модернизирање, бес поштеден прогрес и индустријализација. Градот е сега из вор на културата на живеење, традицијата и идентитетот на ма ке дон скиот граѓанин. Историчарите велат дека еден период во 19 век Македонија имала најголем процент на градско население на Балканот. Тоа просто значи дека имаме традиција на градско жи веење.

Селото не е веќе само „лажна“ комунистичка гордост (позната е фразата: „потекнувам од сиромашно и земјоделско семејство“). Некои конзервативци денес во еколошката заштита (конзервација) гледаат сочувување на традиционалните вредности. Некои други на селскиот живот гледаат како на извор, дури единствен остаток на традиционалното општество.

А главното барање е: и градот и селото треба да ми го дадат чувството дека сум дома и дека ми е убаво во него.

Допри ја почвата! – тоа е мотото на конзервативизмот. Да зна-еш од кај си и што си, и да ја градиш иднината, а не да градиш кули во воздух.

И на овој начин, партнерството што го заговара Едмунд Берк, меѓу починатиот, живиот и неродениот, добива други рамки во Ма-ке донија по 1991 година. И поставувањето на тие рамки се почвата врз која почива конзервативизмот во Македонија.

Уште една работа треба да се нагласи. Македонскиот кон зер-ва тивизам (како идеја и, условно кажано, како идејна подлошка на организирана политичка партија) се разликува од десницата (која не многу прецизно ја нарекуваат конзервативна) во Источна Е в-ропа. Едноставно, во Македонија нема политичка традиција на ор ганизирани конзервативци во парламентарна партија. Нема ав-тентична конзервативна или „десна“ партија во Македонија пред појавата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Источна Европа партиите не смеат да се повикуваат на десно ориентираните партии од 30-те на минатиот век затоа што

Допри ја почвата

34

овие соработувале со нацистите. Не можат да бидат наследници на конзервативните партии од 1930, токму поради таквото минато. Во Македонија нема таква ситауција. И едноставно, во тој поглед, повикувањето на историската улога на ВМРО, на идеалите на ВМРО, е сосема непроблематично.

По транзиција која е изведена од бившите комунисти во една многу неолиберална варијанта (приватизација и маркетизација без усул) и „капитализмот на номенклатурата“ (на бившите функ -ционери, директори и претставници на државни фирми во стран-ство), во Македонија мораше да се појави конзервативна оп ција која е против двете крајности - против неолиберализмот и про тив комунизмот.

Врз тоа вирее конзервативизмот денес. И во него нема срамна историја на предвоени конзервативни партии, туку има ре во лу-цио нерно минато и континуитет на желба за слобода.

Ако ова подразбира промени, политики да се надминат лошите работи што ни ги донесе транзицијата, односно, ако ова подразбира воведување ред (фискална, даночна, еколошка дисциплина) – со еден збор активно соочување со едно дисфункционално општество, тогаш може да се зборува за една варијанта на патерналистички и порадикален конзервативизам – на македонскиот конзервативизам и како политичко дејствување (на партија) и како позиција на огромен број граѓани во Македонија.

Што е конзервативизам (i)

ДА СЕ ПОБЕДИ МАШИНАТА15

КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ НА НЕПРИСПОСОБЕНИОТ

Денес, хуманистот, уметникот, научникот повеќе не може да биде пророк или гатач, отгатнувач на надворешната вселена; модерната наука го лиши од оваа функција. Неговиот нов хероизам, отгатнувајќи ја внатрешната вселена, е да биде тврдоглаво неприспособен за механизираната, обезличена брканица надвор. Неприспособениот Човек е последното, недофатливо камче што ја саботира семоќта и на најбеспрекорната машина.Питер Вирек, Неприспособениот човек: новиот херој на Американците, 1956.

Како изгледа конзервативниот човек? Стар господин со по-лу цилиндар, со застарени гледишта, кој ги брани при виле ги ра-ните и богатите? Богат индустријалец? Богат трговец со нафта об-лечен како каубоец кој ги не ги поднесува црнците? Обожавател на Роналд Реган? Тачерист кој е исклучиво за приватизација, и кој е безмилосен во воените интервенции надвор од државата (Фолк-ланд, Ирак)? Морализатор и конформист кој сака да го укине абортусот и сите да ги натера да одат во црква и да бидат верници? Човек со ограничени и тесни погледи на светот кој не сака никави промени?

Кај нас, конзервативец - тоа е полуобразуван националист (од „селската партија“), кој мисли дека економијата и патриотизмот

15 12 декември 2008 година.

36

се спасот за Македонија. Човек кој е свртен кон минатото, анти-ко мунист, антиинтелектуалец. Човек кој не ја разбира суштински уметноста и само ја користи за политичка промоција? Кој е праг-ма тичен, технократ и некреативен?

Многу луѓе сè уште имаат вакви претстави за конзервативизмот. Само до пред 20 години децата кај нас учеа дека во капитализмот

живеат богати и лоши фабриканти и експлоатирана работничка класа која има „историска улога“ да ги сотре лошите фабриканти. Во капитализмот немаше учители, лекари, крводарители.

И конзервативизмот се перцепира низ оваа погрешна визура. Само колку пример, Маргарет Тачер приватизираше речиси сè

во Велика Британија, но не ги гибна образованието и здравството.Конзервативизмот не го гледа светот црно-бело. Барем оној

конзервативизам чии позиции сум спремен да ги бранам. Конзер-ва тивизмот, сепак, не може целосно да биде покриен од вакви сте-ре о типи.

Конзервативизмот е, пред сè, скептичен. Светот е толку сло-жен и толку сили се испреплетуваат во него што не можеш да го опфатиш. Човекот е ограничен во својата моќ да ги разбере неш-тата. Конзервативизмот е против оној што тврди дека целосно го раз бира овој свет (на политиката, на економијата и историјата). Уште повеќе е против оној кој го го наметнува тоа разбирање како единствено и општоважечко. Затоа, конзервативизмот не верува во големи проекти за подобрување на светот и човештвото.

Конзервативизмот е против површен оптимизам и лажна на-деж. Треба да се знаат ограничувањата на човекот, неговите сла-бости.

А во што е неговата „исклучива“ прагматичност, и колку е, на-вис тина е некреативен конзервативизмот?

Конзервативизмот вели: избегнувај екстреми! - во тоа е не го-вата прагматичност.

Всушност конзервативизмот следи еден идеал од времето на Аристотел – мудроста е во мерката и средината.

Конзервативизмот е мелиористички (израз на Ирвин Крис -тол). Да смири, да ублажи, да ја најде средината.

Што е конзервативизам (ii)

37

Питер Вирек е конзервативец кој колку е непознат, толку може да биде интересен за оние во Македонија кои малку ги познаваат ва ријантите на конзервативизмот.16

Вирек е Американец за кој се вели дека е „класичен хуманист кој се залага за сочувување на вредностите“.

Хуманизам и класична рамнотежа. Пропорција и мерка. Нема место за бунтовнички реакции дека се ова изветвени идеали. Не се стари, не се ниту застарени. Едноставно, тоа се класични идеали. Ниту панкот, ниту современата архитектура можат без нив. А се вредности кои се и конзервативни.

Конзервативизмот може да го стави акцентот врз морални, духовни и културни прашања и го прави тоа. Го нарекуваат „hu mane conservatism“, но тоа е, пак, еден вид потпаѓање под стереотипите за конзервативизмот.

Неконформистички конзервативизам. Интелектуален конзер-ва тивизам? И овие изрази постојат и се користат. Мене лично не ми се допаѓаат, но се користат за да се објаснат, инаку фасцинантни, ликови како Вирек.

Конзервативецот може да биде и аристократ (во класична и неполитичка смисла на зборот) и неприспособен (unadjusted), како што зборува Вирек. И затоа тој може да зборува за слободна имагинација, за креативната улога на уметникот. Неговиот кон зер-вативизам го нарекуваат и „лиризам“. Чудно, зар има и такво нешто, би прашале многумина. Има. Има многу повеќе кон зервативци отколку што се мисли за кои „неприспособената имагинација го конкретизира духовното и го го одуховува кон кретното“.

А, всушност, притоа се бара класичното: Вирек бара со еди ну-вање на универзалното и поединечното во единствен креативен чин. Ќе кажете, ова е општо место за секој македонски уметник. И ќе бидете во право.

16 Питер Вирек (1916-2006) е американски поет и политички мислител. Еднакво е против авторитарноста и моралниот релативизам. Види Peter Viereck, The Unadjusted Man: A New Hero for Americans. Reflections on the Distinction between Conforming and Conserving, Boston 1956.

Да се победи машината

38

Ова се позициите на Вирек: не активизам сам по себе, само да сменам нешто зашто мислам дека сум во право и дека тоа ќе биде добро за сите. Конзервативецот е скептик. Тој вели: не можеш да знаеш дека ова е добро за сите и дека ќе биде добро и утре. А, притоа, пак вели да не седиш со скрстени раце, без идеја и визија.

Долгорочно и сеопфатно образование – тоа е идеалот на ин-те лек туалниот конзервативизам. Вистинскиот старт, вели Вирек, на новиот конзервативизам е во литературата, во уметноста и на-уката, интелектуалната историја. Конзервативизмот мора да ви-рее на универзитетите. Не да им се наметне на универзитетите, туку од таму да произлегува. Конзервативизмот мора да биде ин-телекутален.

Ваков еден „контемплативен конзервативизам“ не се нат пре-ва рува со економскиот или политичкиот конзервативизам. Важно е да се потенцира дека нема конзервативизми кои се потиснуваат или истиснуваат. Нема еден конзервативизам, а камоли еден вис-тински. Тоа се коси со принципот на знаење (на сомневање).

И барањата на Вирек ги наоѓаме како барања кои се поставуваат денес пред македонските интелектуалци и уметници. Вирек збо-рува за креативен слободен дух кој ги поврзува минатото и сегаш-носта во синтеза која ги надминува и минатото и сегашноста. За-рем филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски не го прави токму тоа. За рем не е тоа она што го нарекуваме „градење и зацврснување на македонскиот идентитет“ во што учестуваат секоја слика, филм, роман и научна студија напишани од македонски автори. И мислам дека секој уметник што го дава својот придонес во уредувањето на центарот на градот Скопје (како сликар, скулптор или архитект) се раководи од ова барање.

Во „Македонскиот катахрезис“,17 книга што ја напишав пред 10 години, зборувам за „македонска варијанта на локален праг ма ти-зам“. И на таквиот прагматизам мислам и сега.

17 Во третото издание насловот на оваа книга е „По свое – македонски катахрезис“.

Што е конзервативизам (ii)

39

Вирек зборува за „плодна носталгија за она постојаното што се наоѓа под струјата и течението, плодна опсесија за ненарушен историски континуитет“.

Мислам дека повеќето ќе се согласат со ова денес во Македо-нија. Конечно, сето оспорување на македонскиот идентитет, ја зик, историја; сите тие милиони пати појавувања на “FYR” на стран-ските телевизии и интернет страници, сета оваа борба што ја во-ди ме за сувереноста – сето тоа ме прави неприспособен, како што се неприспособени сите македонски уметници и творци кои кре -а тивно ги спојуваат универзалното и локалното и го поврзуваат ми натото и сегашноста како наше минато и наша сегашност.

Да се победи машината

SCOOBY DOOBY DOO!18

ТРАНЗИЦИСКИ КОНЗЕРВАТИВИЗАМ

Во еден подолготраен обид да се погодам со една пиљарџика за цената на една табла чоколадо, сфатив дека таа место да ми даде аргументи постојано покажуваше на налепницата на која јасно беше напишана цената.Никлас Луман, Социјални системи, 1984.

Злонамерен, злобен и со скриени лоши намери и мисли само на себе. Еднакво на македонски политичар. И сите се грешни и со повеќе или помалку криминални биографии. Сите имаат некакви хипотеки, валкани алишта, никој не е чист.

И јасно, македонските политичари за јавноста имаат еден иден титет, а приватно сосема друг. Доктор Џекил и мистер Хајд. Надвор куклица, дома пануклица.

Оваа слика за македонскиот политичар колку што е честа толку ми е и неприфатлива.

Како сите ние, обични граѓани не само што сме политички „добро образовани“, туку можеме и подлабоко да загребеме под површината - како да сме и „profilers“. Да даваме психолошки про-фи ли на секој политичар – тоа е слатка занимација за не мал број луѓе во Македонија.

А, всушност, сè е тоа површно и по малку работа на мрзливо мис лење – и, во секој случај, неинвентивно. А е толку вообичаено. Кај нас, по толку години парламентарна демократаија, не се јави

18 27 октомври 2007 година.

42

потреба од подлабока анализа и поаргументирана критика – ниту во медиумите, ниту во политиката, ниту во политикологијата.

И тоа се гледа по катастрофално малиот број на политички ис-тра жувачки центри и think tanks на кои се повикаваат новинарите, пар тиите и синдикатите во Македонија.

Предметот на критика во политиката е, едноставно, апстрактно зло кое треба да се раскринка. Како во научно фантастични фил-мо ви во кои главниот јунак ги лови вонземјаните кои се со човечки лик и кои обичен човек не може да ги препознае.

„Симнување маски“ – тоа е името на потфатот на критичарот на власта. Се работи за омилен израз кај портпаролите кој иритира како оние штанцани реклами на локалните телевизии (обврзно со женски бербат глас) во кои „Трпе-комерц“ и „Трајче-текс“ , ни по-ра чуваат „дека постојат само за нас“.

Нивото е можеби повисоко ако ова симнување маски се спореди со цртаните филмови со Скуби Ду. Во секоја епизода злосторникот е маскиран човек за кој никогаш не би рекле дека може да има ум на криминалец. И јунаците од Скуби Ду на крај, речиси секогаш во присуство на полицијата му ја симнуваат маската. „Scooby Doo ending“ е веќе фраза во американската поп-култура.

Критика која е комбинација на крими романче и цртан филм – хм, sounds like fun!

За жал, и ништо повеќе.Читам во некој весник: „рaзобличени убедувањата дека имаме

дес ничарска влада“. Зошто? Затоа што властите ги зголемиле пла-тите на вработените во јавната администрација. Зголеми ги пла-тите и автоматски ти не си десничар.

Ова е погрешен резон.Една или две политички одлуки не можат да ги поклопат

останатите одлуки, политики и чекори. И да прифатиме дека е не-кон зервативна, една „неконзервативна“ мерка, пак не ги по ниш-тува другите „конзервативни“ одлуки ниту ја прави владата не кон-зервативна.

Една нова „неконзервативна“ мерка не ги обезвреднува сите прет ходни конзервативни мерки како неконзервативни. На ма лу -

Што е конзервативизам (iii)

43

вање на персонален данок, на ДДВ за повеќе производи, вове ду-вањето на веронауката во училиштата, се класично конзер ва тив-ни мерки и тие не стануваат неконзервативни ако им се зголемат платите на вработените во администрацијата.

Ова е логичка грешка што се учи на школо. Се вика грешка на композиција.

Притоа треба да се каже дека конзервативните партии не држат многу до идеолошка доследност и секогаш во нивната исто-ри ја повеќе или помалку било така. А, од друга страна, да не се за-бо рави, многумина беа жртви на идеолошката доследност која се бараше во стаљинизмот во СССР.

Ништо конкретно не кажува ни тоа дека „секаде во светот десницата ја краси конзервативизмот“.

Конзервативизмот не е монолитен и еден па да може да важи секаде. Дури и марксизмот никогаш не станал таков, општоважечки, и покрај буквално убиствените настојувања на стаљинизмот. Вто-ро, да не зборуваме за тоа дека американскиот конзервативизам е еден, европскиот е друг, транзициските конзервативизми се трета работа. Или, за тоа дека конзервативизмот во Европа е многу по-лево од конзервативизмот во САД. Тој во Европа подиректно им се обраќа на работниците, зборува за социјална држава, за со ли-дар ност. Историски, улогата на државата во Европа секогаш била поголема отколку во САД. И во најконзервативните времиња. Тачеризмот го потврдува ова.

Како е кај нас? Дали е македонскиот конзервативизам поблиску до европскиот или американскиот?

Условно, македонскиот конзервативизам може да се нарече транзициски и тој има други, свои, специфични карактеристики.

Пред сè тој е во потрага по својот идентитет и своите традиции (да речеме, од пред втората светска војна) и, второ, колку и да се уг-ледува на конзервативните партии од Европа и САД, тој е нужно по-инаков, зашто произлегува од друг политички и културен контекст.

Неколку главни црти: тој се појавува со самоукинувањето на то талитарната левица и не секаде успеал да се наметне како нов

Scooby Dooby Doo

44

дух, ниту пак старата левица се повлекла од политичката сцена. По натаму, за една конзервативна партија на власт проблемите се услож нети - освен наследени проблеми од претходниот систем (не ефикасни јавни или државни претпријатија), таа се зафаќа со проблеми појавени во транзицијата (приватизација која значеше збогатување на само на мал број македонски граѓани). Оттаму, ниедна конзервативна партија денес не може да биде безмилосна спрема онеправданите и да се радува на таквата транзиција и да ја објаснува како конзервативна.

Денес во Македонија има такви предизвици пред власта што во голема мерка ги прават бесполезни обидите да се укаже на кла-сични конзервативни принципи и решенија. И на почетокот на тран зицијата во Македонија немаше регановски економски мерки или тачеровски приватизации, и тешко воопшто да ги има.

Одредувањата колку е десно или колку е лево, или дали е десно или лево една партија, што ги даваат „симнувачите на мас-ки те“ се често паушални еднакво како и тврдењето дека имаме кон зервативна влада која, всушност, не е. Или како и тврдењето дека овој љубезен човек, всушност, не е таков (без, притоа, да му се симне маската).

Конзервативизмот, кој е, инаку, постар од поделбата левица –десница, не секогаш може да го одредиш каде е точно во по ли-тич киот спектарот, дури некогаш и не можеш да го сместиш десно во една еднодимензионална систематика или класификација. И не мо жеш така лесно да го фаќаш дека ја преминал границата на дес-ното.

А сосема е точно: конзервативната влада во Македонија из-гледа како собир на модерни алхемичари, како што вели еден наш новинар: ем сакаат да трошат, ем ги измачува економската агонија, ем посакуваат оптимизам и полет.

Ништо ново во оваа оценка. Секоја влада досега во независна Ма кедонија помалку или повеќе беше алхемичарска.

И да реформираш јавен сектор, и да водиш меѓуетнички ди-ја лог, и да се справуваш со опозиција која најмногу од сè сака да

Што е конзервативизам (iii)

45

руши гинисови рекорди по број на амандмани (страшно ми и да помислам дека немаат софтвер кој генерира амандмани, и дека се-дат по цел ноќ и ги измислуваат и со молив ги запишуваат).

Сите влади досега имаа обврска за реформи. Конзервативна партија која ги намалува даноците, која е на одличен пат Република Македонија да ја постави конечно како силна држава (која ги со-бира даноците и нема толеранција за корупција), има обврска за ре форми и пред себе и пред граѓаните и пред ЕУ. Една од клучните е реформата на јавниот сектор. Бројни студии покажуваат дека им плементацискиот дефицит на реформи во јавниот сектор се дол жи на недостиг на мотивираност кај вработените. Со де сет го-ди ни замрзнати плати во администрацијата сигурно е дека ќе има соп ки, бојкот и лошо работење. Како јас гледам на рабо ти те, зго ле-му вањето на платите во јавната администрација не е не-кон зер ва-тивен потег на владата, туку е реформски потег и про из ле гува од една менаџмент-филозофија, а не од некаков (десен или лев) по-пулизам. Зголемувањето на платите треба да се чита како по доб-рување на условите за спроведување на реформите.

Во цртаните со Скуби Ду грдиот всушност нема маска, тој е само таков, иако сите мислат дека тој е виновниот, а згодниот е тој што на општо изненадување е виновниот - тој носи маска.

Време е за Скуби снек.

Scooby Dooby Doo

ПРИНЦИПОТ ЗНАЕЊЕ

ЧЕКОРИ ВНИМАТЕЛНО19

СКЕПСАТА КАКО ИСХОДИШНА ТОЧКА

Општо кажано, има одреден степен сомневање, претпазливост и скромност кој во сите видови на истражувања и одлуки мора секогаш да го придружува вистинскиот мислител. Дејвид Хјум, Истражување за човековиот разум, 1748.

Кој може сам да разбере што се случува, да реагира, да до не-се одлука и да ги управува работите (фирмата, градот, држа ва-та)? Особено денес, кога умножувањето, дисперзијата и ко мер ци-јализација на знаењето се главни белези на времето, кога живе еме во „комплексни, динамични и разновидни општества“. Во по ли-ти ката, ова има големи последици. Денес не се вели „не можеш да знаеш сè“, туку „не можеш да го знаеш и она за кое си повикан да знаеш“.

А либерализмот и социјализмот тргнуваа од човекот како суш тество на разумот (што ги разбира работите). Просечниот чо-век кој е во политиката за нив треба да е способен да размислува ако Алберт Ајнштајн, да има меморија како големиот компјутер на ИБМ „Биг Блу“, и да има цврстина на волјата на Махатма Ганди.

Луѓето воопшто не се такви, ниту тие што прават политики се поинакви. Од истражувањата на Лудвиг Витгенштајн, преку Петер Бергер и и Томас Лукман, Пол Фејерабенд, сè до Амос Тверски и Даниел Канеман, има потврди за ова. Канеман и Тверски пред 40 години покажаа дека во многу ситуации луѓето се однесуваат не-логично (илогочно е попрецизниот израз – да не ми се налутат

19 9 јануари 2009 година.

50

ло гичарите) и дека за нив е неприменлив рационалниот модел. И дека таквите „ирационални испади“ следат одредени обрасци. Потврда за значајноста на нивната истражувачка работа е тоа што професорот Канеман 2002 година доби Нобелова награда за економија за интегрирање на сознанијата од психолошките ис тра-жување во економската наука, особено, оние истражувања што се однесуваат на просудувањето и донесувањето на одлуки во ситу а-ции на неизвесност и неодреденост.

Глобалната финансиска криза ќе го сврти интересот кон бихе-виоралните економисти. Американскиот претседател Барак Обама за советник го има Кас Санстин, кој и припаѓа на бихевиоралната еко номија. Британскиот премиер Дејвид Камерон формираше дури цел тим (Behavioral Insight Team).

Веќе се зборува за ново учење во економијата кое се занимава со психологијата на човекот и пазарот. Роберт Шилер, кој според магазинот „Foreign Policy“ се вбројува меѓу 100 највлијателни мис-лители во светот, е највлијателниот претставник на бихевиоралната економија која се темели токму на истражувањата на Канеман и Тверски.

Луѓето се и мрзливи, премногу зафатени, импулсивни, и инерт-ни и ирационални и подложни на грешки и наклонетости кои не можат рационално да ги објаснат. Како, на пример, зошто луѓето уште го сакаат Тито (а некои можеби уште го слават и празникот на 29 Ноември).

Одлуките што ги носиме во реалниот живот никогаш не се чисто рационални. Зад нив има чувства, навики, погрешни судови и заклучоци. 20 Луѓето се секогаш изложени на разни влијанија и, осо бено денес, за многу работи располагаат или со недоволно ин-фор мации или со премногу непотребни информации.

Мојата книга „Идеологијата и поединецот“, во која се оби ду-вам да одговорам зошто некои ја прифаќаат идеологијата, други ја

20 За ова види повеќе во Бранислав Саркањац, Идеологијата и поединецот, Скопје 2009.

Принципот знаење

51

отфрлаат, а трети живеат според неа, се инспирира токму од ис тра-жувањата на Даниел Канеман и Амос Тверски од пред 30 години.

Конзервативизмот и денес се повикува на овие автори.Кога пред две години видов дека Кирон О’Хара во својата кни-

га за конзервативизмот во Велика Британија после Блер, го наве-ду ва трудот на Канеман и Тверски за да го објасни принципот на знаење како суштествен за конзервативната мисла, ја открив врс-ка та меѓу една моја стара, и непроменета позиција (од 1985 година), и сегашниот личен ангажман (од 2006 наваму) – да објаснам што е тоа што го прави конзервативизмот. И мојот однос спрема кон-зервативизмот денес ги следи токму имињата наведени погоре, кои можат да се најдат во „Идеологијата и поединецот“.

Конзервативците по природа се скептици. Конзервативизмот поч ну ва со Едмунд Берк и со сомневањето дека идеалите на Фран-цуската револуција навистина ќе се остварат. Напротив, ре во-луцијата донесе терор (како што и предвидуваше Берк).

Нивната појдовна позиција е несовршеноста на човекот. Кон-зервативецот се сомнева дека човекот има способност да го раз-бе ре светот и да ги објасни причините за тоа што се случило. Се сом нева дека човекот има способност да ги предвиди последиците на своите постапки и дејствувања.

Ако конзервативизмот кон нешто е најскептичен, тоа е во однос на човековата природа. Нема човекова природа, нема „нов човек“, има само реален човек во ситуации, во ситуации на неизвесност.

Оттаму, нема планови за поправање на човековиот род. Дејвид Хјум, филозоф на скептицизмот од пред два века, не верувал во планови за подобрување на човековиот род, затоа што тие планови не избежно погрешно тврдат дека ги сфаќаат причините. Според него, „сите планови на власта кои претпоставуваат големи промени ед ноставно се нереални“.

Два века по Хјум многу држави се уверија дека нема ниту пак лаги од типот за историска улога на работничката класа и нужното доаѓање на комунизмот.

Конзервативниот скептицизам не признава дека постоела и дека може да постои ветена земја создадена од човекот.

Чекори внимателно

52

Разочарувањата на граѓаните на Македонија од тоа како живеат денес, покрај реалниот низок стандард и голем број нерешени про-блеми, се и од начинот на мислење наследен од претходниот режим кој учеше дека големата општествена промена ќе донесе големи про мени во животите на секој поединец. Се очекуваше дека падот на Берлинскиот ѕид, независноста на Македонија и свртувањето кон капитализмот ќе го подобрат животот веднаш и драстично.

Конзервативецот би бил многу повеќе воздржан во однос на про мените што ги навестуваше новиот ветер. И излезе само по де сетина години на виделина дека всушност никој не знаел што навистина требаше да се направи за да остварат големите промени.

Ваквиот однос спрема знаењето што го поседуваме и на кое се потпираме во обидите да ја организираме сегашноста на правиот пат кон иднината не едно општество е во срцето на кон зер ва ти-визмот. Таквото наше знаење е недоволно. Ваквиот однос спрема зна ењето е она што некои го нарекуваат приниципот знаење.

Скептицизмот во однос на човековата природа е на границата на песимизмот, но не ја преминува. Конзервативизмот не е тажна идео логија на кобење. Конзервативниот скептицизам еднакво е „бо гат извор на весело лудување“ колку и на претпазливост. Ова може да се види, да речеме, во „The American Spectator“. Кон зер ва-тивизмот не е позиција на мрачни визии и луѓе без хумор. Гра до на-чалникот на Лондон, Борис Џонсон е одличен доказ за тоа. Се пак, хуморот нема идеолошка или политичка припадност и тука е до -волно кажано за него.

Но, едно стои. Со ваквата позиција спрема знаењето и и спрема моќта на знаењето да го смени светот, конзервативизмот тешко да може да се определи како идеологија.

Епистемолошкиот конзервативизам21 е мојата позиција.

21 Се употребува и изразот епистемолошка скромност. Види A. Quinton, The Politics of Imperfection: The Religious and Secular Traditions of Conservative Thought in England from Hooker to Oakeshott, London 1978. Види Kieron O’Hara, After Blair: Conservatism Beyond Thatcher, Icon Books, 2005.

Принципот знаење

53

Живееме во збркан свет, недофатлив и „забеган“, со неоче ку-ва ни и непредвидени ситуации.

Гинтер Андерс пред 60 години зборува за Прометејскиот јаз, за не можноста да се контролираат човековите активности зад кои стои науката и научните откритија. Нуклеарната енергија и Хи ро -ши ма се најсилниот пример за тоа. И денес не можеме да пред види-ме што носи иднината. 1998 година Русија беше речиси предмет на подсмев во меѓународната политика. Што се се случи само за десет години? Особено што се случи со Русија, Кина и Ин ди ја кои за десет години станаа светски економски сили? Или, што се случи со финансискиот пазар во САД пред некоја месец (сеп тем ври 2008) и кој знае како ќе се развиваат работите на тој план, не само во САД, туку и во целиот свет?

Пред 50 години Даниел Бел во „Крајот на идеологијата“ збо-ру ва за нова ера на прагматични чекори. Во која „цврстата опна на скептицизмот ќе ја дели утописката визија од практичната по ли -тика“.

И денес ова предвидување е сериозна препорака внимателно да се чекори во иднината. Се инсистира на менаџирање во сите сфе ри и одредување на ризици (особено во економијата). Секоја се риозна анализа на иднината подразбира правење сценарија за тоа како би се развивале работите. Најблиската иднина станува се-рио зен предизвик.

Ова се прави со поголеми и помали успеси во менаџментот на големите компании. Но државите не го прават тоа и прашањето е отворено дали воопшто може да го прават и покрај сета помош од информациската технологија.

Од политичари кои мислат дека знаат што прават и мислат дека знаат што сакаат луѓето, и политичари, се разбира, кои сакаат да останат на власт, како резултат ја имаме и кризата од 2008.

Според професорот Шилер „финансиските кризи не може да се спречат“. Но, може да се дејствува за тие да не се појавуват тол ку често и со таква жестина. Како што не можат да се предвидат мно-

Чекори внимателно

54

гу други работи во животот. А може да се дејствува. Но со прет паз-ливост и скромност.

Ова за мене конзервативна позиција. Сегашново време, осо-бено по случувањата со финансиите во светот во 2008, бара пот пи-рање на принципот знаење.

И на принципот на промена. Скепсата е исходишната точка.

Принципот знаење

ПРОМЕНА

ПРИНЦИПОТ ПРОМЕНА22

ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОТВЕНОСТили

ПРОТИВ „ENTERPRISE SOCIETY“

Кога стабилноста носи повеќе од напредокот, кога извесноста е повредна од нагаѓањето, кога познатото е попосакувано од совршенството, кога признатата грешка е надмоќна во однос на контроверзната вистина, кога болеста е поподнослива од лекот, кога сатисфакцијата од очекувањата е поважна од оправданоста на самите очекувања, кога какво било правило е подобро од ризикот да се нема никакво правило – тогаш наклонетоста да се биде конзервативен е посоодветна од која било друга.Мајкл Оукшот, За тоа што значи да се биде конзервативен, 1956.

Човекот не е суштество кое поднесува големи промени. За не-кои психолози тој не е подготвен ниту за мали. Некои сметаат дека ду ри и физиолошки е неподготвен да живее во свет што толку се бргу се менува. И секогаш бара закотвеност.

Транзицијата воопшто донесе многу промени. Може некои др-жа ви економски закрепнаа и се средија. Поминувајќи го побрзо или побавно тој процес на „структурно приспособување“ и пре-мин од социјализам во капитализам, сите држави добија нов лик. Но, статистички земено луѓето во земјите од поранешниот Ис то-

22 23 јануари 2009 година.

58

чен блок, сè уште не ги поднесуваат промените. Приватна иници-ја тива, претприемништво, да се биде сам господар на својот живот – се уште се тоа барања и фрази. Тешко заживува тоа.

Да не говориме за непредвидените здравствени последици на тран зицијата: алкохололизам, наркоманија; насилство, депресии. Жени што страдаат од цироза; мажи што умираат на 50 години од ср цеви заболуваања. Не е секој подготвен да се фрли во неизвесните во ди на малиот приватен бизнис или да се соочи со невработеноста. Со очен со несигурноста, човекот сака да биде воден, да му се дава насока и поддршка. Потребна му е рамка и точки на ориентација. Потребен му е простор во кој се чувствува дома. И денес во Ма-ке донија се претпочита „државна работа“ која нуди сигурност и пред видливост. Да не се свртиме веднаш против менталитетот на македонскиот човек и да му префрлиме дека уште живее во ко му-низмот. Да се бара сигурност е општа појава и потреба. Само што се манифестира поинаку и тоа зависи од културата, традицијата и политичките рамки во кои живее човекот. Во (капиталистичка) Франција денес поголемото мнозинство млади луѓе повеќе са ка ат државна работа отколку самостоен бизнис. До пред некоја го ди-на повеќето источни Германци изјавуваа дека претходниот сис тем бил подобар. Американците кои по бројни показатели се по кон-зер вативни од Европјаните, во просек на 4-5 години го мену ва ат мес тото на живеење. Најголемиот дел од нив во новиот град прво ја ба раат својата црква и таа им го дава чувството на безбедност и на при пад ност, чувството дека не се сами во непознат град.

Конзервативизмот не ја отфрла промената, ниту го врзува чо-векот за едно место. Тој не го врзува за минатото, забранувајќи му го напредокот и поинаквата иднина. Конзервативизмот не е тој што не му дозволува на човекот да истражува, да се менува, да се раз вива. Но тоа да биде негов избор, негов проект, а не проект на др жавата или на едно тоталитарно општество.

Индивидуалната слобода е еден од главните принципи на кон-зервативизмот. Индивидуата е цел на конзервативизмот.

Конзервативизмот е против промените кои ја убиваат ин ди-ви дуалната слобода и потребата на човекот самиот да се менува,

Промена (i)

59

над градува. Меѓутоа, тој е, еднакво, против индивидуализмот кој пре раснува во егоизам и самоостварување без припадност, без свр теност кон другиот, без обѕири кон заедницата. Кон зер ва ти виз-мот не е ниту патерналистички ниту само економско- инди ви дуа-листички.

Кога ќе се најдат во ситуација на изнудена и наметната промена (какви што донесе транзицијата), луѓето особено се вознемируваат во поглед на нивната судбина. Она што им недостасува е ментално и емоционално закотвување.

Оттаму се важни чувството на безбедност и припадност. Да се чувстувам дома – тоа е срцето на конзервативизмот. Да сум дома зна чи да сум слободен, а не роб на каква и да е идеја за слобода за сите која не е тука, туку во некоја иднина или „подобро утре“. Затоа, за разлика од социјализмот, конзервативизмот не ја поднесува е др жава која контролира одозгора, и која си вообразува дека може да се грижи за сите и да одлучува како да се распределува доброто и правдата.

Важна црта на конзервативизмот е неговиот отпор против при-нудата, против големата општествена промена која се наметнува одозогра. Неуспехот на проектот наречен социјализам покажа дека, се пак, човекот не можеш да го принудиш да се смени преку ноќ и да прифати на свој грб да носи туѓ проект (било да е тоа проект на партија или држава). Тој е против промени кои се наметнуваат, про мени кои „научно се докажуваа“ како нужни, како последица на големи општествени проекти. „Бескласно општество“, „историска уло га на работничката класа“. Грандиозноста на овие проекти, во кои Македонија помина 50 години, не им помогна да останат сла-ве ни. Напротив, нивната грандиозност соочена со стварноста ги ра зот кри како големи историски заблуди кои денес се веќе за бо-ра вени.

Големиот проект на 20 век, остварување на комунизмот, се скрши токму на оваа точка. Поединецот веќе не беше спремен да го но си големиот проект на комунизмот и притоа да го жртвува сво јот живот. Лев Троцки, еден од најистакнатите имиња на со ци-јали стичката револуција во Русија во својата книга „Перманентна

Принципот промена

60

ре волуција“ дава одличен пример за тоа дека новото не може да ги смени старите навики. По револуцијата во Советскиот Сојуз се воведоа мензи, перални и градинки. Благородната идеја беше ма жот и жената да бидат рамноправни и сите еднакви. Само по не колку години, луѓето сакаат да јадат дома, сами да си ја готват хра ната (затоа што е повкусна храната), сами да се перат (зашто во пералните многу се краде). „Новиот човек“ на социјализмот ни ко-гаш не се создаде. И работничката класа не ја прифати својата „ис-то риска улога.“ И хипи комуните во САД бргу се распаднаа. Мла-дите бунтовници се преселија во градовите. И тоа е факт: човекот живее во град каков што го познаваме со милениуми. Тешко е да ги вратиш луѓето да живеат како што живееле во неолит.

Сепак, дали добро се живее во градот денес? Масовната де-мо кратија станува планетарна општествена формација, тради-цио налните хиерархии исчезнуваат, поединецот се ослободува од стегите на авторитарното семејство, но ги губи корените. При тоа, како што вели Кондилис милијарди луѓе стануваат „нес трп ли ви конзументи“. Масовниот демократски плурализам го карак те ри-зира масовно производство и потрошувачка. Луѓето стануваат по-мобилни, но и атомизирани. Самоостварувањето станува една од главните вредности. „Потрошувачката станува вредност, а вред-ностите стануваат предмет на потрошувачка“. „Она што за поч на како етички мотивирана социјална грижа, завршува во ин ди ви-дуа лис тички хедонизам.“23 Човекот денес е постојано незадоволен со себе. Депресијата е болест број еден во светот.

А сè се случува многу брзо и немаш чувство дека владееш со својот живот.

Коренитите промени носат ризици и непознаници и бараат не подносливо прилагодување.

Затоа, за конзервативизмот органските, постепени (ин кре мен-тални), одмерени промени се тие што се прифатливи. Промени

Промена (I)

23 Види Panajotis Kondylis, Der Niedergang der bürgerlichen Denk- und Lebensformen. Die liberale Moderne und die massendemokratische Postmoderne, Weinheim 1991.

61

кои се мој избор и кои не ги прогласувам за општоважечки и им ги наметнувам на другите - тоа се промените зад кој стои кон зер-вативизмот.

Точно е, во конзервативизмот се прекршуваат аисториски об-расци на однесување (како во примерот на Троцки) со идеи кои се однесуваат на тоа што треба власта да прави и на тоа како да се организира општеството. Конзервативизмот води сметка за тие об-рас ци (да се чувстувам дома меѓу свои, да имам работа, семејство, дом, да запрам за муабет со соседот, да одам во црква, во џамија, во си нагога – да не сум човек без потпора). Конзервативизмот, всуш-ност, е рамка која му дава големи обврски на тој што е на власт да ги организира рамките на општеството за луѓето да можат „аис то-риски“ да функционираат (да заработуваат, да поминуваат повеќе време со децата и да им обезбедат иднина).

Од друга страна, конзервативизмот не се состои во тоа по секоја цена да се задржи status quo. Конзервативизмот зборува за теш котиите кои ги носи промената, и за тоа како да се справиме со промената кога е потребна во едно дисфункционално општество.

Во политиките на една конзервативна партија нема утопија, нема слика на општеството или државата некаде таму во иднината која треба да нè води. Дури нема задачи за граѓанинот кој мора да ги изврши за да се достигне убавата иднина. Нема „enterprise soci-ety“. Такво беше општеството што се градеше во СССР. Владејачка партија диктира и целото општество е проект за иднината. Денес не се зборува за владење, се зборува за управувачка (governance) и управување (governing). Денес власта всушност управува и затоа има задачи за власта и државата.

Чекорите на ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат добар пример за кон зервативни промени. Тие се задачи за власта, не за граѓаните. Затоа нема ветувања, туку земање обврска и прифаќање од го-ворност, И постојано се бара повикување на реалноста. Еко ном-ската и политичката реалност. Дека нема простор за брзи резултати и дека има само обврски кои партијата на власт (владата) си ги поставува пред себе. Затоа има чекори, а не скокови. Напредуваме, а не скокаме – тоа би била девизата на секоја партија што се ле-

Принципот промена

62

гитимира како конзервативна во Македонија. Зашто, природата не прави скокови.

И како што сите велат: „нема враќање назад“.Затоа, конзервативецот не е ниту назаден, ниту е многу по

аван гардата. Тој не е моралист со крути ставови, но не е ниту ре-во луционер.

Како што објаснил Честертон, конзервативецот може да биде ре формист, затоа што „реформата имплицира форма“. Затоа се одобруваат напорите да се живее подобро кои ги прави една влада во кои нема застрашување и непочитување на индивиудалните проекти да се живее добро. Промени во кои пак сум дома – тоа е барањето. И тогаш, како што вели Роберт Еклсхол: „ставот де-ка конзервативизмот својот корен го има во отпорот спрема промените е од занемарлива аналитичка вредност“.

Кога општеството не функционира, конзервативецот бара про мени и реформи. Од кога постои конзервативната идеја, се-когаш било така.

Промена (I)

БАКАРНИ ЧИНИИ24

ШТО ИМА ДА КОНЗЕРВИРА КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ

Конзервативизмот мора да биде нешто повеќе од конзервирање; мора да реконструира и да создава нови состојби и начини на изразување на суштествената содржина на нашата цивилизација. Тоа бара далеку поширока активност од политичката, зашто политичкото е во доменот на борбата, борбата за визија која е артикулирана. Денес конзервативците имаат двојна задача; истовремено да се борат за позиција и да ја артикулираат. Ова второво не е второважно, туку одлучувачко. Таа задача е и морална (во широката смисла на почитување на високи стандарди во животот) и интелектуална (во широката смисла на користење на умот за примена на традицијата во нови услови) Френк Мејер, Главните текови на конзервативизмот, 1969.

Слаба е забелешката е дека во Македонија не можело да се збо-ру ва за конзервативна опција, затоа што немало што да се сочува, да се конзервира.

Веднаш следи одговорот: конзервативизмот не е во „желбата да се конзервира“ некоја затекната состојба. Конзервативизмот е да се сочува она што е вредно. А она што е вредно го одредуваат број ни политички, економски и културни актери и чинители – кои го сочинуваат јавниот ум.

24 21 ноември 2008 година.

64

Реакционерот е тој што сака сè да задржи, да остане како што е, ништо да не се промени. Конзервативецот бира што ќе задржи.

Друга честа критика упатена на конзервативизмот е дека бил против промените. И ова е погрешно.

Кој може да ги спречи промените. Постојат економски, опште-ствени сили, културни придвижувања на кои ниеден политичар не може да им застане на патот. Светот се менува и сведоци сме на тоа како се сменија многу работи во изминативе 20 години. Од рас падот на еден систем кој се сметаше за вечен, преку војни, кри-зи и конфликти на Балканот, денес дојдовме до точка кога светот пак се соочува со студена војна. И ние во Македонија сме дел од тие промени. И никој во Македонија не може да им застане на тие про мени.

Русија беше пример пред 10 години за тоа дека транзицијата е промашен потфат, дека повеќе донесе лошо отколку добро. Запад-ните економисти велеа дека не постои наука која ги има рецептите како од социјализам да се премине во капитализам. А економската си туација на Русија пред 10 години беше катастрофална. Еконо-ми јата не беше нешто со што поранешниот СССР можеше да се по фали. За само десет години, Русија се претвори во светска еко номска и политичка сила. Аналитичарите дури ја сметаат за сериозна економска закана за Запад. Во крајна линија, транзицијата и глобализацијата донесеа голема промена во Русија.

Светот се менува и тоа непредвидливо.Што сака тогаш конзервативизмот?„Желбата да се сочува нешто е компатибилна со секој вид

промена, под услов таа промена истовремено да биде и кон ти-нуитет“ (Скрaтон). Конзервативизмот почива на стара и позната ан трополошка константа - секој сака да го сочува она што му дава без бедност и што му е познато.

Конзервативизмот е тој што бара начини да се справиме со про-мената, да ја направиме безбедна во остварувањето. Промената што се дозволува, или, прифаќа, е органска или природна. Променета што не е прифатлива е таа која е наметната или излезена од нечија глава (designed change) и без прашање треба да важи за сите.

Промена (ii)

65

Конзервативизмот значи воздржаност во однос на она што го носат промените, а не целосно отфрлање на промените. Како што вели Мајкл Оукшот: „кај што има воведување нешто ново, се когаш има извесност дека промената ќе биде поголема од тоа колку се сакало да се промени, дека нешто ќе се изгуби, колку што ќе се добие и дека тоа што ќе се добие и тоа што ќе се изгуби нема подеднакво да се распредели меѓу луѓето зафатени со промената. Има шанса дека промената ќе донесе повеќе добро отколку што била намерата. Но има ризик дека ќе тргне на лошо“.

Што донесоа промените во Македонија по 1991 година? Не-вработеност, осиромашување, ембарга, конфликти ... А од каде оп-ти мизмот дека со транзицијата и приватизацијата ќе се ос ло бодиме и збогатиме? Ова е важно да се истакне. Од (нео)либерализмот и нему својствениот оптимизам. И од социјализмот и нему свој-стве ниот оптимизам. Либерализмот од Запад и менталитетот што го остави социјализмот од Исток (ние сме тука) се сретнуваат во вер бата во прогрес и во способноста на човекот како рационално суш тество да ја осмисли иднината и да ја остварува.

Конзервативизмот токму тука се разликува од либерализмот и социјализмот. Тој не е секогаш и целосно убеден во придобивките на прогресот. Впрочем, човекот не е совршено, рационално суш-тество што знае добро да ги измери и предвиди работите. За кон-зер вативците, на пример, промените што ги носи Вашинг тонскиот кон сензус може да се наречат промени смислена во нечија глава (designed change).

Текстот на економистот Џозеф Стиглиц „Чуму реформа“25 во кој ги соочи неуспешната транзиција на Русија со подемот на ко-му нистичка Кина, всушност, е конзервативен текст. Што донесе тран зицијата, се прашува тој. И признава дека креаторите на прин-ци пите на транзиција експериментирале, дека не знаеле баш точно што прават. Заедно со тие што ја спроведувале транзицијата.

25 Joseph Stiglitz, Whither Reform? Ten Years of the Transition, труд подготвен за годишната конференција на Светска банка за развојна економија, Вашин-г тон, 28-30 април 1999.

Бакарни чинии

66

Конзервативецот нема да каже: „подобро ни беше како што беше порано и требаше да си останеме со стариот систем“. Кога нешто не чини, кога е дисфункционално, тој ќе каже дека мора да се смени.

Поентата на конзервативците е дека многу внимателно мора да се измери ризикот што го носи промената. И дека промената не смее да се наметнува. И затоа од оние што сакаат промена се-ко гаш се бара екстра напор да објаснат и докажат зошто е добра промената.

А најмалку од сè бараат „револуционерни“ промени. Тоа е конзервативизмот што „сака да сочува“ и „што не сака

про мени“. Уште еднаш: што, всушност, сака да „конзервира“ конзерва-

ти визмот? Ова прашање го поставува конзервативецот Бенџамин Диз ра ели уште пред 150 години. И одговора: „се што е етаблирано, ама што е фраза, а не факт“.

А што значи тоа. Дека, во крајна линија, најмногу што можеме да сочуваме од минатото, сепак, се приказни. Но, приказни кои се важни за животот денес. Обичаи, традиции, историја. Зошто ни се? Да се чувствуваме дома во своја земја и да бидеме слободни.

Идиотизам е некој да ги убедува денес луѓето да се вратат на бакарни чинии и лејки, затоа што едно време се користеле во Македонија.

Промена (ii)

ДА СЕ СОЧУВА ВРЕДНОТО

КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ НЕ Е НОСТАЛГИЈА

Конзервативизмот мора да го вклучи она што Томас Ман го нарекува хуманизам: да се сочува нашето културно, духовно и поединечно наследство. Здравиот разум е, како што сите добро знаат, пророштвото на конзервативизмот. Питер Вирек, Но – јас сум конзервативен!, 1940.

Конзервативизмот не е некоја носталгија по старото. Во тоа е раз ликата меѓу македонскиот конзервативизам и другите кон зер-вати визми во Европа и САД.

Во принцип, конзервативизмот не сака да го врати времето назад и не романтизира некое старо „златно доба“. Впрочем, прин-ци пот на знаење не го дозволува.

Порано било подобро, велат. Сме биле повесели, сме се дружеле по веќе. Сме немале многу работи што го прават живото полесен, но го немало стресот од денес. Може да било така. Меѓутоа, ниту е мож но, ниту пак е пожелно да се врати старото.

Кон кое време жали конзервативецот? Не може да жали за пе-риодот на социјализмот. Антисоцијализмот или антикомунизмот е силна карактеристика на конзервативизмот.

Југоносталгијата е производ на едно правдољубиво мнозинство, до волно индоктринирано во стариот режим, кое е разочарано од но вото време (затоа што многу се очекуваше во 1991 година) и кое со транзицијата виде дека во „капитализмот“, навистина, вредните и чесните луѓе не може да живеат пристојно, дека не можат ниту ра-

68

бота да најдат. А, од друга страна, се виде дека оние кои имаат па ри и живеат пристојно не се грижат за другите и не водат сметка за она што е од јавниот интерес – да биде чист градот, училиштата да бидат реновирани, болниците средени. Новото време го на мет на нео-либералниот модел. Сè да излезе на пазар и да има вред ност во пари. Тоа доведе секој прво за себе да мисли, после за дру ги те. А, притоа, да очекува, истовремено, социјалната држава да функцио нира. А таа, во стварност, не функционираше. Сликата за ваква ситуација би била ваква: лекарите да бараат соодветна награда за својот труд, но да сакаат високото образование да биде бесплатно. И обратно.

Социјалдемократскиот модел веќе не функционираше кон кра-јот на 80-те години од минатиот век. Тој не профункционира ниту во транзицијата. Затоа, пак, како што кажуваат бројни коментари, функ ционираа оние кои го прифатија како име на партија. Всуш-ност, социјалдемократите во транзициска Македонија ги следеа принципите на неолибералниот модел.

Се велеше: во поранешниот систем, сè што беше од Запад беше империјалистичка и граѓанска идеологија која ги штити интересите на богатите буржуи. Што правиме со интересите на новобогатите до машни транзициски буржуи? Ова прашање се поставуваше уште со првите приватизации на општествените претпријатија. Стра вот или сомневањето на народот дека неколкумина ќе се збо-гатат, а другите ќе бидат голи сиромаси, постоел во Македонија и во поранешниот систем кој по дефиниција беше егалитарен. Во тран зи цијата поделбата на богати и сиромашни се направи во други околности и во друга форма. Ако во поранешниот систем се одзе ма ше од поединци, по падот на социјализмот 1991 се одземаше од сите. А се очекуваше новиот систем да не ги повтори нештата од по ранешниот систем во кој се појави „црвената буржоазија“ (на по литички привилегирани и збогатени). Се очекуваше дека сло бод ниот пазар во натпревар ќе ги создава богатите. Меѓутоа при каз ната за слободниот пазар излезе дека е манипулација и параван за кражба (на општествениот имот). Со тоа што новата „безусловна љубов“ кон капитализмот ја заборави работничката

Промена (iii)

69

класа. Со транзицијата работничката класа и исчезна од речникот на новата политика. Заедно со збогатувањето на еден мал број и осиромашувањето на поголем број луѓе одеше приказната за ис-чез нување на средната класа во Македонија и за политичката не активноста на таа класа која на времето беше задоволна што добиваше државна работа и државни станови.

Оптимизмот што го носат големите промени е рецидив од ста-риот режим.

Конзервативизмот, оној што се повикува на скептицизам, што се потпира на на принципот знаење, до пред некоја година не беше сериозна опција во Македонија.

Скептичноста во однос на тоа што носат радикалните, го ле -ми те промени (скептичност чија друга страна е неверување во ве-ту вањата на социјалдемократските политичари – на пример, како што беше ветувањето за по еден вработен во секое семејство) ос-танува да биде карактеристика на конзервативното мислење.

Од друга страна, не може да се зборува за скептицизам кој се однесува на сè. ВМРО-ДПМНЕ (како, впрочем и секоја дру га пар-тија во Македонија) верува во трансформација на опш те ство то и промени кои ќе донесат подобар живот. Особено на ма ке дон-ското кое деценија и пол не се поместуваше. Реформите што ги спро ведува повеќе го имаат оптимизмот на прогрес отколку воз-др жав носта на еден берковски конзервативизам. Блискоста меѓу скеп тич ниот конзервативизам и активизмот на партијата ВМРО-ДПМНЕ треба да се бара нејзините политиките на цели и рокови. Имено, тие политики, сепак, не бараат радикални промени.

Таквиот конзервативизам го нарекуваат инкрементален. Но, процесот на легитимирање на ВМРО-ДПМНЕ како кон -

зер вативна партија, од 2006 година наваму, ги пробуди кај нас пред расудите спрема конзервативизмот кои и денес посто јат во све тот.26 Заедно со обвинувањата на опозицијата за на гла се ната „археологизација на минатото“, се создаде слика дека кон зер ва-

26 Види го текстот на Јенс Јесен. Jens Jesssen, Was ist konservativ?, во: Die Zeit, од 24 јули 2010, во кој изнесува десет тези за поимот конзервативизам кој,

Да се сочува вредното

70

тивната партија во Македонија не гледа напред, туку дека е свртена кон минатото и митовите на минатото.

Не е баш така.Конзервативизмот ја нагласува важноста на националниот

иден титет и историското сеќавање како рамка на заедништво и добро општество. Но барањето за сеќавање не значи барање за вра ќање назад и копнеж по некое минато време кое не ти дава да че ко риш напред и да ја освојуваш иднината. Горди на минатото и со верба во иднината – тоа е политичката фраза која неброено па ти е повторена во светот и која, излитена или не, ја присвојува кон зервативизмот.

Во секој случај, конзервативизмот во Македонија тешко може да се поврзе со каква и да е носталгија.

Тој не може да жали ни по периодот пред втората светска вој-на, кога Македонија не била самостојна и суверена држава на Ма-ке донците. Ниту може да жали по кралот, по агата.

И конечно оној што го прифаќа принципот промена (change principle) не може да бара враќање кон некое златно доба. Во Ма ке-донија никогаш го немало.27

Конзервативизмот во Македонија сако да го сочува вредното од минатото.

Во крајна линија, конзервативизмот во Македонија може да се определи и како радикален конзервативизам, ако се повикаме на професорот Џери Мулер кој вели дека е „премногу конзервативен за да не биде радикален“, и да се биде „конзервативен значи да соз-да ваш ствари кои се вредни да ги сочуваш“.

А што ќе се определи како вредно е работа на јавниот ум.28 Јавниот ум, кој се темели на еднакви меѓу себе и слободни граѓани, на рамноправно учество на разни „“јавности“ (научна јавност, стручна јавност, културна јавност, политичка јавност), се лоцира,

како што вели Јесен, е погрешно разбран еднакво и од неговите следбеници и од неговите противници.

27 Освен, можеби во еден период на античка или древна Македонија.28 Спореди со јавниот ум кај Џон Ролс и Имануел Кант.

Промена (iii)

71

пред сè, во медиумите, но тој го покрива целиот простор во кој се одредуваат темите на дебатите, начините на водење дебати и фор-мите на аргументација. Јавниот ум ја опфаќа и етиката на научите ис тражувања. Јавниот ум е производ на јавна политичка култура, нас проти културата на задкулисност.

Јавниот ум лежи врз приниципите на класичниот либерализам – на слободата на дејствување на поединецот. Тој не поставува огра ничувања. Тој не поставува граници во историјата до каде може да се оди во барањето на вредното од минатото.

Вредното, колку и да е старо, е наследство кое не е непотребен то вар, ниту нереално романтизирање. Ниту е носталгија по ста ро-то која не ти дава да одиш напред.

Да се сочува вредното

КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ И СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА

МАРКСИСТИ И КРИКЕТ29

КОНЗЕРВАТИВИЗАМ И МАРКСИЗАМ

Што се однесува до мене, во едно сум сигурен. Јас не сум марксист.Карл Маркс.

Јас не сум против националните социјалисти, какви што има најмногу во Франција ... но јас сум непомирлив непријател на социјалистите со интернационалистички мотив ... Таму каде што нема лична (индивидуална) слобода, без да зборуваме за политичка и економска, кои се добиваат покасно, да се проповедаат социјалистички идеи е просто предавство. Нишо Трајков, 1902.

Марксистичките автори се уште во огромно мнозинство по би блиотеките на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Ки рил и Методиј“ во Скопје .

Интересна е сличноста со В. Британија пред 40 години, во 70-те години од минатиот век. Роџер Скратон, најистакнатиот филозоф на конзервативизмот во Велика Британија, раскажува: 1971 година се сели од Кембриџ да предава на Беркбек колеџот во Лондон. Како „тазе“ конзервативец, барал книги од конзервативни автори и не мо жел ништо да најде. Нашол книги од Маркс, Ленин и Мао, но не нашол ништо од Страус, Вогелин, Хајек или Фридман. Нашол раз ни социјалистички неделници и месечни списанија, но ниедно спи сание што било конзервативно. Како што вели Скратон, тогаш преовладувало мислењето дека конзервативизмот едноставно го

29 13 февруари 2009 година.

76

нема. Можеби ако си аристократ или дете на богати луѓе може да го наследиш, но никако да дојдеш до него истражувајќи и раз ми-слу вајќи.

Морам да признам дека конзервативните мислители Лео Стра-ус, Ерик Вогелин, Карл Манхајм и уште неколкумина можеа (и сега мо жат) да се најдат во библиотеките на Филозофскиот фа кул тет и пред 30 години (најмногу по една, две книги од секој, но и тол ку беше добро).

Но, како што би рекол Скратон за Кембриџ, би рекле и за Фи-ло зофскиот факултет: никој не ги охрабрувал студентите да ги чи таат. Уште помалку имало некој да ти укаже дека тие и тие се кон зервативни автори. За волја на вистината, не се сеќавам дека не кој и ги барал.30 Љубопитниот трагач по конзервативизмот и осамениот и молчелив конзервативец никогаш не се сретнаа. То-гаш, мислам, тренд беше „иманентната критика“ на марксизмот. По ентата беше одвнатре да го растуриш, откривајќи ги слабостите и противречностите во неговиот систем. Што не беше воопшто пре дизвик за потценување. Вака или онака - немаше конзервативци на тогашните универзитети во Македонија.31

30 Како уредник во Третата програма на Радио Скопје, подготвував еден циклус емисии за феноменологијата. Тоа беше 1985 година. Се преведоа текстови од Томас Лукман, Алфред Шуц, Петер Бергер. Не можев да знам дека некои од нив, како Петер Бергер се вбројуваат меѓу главните конзервативни социолози на 20 век. До оригинални дела се доаѓаше тешко, бавно и случајно. Уште потешко можеше да се најдат повеќе информации за авторите, освен ако некој не те упатеше.

31 Тука сум должен да дообјаснам: Институтот за филозофија на Фи-ло зофскиот факултет, на кој студирав, никогаш не бил слеп бранител на марксистичка идеологија. Пред сè, веројатно, поради влијанието на про фе-сорот Вук Павловиќ, кого, инаку, немав среќа да го запознам. Со професорот Јонче Јосифовски учев формална логика која во тоа време беше многу сом-нителна работа во Источна Европа; неверојатно интензивно го работевме Платон, можеби за инает на руските марксисти кои го величаа Аристотел како материјалист. Со професорот Митко Илиевски учев од Имре Лакатош и Пол Фајерабенд; Американците Коен и Нејгел ни беа главните референци. И да не ја направам фуснотова предолга само ќе кажам – и многу, многу други не-

Конзервативизмот и социјалдемократијата (i)

77

A што се однесува до најизвиканите конзервативни мислители: Диз раели, Оукшот, Кристол, Скратон – тоа се имиња кои сè уште ги нема по библиотеките (последниот пат кога пребарував не нај-дов ниту по една книга) кај нас. Едмунд Берк, таткото на кон зер-ва тивната мисла, на Филозофскиот факултет во Скопје може да се најде на германски. Го оставиле стари професори, дојдени од над-вор во Македонија, од Белград и Загреб.

Пред повеќе од дваесет години од (некаде меѓу 1985 и 1989, токму пред падот на Берлинскиот ѕид) работев на тезата дека е дој -дено времето за дефинитивно заминување на марксизмот како иде-ологија која се остварува и му се наметнува на поединецот. По еди-нецот на современото време, поединецот во брзите опш те ства, и во општествата што забрзуваат, благодарејќи на гло ба ли за цијата и новите форми на комуникација, едноставно, е недофатлив за идео-логијата. Времето на сателитски комуникации, на зголемена про-дукција на информации чие влијание не може да се контролира го создаде поединецот до кого идеолошкото знаење доаѓа сè потешко. Анализата требаше да потврди дека на крајот на 20 век поединецот, едноставно, и` бега на идеологијата. Дека идеологијата е веќе нема и немоќна, и не може да влијае врз поединецот и да го мотивира за колективни дејствувања; дека идејата за “enterprise society” е веќе мртва.

И тие што ја бранеа и наметнуваа веќе беа заморени и де зо-ри ентирани. Дека е така, се гледаше во тоа дека во неа веќе нема ни трага од таканаречената иманентна критика. Едноставно таа иде о логија веќе не комуницираше и мотивите во мојата сту ди ја беа да се покаже застареноста а не да се критикува. Од оваа теза настана студијата „Идеологијата и поединецот кој и се измолк ну-ва“ и веднаш потоа и книгата насловена „Идеологијата и субјек ти-ви тетот“.32

марксистички мислители. Поентата ми е дека меѓу професорите, сепак, не маше јасно декларирани конзервативци.

32 Пишувана во Лондон и Лајпциг во периодот од 1987-1989 и подоцна до вршена во Скопје, На дваесетте години од падот на Берлинскиот ѕид кни-гата е преобјавена под наслов „Идеологијата и поединецот“.

Марксисти и крикет

78

Мојата критика на идеологијата на марксизмот се темелеше на идеите на Карл Манхајм, Петер Бергер, Серен Киркегор и Лудвиг Витгенштајн33, но признавам дека тогаш сосема го пренебрегнував фактот дека сите овие мислители се сметале за конзервативни. Се разбира се сметаат и денес. „Конзервативното освестување“ доаѓа подоцна.

Авторите со кои се користев во објаснувањето дека идеологијата на марксизмот ја губи битката со слободниот поединец, беа или кон зервативни или многу важни за конзервативците: Хегел, Кир-кегор, Манхајм, Витгенштајн, Бергер, Тверски и Канеман. Но, то гаш на ретко кој му беа важни овие имиња. Мене лично не ми беше важно дека се повикувам на конзервативни мислители. А и за марксизмот никој веќе не се потресуваше. Марксизмот што уми раше како државно наука, беше сведен на бесмислено сле де-ње на професори „либерали“, македонски „националисти“ и „ди-си денти“ од страна на агенти кои не разбираа ни лево ни дес но. Јас но, мојата позиција беше повеќе интуитивна позиција на отпор. Таа не беше резултат на некакво мое насочено образование од стра на на конзервативни или антикомунистички професори. Уш-те помалку од некој таков образовен систем. Впрочем и самиот Скра тон не можел да најде такво организирано (конзервативно) об разование. Сепак, мојата позицијата беше доградена надвор од др жа вата (пред сè во Лондон, 1987 година). И во тие години кога Маке до ни ја стануваше самостојна, студијата која произлезе од мојата теза беше интересна само за дваесетина, триесетина луѓе, на кои и денес сум им благодарен за тоа. Како и да е, сигурен сум дека останува да биде една од ретките во Македонија која теориски рас чистува со комунизмот (без иманентна критика).

Ќе станат 20 години од падот на комунизмот. Ни по толку време политичката наука во Македонија не фати

че кор со новото време. Политикологијата не ги следеше барањата

33 Читајќи го Роџер Скратон, познатиот британски конзервативец, от-кри вам дека Витгенштајн имал силно влијание врз него. Но пред дваесет го-ди ни, пак, јас не знаев за Скратон.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (i)

79

на новото време. Таа само се приспособи на македонската политика на која не и „требаа интелектуалци“ и се приспособи на јавноста и медиумите која комуницира исклучиво со изјави на „експерти“, чес то притоа без да знае за што точно е верзиран „експертот“. Од-на тре, исто така, не се случи никакво придвижување. Не се из-гра дија разни, условно кажано, идеолошки позиции. Плуралното опш тество и плуралната демократија не ги следеше плурализам на идео логии. Па да може да знаеме, да речеме, дека на Економскиот фа култет во Скопје повеќето професори се хајековци, или не океј н-зи јанци. Да знаеме дека на Правниот факултет има две струи, една Ролсовска и друга што го следи Хабермас. Дека на Филозофскиот факултет неомарксизмот, антиглобализмот и постколонијалната критика имаат постојано дебати за актуелни прашања. Нема од тоа речиси ништо. Можеби само инцидентни проекти најчесто подржани со пари на странски фондации кои, исто така, не многу се интересираа за градење нови идеолошки или теориски позиции меѓу македонските интелектуалци.

Политичко филозофскиот дискурс се заглави во разликувањето на модерна и постмодерна. Тука останаа повеќето. Втора модерна34, трета модерна35, рефлексивна модерна36 – концепции кои доаѓаат како некој вид реакција на јаловоста на постмодернизмот – речиси и да не се спомнуваат.

Апатијата и дезориентираноста што ги донесе тран зи ци јата и, претпоставувам, донекаде и мрзливоста, создадоа по ли ти колозите во Македонија да дозволат да бидат поделени на тн. не зависни, на сдсмовци и вмровци, или, на независни, леви и десни. Не меѓу себе, туку од страна на медиумите. При што, општо при фатено беше дека (што не мора да е и точно), „сдсмовци“ сè уште имало најмногу меѓу интелектуалците, каде што, според редот на неш тата припаѓаат и политиколозите.

34 На Хајнрих Клоц и на познатиот автор на „ризичното општество“ Улрих Бек.

35 На германскиот социолог Рихард Минх од 1998 година.36 Улрих Бек, Волфганг Бонс, Кристоф Лау.

Марксисти и крикет

80

И тука идејната мрзливост превладува. Најчесто се сведува на две форми на определба на македонските интелектуалци. Првата е: интелектуалците добиваат туку така етикети дека биле леви или десни, без повикување ниту на концепции, или идејни струи, ниту на тоа што самите интелектуалци го пишувале. Втората е: она што е лево, во Македонија, всушност е десно. И она што десно, всушност е лево.

Ниту политичкиот јазик не го следеше новото време. Речиси и не се зборува за нови концепции, нови рамки, нови „консензуси“. Ли берализмот во Македонија е како крикет - напишав пред 10 го-дини. Капитализмот е, еднакво, ретко спомнуван збор.37 Конзер ва-тивизмот, дури последниве години, почесто се употребува.

Воопшто, либералната демократија, социјалдемократијата, кон зер ва тивизмот – иако легитимни и познати предзнаци на ма-ке дон ски партии - одвај да беа теми со кои македонските поли ти-ко лози се риозно расправаа или спореа. А и каде би расправале. Во Ма ке до нија сè уште нема политичко списание во кое се соочуваат раз ни или спро тивставени политички гледишта.

Од марксизмот и тивкиот отпор на критичарите на марксизмот, денес во Македонија имаме можеби криптомарксисти, ad hoc бра-ни тели на марксизмот, нешто антиглобалисти и толку. Не видовме тео ретичари на социјалдемократијата, на неолиберализмот и дру-ги изми. Исклучок од ваквата интелектуална состојба се не кол ку-ми на наши професори кои го промовираа концептот на гра ѓан ско општество во Република Македонија.

И на сите приказни за крајот на историјата, победата на ли бе р ал-ната демократија, за марксистичките позиции може да се каже дека можеби беа заборавени, но не и избришани. Како рецесивни гени.

И наеднаш, сеништето на Маркс повторно снове над Маке до-нија. Финансиската криза во САД и во светот и тука беше пречекана со славење на крахот на капитализмот и муабетите дека времето на

37 Види го текстот „Чорбаџии и номенклатура - капитализмот во Ма ке-донија“.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (i)

81

Маркс допрва доаѓа и дека „Капитал“ повторно ќе станела најчитана книга. Пак површност и тргање на маските на „преобразените“ екс-комунисти. Тука треба да се запре. Марксизмот не е единствената критика на капитализмот. Понатаму, за кој марксизам зборуваме? Нема еден. Или марксизмот е само уште еден збор меѓу магиските изрази како „баба рога“ или „абракадабра“.

Или се мисли на делото на Карл Маркс и неговата критика на капитализмот. А кој го чита Маркс?

„Капиталот“ никогаш не бил читан од широка публика како, да речеме, „Здравиот разум“ на Томас Пејн и таа исклучително теш ка книга, едноставно не е за читање.

Од друга страна, во Македонија, финансиската криза никој не ја пречека од конзервативна, или од социјалдемократска позиција, да речеме, да го осуди неолибералниот модел на капитализмот и да ја отвори дебатата за крајот на Вашингтонскиот консензус и за потребата од нов, Поствашингтонскиот консензус,38 за новото зна-чење на концепцијата на одржлив развој или за потребата да се про мовира рамката на сеопфатен развој. Капитализмот има многу фор ми и лица. Не е еден, па да има алтернатива само во марксизмот и комунизмот.

И тука заедно со израелскиот социолог Ева Илуз може да ка-жеме дека, наспроти марксистичкото учење, противречностите на ка питализмот не се негова слабост. Дека, напротив, тие се извор на неговата креативност, атрактивност и динамика.39

Што се однесува до конзервативизмот во партиите, може да се констатира дека, по разидувањето со ВМРО-НП, односно, со про-мената на лидерот, трансформираната ВМРО-ДПМНЕ го по чув-ствува моментот дека треба да ја надгради легитимацијата. Како народна, патриотска партија (често етикетирана и како на цио-налистичка), таа нужно се сврте кон конзервативизмот и неговите вредности.

38 Види за Вашингтонски консензус во текстот „Добро општество - а не за расипаните јајца“, и во мојата книга „Јавно здравје и здравствена реформа“.

39 Eva Illouz, Berechnung und Hingabe, во: Die Zeit од 2 јуни 2005.

Марксисти и крикет

82

Неизбежно некој ќе констатира дека мора да има и бивши марк-систи во ВМРО-ДПМНЕ. Има. И тоа би бил многу вообичаен ду-ховен развој како и на многу мислители и политичари и во Европа и во САД. Има ли бивши членови на Сојузот на комунистите? Има. Ништо особено. Велам, ништо особено на планот на идеи. На планот на дејствување и постапки на тие луѓе работите може да би дат поинакви.

Иако ВМРО-ДПМНЕ е сè повеќе партија на млади кои немаат врска со бившиот режим, треба да се каже нешто во врска со ова.

Конзервативизмот не е еден, со изграден систем на идеи во кој се вклопуваш или не се вклопуваш. Конзервативизмот е catch all party, „broad church“ како што велат Англичаните. „Тупаричкова куќа“ , како што велат во моето Миравци, секој може да влезе, из ле -зе. И кон зер ва ти визмот познава познати и многу влијателни конзер-ва тив ни мислители кои во младоста биле марксисти. На при мер, Франк Мејер, Вилмор Киндал, Ирвинг Кристол, да не на бро ју ва ме други.

Како што се вели: ако не си либерал на 25 години, тогаш немаш срце. Ако не си конзервативец на 35, тогаш немаш памет (другата варијанта вели: ако не си социјалист кога имаш 25, немаш срце, ако сè уште си социјалист на 35, немаш памет).

Но, да не испадне дека ги релативизираме работите. Си имал една идеолошка позиција, па си ја сменил. И ништо страшно.

Не е баш така.Во принцип, конзервативците и марксистите не се поднесуваат.

Кон зервативизмот никогаш немал идеологија според која треба да се гради „ново општество“. Тој има уплав од револуционерни про-мени, од утопии и наметнување на големи проекти на општества.40 На метнувањето на „свет на идеи“ на реалниот свет се покажа како преголем потфат за реалниот човек. А „светот на идеи“ на марк-сизмот е сè уште надмоќен во универзитетските библиотеки. Како што стојат работите, таму и ќе остане.

40 Мојата книга „Идеологијата и поединецот“ е токму критика на идео ло-гијата на големите проекти кои ги жртвуваат поединците.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (i)

83

Токму затоа, да не заборавиме, на универзитетите духовно се изградуваат млади луѓе кои треба да научат да се справат со ре ал-ниот свет, и да научат да мислат да ја разберат стварноста на тој свет.

Зошто да не ги збогатиме библиотеките со други политички опции, со други теоретичари. Плурализмот во политиката треба да го следи „плурализам во библиотеките“ и наставните и предметни програми.

За тоа, всушност, тука зборувам – за поразновидна политичка мисла и поголема политичка култура.

Марксисти и крикет

КАПИТАЛИСТИЧКАТА КРАВА

ПРАЗНАТА РЕТОРИКА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА

Друштво картаџии сме ние, Маркса што го читамеОдамна по оној пат не итамеЛасал по кој нè водеше! Курт Тухолски, Конгрес на социјалдемократската партија, 1928.

Може да се разликуваат три типа на социјални држави41: либе-ра лен, социјалдемократски и конзервативен и тип.

Либерализмот поаѓа од позицијата дека во општеството жи-веаат слободни дејствени индивидуи кои меѓу себе разменуваат добра што ги создаваат (некои го користат терминот учинок). Сите имаат еднакви шанси и праведно е оној што има поголем учинок да има повеќе.

Социјалдемократскиот пристап се залага за распределба на добросостојбата и социјална сигурност. Она што целата заедница го создава и произведува државата треба да го распредели со со-ци јал ни политики.

Според конзервативизмот општеството е органска целина. Се-меј ството, професиите и државата се надополнуваат. Социјалните про грами се ориентирани кон заштита на семејството и работниот ста тус.

Како стојат денес работите.Сите знаат дека социјалдемократијата е најдобра во скан ди нав-

ските земји. Ние и Германија ја знаеме како земја на социјална др-

41 Според типологијата на Еспинг-Андерсен. Види Gøsta Esping-Andersen, The Three Worlds of Welfare Capitalism. Princeton 1990.

86

жа ва и социјалдемократија. Но за некои германски социолози е веќе одамна проблематично да се зборува за Германија како за со ци јал на држава.42 Шведскиот модел, исто така, е предмет на кри тики.

Слобода, праведност и солидарност – ова се познати поли-тич ки идеали. За истото зборуваат и конзервативците, меѓу тоа прашањето е како да се спроведат овие барања. Тука социјалд е мо -кра тите се разликуваат од конзервативците. Најкусо кажано, со-ци јал де мократите ги спроведуваат овие барања одозгора – во една хи ерархиска држава, конзервативците тоа го прават доле пре ку хо ризонтални дејствувања – во една автономна држава. Конзер ва-тивците не се за големи државни проекти. Општеството е за кон-зер вативците, државата за социјалдемократите.

И, всушност, социјалдемократите не можат да ги спроведат овие барања. Затоа се тие празна реторика.

Во Германија ќе најдете критичари на социјалдемократијата кои наведуваат дека таа се служи повеќе со реторички трикови од типот: со повеќе слобода до нова праведност, ново општество и слично - или дека се залага за социјална правда, економски ди на-мизам, креативност и иновација, - отколку што стварно се грижи за работничката класа.

Како стоеле работите во минатото.Социјалдемократската партија во Германија е основана 1863,

се смета, од страна на Фердинанд Ласал под името сеопшто гер-ман ско работничко здружение (Allgemeiner Deutscher Arbeiterver-ein). Официјално се основа како Социјалдемократска партија на Гер манија во 1890 година.

Конзервативците ги озаконувале синдикалните права една генерација пред да се формира лабуристичката партија и го пос-та вуваат системот на јавно здравство пред уште да почне 20 век.

Фридрих Енгелс, 1844 ја пишува книгата за „Состојбата на ра-ботничката класа во Англија“, меѓутоа Дизраели е на страната на

42 Дека не е ниту праведна, ниту социјална држава. Во едно истражување на Организацијата за економска соработка и развој социјалната неправда расте во Германија побрзо отколку во сите други индустриски земји.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (ii)

87

чар тистите уште во 1830 година. Дизраели 1848 ја пишува „Сибил“ во која зборува за една нација. Истата година кога Маркс и Енгелс го пи шуваат „Комунистичкиот манифест“.

Значи, не се воопшто во право тие што велат дека социјал де-мократите се за работниците и сиромашните, а конзервативците се за капиталистите и богатите.

Кога комунистите кај нас станаа социјалдемократи 1991 ги заборавија работниците. Затоа што сметаа дека победи ка пи та-лиз мот, а таму, таква беше нивната комунистичка претстава за ка питализмот - има само капиталисти, слободен пазар, а работ-ни ците сами нека се снаоаѓаат. Дека 50 години работничко само-уп ра вување беа фарса во Македонија, покажува тоа дека по оса-мо сто јувањето 1991 година и конституирањето на првите партии, од работничката „висока“ политичка свест не остана ништо. Ние немавме ниту синдикат, ниту силна работничка партија по 1991 ниту, пак, ќе имаме во блиска иднина. Големите партии во сво и-те програми не водеа многу сметка за организирана грижа за ра-ботниците. Можеби од срам да не заличат на комунисти. Се раз-бира, партиските вработувања беа отсутни во идеолошките оп ре-делби, но во стварноста беа силно присутни.

Што бара социјалдемократијата како концепција?Од една страна, да се избегне тиранската закана од кон цен-

тра цијата на моќта. Тоа значи: демократизација во стопанството, ра ботничка партиципација, државна контрола. Ова вклучува и де-мократизација во семејството.

Од друга страна, социјалдемократијата го прифаќа и му се прис пособува на капитализмот. Таа има прагматичен однос спрема него. За да ги оствари своите принципи и треба капитал. Затоа се ве ли за социјалдемократијата дека се раководи од девизата: „да се измолзе капиталистичката крава“ (и да се подели млекото).

Овие две барања многу тешко одат заедно.Работата е што или кравата не дава доволно млеко или тоа

лошо се распределува. Јазот меѓу богатите и сиромасите постојано расте. На пример, во Велика Британија тој продоложил да расте и кога лабуристите биле на власт.

Капиталистичката крава

88

Во Македонија социјалдемократијата се откачуваат од кому-нис тите, и нивната првична девиза беше не да се измолзе, туку да се ис цеди социјалистичката крава. И да се направи капиталистичката крава која нема да им дава на другите млеко. И направи од себе света крава на државотворноста и македонскиот капитализам. А, всуш-ност, во македонската варијанта, номенклатура-капитализмот соз-да ден од бившите комунистички функционери и директори е тој што го измолзе капиталот од поранешниот систем, и потоа ги мол-зе ше работниците и граѓаните.

Историјата покажува дека социјалдемократите и конзер ва-тивците се сретнуваат во спротивставувањето на laissez fairе ка-пи тализмот. Тоа им е заедничко. Но социјалдемократите кај нас не покажаа некоја подготвеност ниту стручност да му се стават ог раничувања на таквиот капитализам. Ја купија флоскулата сло-боден пазар како догма.

А имаа урнеци. Како на пример, Третиот пат. Слоган на Третиот пат беше: „пазарна економија, но не и пазарно општество“. Друго пра шање е колку биле добри урнеците.

Ралф Дарендорф во 1999 година наведува шест полиња на по литики на Третиот пат: втор бран на демократизација – ди рек-т но кон луѓето; нов однос меѓу државата, пазарот и граѓанското содруж ништво што ги спојува; социјални инвестиции во об разо-ва ние и инфраструктура.

Третиот пат и новата социјалдемократија, всушност, се па-раван со кои се прикрива прифаќањето на конзервативните по-ли тики на приватизација и намалување на социјалната држава. Третиот пат е концепција која вели сме отишле многу лево, да се вра тиме малку десно.

Третиот пат се појавува веднаш после завршувањето на ерата на Маргарет Tачер. Тачер владее од 1979 до 1990. Веднаш потоа се јавува Третиот пат.

Кај нас, се прифатија неолибералните политики43, а не некој трет пат или нова социјалдемократија. Кај нас имаше обединување

43 Социјалдемократските партии во Западна Европа почнаа да свртуваат кон неолибералниот модел уште во седумдесеттите години од минатиот век.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (ii)

89

на демократски социјализам и на класичен либерализам. Или уште поостро кажано на демократски социјализам и манчестерски капитализам..

Еве што се покажа како празна реторика: Дека државата е вистинската институција што треба да ги

финансира јавни институции, дека таа треба да ги олесни соци-јал ните трошоци на луѓето во капиталистички општества. И дека за тоа треба да има поголеми даноци.

Понатаму, како празна реторика се покажа тврдењето дека де мократските сили во политиката се контратежа на економ ски-те сили на капиталистите. Дека ќе има повисоки такси за бо га ти-те и повеќе пари за јавните сервиси. Идејата беше дека со ци јал-демократијата успешно може - во една хиерархиска држава (др жава уп равувана одозгора) - да распределува солидарност и помош.

Речиси ништо од ова не видовме во Македонија. А пак како резултат на ова добивме пасивен граѓанин. 44

Или да ги видиме петте клучни елементи на прогресивниот кон сензус според Гордон Браун, идеологот на британската нова социјалдемократија, поранешен трет пат: целосна вработеност и обнова на јавните служби; економско заживување на зафрлени и заостанат краеви; искоренување на сиромаштијата на децата и старите; и на секој член на општеството да му се овозможи да ги оствари своите потенцијали.

Првиот принцип е популистички затоа што е неостварлив во денешни услови. Според современите аналитичари идеалот на це лосна вработеност треба да се напушти. Другите елементи се те мелат на принципот на редистрибуција на праведноста и ед на-к воста. Но, сè тоа се прави со социјални програми на државата. Ина ку, нема многу да се згреши ако се каже дека целите се исти како на конзервативците.

44 Ова е можеби главен дел на проблемот на социјалдемократијата во Ма кедонија. Под еден, таа не се справува со менталитетот кој вели: тие што се горе нека ги решаваат проблемите и ние раат да сме. Под два, таа не ја про-бле матизира премисата дека во Македонија постои уште активна политичка

Капиталистичката крава

90

„Модернизирање на социјалдемократијата” е неостварливо зашто тој ја бара средината меѓу етатизмот на левицата и сло бод-ниот пазар на неолиберализмот. Да се земе од капитализмот и од со цијализмот. А не може да ги споиш без да создадеш чудовиште - тоа е поентата.

Затоа социјалдемократијата секаде со соочува со исти про б-леми. Затоа што уште верува во моќта на хиерархиската држава која контролира и распределува.

Македонската транзиција е пример на спој на етатизмот на со цијализмот и laissez fairе капитализам на неолиберализмот. Ре-зултатот е неуспех. Уште од Алексис де Токвил централна др жа ва води кон бирократско поттиснување на конкуренцијата и нат пре-варот.

Осумдесеттите години на минатиот век веќе се гледа „крајот на социјалдемократскиот век” (социјалдемократијата губи во Швед-ска 1978, во Германија 1982). Во исто време, во САД се воочува дека демократите се отидени премногу лево и дека треба да се вратат кон центарот. Го имаме потоа периодот на Роналд Реган и Маргарет Тачер, за веќе на почетокот на деведесетите, со доаѓањето на Клинтон во САД 1992, во Европа да почне да се дебатира за „враќање на социјалдемократијата” и тука е веќе и Тони Блер со кој, по углед на „новите демократи” на Бил Клинтон, лабуристите стануваат „нови лабуристи”.

Всушност, социјалдемократијата по 1989 година мораше да го крие левичарењето. Социјалдемократите се плашат да им кажат на граѓаните дека се многу лево. Нели падна социјализмот во Ис точ-ниот блок, а со тоа и идејата на социјализмот.

Конзервативизмот е против комунизмот и социјализмот и критичар на laissez fairе капитализам. Не ги сака ни едното ни

кла са на бившата номенклатура која мисли дека никој не смее и не може да ја за кача. Резултат на ова е јаз меѓу тие горе од кои се очекува да бидат активни (а не се) и одговорни и тие доле кои се пасивни и сметат дека сè е во рацете на тие горе. Ништо да не се случува и никој да не се буни – тоа е идеалната си ту ација за социјалдемократијата на власт.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (ii)

91

другото, камоли да се труди да ги спои. Конзервативизмот про дол-жува да го отфрла и напаѓа левичарството. Но, тоа не значи секогаш либерно конзервативно или крајно десно. Да потсетиме дека има две традиции во Велика Британија: либерален конзервативизам ори ентирано кон слободниот пазар и патерналистичкиот кон зер-вативизам кој е свртен кон заедницата и социјалната ста бил ност. Втората традиција играла поголема политичка улога во изминатите двесте години.

Конзервативизам не може да се сведува на познатите фрази: прагматизам место теорија, политичко инженерство место по ли-тичка наука, иако тоа се важни црти на конзервативизмот.

Пример се ЦДУ во Германија кои го отфрлаат „чисто праг ма -тичниот пристап кон проблемите во општеството“. За нив, опш-те ството не може да биде ограничено само на задоволување на материјалните потреби. Тие зборуваат за потребите на чо ве кот во тоталитет. Во овие барања се препознава германската фи ло зоф-ската традиција. Особено на дваесеттиот век и Франк фурт ската школа. Филозофијата во Германија има еднакво силно вли јание врз програмските цели и на социјалдемократите и на кон зер ва-тивците. Во Германија можеби се најмали разликите меѓу со цијал-демократите и конзервативците.

Како и да е, социјалдемократијата требаше да се справи со не вра ботеноста, со регионалните економски разлики. Од неа се оче куваше да поттикне квалитетен еколошки свесен раст и да го намали демографскиот дефицит во ЕУ. Се случи обратно, а сите овие проблеми се заострија со приватизацијата, маркетизацијата и дерегулацијата. Левите влади се покажаа како многу млаки во креирањето и имплементирањето на политики со кои би се надминале овие проблеми.

Млакоста на социјалдемократијата е видлива и во Македонија. Не се фати во костец со проблемите и ги изневери очекувањата.

Капиталистичката крава

СТВАРНОСТА Е ДЕСНО45

ИЛУЗИИТЕ НА ЛЕВИЦАТА

Се шири реа на застојан воздух, што го прекрива тешка миризба на секогаш истата реторика на прогресивните, која, со склепани аргументи дека новото е добро, старото е лошо, го изобличува или истиснува секое суштинско разгледување на работите.Удо ди Фабио, Култура на слободата, 2005.

Предолго се храневме со илузии. Предолго трае таа диета. Пред дваесеттина година Ивица Осим беше најдобриот се-

лектор на југословенската фудбалска репрезентација. А всушност бе ше никаков. Не ги пушташе да играат најталентираните (како Пан чев и Просинечки), постојано губеше или ремизираше. Но, како се лектор на југословенска репрезентација тој беше многу по чи-туван. Заедно со медиумите, особено белградските, ние постојано бевме убедувани дека имаме посебен југословенски стил на играње фудбал. Бевме Бразилци во Европа. Сите други репрезентации ги потценувавме (Италијаните, Шпанците и Аргентинците беа „ци га-ни“ за нашите „префинети“ фудбалски познавачи).

И по дваесет години истата приказна. Читам наслови во еден бел градски спортски журнал : „Згазићемо Лале!“, читам изјави на фуд балските ѕвезди на Србија и Црна гора: „Пишите слободно! Ми смо прваци света!“. Така нè подготвуваа и нас пред секој настап на југо сло вен ската репрезентација. Од каде таа самобендисаност и ве-ру вање во илузии? А после секој пораз за бедниот резултат ни беа кри ви „циганите“, „роботите“ од Германија, империјалистичките су дии...

45 Текстов е пишуван во време на парламентарните избори 2006 година.

94

И дојде Аргентина – Србија и Црна Гора 6 : 0! Кој кого згазил? И кој е крив?

Оваа ментална состојба на конструкции кои ја порекнуваат стварноста преживеа кај нас во Македонија. Ние цело време сме успешна приказна, оаза на мирот, лидер на Балканот, влегуваме во НАТО, стануваме членови на ЕУ... И што? Ќе дојде извештај од Стејт департмент, од ММФ, од МКГ и таму стои: Македонија – „ос-та токот на светот“ 0 : 6.

Убеденоста во супериорноста на југословенскиот пат во од нос на целиот свет (подеднакво како убеденоста во високиот ква ли тет на југословенскиот фудбал) , по 1991 година се преобрази во са мо-бендисаност и силно чувство на супериорност на власта спре ма соп ствениот човек, спрема граѓанинот на Македонија. Тие што го во деа народот во бескласно општество се претворија во тутори, ментори и просветители на истиот тој народ. За нив истиот тој на-род преку ноќ стекна заостанат и примитивен менталитет, и свест која треба да се менува. За разлика, се разбира, од нив самите, кои од кожурецот на комунизмот излегоа како свилени буби на ли бе-ра лиз мот. И во своите наративи, на местото на историската улога на работничката класа ја ставија историската улога на власта да ја соз дава македонската држава и да го превоспитува македонскиот гра ѓанин.

Кога всушност Белград владееше со Скопје, нашите поли ти-чари требаше само да изгледаат дотерани и да зборуваат средено и сериозно – доволно за да, за нив, простиот Македонец ги смета за ле гитимна власт. Другото го правеа други - тајни и полутајни служ би.

Ги нема веќе 15 години тие од Белград, кои стварно владеја. Но посткомунистите останаа со таа лежерност карактеристична за не ав тентична власт: неодговорност, немање свест дека се власт на сопствен народ, дека оној што стопанисува е сопственик, дека биз-нисот е светост, дека јазикот е светост.

Тоа е нашата власт. Владее со држава а не знае што има во неа. Нема софистициран катастар кој веднаш покажува кој што има во

Конзервативизмот и социјалдемократијата (iii)

95

др жавата. Според некои, дури две третини од парите што се прават од земјоделието не поминуваат низ системот на државата.

Катастрофалната ситуација во археологијата ја покажува др-жа вата која не само што не се труди да знае што има, туку не се тру ди ни да дознае која е и од каде е.

Но, затоа сè уште се негува хомеровски јазик во политиката, каков што е и јазикот на спортските коментатори од Македонската телевизија. „Прекрасен скок шут!“ – „фантастично изведен сло бо-ден удар!“. „Тренерот на Барселона седи на клупата како да се чуди што го снашло!“. Така се зборува кога си неподготвен, кога не ги по з на ваш работите и шлапаш работи кои можат да важат за секој иг рач и за секој спорт и кој било натпревар.

А тоа не се разликува од паушалните изјави од типот: „Бидете убе дени дека ќе ја постигнеме целта“, „Владата покажа значителни резултати“, „Тоа е нашата определба за која се залагаме“ ...

Јазикот на Стане Доланц46 уште живее во Македонија.Јазик кој знае да ескалира до налудничав занес и мавање во гради

(Згазићемо Лале!). Илузии и илузии. И сето ова може да се поврзе со левичарската идеологија на новиот човек, на револуционерно ме ну вање на светот, на надмоќта на самоуправниот социјализам. За рем 1989 не прифативме дека се тоа илузии? Да, но некои останаа со свеста дека општествените проекти се наоѓаат само од левата стра на во политиката и дека критички ориентирана и истовремено ло јална на проектот „иднината на Македонија“ може да биде само ле вицата, дека само таа може да влече напред, зашто, според нив, концептот на слободата е левичарски и проектите на менување на светот се левичарски.

Таквата идеологија и илузиите левицата ќе продолжи да ги не-гува.

Но, стварноста денес е десно.Појдовна точка на лево-револуционерното мислење е „новиот

човек“ . Новиот човек на социјализмот е здрав, прав и паметен.

Стварноста е десно

46 Стане Доланц – словенечки политичар од времето на СФРЈ кого го паметам по празните фрази.

96

„Он је фундамент, он је тешка индустрија“ – пееше Нарцис Вучина на вре мето.

Така, кај нас се тргнаа на страна нездравите и кривите, бо-гами и паметните. Се сокрија психијатриските пациенти, хен ди-ке пираните, сите што ја валкаа сликата за новиот човек. Се тргнаа на страна од очите на новиот човек. Како да се серискиот убиец од Хит лерова Германија кој беше најголема државна тајна затоа што ни кој не смееше да дознае дека ариевец може да биде таков ѕвер.

Стварноста сè уште тешко допира до левичарскиот концепт на чо векот. И кој да се занимава воопшто со потребите на реалниот човек во Македонија. И онака сигурно влегуваме во ЕУ па тогаш друг ќе се грижи за нас. Утешително за невработениот маж на 40 го дини, за сиромашните ученици, за студентот без перспектива – за реалниот човек во Македонија.

Падот на комунизмот покажа дека градењето на новиот чо век и усреќувањето на човештвото се нереални идеологеми... И затоа кон зервативизмот не ја мириса многу идеологијата. Кон зер ва ти-виз мот не нуди затворен систем на идеи, не конструира модел за ус реќување на човештвото. Конзервативизмот никогаш не тврди дека само тој го знае вистинското во економскиот и политичкиот жи вот. Тој е врзан за стварноста.

А стварноста денес нема врска со новиот човек. Конзервативизмот бара политиката да има работа токму со

таквиот реалниот човек. И во Европа се вртат работите. Удо ди Фабио, судија во со-

јуз ниот уставен суд на Германија го врати конзервативизмот во Гер ма нија со својата книга „Култура на слободата“ (2005)47 која не-кои дури ја нарекоа и Манифест на конзерватиците. Во овој „апо -

Конзервативизмот и социјалдемократијата (iii)

47 Udo di Fabio, Kultur der Freiheit, München 2005. Критиката на Ди Фабио потсетува на анализите на граѓанскиот начин на живот што ги направи Панајоти Кондилис. Види Panajotis Kondylis, Der Niedergang der bürgerlichen Denk- und Lebensformen. Die liberale Moderne und die massendemokratische Postmoderne, Weinheim 1991.

97

логетски елаборат на еден анти-просветител“, како што ја на ре ку-ваат други, Ди Фабио го критикува владејачкиот концепт за сло-бо да во западниот свет, кој се базира на левичарска идеологија и го обвинува. Тој концепт, според него, се претвори во општество на за бава, на самоостварување, на робување на принципот желба, тој ја от фр ли религиозноста, го занемари семејството како социо-мо ра лен фун да мент на општеството, ја изгони „храброста да се подигаат деца“. Таквиот концепт на слобода со својата програма на модернизирање, на вечно рушење на традицијата го произведе патосот на еманципација и виталност – една култура на нарцизам која всушност и не е слобода.48

Нема простор за анализа на македонските состојби, но пре лис-тај те ги весниците и неделниците што ви се под рака, претрчајте преку тие 10-тина македонски телевизиски канали и ќе видите дека Удо ди Фабио зборува и за нас. Она што се нуди е, пред сè, забава, лесно сварливо четиво, сентименталност, и сензационализам.

Накусо, прогресивизмот е заеднички на левичарот и либералот - прогресивизмот кој го отфрла традиционалното и повикува на (себично) самоостварување.

И многумина кај нас веќе ја искажуваат својата разочараност од левичарските проекти, некои тоа го изразија конкретно со фор-ми рање нови партии. Зошто? Затоа што нема усреќени луѓе во Македонија. А тие што убедливо ја ветуваа новата иднина беа фи-ни, млади и образовани, но тие не го претставуваа реалниот ма ке-донски човек, ниту пак самите го гледаа реалниот човек. Сè повеќе се разоткрива нивната невтемелена ароганција, сè повеќе се гледа дека од патосот на виталност останува само патосот.

Стварноста е десно

48 Спореди Richard Sennet, The Fall of Public Man, Knopf 1977. Сенет го претставува семејството како социјален затвор. За него семејството е место на тиранија, на секојдневни караници, постојана загриженост за неплатени сметки, секој ден да мораш со кола да ги разнесуваш децата, постојано под притисок. Сенет го гледа семејството како интимност што ја уништува смис-лата и автентичноста. Конзервативизмот на Удо ди Фабио е директно про-тив ставен на ова либерално и индивидуалистичко гледиште.

98

Разочараните нè тераат да се потсетиме на повикот на Курт Ту-холски, познатиот германски новинар и сатиричар од почетокот на минатиот век и член на Независната социјалдемократска пар-ти ја на Германија, кој постајано укажуваше на недемократските тен денции:

„Wer hat uns verraten?!49 Die Sozialdemokraten!“ (…)

49 Кој нè издаде, кој нè изневери.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (iii)

САРГАСКО МОРЕ50

ФИЈАСКОТО НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА

Социјалдемократијата важи за „килаво дете“. Нејзиниот легендарен потенцијал за мобилизација практично (повеќе) не постои.Јозеф Вајденхолцер, Назад на старт – размисли за иднината на социјалдемкратијата, мај 2011.

And now for something completely different ! ! ! А сега нешто сосема различно ! ! ! Денес одиме со монтипајтоновскиот извик и најава на нова

тема, која, всушност, не е. Зашто, појдовната точка останува иста. Саргаско море!Но, нема да зборуваме за јагулите.Денес ќе зборуваме за социјалдемократијата.Борис Џонсон, дрскиот и секогаш зајадлив ерудит на Кон зер ва-

тивната партија, и сегашен градоначaлник на Лондон, своевремено изјави за Тони Блер дека „плута без кормило во Саргаското море на идеолошкиот вакуум на Лабуристите“. Не сме земја со некоја мо репловечка традиција, па да дообјаснам. Саргаското море важи за најмирното море на светот и кошмар за едреници. Ветер може да нема со недели. Нема морски струи. Што ќе влезе во ова море не из легува од него. Затоа е преполно ѓубре од пластика (Trash Vor-tex). Го викаат и „doldrum“. Што се преведува и како потиштеност и како зловолие. Скопскиот жаргон има добар превод: „тапа“.

Ова на Борис со Саргаското море е кажано пред повеќе години, но како да не се сменило многу.

50 19 декември 2008 година.

100

Социјалдемократите се уште во тој идеолошки вакуум. Не само кај нас. Факт е дека демократската левица во Европа се наоѓа во нај-

теш ката криза последниве 50 години. Кон средината на 2008 го-ди на од 27 членки на ЕУ социјалдемократите на власт се само во Ве лика Британија, Шпанија и Португалија. И во другиве две со ци-јал демократите немаат некој силен ветер во грб.

Лабуристите во Велика Британија се мачат подолго време. Бле-ризмот е прилично избледен и сите го чекаат времето „по Блер“. Браун, како да се изморил предвреме, чекајќи ја предолго пре ми-ер ската позиција, воопшто не се снаоѓа. Лабуристите го изгубија Лон дон. И тоа од Борис Џонсон (на кој често му забележуваа дека е несериозен и неодмерен во изјавите).

А што се однесува до Гордон Браун, годинава една група пра-теници на лабуристите се собрале пред Вестминстерската палата на премиерот да му ја пеат химната на Лабуристите. Велат, за да го по тсетат на вредностите на левицата кои Блеризмот ги напушти пред 10 години.

Саргаско море.Да претрчаме по Европа и да видиме како стојат работите. Во Франција социјалистите се шлепаат на анти-Саркози

климата, но немаат ниту програма, ниту лидер.Во Австрија, Хајнц Христијан Штрахе (едно време во партијата

на Хајдер важеше за негов наследник) вели дека завршува епо ха та на политичкиот систем во кој доминираат две партии: со цијал де-мократи и демохристијани. Прилично арогантно тврди дека дури ќе се редимензионираат во една вистинска нова десница. Што зна-чи тоа, ќе видиме. Нешто слично како да се случува во Романија по из борите во ноември оваа година. Но, за ова повеќе имаат да кажат политиколозите.

Состојбата на СПД во Германија не е баш розова. Зборуваат за ревизија на т.н. агенда-политиката на Шредер, за борба против не еднаквоста и ексцесите на капитализмот. И, изгледа, толку. Колку да се види безидејноста на СПД на веб страницата на

Конзервативизмот и социјалдемократијата (iv)

101

конзервативната, демохристијанска ЦДУ може да се види дека СПД не нуди ништо ново, туку ги презема позициите на ЦДУ. Во 14 точки на програмата на СПД се наоѓаат предлози кои ЦДУ веќе ги има формулирано.

И во Израел и Лабуристите и партијата Мерец (социјал де-мо кратите) ја манифестираат кризата на социјалдемократијата. Тоа одлично се гледа во тоа што немаат свој човек за Ерусалим. Сакаат за градоначалник на Ерусалим да го подржат Нир Баркат, независен кандидат кој е десно ориентиран.

Грчките аналитичари дијагностицираат сериозна криза на социјалдемократијата.

И така натаму. И така натаму.Саргаско море.Што се случува? Тешко во три реда да се каже. Но факт е дека

ниту во Европа нема посеопфатни истражувања кои објаснуваат како социјалдемократите толку паднаа за 10 години.

Лично, се согласувам со оценката на Денис Мекшејн, пратеник на Лабуристите и нивен претставник во социјалдемократската партија на Европа, дека, во прв ред на левицата и недостигаат поими за да постават разбирлив и осмислен „канон на вредности“ за овој 21 век, за да можат да ги врзат гласачите за една демократска и левичарска партија. Според Мекшејн се работи за „длабоко фи ло-зофско прашање, а не за задача која треба да ја сработат експертски групи или добронамерни професори со набрзина напишани по ли-ти колошки книги“. Нашите „добронамерни професори“ ни толку не можат. Најмногу што можат да направат се неколку набрзина на пи шани колумни.

Дека е „Саргаско море“ работата, потврдува и „идеологот на со цијалдемократијата“ Ентони Гиденс во еден негов текст објавен во март оваа година51 во италијанскиот дневен весник „La Republi-ca“. Тој таму ќе ги измеша десницата и левицата како многу слични, ќе каже дека модернизатори и традиционалисти имало и во двете оп ции. ‘Ко приучен и комерцијализиран западноевропски будист

Саргаско море

51 2008 година.

102

кој секаде наоѓа Јин и Јанг. За на крај да признае дека кризата на идентитетот на левицата е во недостигот на инспирација, ен ту-зијазам, надеж.

Патем, во новиот милениум веќе никој не зборува за „третиот пат“ и „новата социјалдемократија “– прочуените изрази на Гиденс.

И порадикалните антикапиталисти, како, на пример, Вернер Рец, познат антиглобалистички активист во „АТТАC“ од Германија знаат: „реформистичката левица нема алтернативна претстава што да се прави“.

Сепак, за мене, врвот на застареност на социјалдемократската мисла е новото мото на социјалдемократијата „Превентивна со ци-јална држава“. Треба да произлегува од книгата на Матијас Пла-цек, Пер Штајнбрик и Франк-Валтер Штајнмајер со наслов „Крај но време е. Социјалдемократијата и напредокот во 21 век“. Глав на та порака на овие автори е не да се поправаат дефекти, туку бла го-времено да се идентификуваат идните проблеми на општеството и систематски да се пресретнат. „Vorsorgende Sozialstaat52“? Ова е лудо и ме потсетува на книгата на Филип К. Дик и истоимениот филм „Minority Report“. Научна фантастика. Таму криминалците ги апсеа пред да го направат злосторот. Затоа што можеа да пред-ви дуваат. Како на филм.

Пазете, се работи за програмско решение кои треба да важи за целата партија! Цела Европа не знае што се случува не само со со цијалдемократијата туку и со глобализацијата, а тие ќе пред ви-дуваат и предварително ќе спречуваат!

И на крај, искрено неволно, ја пренесувам најпоразителната про ценка.

Социјалдемократскиот модел на социјална држава се храни само на своите фијаска и ќе продолжи така се додека не колабира или имплодира. Ова го вели францускиот филозоф Ален Финкелкраут за социјалдемократијата во Франција (во весникот Le Figaro од 15 ноември оваа година). Внимавајте колку е црна неговата дијагноза.

52 Тука најсоодветен превод би бил „превентивна социјална држава“.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (iv)

103

Единствениот начин да се спаси националната дезинтеграција е тој модел да колабира, односно да имплодира што е можно поскоро - да се сруши од сопствената тежина на насобрани фијаска.

Мислам дека темата е исцрпена. Не знам дали има врска со потеклото, не секогаш сум го сакал повеќе ветерот на гевгелискиот крај од скопската магла.

Саргаско море

ДОЦНИШ, ДОЦНИШ И ПАК НЕ МОЖЕШ ДА ВИДИШ53

КРИЗАТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА

Една социјалдемократска влада по дефиниција не може да биде минималистичка, таа мора, напротив, во смисла на „производство на социјалното“ преку прераспределба дебело да заграби во стопанството и во приватните интереси на граѓаните. Токму во оваа точка социјалдемократијата има природна тенденција кон, во најмала рака, стопански тоталитаризам.Бернд Лесинг, Фундаментална критика на социјалдемократијата, 2009.

Две работи сè уште важат во однос на тоа што сака соци јал-де мократијата: централна улога на државата во одредувањето на еко номската политика, и второ, широко дејствување на планот на социјална држава – јавна поддршка на населението, тн. јавна прав-да. Социјалдемократијата сè уште се повикува на борба против не-правдата, на напори да се создаде поегалитарно општество, да им се гарантираат права на работниците, државата да ги штити и да им помага на тие што им треба заштита и помош итн.

Социјалдемократијата секогаш била на страна на работникот и против капитализмот кој не води сметка за работникот. Нивната де виза отсекогаш била: да се измолзе капиталистичката крава. Зна чи – ништо против капитализмот, но млеко треба да има за сите. И, значи, социјалната држава е таа која (праведно) треба да го распредели млекото.

53 29 февруари 2009 година.

106

Комунизмот е мртов затоа што државите што го спроведуваа, меѓу другото, беа катастрофа на економски план и на планот на сло бода.

Социјалдемократијата која беше парадигма до 70-те години од минатиот век му призна пораз на неолиберализмот (и покрај оби-ди те за „трет пат“). И го прифати - и ги изневери своите идеали.

Десет години подоцна, на почетокот на 90-те години од ми на-тиот век (со десет години доцнење), по распадот на Југославија, на шите нови социјалдемократи (бивши комунисти) го прават истото свртување, но воведувајќи една посткомунистичка и бал-канска ва ријанта на манчестерски (читај побезобѕирен) капита-лизам.

Се прифати капитализмот, заедно со либерализмот, како по-бед ник, но тој беше баш марксистички-ленинистички сфатен - екс плоататорски и безмилосен и како таков се прифати (марк сиз-мот учеше дека само таков постои).

Новите капиталисти и политичари (кои директно произлегоа од номенклатурата на Сојузот на комунистите на Македонија - СКМ) новото време го толкува едноставно: Сега е капитализам. И веднаш се роди иронијата на новиот поредок: „Работници? Што беше тоа?“

Всушност, 1991 година сите комунисти и членови на разни со ју зи во Македонија како да се пробудија од лош сон. Педесет години се убедуваа себеси и другите дека сонуваат за историска улога на работничката класа (и го продаваа тој сон како наука и задолжителeн предмет во училиштата) и одеднаш доаѓа еден гос-по дин, Френсис Фукујама, им врзува два три шамара и ги освестува со „крајот на историјата“.

И како ништо да не се случило екскомуниститите кај нас тераат по натаму. Зошто? Затоа што ни тогаш не биле убедени во “научниот социјализам” и моќта на пролетерите да го сменат светот. Она во што сигурно верувале биле привилегиите што ги носи политиката и тоа да си на власт. Си бил лицемер и си продолжил да бидеш ли-це мер.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (v)

107

Скратено кажано: “номенклатура капитализмот” во Македо-ни ја значеше: приватизацијата ја правеа директори и партиски функ ционери или нивните роднини и пријатели.

И се најдоа среде она што се вика криминално-политички нек-сус. Криминал, корупција, шверц и политика. Тоа е милје во кое тие се најдоа, не тврдам дека тие го креираа или дека биле главните кре атори.

И притоа останаа на убеденоста дека новата држава е управлива како и во претходниот систем (на планот на манипулација и по ли-тичка контрола) истовремено прифаќајќи ја „регулативната моќ“ на слободниот пазар. Позицијата дека може да се контролира др-жа вата и да се манипулира со слободниот пазар, гледајќи го, пр-вен ствено, сопствениот ќар се покажа како погубна (сите го знаеме искуството увоз на домати од Турција на штета на нашите со мотото – “нека научат што е конкуренција и слободен пазар, а јас ќе лапнам и некоја провизија”).

Пазар или држава. Повеќе пазар, помалку држава. Не го ни до-преа тоа прашање со загриженост и сериозност. Лекцијата доаѓа доцна (не само за нас, туку за целата социјалдемократија во Ев ро-па): не ниту едното ниту другото, туку човекот е центарот. Како што вели Денис Мекшејн (лабурист). И кај нас се заборави на чо ве кот.

Како и за многу други работи, како, на пример, здравството и образованието, социјалдемократите или екскомунистите немаа кон цепти, немаа рамки за креирање на политики.

Либерализам, управување (governance), капитализам, гра ѓан-ско општество, структурно приспособување, рамка на сеопфатен развој, - останаа неиздебатирани и, вон употреба во политичкиот јазик воопшто во Македонија. Прогресивен консензус (на бри тан -ските лабуристи), new labour, ново пазарно стопанство, парти ци-пација на работниците во претпријатијата, не се наметнаа во ја зи-кот на социјалдемократијата во Македонија.

На планот на вредности дозволија една крајно либертерска позиција да биде „доказ за демократичност“. Од „сè може и сè е дозволено“ се изроди некултура и распојасаност на секој чекор.

Доцниш, доцниш и пак не можеш да видиш

108

Како наследници на комунистичкиот космополитизам сметаа дека концептот на нација е надживеан. Особено со глобализацијата. Направија погрешна проценка, впрочем како и многу светски левоориентирани теоретичари. Не ја најдоа границата меѓу политиката на национален идентитет и национализмот (сфатен тука како лош збор). Не го разбраа „хоризонтот на очекувања“ на македонскиот народ и најлегитимната потреба на една „задоцнета нација“ за „археологизацијата на минатото“. Ниту актуелноста на ба рањето дадено своевремено од Ото фон Бизмарк дека „секоја власт мора да влијае врз фантазијата на нацијата“.

После други десет години (крајот на 90 години) социјал де мо-кратите кај нас не се преиспитаа во врска со неолиберализмот, и, да речеме, да му го противстават Поствашингтонскиот консензус на Вашингтонскиот консензус.

И по уште десет години (крајот на 2008 година) тие не ја разбраа потребата да постават нови политички и економски концепти или рамки и покрај финансиската криза која просто ги моли да понудат решенија за излез.

Социјалдемократите во Европа доцнат десет години по бара-њето за напуштање на Вашингтонскиот консензус (поставено од Стиг лиц 1998 година). Дури со кризата се зачестија дебатите во кои го преиспитуваат капитализмот и се преиспитуваат себеси како пар ти ја и политичка опција. Нашите социјалдемократи, треба да им се при клучат веднаш (за да не доцнат по четврти пат).

Конзервативизмот има појасна позиција спрема неолибе ра лиз-мот и капитализмот на алчните. Едноставно, во принцип е про тив.

Има три големи работи што се случуваат во 21 век кои ги видоа конзервативците, а социјалдемократите не успеаја да ги видат.

Прво, нацијата, чувството на припадност, културен идентитет остануваат да бидат многу важни.

Второ, новите сили што го менуваат светот се информациски и комуникациски технологии.

И трето, го имаме враќањето на религијата како мобилизирачки фактор во глобалните политички односи.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (v)

109

Спојот на овие три силни белези на новиот милениум не го видоа ниту социјалдемократите во Европа, ниту социјалдемократите кај нас.

Конзервативиците го видоа овој спој затоа што имаа идео лош-ки наочари да ги видат.

Решенијата на светската криза ќе бидат конзервативни.

Доцниш, доцниш и пак не можеш да видиш

ТЕРАПЕВТИКА54

ЗА ЖРТВИТЕ НА КОМУНИЗМОТ

Господине Горбачов, срушете го овој ѕид!Роналд Реган, Говор на Бранденбуршката капија, 1987.

Ќе ги осудиме ли злата на комунизмот или не? Koj ќе го направи тоа? Државата или партијата на власт, или тоа ќе биде резултат на историска расправа? Како ќе го направиме тоа? Арбитрарно, при што персонални конструкти ќе се наметнат како универзални... Или тоа ќе биде објективна историска оценка дадена од доволна дис танца? Промислено, ладно, „афективно неутрално“ или со емо-ции и лажни сеќавања?

Од сето ова ќе има понешто. Досега никој не успеал да го раз граничи наративното и „објективното“ (или фактичкото) во историјата и не се очекува токму сега и токму кај нас да се направи. Колку што астрономијата може да биде прецизна за движењата на телата во иднината, толку историјата знае да биде непрецизна за настаните во минатото.

Минато е сè она што се случило. Но, историја е општествено обликувано знаење кое е определено, од нешто што се вика основно расположение (Grundstimmung), од околности, од односи на моќ, од идеологиите на историчарите и политичарите. Затоа, историјата е простор отворен за спорови, простор во кој учествуваат секогаш по веќе од еден потенцијален создавач на историјата (и на академски план и во политиката и поширокото општество).

Моќта е пресудна ако се постави прашањето „кој“ ја прави ис-то ријата.

54 8 декември 2006 година.

112

Затоа е важно да се постави прашањето за релацијата меѓу по-литичката моќ и историското знаење денес во Македонија...

И таа релација денес се менува во Македонија. Притоа, моќта на новата власт се врзува за друга идеологија противставена на иде о логијата на бившиот режим

Во светлината на ова промена на односите на моќ, непостоењето на конзервативна традиција во Македонија, (како прифатен поли-тич ко историски факт, не како нешто што неколкумина го знаат), се чувствува и како празнина во македонската историја и како ле-ги ти мациски проблем. Не само на власта (ВМРО-ДПМНЕ), туку и на државата.

И таа празнина во македонската историја ќе мора да се надо-полни. Ќе се открие ли, ќе се извади на виделина, ќе се реконструира, ќе се измисли ли, ќе се конструира. Кој како сака - во зависност од тоа дали е наративист или објективист. Но таа ќе се направи, вака или онака и во тоа нема ништо спорно.

Треба само да се следат дискусиите во списанието за ком па ра-тивна и глобална историја, односно за критичка филозофија на ис-то ријата „History and Theory“55 за да се види дека секаде во светот постојат исти процеси на потрага по колективната меморија (од Израел и Јужноафриканска Република, до Јапонија и Индија).

Осудата на злата на комунизмот ќе се направи во рамките на овој легитимациски проблем.

Центарот на политичката моќ сега е во ситуација и можност да и дава работа на историската наука. Инаку, воопшто поретко е обратното - историската наука да и дава работа на политиката. Во таков случај историјата - или историчарите или универзитетот - е центар на моќ. Но тоа ретко се случува.

Од водечката партија на власт, тоа „давање работа“ дури се препознава како историска обврска и како дел од политичка праг матика. Ако не го направат тоа, не само што остануваме без исто риски континуитет на една мисла која директно се врзува со

55 Меѓународно списание што го издава Универзитетот Веслиан (Wesleyan University) во Мидлтаун, Конетикат, САД.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (vi)

113

ис торијата на потрагата на националниот идентитет на Маке до-нија, туку пак се ставаме во ситуација некој друг во наше име да го направи тоа и ние само да потврдиме дека е така (зашто ако кажеме поинаку нема да влеземе во ЕУ). Односно се ставаме во познатата ситација некој да ни го земе она што ни припаѓа.

Како ќе се направи тоа? Составен дел од западната политичка култура е да го осудува

минато, подеднакво како што го романтизира. Тоа е дел од по ли-тич ката легитимација на сегашното.

Во тоа осудување секогаш има и апстрактно и редуцирачко мис-лење. Политичката реторика е неизбежно упростувачка, таа бара да се определиш за или против. Нема простор за хегеловски кон-кретно разбирање на минатото, на она што го правеле поединците во тоа минато и на целиот историско-политички контекст во кој се наоѓале. Да разбереш што се случило е да ја разбереш стварноста на минатото. А тоа може само со историјата и другите општествени науки сфатени како државна наука. Умот кој ја разбира стварноста денес е во научните дисциплини кои фукоовски се во врска со државата.

И тука стапува на сцена историската расправа. Како „Histor-ikerstreit“ во осумдесетите години во Германија – каде во голема и интензивна дебата на социолози, историчари и филозофи се по-стави прашањето што, всушност се случувало со Германија во вре-мето на Хитлер... Дали ваква расправа веќе тивко се одвива во Ма-ке донија или допрва следи не знам, но треба да ја има.

За оние за кои ваквото големо идеолошко пресвртување е неприфатливо само неколку збора. Осудата не може да ја уништи идејата на комунизмот, ниту пак носталгијата или чувствата дека порано поубаво се живеело. Една анкета објавена во германскиот неделник Шпигел – минатата година, значи годината кога Меркел доаѓа на власт – покажува дека огромен број Германци сметаат дека со цијализмот како идеја бил добар, но дека е таа лошо спроведена – 56 проценти во Западна Германија и 66 проценти во Источна Гер манија. За 50 проценти во Западна Германија и 73 проценти во

Терапевтика

114

Ис точна Германија критиката на Карл Маркс на капитализмот „и денес има смисла“. Интересно, во исто време, 20 проценти од ис-точните Германци сметаат дека економските проблеми ќе им го решат конзервативците (односно, Унијата на Ангела Меркел), за раз лика од 12 проценти кои сметаат дека тоа може да го направат со цијалдемократите!

Но, настрана ова. Важно е прашањето на моќта и релацијата меѓу моќта и знаењето - историското.

И тоа на планот на политичката моќ однатре и на таа однадвор (на ЕУ). И политички прагматичната власт може да го постави пра шањето за осудата на комунизмот како прашање дали сме за Европа или не.

Да се осуди комунизмот, да се зборува за жртвите на ко му низ-мот? Тоа ќе се направи.

И да не се залажуваме со „историјата на историчарите, по-ли ти ката на политичарите“. Политиката е подлогата на тоа „да се каже вистината“ или „да не се каже вистината“.

Политички партии ги легитимираат своите политики и прак-тики и со „кажување на вистината“ за минатото. Притоа, политиката може да ја однесе историјата далеку од „обичните факти“. По ли ти-ката, односно политичарите можат да го преобликуваат, дури и да го измислат минатото. И во тоа нема ништо ново, ниту скан да-лозно.

А што се правело и во годините на комунизмот и пред тоа? Тоа истотото. Во Источна Германија историските музеи беа поделени на два дела - историја и предисторија. Нормално, за „научниот со-цијализам“ историјата почнуваше 1918 година, сето пред тоа беше предисторија!

Всушност, се работи за вообичаена политика на знаење на секое (ново) учење, нова идеологија. Политика на знаење која има три стратегиски компоненти: легитимација, нихилација и тера пев-тика. Мора да кажеш кој си и што си – да се легитимираш; мораш да го напаѓаш противникот – да нихилираш; и терапевтика – да збо руваш за жртвите на учењето или идеологијата.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (vi)

115

Интересно, СДСМ немаше терапевтика изминативе 15 години. Тера певтика имаа комунистите во претходниот режим (Тито ра-нет, Моша Пијаде во затвор). СДСМ не можеше да ја преземе ис-та та терапевтика, ниту да понуди нова. И сега не одобруваат кога не кој – односно ВМРО-ДПМНЕ - сака да има целосна политика на зна ење, со сите три компоненти.

Генерално, политиката која ја кажува вистината (или, поинак-вата вистина) за минатото е видена храна на политичките менија речиси секаде во светот. Конечно се нуди и кај нас. Проблемот е само во стомаците кои не можат да ја сварат таа храна и затоа ги обвинуваат куварите дека се невешти.

Терапевтика

КОРМИЛО, КАРТА И КОМПАС56

(2006, 2008, 2009, 2011... and counting)

Поважно им е да имаат анти-став отколку конструктивна позиција..Паул Нолте, [за социјалдемократите] во интервју за „Везер Репорт“, 2005.

Во 2006 години пишував за социјалдемократијата во Ма ке-донија. Еве дел од една моја колумна: Програмата што ја нуди таа партија не е сериозна, туку е орнамент... Проблемот е во тоа што так вата партија мисли дека сите други, и противничките партии и граѓаните, мислат исто. - „Кој чита програми денес! Дај му на на родот две-три силни ветувања и неколку предизборни бонус-па рички и си свршил работа“. Овој резон има мирис на горчливи ба деми.

Во 2008 повторно пишував за социјалдемократијата во Ев ро-па: Борис Џонсон, дрскиот и секогаш зајдлив ерудит на Конзер ва-тивната партија, и сегашен градоначелник на Лондон, своевремено изјави за Тони Блер дека „плута без кормило во Саргаското море на идеолошкиот вакуум на Лабуристите“.

Ова на Борис со Саргаското море е кажано пред повеќе години, но како да не се сменило многу. Социјалдемократите се уште во тој идеолошки вакуум. Не само кај нас и во Велика Британија. Факт е дека демократската левица во Европа се наоѓа во најтешката криза по следниве 50 години.

За три години речиси ништо не се сменило со социјал де мо-кратијата на ниво на Европа. За Македонија нема потреба да се

56 2 јуни 2011 година.

118

тро шат зборови. Нема никаков исчекор. Доволно е да видиме кои се најистурените играчи на СДСМ последниве години.

Се движи ли социјалдемократијата денес? Излезена ли е од Саргаското море?

Дека социјадемократија е без кормило и денес се констатира. Без кормило, без цел – тоа е социјалдемократијата и денес.Пред година и пол (крајот на 2009) Илка-Христијан Бјорк лунд

- фин ски политичар, поранешен пратеник и член на Социјалде мо-крат скатга партија на Финска - како реферат на Форумот за кул-ту ра на Минхенската социјалдемократија пишува текст со нас лов „Социјалдемократијата денес - без карта и компас“ и го дава од-говорот: социјалдемократијата во Финска и Скандинавија во Гер-манија и Европа е силно раздвижена, меѓутоа ги изгубила и кар-тата и компасот.

Според Бјорклунд социјалдемократијата нема ниту цел, ниту идеолошка насока ниту теорија која соодветствува на денешните реалитети.

Социјалдемократијата никако да излезе од идеолошкиот ва-куум.

И не е главниот проблем во лошите намери на политичкиот непријател (конзервативците), вели Бјорклунд, туку во сопствената неспособност да се најдат идеи кои одговараат на променетите односи во современото општество. Политичките стратегии на социјалдемократијата се конфузни, констатира Бјорклунд.

Таа конфузност лесно се гледа во програмата на СДСМ. Социјалдемократите, не само во Финска, ги губат гласачите од

конзервативците, од зелените, од популистичките десни партии. Дури има и призвук на љубомора, кога Бјорклунд ќе каже дека

главниот противник на социјалдемократите - конзервативците - се денес модерна партија на работници и претприемачи, убедливи застапници на пазарното стопанство, оптимисти со самодоверба.

И на крај Бјорклунд го поставува можеби главното прашање: Дали нашите социјалдемократски политичари имаат карактер. Дали се луѓе со добродетели, дали се умни и дали сакаат да прават

Конзервативизмот и социјалдемократијата (vii)

119

добро. Дали граѓаните ги чувствуваат како такви – ова се прашања кои социјалдемократите си ги поставуваат сами себеси во Европа. Заклучокот е дека европските социјалдемократи денес бараат мо-рална надградба на европската социјалдемократија.

Во месец мај оваа година (2011) се појави една студија на Pol-icy Network, think-tank со седиште во Лондон, што се занимава со теми што се однесуваат на социјалдемократијата. Студијата има нас лов „Приоритети за една нова политичка економија“. Накусо, студијата покажува дека граѓаните во Европа имаат проблем со социјалдемократијата. Така, повеќето мислат дека високите да-ноци нема да донесат подобрување. И повеќето немаат доверба во способноста на државата да ги коригира нееднаквостите што ги предизвикува пазарот. А ова се два главни столба на со цијал-демократските политики.

Прашањето на кои се бара одговор е: како може европската со-цијалдемократија да се ослободи од сегашната слабост. Сите учес-ници во оваа студија прифаќаат дека социјалдемократските партии ќе мора да покажат дека има многу поголем капацитет одново да се пронајдат за да ја одржат политичката релевантност. И дека мора да понудат убедливи одговори на најгорливите прашање денес (Олаф Краме - директор на Policy Network).

Само уште два заклучока од авторите на оваа студија. Прво, социјалдемократите ги губат изборите затоа што јавноста нема доверба во нив. И второ, јавноста смета дека социјалдемократите немаат јасна идеја што ќе прават со власта кога ќе ја освојат.

Оваа студија покажува дека европските социјалдемократи ја пропуштија шансата да се наметнат како решение за светската кри-за, но и дека сериозно се обидуваат да ги одредат насоките и при о-ри тетите на една нова (социјалдемократска) политичка еко но мија. При тоа се укажува дека не се работи „само за тоа да се освои власта туку и да се одговори на очекувањата и да се из гра ди доверба во практикувањето на демократски и одговорни по литики“.

Македонската социјалдемократија сака да се врати на власт, но прашање е како ќе ги исполни очекувањата и како ќе ги од-

Кормило, карта и компас

120

реди приоритетите на своите политики. Би било фантастично кога европската социјалдемократија токму од македонската со-ци јалдемократија би ги нашла одговорите за многу отворени прашања. Но тоа нема да се случи (ако ја видиме барем програмата на СДСМ). Нашата социјалдемократија ќе мора да чека на картата и компасот на европската социјалдемократија.

Рејтинзите на партиите покажуваат дека луѓето повеќе веруваат на социјалдемократската идеја отколку на лидерите на СДСМ. Но, желбите и надежите и приврзаноста кон социјалдемократијата не се доволни. Потребно е македонската социјалдемократијата да се редифинира себеси пред предизвиците на новото време, да им го врати карактерот и доблесноста на своите лидери и да ја поврати довербата кај граѓаните. За тоа ќе треба повеќе време.

Додека ова не се случи социјалдемократијата најмногу што мо-же да направи е да се врзе за една политика на протест. А тоа не влева многу доверба дека ќе можат да смислат и реализираат се-риозни политички и економски решенија и да ја водат Македонија во подобра иднина.

Конзервативизмот и социјалдемократијата (vii)

ЕКОНОМИЈА

„ЧИЈА СИ“57

ПАЗАР, ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ И ДРЖАВА

Држава која ги одржува правото и поредокот, која ги дефинирала сопственичките права, која служи како посредник преку кој може да се менуваат сопственичките права и другите правила на економскиот натпревар, која арбитрира во расправите околу интерпретацијата на правилата, која го спроведува исполнувањето на договорите, го поттикнува натпреварот, дава монетарна рамка, која е активна во спречување на техничките монополи, во надминување на ефектите на соседството кои се сметаат за доволно важни за оправдување на државна интервенција, која го надополнува приватното доброчинителство и им помага на семејствата во нивните напори да ги заштитат оние што не можат да се грижат за себе, било душевно болни, било деца – таквата држава би имала да исполнува јасна и важна функција. Милтон Фридман, Капитализам и слобода, 1962.

Во 1991 година му се вративме на слободниот пазар и ја вра-тив ме приватната сопственост во Република Македонија.

А што стана со државата? Пазарот е тој што ги развива компетитивноста и прет прием-

ниш тво то ги поставува критериумите на стручност и успеш ност, вредности кои се сè уште проблематични и неразвиени во Ма-ке донија. Конзервативните партии по дефиниција го пот тик ну-

57 21 април 2006 година.

124

ваат натпреварувачкиот дух. Тие го поздравија она што се пос-та ви како барање пред 20-тина години - мала и вита држава, а не бавна, тромава и гломазна држава која не може да се справи со пре диз виците на современите комплексни и динамични опште-ства. Силна држава значи токму тоа – мала и вита, не голема др-жа ва. Идеалот на таквата држава е силата и флексибилноста на една атлетичарка петобојка, а не на сумо борач или боди-бил дер. Не е најпрецизно формулирано кога ќе се каже дека во Маке до-ни ја овие петнаесет години се зајакнуваше државата. Таа повеќе се билдаше. Ако сте виделе билдер како трча тогаш знаете на што мислам. Отприлика така трча македонската држава овие 15 го ди ни. Македонските државни институции сите овие години беа опто ва -рени со бескорисни мускулни маси и, што е сепак тажно, мислеа дека можат да импресионираат. Знам, многумина ќе кажат дека по-грешна е споредбава, дека место билдање и мускули треба да сто јат дебелеење и сало. Но, тоа е веќе непристојно и навистина не мис-лам дека никој што бил на власт или во јавната админстрација во Македонија не се обидел да направи нешто добро или не се пома чил.

Конзервативните партии се потпираат на активниот поединец кој се здружува, а не на авторитарна држава која мисли дека ја има об врската да контролира и кој го има стравот на родител дека без него децата ќе отидат на погрешен пат. Државата која смета дека е по викана секаде да се плетка и секаде да ги исправа работите е неуспешна и не прави добро. Роналд Реган можеби најсочно ја има откачено таквата држава. На реторички поставеното прашање кој се деветте најстрашни зборови во англискиот јазик тој одговара: I’m from the government and I am here to help (јас сум од владата и тука сум да помогнам).

Од кризата на неуправливост од 70-те години на минатиот век државата тутор не е идеал на конзервативните партии.

Погрешно е да се претпостави дека ова значи пазарот е сè и дека тој ги поседува сите механизми на самоконтрола и праведна распределба на добрата. Тој пазар не смее да биде варварски и безобѕирен. Ова значи дека за конзервативните партии државата

Економија (i)

125

не е апсолвирана. Релевантни државни институции и граѓаните во разни форми на содружништво мора да го надгледуваат пазарот и да му ја даваат рамката. Оној што сака чист пазар без држава, ко мотно може да си го постави прашањето зошто тогаш воопшто жи вееме во држава Република Македонија и се горедееме со при-падноста. Таа држава може да се самоукине и сите да бидеме фр-ле ни и проголтани од глобалниот пазар. Само во афект и со силно чув ство на немоќ во оваа несреќна транзиција може некој да из-вика вакво нешто. Конзервативизмот кој се темели на традиција и припадност, најмногу се вознемирува кога ќе го види очајот на по единецот. Поединецот мора да има подлога во традицијата, во на ционалната и групната припадност. Конзервативизмот е од онаа страна на невтемелниот цинизам кој вели „јас си припаѓам само себеси“ и од онаа страна на „наивниот романтичен космполитизам“ кој вели јас му припаѓам на целиот свет.

И покрај сите трендови на глобализирање на пазарот, пазарите во голема мерка се национални и се третираат како национални. Впро чем, најголемиот дел на истражувања на пазарите што ги пра ват меѓународни финансиски и трговски институции се одне-суваат на држави. Во нивните извештаи за пазарна успешност се рангираат држави.

Дури и прашања што инаку се сметаат за суштествени за на-цијата и го тангираат и културниот идентитет треба да се раз гле-дуваат во оваа светлина. Развијте го пазарот и ќе го изградите и идентитетот. Која Кореја има идентитет Јужна или Северна? Јужна Кореја ја знам како земја која најмногу вложува во образование. Корејците се меѓу првите во светот по корисници на компјутери и интернет. Северна Кореја ја знам по еден морничав податок. Тоа е убедливо најбезбедната земја од терористички напади во светот. Кој е таа будала што среде пустина ќе дига прашина?

Зошто се зборува за тоа да се продаде сликата за Македонија, да се рекламира Македонија на CNN, да се изгради „брендот“ Ма-ке донија? За да се смени перцепцијата на Европјаните за нас? Тоа е не доволно дури и илузорно. Севернокорејците барем за тоа можат

„Чија си“

126

да најдат пари. Добро, најверојатно никој нема да им даде рекламен простор, меѓутоа, и да се појават на CNN, ќе смени ли тоа нешто. Сликата за Македонија се нуди за да се излезе на светски пазар за да се заработи на туризам (и тоа многу!) и да се зголеми извозот, на пример, на земјоделски производи.

Конзервативизмот смета дека една политичка заедница се темели на приватната сопственост. Историјата на концепцијата на владеење на правото покажува дека таа почнува да функционира во развиените земји дури откако ќе се расчистат имотните односи, кога се знае чие е чие (како на пример, во Велика Британија). Во врс ка со Македонија ова значи дека приватизацијата и де на цио на-ли зацијата мора да се заокружат, и системот на евиденција на имот (ка тастар) мора да ја покрие целата земја.

Понатаму, мора да се развие законска регулатива и политичка кул тура која ќе ја чува сопственоста. Во врска со Македонија: ова значи дека сопственоста носи обврски кои мора да се исполнуваат (најчест пример: сопственик на неколку хектари шума не може да ја запали или исече шумата затоа што е негова!). Вајмарскиот устав е неодминлива референца: Еigentum verpflichtet (сопственоста об-вр зува!).

Во Македонија е многу важно да се заштити сопственоста на имотот (тоа значи да се доизгради катастарскиот систем како и системот на хипотеки) и приватниот имот да се вклучи во ле гал ниот пазар (значи она што не е евидентирано од државата да се легализира; и најмалата сопственост да се евидентира односно, да се направи „капитализација на сиромаштијата“ – според пре по ра ките на еко-но мистот Хернандо де Сото).58 Легалниот имот лесно се вклучува на легален пазар и полесно излегува на меѓународниот пазар.

Конзервативизмот не е идеологија на сопствениците кои ги екс плоатираат останатите. Конзервативизмот се темели и на вред-

58 Хернандо де Сото (Hernando de Soto) – перуански економист која ја ис-тражува сивата економија и се залага за институционализирање на соп стве-носта како основа за развој на слабите економии на земјите во развој. Ле гали-зи рањето на дивоградбите во Македонија треба да се гледа и од овој аспект.

Економија (i)

127

ностите кои значат свртеност кон зеаедницата, а не безобѕирен его изам на капиталот. Кога би било поинаку вредноста семејство не би постоела во конзервативизмот. Оттаму, конзервативизмот се за лага и за праведност и за соработка. Современите концепции на општествено-политичка управувачка зборуваат за копродукција (co-production), колаборација (co-laboration), колибрација (co-libration)59. На планот на претпријатие тоа значи дека може да се зборува и за праведни плати и за со-сопствеништво на ра бот-ниците.

Оттаму, прашањето на сопственост не може да се сведе само на решавање на односот меѓу приватната и државната сопственост. Зашто, постојат многу други легитимни форми на сопственост. Задружништво, акционерство итн. за кои можат да се посочат многу примери: познати фирми од Швајцарија кои се задружнички, и САД за кои неки дури велат дека е најсоцијалистичката земја на светот токму поради развиеното акционерство и големиот број акционери. Но, битно е да се знае сопственоста.60

Сопственост која обврзува и односи на пазарот кои не екс пло-а тираат – тоа се целите.

59 Професорот Ендру Дансаер колибрацијата ја дефинира како интер-венција на државата во која се користи социјалната енергија која е создадена од тензијата меѓу две или повеќе социјални групации кои се блокирани во меѓусебно противставување за да се сменат условите на нивно дејствување без да се уништи тензијата. Таа интервенција може да биде информирање, до-несување закон, давање пари или ангажирање на јавниот сектор во директна акција.

60 Хернандо де Сото дава пример за тоа како изгледа да не се знае соп-ственоста. Прашуваат неколку тн. неформални земјоделци (кои работат на туѓа земја) во Перу: „дали се сметате себе за член на приватниот сектор“ „не“, повеќето од нив одговараат. „Дали тогаш се сметате за член на јавниот сек-тор“, прашуваме. „Не“, велат, „јавниот сектор е владата, државата“. Тогаш го поставуваме прашањето, „на кој мислите му припаѓа приватниот сектор“ „Los de arriba“, на тие горе, велат (Интервју на Дарио Фернандез-Морера со Хернандо де Сото во Reason.com, 22 февруари 2006).

„Чија си“

КОЈ ЗНАЕ, ИМА61

КООРДИНИРАН КАПИТАЛИЗАМ

Големата цел на националната економија на една земја е да ги зголеми богатството и моќта на земјата.Адам Смит, Богатството на народите, 1776.

 Политиките на владата покажуваат дека Македонија се дви-

жи повеќе кон еден координиран капитализам и напуштање на манчестерскиот капитализам (на саможиви капиталисти, екс пло-а тација, и никаков јавен интерес). Веќе е јасно, непромислен, laissez faire капитализам во Македонија е лоша работа.

Се чини дека неолибералните аргументи против ваквата еко-номска политика на владата тука не можат многу да убедат. Твр-дењето дека „тенденција на сите капиталистички економии е да се движат кон повеќе либерализација, а не кон повеќе ко ор ди нација“ (Хауел), во Македонија значи зелено светло токму за ман чес-терскиот капитализам.

Има повеќе контрааргументи на тезата дека капитализмот значи само либерализација.

Земји како Македонија (неразвиени и земји во развој) на иду-ваат на трговски бариери од високоразвиените земји поради кои на светскиот пазар губат двојно повеќе пари од оние што ги до-биваат како помош (за развој). За да се надмине оваа ситуација или да се смени (од извоз со кој ги прескокнуваме тие бариери за да добиваме повеќе пари отколку што добиваме како помош), по требна е национална стратегија, потребни се многу повеќе проекти координирани од државата и поддршка и соработка на

61 14 декември 2007 година.

130

бизнисот секторот. Мора да се каже дека, сепак, координираниот капитализам не значи целосно укинување на либерализацијата.

Се разбира, ефектите на таков еден координиран капитализам стојат во голема зависност од политичката ситуација во Маке до-нија, од оценките за политичката стабилност во регионот, приемот во НАТО и донекаде спорот со Грција.

Зошто е координираниот капитализам подобар за Македонија?Затоа што, од една страна, ако акцентот се стави на економски

развој, зголемување на директните инвестиции, зголемување на из возот, тогаш ќе се очекува дека земја како што е Македонија - со ниски плати, ниски даноци, слаба социјална држава - повеќе ќе учествува во светскиот пазар единствено доколку уште повеќе го дерегулира својот пазар во насока на laissez faire. И, затоа што, од друга страна, таквата дерегулација кај нас може повторно да нè врати кон манчестерската варијанта на капитализам во која ќе нема стратегија и политики за развој на економијата на Ре пуб лика Македонија, ниту заложби за подобрување на животот на гра-ѓаните.

Се смета дека координираните економии можат полесно да спра ват со предизвиците на глобалните пазари и со економскиот на ционализам на поголемите европски земји (меѓу кои Велика Бри та нија е донекаде исклучок) ако стопанството се ориентира кон спе цијализирани и висококвалитетни производи. Можеме да го на пра виме тоа во Македонија. Да ги прифатиме прво сугестиите кои пос тојано ги слушаме дека треба да продаваме квалитетно вино во шишиња, а не винско грозје. И овој исчекор да стане об-разец во секоја дејност.

За ова ќе ни треба повеќе знаење, многу повеќе вложување во истражувања и развој.

Во таа смисла, мoже да се зборува за своевидно, иако сра-меж ливо, придвижување кон една варијанта на когнитивен ка-пи тали зам во Македонија, кој се дефинира како трета фаза на ка пи та лиз мот, каде што нематеријалните процеси се поважни од материјалното производство, каде што информацијата „како

Економија (ii)

131

соп ственост“ станува клучна. Ова подразбира супстанцијално инфор ма ци ско вмрежување на стопанските и политичките актери. Пристапот кон интернет е само предуслов. Она што недостасува е ИТ-живо и активно стопанство. Сè додека информациското опш-тество се сведува на сурфање и барање интернет страници за биз-нисот и економијата, без интеракција – информацијата не е клучна. За вистинско информациско општество треба повеќе од сурфање – треба активно ИТ овозможено поврзување со други субјекти и из ле гување на глобалниот пазар.

Координираниот капитализам може да биде нападнат како економски национализам кој е неспоив со либералните економии. Но, во сегашнава ситуација Македонија нема друг избор, осо бе но во релација со ЕУ, во која самоиот Жозе Мануел Баросо, прет се-дателот на Европската комисија, предупредува на „новиот економ-скиот национализам“ во земјите членки на ЕУ.

Не може да се предвиди што сè може да донесе ваквиот „евро-капитализам“ во Македонија.

Координираниот капитализам е работа на претпазливост, зна-ење, и постојани анализи на можниот развој или на последиците на преземените политики во сложени и динамични општества.

Секоја политика на една држава носи свои ограничувања. На пример, големата невработеност во Македонија би можела да се реши со една кејнзијанска deficit-spending-политика (која е во сог-ласност со координираниот капитализам). Но, државата која тро-ши повеќе ќе мора да се чува од презадоложеност (Хрватска го има тој проблем62). Вакви „од-една-страна-вака“ и „од-друга-страна-она ка“ може да се редат до утре сабајле. Но, токму тоа е она што тре ба да се прави!

И за крај една важна забелешка. Сето она што го знаеме за координираниот капитализам мора да води сметка за спецификите на Македонија. Па, така, и покрај придвижувањето кон повеќе кооординиција, сè уште не можеме да зборуваме за вистински

62 Овој текст е објавен 2007 година. Во меѓувреме презадолженоста на по-веќе држави во светот стана главна тема на светската политика и економија.

Кој знае, има

132

координиран капитализам, со сите негови елементи. Меѓу другото, координираната економија поуспешно функционира во земји со регулиран пазар на труд и развиени синдикати. Кај нас тоа не е случај и тоа значи дополнителен предизвик за идните економски политики во Македонија, особено на планот на трудот и односите меѓу работодавците, работниците и посредниците државата и синдикатите.

Сепак, може да се каже дека координираниот капитализам во Македонија допрва ќе донесе нови управувачки концепции во по-ли тиката, посилни врски меѓу знаењето и стопанството и вмре жен карактер на економијата и општеството.

И ќе ја чува нацијата во овој свет каков што е денес.

Економија (ii)

ЧОРБАЏИИ И НОМЕНКЛАТУРА63

КАПИТАЛИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Наспроти марксистичкото учење, јас не верувам дека противречностите на капитализмот се негова слабост. Напротив, тие се извор на неговата креативност, атрактивност и динамика. Ева Илуз, Калкулација и приврзаност, 2005.

Бев замолен да нафрлам неколку редови за тоа каков е ка пи-тализмот во Македонија. Знам дека на интернет нема ништо суш-тествено да најдам, но сепак, си реков, да видам што пишувале луѓето во Македонија и од Македонија за капитализмот во Ма ке-донија. И на Google барам „капитализмот во Македонија“ и се по-јавуваат само седум сајтови, од нив шест блогови и едно интервју со еден бизнисмен во неделникот Форум од пред некоја година. Одам пак на Google, овој пат барам на англиски јазик „Capitalism in Macedonia“ и ми се појави интересен текст од Костас Лапавицас, од „University of London“, кој зборува за капитализмот во отоманска Македонија. Од академски текстови на англиски јазик во кои стои изразот „капитализмот во Македонија“ најдов само два. Не-веројатно, но вистинито, едниот е од Д. Зографски, насловен „Раз-витокот на капиталистичките елементи во Македонија“ и е од 1967 година! И има уште еден од Блаже Конески за македонската преродба од „Македонските учебници од 19 век“ од 1961 година! И двата текста се однесуваат на капитализмот од пред повеќе од сто години, на тн. чорбаџиски капитализам. А денес сме 2007 и 16

63 Овој текст е нарачан од уредниците на неделникот „Капитал“ во 2007 го дина. Големата светска финансиска криза уште не беше актуелна.

134

години живееме во капитализам или се обидуваме да живееме во капитализам. Не ми е јасно.

Џозеф Стиглиц велеше дека имавме само теорија за соција-лизам и капитализам, немавме теорија за транзиција и затоа толку мно гу се експериментираше во транзицијата.

Во Македонија, се чини, нема никаква теорија. Ниту за со-ција лизам, ниту за капитализам ниту за транзиција. Барем според она што го има на интернет. А денес, ако те нема на интернет, то-гаш навистина те нема. Одамна заврши времето на чепкање по периодика по библиотеки и чукање на врати на кабинети по фа-култетите. Ако сакам да знам кој пишува за капитализмот во Ма-кедонија треба да го најдам на интернет, а не да прашувам одејќи од врата на врата.

Знаењето е моќ. Со векови центрите на моќ биле центри на знаење. И обратно. Москва беше со децении центар на моќ во Ис точниот блок и центар на знаење. Денес нема еден или два центри на знаење. Знаењето е дисперзирано. Може да се зборува за илјадници мали центри на знаење. Но ако тие мали центри не се поврзани, не комуницираат меѓу себе, тогаш секој поголем центар на моќ може да фингира и центар на знаење. Ако знаењето не е вмрежено, тогаш незнаењето се врзува за моќта на силата и на парите и се претставува како знаење. Незнаењето на политичарот се покрива со моќта. Незнаењето на евробирократот кој зборува за Македонија, еднакво, се покрива со моќ и ни се претставува како знаење.

Можеме ли да знаеме што е капитализам без да го прашаме приучениот политичар и без лекциите за мали деца од бриселските експерти што доаѓаат во Македонија.64

На прашањето што е капитализам се сретнуваме веднаш со проблеми. Лесно е да кажеш либерализмот е еднакво на капи та ли-зам, но тоа е толку општо што всушност не ни кажува ништо. Што

64 Одговорот на ова прашање, всушност, го давам во текстот насловен „Пра шање на народноста“ објавен во „Дневник“ на 25 септември 2009 година.

Економија (iii)

135

е со „манчестерскиот капитализам“65; каков е тој „рајнски ка пи-тализам“?; што е со „социјалното пазарно стопанство“?

Каков капитализам имаме во Македонија? Денес се зборува за три идеални типови на капитализам во

Европа. Во Македонија, јасно, нема ниту еден од овие типови. Не е пазарнолиберален (како во Англија), ниту е државноориентиран (како во Франција), ниту е корпорациски капитализам (како во Гер ма нија). Се спомнува и четврт тип – т.н. источноевропски ка-пи тализам. Тука може да се бараме. Но, со спецификите на ма ке-донската ситуација.

Прво, манчестерскиот капитализам владее во Македонија последниве 15 години. Тој се гледа во прекувремената работа која не се плаќа, во сиромаштијата и големата невработеност, во работ-ниците кои не си ниту здравствено ниту пензиски осигурани, итн.

Второ, елитата на комунистички функционери (политичари од Сојузот на комунистите на Македонија и директори на го ле мите јавни претпријатија и другите што ги имаа инсајдерските ин фор-мации) имаше клучна улога во приватизацијата. Со инсајдерски ин-формации и партиските врски и другарства некогашната „но мен-кла тура“ беше таа што одлучуваше во преминот кон капитализмот – од државно кон приватно стопанство.

Трето, сето тоа се одвиваше во правна и морална сива зона и легитимитетот на тие што ќарија од транзицијата е постојано под знак на прашање.

Четврто, врските се сè уште силни меѓу сегашната политичката класа (новите партии) и елитата на комунистички функционери и директори што профитираше од приватизицијата, од кои некои денес ги нарекуваат олигарси. Приватизицијата дојде како некој

65 Манчестерски капитализам – општ израз за стопанство во кое богатите капиталисти ги експлоатираат сиромашните и бедни работници. Се однесува на капитализмот во Велика Британија до 19 век. Некои сметаат дека се работи, сепак, за искривена претстава за тогашниот либерален капитализам. И дека вината за бедата и сиромаштијата треба да се бара во политиката и протекционизмот на државата, а не во либералниот капитализам.

Чорбаџии и номенклатура

136

вид outsourcing на државните функции. Затоа во Македонија имав-ме своевиден корумпиран бирократски капитализам со ло јални оли гарси.

Всушност, кај нас од „чорбаџи капитализмот“ - со еден пре кин во траење од 40 години кога чорбаџии беа директорите во здру-ж ниот труд - се дојде до „номенклатура капитализмот“66. Притоа, „но менклатура капитализмот“ ги опфаќа и олигарсите и мафиите (урбаната и другите) и економијата во сенка (големите шверцови во времето на ембаргата).

Дури со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ 2006 година на власт може да зборуваме за посериозен обид за воведување мо дер-низирачки, развоен, или „производен“ капитализам. Повеќе до-маш ни и странски познавачи се согласуваат дека во Македонија може да се зборува за почетоци на еден реформски и координиран ка питализам. Колку овој обид ќе биде успешен зависи од еко ном-ската и политичката ситуација дома и во регионот, а тоа не може да се предвиди.67

66 Номенклатура – израз од времето на социјализмот. Ги опфаќа сите што биле на водечки позиции во партијата, државата, стопанството и опш те-ството. Со други зборови, номенклатура е елитата на партиските функ цио-нери во социјалистичките држави.

67 Од денешна позиција (2011 година) може да се каже дека со сите не-достатоци координираниот капитализам во Македонија покажа повеќе успеси отколку неуспеси, особено ако се погледне во светлината на глобалната криза која забави, запре или уназади многу национални економии.

Економија (iii)

ДОБРО ОПШТЕСТВО - А НЕ ЗА РАСИПАНИТЕ ЈАЈЦА68

НЕОЛИБЕРАЛИЗАМ, ДРЖАВА, ПОСТВАШИНГТОНСКИ КОНСЕНЗУС

Неолибералниот пазарен фундаментализам секогаш бил политичка доктрина која им служи на одредени интереси. Никогаш не била поддржана од економската теорија. Сега би требало да е јасно, дека не е поддржана ниту од историското искуство. Да се научи оваа лекција би можело да биде зракот сонце низ облакот кој се надвиснал врз глобалната економија.Џозеф Стиглиц, Крај на неолиберализмот?, 2008.

Тие на кои не им се допаѓа конзервативизмот, поимот кон-зер вативизам го употребуваат, како што ги употребуваат и збо-ро вите популизам, национализам, капитализам - без суп станца, апс трактно, без определби. Задачата, што еден човек, сепак, не може сам да ја носи, е да се покаже таа супстанца. Јас само мо жам да помогнам во исполнувањето на таа задача и толку. Секој што зад тоа бара други мотиви, нечесни мотиви, мисли зло на мерно и едноставно мисли апстрактно, како продавачката на јај ца во при-мерот на Хегел: „Старо, јајцата ти се расипани, и вели ку пу вач ката на селанката. Што, и одговора оваа, моите јајца расипани? Ти си мори расипана! Ти ќе ми кажуваш за моите јајца? Ти, мори? Татко ти вошки на улица што го изедоа, мајка ти што се влечкаше со

68 6 февруари 2009 година.

138

Французите и баба ти што умре во болница“69. Секогаш го имало тоа – кога некој ќе се обиде нештата да ги нарече со вистинско име, да налета на продавачка на јајца.

Кога некои работи се разбираат површно, без определби тогаш јазикот е упростен. Со еден термин се покриваат разни појави. Нема потреба од дистинкции, нема потреба од нијанси.

Кај нас, конзервативизмот и неолиберализмот се мешаат, се сметаат за едно те исто. А, не се.

Прво, за класичниот либерализам. Либерализмот се темели на слободата и индивидуализмот. Класичниот либерализам збо ру-ва за заедница на слободни, автономни индивидуи кои сами мо-жат да го регулираат животот и да донесуваат одлуки за соп стве-ниот живот. И тие се одговорни за тоа што им се случува. Нема виша сила. ниту некој независен метафизички принцип на кој може да се повикуваат во објаснувањето на маките на животот, неправедноста, сиромаштијата, болеста.

Човекот е суштество на слободата, а не на принудата. Суд би-ната, среќата, вредностите на смеат да му се наметнуваат на по еди-нецот. Тука либерализмот и конзервативизмот се многу блиски. Се разликуваат во следново: човекот во либерализмот е суштество кое се развива, напредува, освојува нови простори во сите аспекти на животот – и не смее да „робува на старото“.

Конзервативците, од своја страна, сметаат дека човекот не мо же а да не биде врзан за традицијата, за заедницата, за домот и сопственото. Конзервативците ги почитуваат традиционалните ог ра ничувања на семејството, заедницата и религијата. Либералите нив ги доживуваат како притисоци кои мора да се отстранат.

Прогресот е една од клучните вредности на либерализмот. Тука се разликува од конзервативизмот. Конзервативизмот е воздржан

69 Alte, ihre Eier sind faul, sagt die Einkäuferin zur Hökerfrau. Was, entgegnet diese, meine Eier faul? Sie mag mir faul sein! Sie soll mir das von meinen Einern sagen? Sie? Haben ihren Vater die Läuse an der Landstraße aufgefressen, ist nicht ihre Mutter mit den Franzosen fortgelaufen und ihre Großmutter im Spital gestorben.

Економија (iv)

139

во однос на тоа што го носи прогресот и го нема оптимизмот на ли берализмот.

Ова се, во основа, школските разлики.Што е со неолиберализмот?Неолиберализмот ја наследува вербата во прогрес, и во моќта

на пазарот. Но, ако либерализмот стои зад вредностите приватно и пазар, неолиберализмот има цел да ја спаси неефикасната и тромава држава, која не може да се снајде на пазарот и која е заробена во маѓепсаниот круг на социјална држава. Затоа, приватизацијата и маркетизацијата се однесуваат на државата и на државното (социјалното).

Неолиберализмот е идеологија на зголемување на улогата на пазарот и намалување на функциите на државата. Намалувањето на државните субвенции, намалувањето на државните мерки и интервенции, намалувањето на државната регулација – сè се тоа неолиберални цели. Порадикалното толкување вели дека неол и-берализмот тежнее да ја замени државата со пазарот.

Неолиберализмот оди заедно со глобализацијата. Голема цел на неолиберализмот е светот да стане еден голем пазар. Тој е на-со чен кон економска интеграција на светски план заснована на „слободен пазар“, во кој националните држави ја немаат контролата врз капиталот. Ова се нарекува и неолиберална парадигма на глобализацијата.

Вашингтонскиот консензус е неолиберална концепција. При-ватизација на државните претпријатија, дерегулација, либе ра ли-зација на трговијата - тоа се главните негови принципи.

Неолиберализмот се темели на претпоставката за ефикасноста на паза рот како надмоќен механизам на алокација и дистрибуција на јавните богатства (ресурси). Згора на тоа, тој смета дека пазарот е морално надмоќна форма на политичка економија.

Но, неолиберализмот изроди една примитивната форма на индивидуализ мот (егоизам кој не води сметка за јавните интереси). Негово основно барање е слобода од мешањето на државата и прифаќање на нееднаквостите што ги генерира пазарот. Слоган на неолиберализмот е: не владее државата, туку пазарот.

Добро општество - а не за расипаните јајца

140

Во една неолиберална политика, здравството, образованието, со цијалната политика се во поголема мера определени од моќта на паза рот и од поединецот како консумент (корисник на услуги), а помалку од државата (со нејзината администрација) во нејзината функција на заштитник и чувар на граѓанството. Овој став е поткрепен од увидот во неефикасноста на современата држава и неспособноста да управу ва. Општ приговор е дека државата е голем трошач, дека ги ограни чува слободите на поединците и го оневозможува напредокот. Во таа смисла, како само да се наметнува барањето да се приватизира јавниот сектор (со кој управува државата), односно тој да се маркетизира. Значи, се приватизираат или се бара да се приватизираат многу сектори кои биле во надлежност на државата. Оттаму, неолиберализмот се залага за при ватизација и маркетизација, во прв ред, на здравството и на образова нието. Ова се нарекува и приватизација на „социјалното“. Во неолиберализмот и политиката е погодена. Затоа се зборува за „маркетизација на демократијата“.

Она што, всушност, се случи е тоа дека овие неолиберални полити ки ги „повампирија“ новите политички и економски ели-ти во земјите во транзиција и ги ослободија од идеолошки и мо-рал ни обврски совмесни на социјалната држава; ги затворија про мислувањата за важноста на со цијалниот капитал и на ра-бот ничкиот труд. Од друга страна, притисо кот за економска ли-бе рализација драстично го ослаби организираниот труд и гра ѓан-ство то во земјите во транзиција (како што е Македонија).

Македонската транзиција беше неолиберална. Или, поточно, таа беше спој на неолиберализам и „номенклатура капитализам“ во економијата. За „политичко-криминалниот спој“ доволно е ка-жано од други. Земјите од Источна европа уште страдаат од тој спој. Бугарија и Романија, како членки на Европската Унија ден де-нес мачат мака со корупцијата и организираниот криминал.

Нус-појава на транзициската економска и политичка транс-фор мација беше една форма на либертаризам во јавниот живот: во медиумите се воспостави практика сè да може да се објави и да

Економија (iv)

141

се нудат секакви содржини за гледање на телевизиските програми. Како производ се појавија простаклукот, распојасаноста, комот-носта и вандализмот, деградирање на образованието и културата, не од говорност спрема сопственото. Одговорот кој често се слу-ша ше беше „сега е демократија и сè е дозволено“ (типично за ли-бер та ризмот). Транзициската „демократска“ девиза „ако не ти се до паѓа смени го каналот...“ се применуваше секаде. Тоа некои го раз браа и како „ако не ти се допаѓа државата смени си ја“. И сето ова кај некои кулминираше со девизата „смени си ги и името на државата“. Кога демократијата е вака сфатена, тогаш го добиваме син дромот на „зошто-да-не“70 општество. Сè може да помине и никој нема да се буни.

Конзервативизмот често се врзува за неолиберализмот и со laissez faire капитализмот. Но, егоизмот и (атомистичкиот) ин ди-ви дуализам кои одат заедно со неолиберализмот не се вредности за конзервативизмот кој е свртен кон заедницата, кон „доброто опш тество“.

Конзервативизмот никогаш не бил за отуѓено граѓанско оп_штество без заедничко стојалиште – за кое зборува Хегел - во кое владеат само егоизмот и лични интереси, и сè зависи од тоа дали и колку ќе продадеш или купиш.

Одреди ги односите само преку пазарот и ти си ја изгубил слободата.

Како што нагласува Маргарет Тачер: „Спротивно на она што често се тврди, ние не сме и никогаш не сме биле партија на laissez faire, што значи да ги препуштиме нештата сами на себе и скриената рака на пазарот ќе се погрижи за сè. Ние вистински веруваме дека сета одговорност на државата за добробитта на нацијата мора да се носи во хармонија со функционирањето на пазарните сили.“ Или: „ако некој вели дека проповедам laissez faire, дозволете да го кажам следново. Не сметам и никогаш не сум сметала дека сè што треба да направиме е да и дозволиме на економијата да се води

70 Warum-Nicht-Gesellschaft - според германскиот социолог Улрих Бек.

Добро општество - а не за расипаните јајца

142

самата. Верувам дека, како што секој од нас има обврска со своите потенцијали да го постигне најдоброто, така и владите имаат обврска да создадат рамка во која може да го правиме тоа. Ова се однесува не само на поединечни луѓе, туку и поединечни фирми, а особено мали фирми.“

Денес кога со финансиската криза сите велат дека неолибе ра-лизмот си заминува (како Гордон Браун) и дека треба да се напушти Ва шингтонскиот консензус (како Хенри Кисинџер), треба да се се-тиме дека Џозеф Стиглиц пред 10 години (!!!) зборуваше за Пост-ва шингтонскиот консензус.

Конзервативизмот стои зад барањата на Поствашингтонски консензус. Ќе спомнам само некои од тие барања-заклучоци на Стиглиц од пред 10 години: пазарно ориентираните рефор ми не му носат добро на целото општество; и покрај економската гло-ба лизација не треба да се очекува дека англосаксонскиот модел е уни верзално важечки; нема еднозначна релација меѓу пазарот и вон економските институции; демократијата е претпоставка на еко номскиот раст, а не е од него зависна варијабла; концепцијата за ми нимална држава е дискредитирана со приватизацијата и бес-при мерната дезинтеграција во земјите во транзиција; државата и држав ните институции стануват важни за брз и праведен раст.

Промените што ги донесе неолиберализмот не му донесоа сло-бода на човекот - заедно со конзервативниот Удо ди Фабио за клу-чува и либералниот Ричард Сенет.

Зашто, луѓето денес живеат крајно загрижени и вознемирени за својата судбина. Им недостасува, вели Сенет, ментална и емо-цио нална закотвеност. Откако се распадна стариот, социјалниот ка питализам, новите институции не креираат односи на лојалност и доверба, туку страв од безвредност. Либералот Сенет е сега тој „на паднатиот на улица од стварноста“.

И времето на конзервативизмот е токму денес. Кога го нема опти мизмот на либералниот прогресивист, кога се разобличи алч-носта и безобѕирноста на неолибералните шпекуланти и ме на-џери, доаѓа време на воздржаност и штедливост и свртеност кон

Економија (iv)

143

заедницата, време на солидарност и праведен раст. Време на добро општество.

Битно е да се мисли конкретно, ако се обидуваме да го разбереме времето во кое живееме, и ако се обидуваме да понудиме решенија.

Битно е да се знае што е што, како што е некогаш битно да се знае која е купувачката на пазарот и чии јајца се расипани.

Добро општество - а не за расипаните јајца

СЕПАК ИМА ОПШТЕСТВО71

КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ И СИРОМАШТИЈАТА

Тајната на вистинскиот напредок во борба против сиромаштијата и страдањата е во сознанието дека до него ќе се дојде во еден процес „од доле нагоре“, а не „од врвот надоле“.Стјуарт Батлер и Ана Кондратас, Бекство од стапицата на сиромаштијата, 1987.

Во еден текст во „Утрински весник“ читам дека „крајната дес-ница“ не се занимавала со сиромаштијата. Се мисли, притоа, на вла да та на Никола Груевски, која, ете, спроведувала левичарски по ли ти ки.

Две работи треба да се корегираат. Прво, политиките на Ни-кола Груевски не можат да се оценуваат како „крајна“ или „тврда“ десница.

И, второ, ако зборуваме за владејачката партија денес во Ма-ке донија подобро е да зборуваме не за „десна партија“, туку за една конзервативна партија (која, јасно, е десно во спектарот на политичките идеологии, но никако не е на крајот).

Прашањето на кое треба да се одговори е: „дали конзерва ти-визмот се справува со сиромаштијата?“ Зашто - така се тврди во текстот - справувањето со сиромаштијата било карактеристично за левицата.

Дека конзервативизмот е за богатите и не се потресува многу со сиромаштијата – тоа е сликата што ја имаат многу луѓе во Ма-ке донија. И тоа не е само плод на комунистичката иделогија про-паганда. И во Велика Британија луѓето имаат слични претстави за

71 7 ноември 2008 година.

146

Ториевците. Многумина за сиромаштијата во Британија ги обви-нуваат либерализмот од 60-те години или пазарните реформи од времето на Маргарет Тачер.

Меѓутоа, сосема е погрешно да се тврди дека конзервативизмот воопшто не го интересира прашањето на сиромаштијата.

„Вистински разбраната социјална држава може да биде инте-гра лен дел на едно конзервативно општество“ (Ирвинг Кристол)

Оттаму, погрешно е на владата на Груевски и нејзините по ли-тики да им се припишуваат левичарски или социјалистички при-давки, само затоа што сакаат да ја искоренат сиромаштијата. И дека таквите („социјалистички“ или „популистички“) политики се несовмесни со конзервитивизмот.

Историјата на британскиот конзервативизмот познава со ци-јални реформи и борба против сиромаштијата.

Од 19 век, со Бенџамин Дизраели, до ден денешен, кон зер ва-тив ците зборуваат за „конзервативизмот на една нација“, а не на две (едната богата и другата сиромашна). И денес оваа фраза е вре жана во главата на секој конзервативен политичар кој го гледа јазот меѓу богатите и сиромасите.

Ториевците се тие што ќе станат против принципите на laissez faire капитализмот. За нив е безбожен капитализмот во кој бо га-тите стануваат побогати и сиромашните посиромашни.

Дизраели, можеби најголемото име во историјата на бри тан -скиот конзервативизам, во четириесеттите години од 19 век збо ру-ва за маката на сиромашните која не може да се толерира. Тој пи-шува за условите во кои работат работниците во фабриките. И се залага за „политички права на работничката класа во индустријата како „стратегиски императив“ за да се спроведе социјалната ре-фор ма (нас нè учеа дека само Маркс и никој друг бил на страната на работничката класа).

Конзервативната влада на Мекмилан во Велика Британија со „Средниот пат“ (Middle way) го предварува четириест години „Тре-тиот пат“ на Тони Блер.

Економија (v)

147

Главната идеолошка цел што ги водеше реформските зафати на тачеризмот не беше приватизација заради приватизација. Големите државни фирми, како Бритиш Телеком или Бритиш Петрол, се приватизираа со цел милиони Британци да станат сопственици. Од времето на Тачер до лабуристите Блер и Гордон, секоја влада се фали со бројките на новите сопственици на куќи и станови во Ве лика Британија.

Данкан Смит, во зборникот „There Is Such Thing as Society“ од 2002 година укажува дека постои јасна потреба – и тоа од кон-зервативна перспектива – Ториевците да се зафатат со про бле мите на сиромаштијата.

Кирон О’Хара, од универзитетот во Саутхемптон во својата книга за „Конзервативизмот од онаа страна на Тачер“72, објавена 2005 година вели дека постои традиција на владите да се справуваат со сиромаштијата и ниту еден конзервативец не може да си доз во-ли да се пренебрегне таа традиција. И дека е „суштествено за кон-зер вативците да го отвораат проблемот на сиромаштијата“.

Погрешно е мислењето, како што вели Данкан, дека конзер-ва тивната партија е партија на индивидуализам и материјализам.

Во манифестот на британските конзервативици од 2005 година целта е уште појасно дефинирана: да им се овозможи финансиска независност на семјествата. Тоа значи гарантирани пензии, и дека ќе ги зголемат пензиите (ако победат). „Суштествена е борбата против сиромаштијата, особено против детската сиромаштија“ – се вели во Манифестот.

Дејвид Камерон, сегашниот лидер на британските кон зер ва-тив ци, нагласува дека „елиминирањето на сиромаштијата е цен-трална компонента на мисијата“ на конзервативците.

Истите заложби може да се најдат во американскиот кон-зер ва тивизам, особено кај неоконзервативците, предводени од Ирвинг Кристол, најзначајниот конзервативен мислител од САД.73

Сепак има општество

72 Kieron O’Hara, After Blair: Conservatism Beyond Thatcher, Icon Books 2005. 73 Конзервативизмот за кој зборувам се повикува многу повеќе на луѓе

како Кристол. Идеите на Франсис Фукујама или на Семјуел Хантингтон или

148

Неколку пати сум го спомнал списанието „The Public Interest“74, кое го уредуваат Даниел Бел, Ирвинг Кристол и Нејтан Глејзер, и кое големо внимание му посветува на прашањето на сиромаштијата и критиката на „Војната против сиромаштијата“ и други државни програми на САД кои не ги давале саканите резултати.

Ирвинг Кристол, вели дека луѓето од „The Public Interest“ ја познаваат сиромаштијата од прва рака – за разлика од авторите на „Војната против сиромаштијата“ кои се од горната средна класа. Ним им се блиски луѓето кои успеале да се извлечат од сиромаштијата, за нив е важен економскиот раст и зголемувањето на економските можности за сите, а не социјални програми кои, на крајот, не ги спасуваат луѓето од сиромаштијата.

И доволно е кажано. Не постои социолошко истражување во Македонија да по-

тврди, но може да се очекува дека голем дел од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се луѓе кои ја виделе сиромаштијата од прва рака и на кои големите програми и реформи на комунистичката партија не им помогнала да се извлечат од сиромаштијата. Знам такви и бизнисмени и политичари.

Конзервативизмот во Македонија ја следи традицијата на па-тер налистичкиот конзервативизам, карактеристичен за гер ман-скиот, францускиот и британскиот конзервативизам во 20 век.75

Државата останува со својата социјална функција. Работата е во тоа таа функција постојано да се преиспитува и надополнува со

ставовите на луѓе како што е Пол Волфовиц (некои аналитичари ги сместуваат меѓу неоконзерватиците) немаат речиси никакво влијание врз мојата слика за конзервативизмот.

74 “The Public Interest” е политичко списание основано во Њу Јорк 1965 година од страна на Ирвин Кристол и Даниел Бел.

75 Патерналистичкиот конзервативизам вклучува социјални политики (на една социјална држава) со кои се ублажуваат социјалните последици на па-зарното стопанство и капитализмот. За него се важни заедницата и социјалната стабилност. Либералниот или либертерскиот конзервативизам, од другата страна, акцентот го става на слободниот пазар и приватната сопственост.

Економија (v)

149

други форми на помош и поддршка. Пред сè, економскиот раст и создавањето богатство. И поголеми можности секој да стане свој човек.76

76 Спореди со концепцијата на големо општество (Big society), дадена во Манифестот на конзервативците на Велика Британија од 2010 година.

Сепак има општество

ДОМА

ДОМА ДА ТИ Е УБАВО

КОЈА ПОЛИТИЧКА ОПЦИЈА ЌЕ ПОБЕДИ?

Новите лабуристи на Тони Блер денес водат политика која не е многу далеку од конзервативната политика од времето на Тачер. Само ми недостасува стилот. Она што го прават лабуристите често не е ништо освен тесноград и беден опортунизам и тоа е срамота.Брајан Фери во интервју за германскиот неделник Шпигел, 2007.

Конзервативизмот е сè уште нешто ново во нашата земја и има многу работи што треба да се научат. Обичните луѓе, новинарите, политичарите, професорите и интелектуалците сè уште имаат кон-фузна слика за конзервативизмот. Во поголем дел таа слика е сосема поедноставена, да не речам погрешна, и се темели на де фи нициите на конзервативизмот научени во социјалистичкиот режим. Како, на пример, дека конзервативизмот е назадна идеологија на богати капиталисти што сакаат да го вратат минатото. Доволно е само да се прочитаат некои од говорите на Дејвид Камерон за да се види дека ваквата перцепција е погрешна.

Сакам само да кажам дека има многу работи што не ги знаеме за конзервативизмот и дека тоа што го знаеме е погрешно.

Ги прашувам пријателите, моите колеги и студенти. Дали знаете за ерата на Маргарет Тачер во Велика Британија? Сите знаат, но не знаат дека идејата зад приватизацијата била што повеќе Британци да станат сопственици на своите домови. И да се зголеми бројот на луѓе кои поседуваат акции во компаниите. Дека „идејата била на

154

луѓето кои никогаш не поседувал капитал да им се даде чувство на сопствеништво“ (Џефри Хау)77.

Дали знаете дека изразот „трет сектор“ е скован од кон зер ва-тивниот економист Фридрих фон Хајек, интелектуалниот гуру на тачеризмот. Во својата книга „Право, законодавство и слобода“ Хајек пишува: „исклучително е важно за едно здраво општество да сочуваме еден трет независен сектор меѓу комерцијалниот и државниот сектор“.78 Дали знаете дека поимот на отворено опш-тество му припаѓа на Карл Попер79 – еден од најистакнатите кон-зер вативни мислители во 20 век.80 Или, дали знаете дека Брајан Фери, познатата рок ѕвезда, поп икона, е тачерист.

Не знаеме многу работи и вистинскиот конзервативен пристап е кога го прифаќаме тоа како принцип на знаење.

Во Македонија идеите на конзервативизмот прилично доцна се пробија во јавноста и станаа дел од политичката реторика и идеолошката легитимација.

Спротивно на предвидувањата и очекувањата на теоретичарите на глобализацијата, нацијата, религијата и информатичката тех но-логија ќе го обележат 21 век. Добро, сите се согласуваат околу ин-фор матичката технологија. Но, религија и нација? Тоа не го пред-ви дуваа космополитиските теоретичари на глобализацијата кои блиската иднина на човештвото ја гледаа како постнационална и без граници.

Во овој свет без насока, луѓето повеќе од кога било имаат потреба од чувство на припадност, на идентитет, дека припааѓаат на некоја заедница. Нацијата и религијата во 21 век стануваат ва-жен дел од животот на современиот човек.

77 Џефри Хау – британски конзервативен политичар, еден од главните креатори на економската политика во времето на владата на Маргарет Тачер.

78 Friedrich von Hayek, Law, legislation and liberty: a new statement of the liberal principles of justice and political economy, London 1998.

79 Karl Popper, The Open Society and Its Enemies London, Routledge, 1945.80 Кај нас во Македонија концепцијата на отворено општество воопшто

не се врзува за конзервативизмот. Невладиниот сектор кај нас повеќе се по-врзува со лево ориентирани идеологии.

Дома (i)

155

И ова е конзервативно гледиште. Либералите би зборувале за На ционализми, Етницизми и Религизми, се разбира, со негативна ко нотација. Конзервативизмот зборува за нација, традиција и иден титет. Теоријата за неизбежноста на секуларизацијата, барем засега, се покажува како неточна, како што подвлекува социологот на религијата Петер Бергер81. Прашањето дали религиозноста на со времениот човек ги покажува неговото ослободување и неговата вистинска суштина или е само прибежиште или спас од овој хаотичен свет ќе биде предмет на дебати. Како и да е, во религијата е содржан одговор на губењето на хоризонтот и смислата, одговор на она што Најпол го опишува како „празнина на секуларните ри-туали“.82

По Втората светска војна западниот свет го започна своето обновување според тн. социјалдемократски модел (во некогашната СФРЈ и Источниот блок овој модел се нарекуваше социјалистички и комунистички). Конзервативците никогаш не беа убедени дека овој модел е најдобар. Што се однесува до комунистичкиот, беа сосема начисто дека не чини.

Во седумдесеттите години од минатиот век политиката на Мар гарет Тачер и Реганомиката го сменија светот и го надминаа со цијалдемократскиот модел, наметнувајќи го неолибералниот мо дел.83 Конзервативците ја поддржаа оваа промена, но никогаш не биле одушевени од неолиберализмот кого го сметаа за сериозна за кана што ќе ги уништи традиционалните врски, ќе ја запостави

81 Петер Бергер предвидуваше дека секуларизацијата ќего опфати целиот свет. Согледувајќи ја фактичката состојба, тој овој свој став подоцна (крајот на 80-те години од минатиот век) ќе го отфрли како погрешен и ќе признае дека религијата не само што сè уште преовладува, туку и поактивно се практикува отколку порано, особено во САД.

82 Видјадхар Сураџпрасад Најпол (Vidiadhar Surajprasad Naipaul) – британски писател роден во Тринидад и Тобаго. Добитник на Нобеловата награда во 2001 година.

83 Разликата меѓу социјалдемократскиот модел и неолибералниот ја правам според анализата на професорот Ле Гранд. Види Julian Le Grand,

Која политичка опција ќе победи?

156

заедницата и политичкото дејствување на поединецот и групите ориентирано кон заедницата.

Веќе дваесет години живееме според принципите на Ва шинг-тон скиот консензус (приватизација, либерализација, дерегулација). Пред две години (2008 година) со замавот на глобалната финансиска криза оваа концепција стана предмет на остри напади од страна на сериозни авторитети (меѓу кои Гордон Браун, Хенри Кисинџер, Џозеф Стиглиц – да спомнеме само неколку имиња).

Според моето мислење, ова се времиња кои ќе одлучат која по литичка опција ќе победи и ќе понуди нешто понапредно од нео либерализмот и ќе ја одбележи следната деценија. Дали ќе се вратиме на социјалдемократскиот модел, како што го опишува Џулијан Ле Гранд или ќе победи конзервативната опција која ќе се потпира на познатото и провереното и која, од своја страна, има бројни варијации (она што е познато и она што е традиција варира од земја до земја). Според мене, конзервативизмот води во борбата за надмоќ, но битката не е добиена. Зависи од нас како ќе ги дефинираме традиционалните и конзервативни вредности. Тој што ќе им даде приоритет на вредностите „ДОМА“ И „УБАВО“ и ќе ги разбере во целиот светски историски контекст, ќе пре вла-дее.

Motivation, agency & public policy: of knights and knaves, pawns & queens, Oxford 2003.

Дома (i)

ДОМА

ДОБРО ОПШТЕСТВО

Додека социјализмот и либерализмот се инхерентно глобални во нивните цели, конзервативизмот е инхерентно локален.Дома, место кај што сме, место што нè одредува, што им го доверуваме на нашите потомци и што не сакаме да го нагрдиме.Роџер Скратон, Политичка филозофија, 2006.

Конзервативизмот има повеќе чувство за локалното, за пер-спективата на селото во кое ја нема хектичната динамика на градот.

Ги читам говорите на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон во кои тој го повикува граѓанинот да запре, да посвети внимание на себе и најблиската околина, да најде време да по раз-говара со соседот. И си велам и ние тоа како да сме го изгубиле. Со седот одамна не е првиот избор за дружење. Поголемата мобил-ност, но и обврските што си ги поставуваме, нè водат кон пошироки прос тори и избор на понови, но и понестабилни човечки релации. Соседот е секогаш тука, но како да не е. Соседот не е избор за човек кој има проекти пред себе. Едноставно, се нема време за нив. Тоа е често објаснување.

Денес, и покрај мобилноста и можноста за избор, сè повеќе луѓе се чувствуваат осамени и изолирани. Во исто време имаат нездрава потреба да се биде достапен и доживуваат комуникациски overkill.

А сите жалиме по времето кога „се имало време“. И со нелагодност ги гледаме нашите деца како исто така не-

маат време. И тие се влезени во машината на потрага по повеќе, на обезбедување поголеми шанси за успех во животот. А нивната ид-

158

нина ја гледаме како среќен живот, а во него нема борба со времето каква што сега ја водиме.

Убави ни се минатото и иднината. Грдото на ова денес и сега го прифаќаш како нужност.

Некои се присетуваат на времето без мобилни телефони кога пос тоеше прашањето „Ме бараше некој?“, други зборуваат за сре-ќата да се биде недостапен.84

Дали мора така?Дали може да се постигне денес да се има работа и доволно

слободно време за себе за децата, пријателите. Одговорот зависи од тоа што се подразбира под дома. Не е

тука вклучено само прашањето кога, всушност, си дома, туку и прашањето каде е дома.

Дома се чувстуваш добро. Ако домот во кој живееш те гуши, те кочи ти ќе бараш друго место што ќе ти биде дома. Од село ќе отидеш во град, ќе емигрираш, ќе се повлечеш да живееш како самотник.

Шеесеттите години на минатиот век беа во знакот на ре ди фи-нирање на „дома“. Од хипи движењето до гастарбајтерите од Јужна европа дома се бараше на друго место. Тоа беше вре ме на бегство од стегите на (патријархалното) семејството, од си ро маш тијата на селото и од политичката неслобода. Тоа повлече отфрлање на кон венционалноста и нормите. Градовите се наполнија со луѓе кои жи веат сами и трошат сами, донесе осамени луѓе. Кратки врски и брзи разводи. Бројот на самохрани мајки драстично се зголеми во по големиот дел од Западна Европа.

Од индивидуалноста и императивот на самоостварувањето, барањето на отворен простор, преку конзумеризмот на масовната демократија, преку глобализацијата и ризичното општество де нес се дојде до барање на локалното и дефинирани хоризонти. Сло бо-дата не може без дома.

84 Како Мирјам Мекел. Види Miriam Meckel, Das Glück der Unerreichbarkeit. Wege aus der Kommunikationsfalle, Hamburg 2007.

Дома (ii)

159

Дома не е идеализирано место, место на вечен одмор и опуш-теност. Домот не стекнува со мечта, тој се извојува, се одработува и се заработува. Дома е одреден од работата и работното место. Ако чо век работи 12 часа дневно и го тоа го чувствува како принуда и притоа е бедно платен, тој другите 12 часа не ги поминува дома иако има дом.

Концепцијата на рамнотежа меѓу работата и животот (Work-life баланс) не е нов идеал и во многу европски земји е дел од по литиките на државата, но и сè поважен дел во политиките на прет пријатијата. Веќе со години поинтензивно се бараат и нудат раз ни форми на вработување. Компаниите поддржуваат работа ориентирана на резултат а не на бројот на часови поминати на ра-бота. Да се сработи без да мора да се дреме во канцеларија е ост-вар лива цел денес во времето на информациската технологија. Но, за ова пишував во еден друг текст.85

Време за децата, пријателите, соседите, постарите – тоа се ба-рања кои конзервативецот ги поставува почесто од другите (под други мислам на социјалдемократите, либералите). Како што по-малку ги поставува барањата државата, државните институции, по веќе да се грижат за децата, за постарите. За конзервативецот со цијалната грижа, борбата против сиромаштијата има повеќе шанси на локално ниво, на индивидуално и содружничко ниво отколку преку држава која ја контролира и одозгора дистрибуира по мошта и грижата.86

Се разбира, концепциите за социјална држава, социјална прав-да се толку навлезени во современото општество што дебатите за

85 Види ја мојата колумна „Мајки, деца и флексибилно работно време“ објавена во „Дневник“, на 20 октомври 2006.

86 Концпецијата на активно граѓанско содружништво (општество) во кое организираното соседство успешно ги заменува активностите на др жа-вата или општината, како и за нас во Македонија карактеристична тра ди-цијата на „комши-капиџик“, на директна комуникација меѓу соседите, на со-ли дарност и меѓусебна помош – се суштествени елементи на еден маке донски конзервативизам.

Добро општество

160

тоа дали конзервативците се за или против социјална држава се во дат многу посуптилно, со нијанси. Исто како и дебатите за тоа дали конзервативците и социјалдемократите се разминуваат ток-му околу дефинирањето на социјалната држава. Одамна на овие пра шања не се гледа црно бело.

Но, сепак, па нека биде и во најмала нијанса разликата, кон-зер вативецот повеќе верува во дејственоста на поединецот на ло-кално ниво отколку во семоќна држава која има капацитет да ги решава сите животни проблеми на граѓаните – од вработување, до образование и здравствена грижа.

Затоа, конзервативецот ја надгради концепцијата на добра уп-равувачка (good governance) со концепцијата на добро опш те ство.

Добро општество е концепција за која се залага лидерот на британските конзервативци Дејвид Камерон. Барањата се тие: секој да има време за себе, за своите пријатели и комшии. Да може да се грижи за другите и да им помага. Да има време да си поразговара и дружи со пријателите. Во доброто општество работата и семејниот живот се во хармонија. Во доброто општество човекот е горд на својата заедница. Доброто општество може да се определи како по-човечка надоградба на доброто управување.

Според Ециони „добро општество означува поредок кој им со-од ветствува на моралните врски меѓу неговите членови.“ „Мо рал-ни от глас“ на заедницата е главен. Општеството не се уп -равува само со договори и закони, туку и со обичаи и вредности.87

Од сите мислители во историјата, идејата за добро општество е најдобро поставена кај Хегел како „обичајност“ (Sittlichkeit). Во Sit-tlichkeit се обединуваат правото и моралот и во неа се конкретизира слободата. Sittlichkeit, како синтеза на правото и моралот се состои во „навиката на општите интереси”. Обичајоста е, всушност, опш-те ствена и политичка етика. Наједноставно и најразбирливо об јас-нување, сепак, дава самиот Хегел: „на прашањето на еден татко кој е најдобриот начин својот син sittlich да го воспита, еден пита го рец му

87 G. W. H. Hegel, Grundlinien der Philosophie des Rechts, Stuttgart Bad Canstatt 1964, стр. 235.

Дома (ii)

161

дал одговор: ако го направиш граѓанин на држава со добри закони“.Концепцијата на добро општество е конзервативна и му при-

оѓа поблиску на човекот. Конзервативизмот човекот го разбира во фигурации, во релации на меѓусебни зависности, а не како его-ин-дивудуа која се сместува себе си во помали или поголеми круг ови.

Она што Британците мислат дека го загубиле, ние сè уште го имаме и покрај тоа што сме изложени на постојан на пад од со-времениот, брз и обезглавувачки начин на живот. Конзер ва тив-ното гледиште во Македонија мора да го заштити и сочува „доб-рото општество на македонски начин“.

Да се биде дома. Да се биде при себе. Ова е можеби најголемото барање во филозофијата на Хегел. Да се биде за себе и при себе значи да се надмине состојбата во која сам себеси си туѓ (Хегел го употребува изразот „“вон-себе“). Кога си за себе, кога си дома – то-гаш си слободен. А целата филозофија на Хегел може да се сведе на барањето да се биде слободен.

И целиот живот на обичен човек е потрага по дома. Првиот ден на училиште би бил страшен кога не би имало дома во кое се враќа првачето. И војникот служи со години чекајќи го денот да се врати дома.

Не е само малото дете во стресна ситуација кога сака да биде дома, а не во градинка или училиште.

Во животот на возрасниот дома значи многу повеќе. Со ја зи-кот на Хегел, дома е државата во која поединецот ја остварува и ја живее конкретната слобода.

Со јазикот на обичниот човек тоа значи да живееш во држава во која не се плашиш од војна, не се плашиш да излезеш на улица, во ко ја не се плашиш за работа и дека ќе ја изгубиш работата.

Меѓутоа, не е тоа семоќна, хиерархиска, тоталитарна држава. И Хегел бил често погрешно разбиран и обвинуван за тоталитарност.

Во државата јас ја остварувам слободата. Не е државата која ми ја остварува слободата. Кoнзервативизмот е против „enterprise society“, против проекти како што се комунизмот и неговите де-ривати.

Добро општество

162

Затоа е концепцијата на доброто општество. Дома се протега на целото општество.

Дома е пејсажот пред нас. Планинските врвови. Дома е знамето на државата, грбот на државата.88

Дома е кај што припаѓаш и си при-себе.

88 Како што убаво кажува Роџер Скратон.

Дома (ii)