PLANINAR BR. 2 - OUTDOOR MAGAZINE

44
СПИСАНИЕ ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ И ЗДРАВ ЖИВОТ март 2012 број 2 МАКЕДОНЦИТЕ НА ЕВЕРЕСТ ГЛИГОР ДЕЛЕВ кораб ОРЕМА Гојзерици ЛАВИНИ ПРИКАЗНА ЗА... АЛПИНИЗАМ Качување на мраз - Австрија АМА ДАБЛАМ Илина и Илија ЗИМСКО 2011 ИСКАЧУВАЊЕ приказ

Transcript of PLANINAR BR. 2 - OUTDOOR MAGAZINE

СПИСАНИЕ ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ И ЗДРАВ ЖИВОТ

март 2012 број 2

МАКЕДОНЦИТЕ НА ЕВЕРЕСТГЛИГОР ДЕЛЕВ

кора

бОРЕМАГојзерици

ЛАВИНИ

ПРИКАЗНА ЗА...

АЛПИНИЗАМКачување на мраз - Австрија

АМА ДАБЛАМИлина и Илија

ЗИМСКО 2011ИСКАЧУВАЊЕ

приказ

Сандакташ 2

Збор, два...

Дојде ред и на вториот број на списанието Планинар. Овој изминат период од објавувањето на првиот број го поминавме малку релаксирано и опуштено средувајќи ги впечатоците и реакциите на првиот број. Морам да споменам дека вториот број излегува само благодарејќи на добрите реакции од ваша страна и огромната подршка што ја добивме. Од голема помош ни се сугестиите кои ги добиваме и се надеваме дека во наредните броеви нема да останете само на сугестии и дека ќе се потрудите да испратите и по некој текст, да ги споделите вашите патешестија и искустав и со другите читатели. Точно е дека сликата може да замени илјада зборови, но само илјада, а каде се другите илјадници зборови, споделени искустава...Затоа не се думајте ако ви дојде порив и желба да напишете нешто, па макар биле и неколку реченици. Што се однесува до концепцијата на списанието сега за сега ќе продолжиме со овој концепт, а динамиката на излегувањето ќе биде иста. Ве очекуваме со ваши прилози и со желба за поактивна соработка. Воедно сакам уште еднаш да изразам голема благодарност до сите оние кои дозволија дел од материјалите да се превземат од нивните веб страни или блогови.

Со почитСимон Симоновски

Уредник

Издавач

Соработници

дизајн и подготовка

Содржина

5 Опрема Чевли

7 Високогорство Кораб 2011

13 Снег, снежна покривка лавина

18 Цоцев камен

20 Манастири Трескавец

22 Македонците на Еверест Глигор Делев

27 Алпинизам Малта-Австрија 32 Ама Даблам Илина и Илија

38 Приказна за Petzl

40 Ориентација GPS

Симон Симоновски

Арт Деск - Скопје

Сите луѓе со добра воља и желба да споделата дел од своите доживувања и искуства

АРТ ДЕСК Скопје

3

Асоцијацијата за чиста животна средина Ајде Македонија од Скопје, во рамките на светската

кампања Let’s do it World со учество на 90 земји од светот, отпочнува со реализација на национален проект за лоцирање и чистење на отпадот, едукација на јавноста за правилното отстранување, како и за штетите предизвикани од непланското фрлање отпад. Целта на овој проект е да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи подобро да се справат со незаконското фрлање отпад во нивните заедници. Оваа иницијатива има практичен пристап кој ги обединува граѓаните, компаниите, државните и локалните институции во пронаоѓање одржливи решенија за придонесување кон чиста животна средина. Тоа вклучува комбинација на акции за лоцирање на отпадните микро-точки, чистење на околината и образовни програми за подигање на свеста за практиките на управување со разни видови отпад.

Успехот на оваа акција во голем дел ќе зависи и од граѓаните љубители на природата и планинарските спортови. Токму затоа Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, се приклучи кон оваа иницијатива, да даде подршка информирајќи ги и вклучувајќи ги асоцијациите и клубовите членови на ФПСМ, а со тоа и голем дел граѓани на Република Македонија. Ве повикуваме да развиеме заедничка програма која би била дел од експедициите, натпреварите, семинарите, курсевите и другите активности на ФПСМ. Со тоа члeновите на ФПСМ ќе дадат голем придонес кон целите на овој проект, земајќи учество во процесот на мапирање на локациите и во создавањето на првата дигитална мапа на отпад во Македонија, како и во еднодневната национална акција за негово расчистување планирана за октомври оваа година.

Се надеваме на разбирање и понатамошна соработка кон придонесување за почиста животна средина во Република Македонија.

Со почит, Катица Гаровска АцевскаПретседател на МПа

Топ 10 совети за планинарење

1. Va{ite celi, ambicii i aktivnosti da bidat soodvetni na va{ata kondicija i zdravje, preteruvaweto mo`e da bide opasno.

2. Hranata da bide bogata so kompleksni jaglenohidrati i mnogu te~nosti.

3. Alkoholot e {teten, gi namaluva psiho-fizi~kite mo`nosti, a vo turite mo`e da predizvika fatalni posledici.

4. Vo po~etokot, odete bavno dodeka ne se zagree teloto.

5. Po sekoj eden ~as pe{a~ewe e potrebno da se odmorite, malku jadete i konzumirate te~nosti, duri i koga ne ste gladni i `edni.

6. Ako po~uvstvuvate zamor i iscrpenost toga{ odmarajte podolgo, a dokolku sostojbata ne se izmeni zna~i deka stanuva zbor za seriozna iscrpenost i treba da ja prekinete turata.

7. Planinarstvoto e polezno i za decata i za postarite lica, pa duri i za onie so naru{ena zdravstvena sostojba, no, se razbira vo konsultacii so mati~niot lekar.

8. Nad 2500-3000 m.n.v. zgolemuvajte ja viso~inata ne poveke od 300 m. vo 24 ~asa i dokolku e mo`no, ne no}evajte na najvisokata to~ka do koja ste do{le vo toj den, poradi aklimatizacija, no}evajte na poniska to~ka.

9. Nikoga{ ne zaboravaj vo ranecot da ponese{ o~ila za za{tita od sonce i sne`no belilo, narakvici, kapa, rezerna obleka, sve}a i kibrit, bateriska lamba, prva pomo{ i po mo`nost bivak vre}a.

10.Pobaraj informacii od lokalnite iskusni planinari za mar{rutata i za mo`nite klimatski promeni. Ako e potrebno pribele`i go svoeto iska~uvawe i prijavi go kaj domarot i prijatelite.

UIAA i IKAR

4

Купување на планинарски чевли (гојзери-ци) може да биде макотрпно искуство доколку не се води грижа за неколку ос-

новни правила при нивното купување. Еве неколку основни совети:Дефинитивно кога некој ме прашува какви че-вли треба да купи за планинарење, обично го прашувам какви му се амбициите, и во завис-ност од тоа такви чевли и препорачувам. Постојат различни видови на планинарски че-вли, па во зависност од теренот, висината на која се искачувате, должината на патот и др. таков би требало да е и изборот. За полесни ис-качувања на пониски планини, на земјени или тревнати терени се користат помеки и полесни т.н. трекинг чевли. Доколку треба да се движи-те по каменити терени или терени покриени со снег, тогаш изборот е дефинитивно на погло-мазните и потврди чевли. Кога веќе сте решиле кој тип на чевли го сакате основно е кога веќе ги купувате да ги пробате. Меѓутоа, кога ги пробувате има неколку финти. Чевлите можат идеално да ви пасуваат, ќе се прошетате низ продавницата неколку чекори и среќни сте што ви е стапалото легнато како во калап. И наредниот викенд заминувате во планината и почнуваат проблеми, чевлите сега не изгледаат толку идеални, ве стегаат, прсти-те ви се набиваат, а нозете ви отекнуваат и се прашувате каде сте погрешиле, a во салонот перфектно ви одговараа.

При купувањето треба да пробате барем еден број поголеми чевли. Нее на одмет кога веќе ги пробувате да носите со вас и додатен пар чо-рапи (термо или волнени). Продавачите можат малку чудно да ве гледат кога ќе ги облекува-те но најдобро е да ги испробате со два пара чорапи. Прстите не треба да го допираат врвот на чевлите. Кога планинариме и се движиме на угорница, притисокот на стапалото е на зад-ниот дел од гојзерицата, а кога се движиме на удолница притисокот ни е на прстите. Докoлку прстите го допираат врвот на чевлите на равно, замислете каков е тој притисок и каква болка создава кога се движите на поголема удолни-ца. Затоа земете број поголеми. Со таман (тес-ни) чевли не можете ништо да направите, ос-вен да се шетате низ град, никако низ планина. Едноставно подарете ги на некој на кого ќе му бидат „поголеми“. Мој предлог е секогаш да ги носите со два пара чорапи од кои едниот пар е подебел. Чорапите ги амор-тизираат ударите при пешачењето. Чевлите е најдобро да ги пробате и да ги купувате во текот на попла-дневните часови, од едноставна причина што во текот на денот волуменот на ногата расте (потекува), а при пла-нинарење тоа е честа појава.

КАКО ДА КУПАМ ПЛАНИНАРСКИ

5

Чевлите треба да се разгазат на пократки тури или прошетки.Друга важна карактеристика при избор на че-влите е тоа тие да бидат составени од што по-малку парчиња. Повеќе парчиња значат и по-веќе шевови, а со тоа и поголема можност за оштетување и пропуштање на влага. Денес гојзериците се изработуваат од различ-ни материјали и со различна технологија на из-работка. Освен кожата се повеќе се употребу-ваат нови материјали кои во многу сегменти се подобри од кожата (тежина, одржување, трај-ност...). Кај класичните планинарски чевли (гој-зерици), голем број на производители сеуште како надворешен материјал ја користат кожата и тоа со дебелина до 3.2 милиметри, додека кај полесните модели се користи комбинација

од кожа или полиамид-ни материјали. Често на рекламите за чевли ќе прочитате како тие се водонеп-ропустливи, но тоа не го земајте здраво за го-тово, Прашање е само колку време тие можат да издржат пред да ја пропуштат влагата. Че-влите изработе-ни од подебела

кожа и со правилно третирање се во голема мерка отпорни на влага. Во последно време внатрешниот слој на чевлите има изолација од различни ткаенини кои имаат за цел, како из-олација од влага, така и топлотна из-олација. Такви материјали се Goretex, Sympatex или Thinsulation. Што се однасува до ѓонот препорака е тоа да е гума од производителот Вибрам поради одличните својстава. Ѓоновите со ознака Вибрам се долготрајни, не се тро-шат бргу, и убаво се прилепуваат за под-логата. Цврстината и дебелината на ѓо-нот зависат од намената на чевлите, така што трекинг за разлика од високогорски-те чевли имаат потенок, а со самото тоа

и помек ѓон за разлика од другите каде ѓонот е подебе и покрут, а има и додатни ис-пакнати делови кои служат за прикачување на автоматски дерези.За разлика од наведените не-колку типа на планинарски чевли, би сакал да ги спомнам уште чевлите што спаѓаат во ка-тегоријата на експедициски че-вли, за изузетно екстремни услови. Овие чевли се обично изработени од пластика или други вештачки материјали (комбинација на кевлар и трослоен горетекс материјал, со изотермална изолација до -60ОС), и имаат вна-трешен дел кој може да се извади. За одржувањето на чевлите секој производи-тел има препорака како нивниот производ најдобро ќе го одржувате, но генерално после употреба чевлите треба да ги оставиме да се исушат (не ги ставајте до извор на јака топли-

на), потоа да ги исчистиме со четка или влажна крпа, и на крај доколку се кожни да се намачкат со тенок слој на специјална крема (во пракса се покажа дека мачкањето треба да се врши во тенки слоеви неколку пати), а доколку чевлите се изра-ботени од вештачки материјали постојат специјални спрејови за импрегнација на површината на истите. Третирањето на чевлите со креми или спреј е најполез-но минимум 24 часа пред тр-гнување на тура. Се надевам дека овие неколку совети ќе

ви бидат од корист пред да решите и да направи-

те избор за тоа какви планинарски обувки ви требаат.

6

КОРАБзимско искачување

2011

KORAB e visoka vene~na planina {to i pripa|a na zapadnomakedonskata zona. So svoeto morfolo{ko prodol`enie De{at se nao|a vo krajniot zapaden del na RM. Na sever, preku prevalite vo izvori{niot del na Radika, se nadovrzuva na [ar Planina. Ima meridijanski pravec na protegawe i po negoviot srt se protega makedonsko-albanskata granica.Na makedonskata strana, zaedno so De{at, zafa}a povr{ina od 290 km2. Isto~nite strani strmno se spu{taat vo dolinata na Radika, a

na zapad vo dolinata na Crni Drim, Republika Albanija. Na Korab se nao|a najvisokiot vrv vo RM Golem Korab (2.764 m). Golem Korab e ~etvrti po viso~inata vrv na Balkanskiot Poluostrov. Vo morfolo{ki pogled Korab se odlikuva so oddelni zaramneti delovi vo vid na platoa od koi se izdigaat prethodno visokite vrvovi. Vo morfotektonski pogled Korab pretstavuva horst formiran za vreme na alpskata orogeneza, a kone~no oblikuvan vo tercierot.

7

Веќе подолго време се подготвувавме за искачување на Кораб во зимски услови. Еднаш најавена и неколку пати

одложувана акција поради временските неприлики, ненадејно без никаква најава ја договоривме ден пред тргнување. Временската прогноза најавуваше идеално време за викендот па решивме со Виктор и Бојан да ја испитаме ситуацијата на терен, како би можеле да го споделиме искуство за организирање на искачување на поголема група на планинари. Ако велат дека по утрото се познава денот, овој ден ветуваше многу. На пунктот на полицијата во Стрезимир стигнавме околу 8:30 часот. Од граничната полицијата добивме информации за состојбата на патот до караулата. Се надевавме дека ќе можеме еден дел од патот да го поминеме со возило како би заштедиле на време а со тоа првиот ден би можеле да го поставиме кампот на што поголема висина. Но тоа не беше можно поради длабокиот снег. После кратка задршка и проверка на опремата, го фативме патот под нозе со ранците тешки по околу 20-тина килограми. Полека напредувавме низ високиот снег

прошаран со многу траги од диви животни. Времето беше идеално, температурата се движеше околу 3-4 степени. До Караулата Победа ни требаа околу три ипол часа пешачење. Тука направивме пауза од околу 30-тина минути. Веќе тука температурата на воздухот беше негде околу 7 степени што предизвика снегот да станува влажен и потежок за движење. Полека напредувавме попатно воодушевувајќи се на снежните падини на преубавиот Кораб облеан во сонце. Се движевме полека без брзање, од време на време правејќи кратки паузи и менувајќи се во пробивањето низ снегот кој веќе на одредени места достигаше висина и над колена. Околу 15 часот на пола пат од Шаќирово бачило до седлото на една погодна рамнина ги поставивме шаторите. За среќа во овој дел на патот немаше ветер, така што и самото поставување на шаторите беше без поголеми проблеми. Топла супа и по некој сендвич за закрепнување, па сместување и вовлекување во шаторите за веќе околу 18 часот полека да не совлада сонот. Од надвор се слушаше само ветерот кој почна да дува со слаб интензитет. Договор

8

беше во 04:00 часот да тргнеме. Проблем е само едно во овие зимски услови, рано легнуваш и рано и се будиш, посебно ако имаш физиолошка потреба, а после тоа не можеш да заспиеш, пошто веќе си отспал добри 6-7 часа кои ти се и повеќе од доволни да се одмориш. Наредните 2-3 часа до тргнување се превртуваш, и почнува да ти пречи тоа што не си го направил лежајот доволно удобен. Како и да е веќе бевме будни во договореното време, и секој се подготвуваше за натамошниот пат. Шаторите добро ги укопавме и ги осигуравме, а во нив ги оставивме сите непотребни работи (дали беа непотребни и појасите и јажето за наврска е прашање за дискусија) и прилично олеснети околу четири и пол часот тргнавме. Се движевме полека осветлувајќи го патот со челните лампи напредувајќи кон сртот над седлото. На одделни места движењето беше доста тешко поради повисоки наноси од снег, но за релативно брзо време бевме веќе над седлото. Движењето по темница е доста комплицирано бидејќи на овој дел од теренот немаш репер за тоа каде точно се наоѓаш. Затоа почесто проверување на патеката на GPS не е на одмет, без разлика колку си сигурен дека си баш таму каде што треба да си. И како тоа обично бидува ја промашивме точката на свртување кон седлото за цели 400 м. Откако ја утврдивме грешката, направивме уште една, која можеше да заврши фатално. Имено наместо да се вратиме по истата патека решивме да го пресечеме патот одејќи под самиот срт и пресекувајќи директно кон седлото, занемарувајќи ги безбедносните аспекти и фактот дека Кораб има прилично голем дел потенцијално лавински појаси. Негде пред самото седло полека движејќи се еден позади друг без пропишана сигурна оддалеченост наеднаш се слушна само звук на кршење на плоча. Не беше тоа силен звук, меѓутоа тоа беше звук кој мислам дека никогаш нема да го заборавам. Наеднаш целата површина по која се движевме се испокрши на помали плочи и не повлече

надолу. Во моментов реагирав повеќе инстиктивно отколку смислено, се испружив и почнав да „пливам“ по површината одржувајќи се и надевајќи дека нема да ме преклопи лавината која ја предизвикавме. Се испостави дека сите тројца правилно реагиравме и дека обуките и разменувањето на искуства со други планинари не биле за џабе. Во целиот овој наплив на адреналин, немаш едноставно време да се уплашиш. За среќа после 30-тина метра лавината застана. Накратко молк а после сите готово во еден глас се јавивме да видиме кој каде е. Сите бевме тука никој не беше повреден, никој небеше затрупан. Куртуливме. Часот 06. Се созедовме и полека сега веќе со голема претпазливост еден по еден на сигурна оддалеченост еден од друг конечно излеговме на седлото. Не ни ни падна на памет да се откажеме и да се вратиме назад. По мала анализа на настанот и споделување

9

на чувствата продолживме натаму. Е веќе на овој дел ветерот почна да си ја покажува силата борејќи се со нас. Па ние на една лавина и се спротиставивме, па ветерот беше мало дете за нас. Целта ни беше полека по сртот да излеземе на Кепи Бар и преку него да стигнеме во подножјето на Врвот. Колку тоа изгледа лесно изводливо кога тоа го планираш во топла просторија со шолја кафе. Излеговме на сртот, дел кој е поприлично опасен и кој е препорачливо да се помине во наврска со голема внимателност. А поглед прекрасен, од лева страна ги гледаш прекрасните предели и сртови, десно пред тебе е Црна чука, а право пред тебе огромниот Кепи Бар. Погледот кон врвот на Кепи Бар ги растури сите надевања дека воопшто ќе успееме да го искачиме Кораб без уште еден ден. Ветерот со огромна сила веќе во долниот дел оневозможуваше било какво движење за нагоре. Часот беше околу 10 и 30 кога решивме да прекинеме со искачувањето. Горе на Кепи Бар, ветерот дуваше со орканска сила, кревајќи огромни столбови снег во воздухот. Да немаше ветер веројатно ке го искачевме Кепи Бар, али само толку. Едноставно за Кораб ни требаше уште еден ден. Останавме уште половина час под Кепи Бар, направивме еден куп убави фотографии, и збогатени со уште едно искуство, полека се упативме назад кон кампот. Каква разлика имаше веќе под самото седло, ветер веќе немаше, а температурата се искачи веќе над

10 степен, за во самиот камп да достигне околу 15 степени. Тука направивме поголема пауза, ги прераскажувавме впечатоците и веднаш правевме планови и анализи за повторно искачување. Полека ги собравме шаторите, ги спакувавме ранците и полни со убави впечатоци тргнавме назад кон Стрезимир. За жал еден прекрасен викенд и едно убаво искуство ни остана несподелено со нашиот другар Диме. Веста за неговата смрт не затекна на враќање. Диме со нетрпение ја очекуваше оваа акција. Затоа следното зимско искачување на Кораб му го посветуваме на Диме.

10

Планинарскиот спортски клуб БИСТРА Скопје, е еден од најстарите и најактивните планинарски клубови во државата.

Членовите на овој клуб, согласно програмата на клубот, секој викенд се на планина. За година дена членување во овој клуб, човек може да ги запознае и да се искачи на сите планински врвови во државата и на Балканот пошироко и да се запознае со сите природни убавини.

Еден од најмладите и најактивните членови во клубот, кој веруваме дека е и најактивен млад планинар во Македонија, е осумгодишниот АНДРЕЈ ТЕМЕЛКОСКИ кој е ученик во ОУ Лазо Ангеловски во Ново Лисиче и сега ученик во 4-то одделение. Неговиот татко, Живко Темелкоски е познат планинар кој има освоено повеќе светски планински врвови и за кого медиумите повеќе пати пишувале после позначајни постигнувања.

Андреј придружуван од неговиот татко досега се има искачено скоро на сите повисоки врвови во Македонија како што се Кораб, Титов врв, Пелистер, Љуботен, Солунска глава, Убава, Трапезница,

Бистра, Златовврв, Беласица и на највисоките на Балканот, по неколку пати како што се Олимп-планината на боговите во Грција, Вихрен и Мусала во Бугарија и на планини во Србија.

Андреј со планинарење почнал да се бави уште од мали нозе. На 4 години, сосема случајно се качил на Пелистер, лесно облечен, со сандалчиња, после што неговиот татко почнува активно да го носи и на други планински врвови..

Пред три години Андреј беше прогласен за најмлад учесник на искачувањето на Кораб по повод 8-ми Септември за што доби е посебно признание, а за што пишуваше и во дневните весници. Минатата година на масовното искачување на Кораб по повод 8-ми Септември, Андреј беше и првиот кој се искачи на кораб за што од организаторот доби и посебно признание.

Во изминатата година, за неполни 15 дена Андреј заедно со членовите на клубот Бистра се искачи на највисоките врвови во Македонија (Кораб) потоа на Олимп во Грција, на Мусала во Бугарија и на крајот, заедно со членовите од Бистра замина во

Србија на заедничко искачување со планинари од Србија и Црна Гора на планината Гоч врвот Желјин 1800м.

За малиот Андреј досега на два пати е пишувано во дневните весници како со леснотија ги искачува високите планински врвови и трипати има гостувано во ТВ емисија во живо после искачувањето на трите највисоки врвови на Балканот.

Минатата година тој беше пријавен за учество во 12-тото Меѓународното искачување на Библиската планина

АНДРЕЈ

ТЕМЕЛКОСКИ

НА МЛАДИТЕ

ПЛАНИНАТА ОСТАНУВА

11

Арарат, 5165м на тромеѓето помеѓу Турција, Ерменија и Иран, планина на која неговиот татко бил дури 11 пати. Меѓутоа поради нередите во тој дел на Турција со курдското население, искачувањњето на Арарат од страна на Турската влада беше забрането.

На конкурсот за избор на спортист ,,Спортска надеж,, за 2011 година организиран од страна на Агенцијата за млади и спорт, Андреј беше избран како единствен млад планинар на кого му беше доделено диплома и стипендија на свеченоста на изборот на спортист на годината во Универзална сала.

Колку често го посветуваш своето слободно време на планинарењето?

n Секогаш кога имам слободен викенд, или има поатрактивна планинарска акција на клубот Бистра, јас настојувам да одам на планина. Тренирам и кошарка во „Глобал“ па не можам секој викенд да сум на планина бидеќи во недела имаме тренинг или натпревар.

Кое ти беше највозбудливо искачување, кое најлесно, а кое најтешко?

n Највозбудливо искачување ми беше првото искачување на Олимп. Таткоми ме имаше врзано на јаже и ми беше интересно. Другите 2 искачувања не ми беа толку интересни. Најлесно искачување ми беше на Мусала иако тој бил највисок врв на Балканот. Најтешко ми беше искачувањето на врвот Попова Шапка, бидеќи имаше многу снег и таткоми пропаѓаше по 1 метар а јас до вратот. Се искачувавме 3 сата а тоа се одело за 30 минути ако немало снег.

Која планина во Мaкедонија најповеќе ја сакаш и зошто?

n Има повеќе планини што ги сакам, меѓутоа Кораб го сакам најповеќе бидејќи е наша највисока планина.

Дали од твоето училиште имаш другари кои би сакале исто така да освојуваат планински врвови, и дали веќе доаѓаат со тебе.

n Не, нема. Тие па и учителките ми се чудат зошто одам на планина.

Кога ти е поинтересно во планината, во зима или лето?

Во лето е поинтересно. Нема потреба од носење капи, ракавици, јакни...Има многу убави цвеќиња во разни бои, изворчиња со ладна и чиста вода. Ама и во зима е убаво ако времето е тивко и мирно.

Дали имаш нешто да им порачаш на своите врсници кои сеуште не биле во планина

n Во слободното време, барем еднаш во месецот да одат на најблиската планина, како што е Водно, да дишат чист воздух.

12

Белите снеглуки, снегот се радост не само за децата туку и за возрасните, а посебно тие што ги практикуваат зимските спортови и ги

сакаат планините и природата.

Но таа убава бела покривка во одредени услови и места крие непредвидлива опасност за лугето кога одненедеж ќе се придвижи како лавина и со огромна сила и татнеж носи се што ќе се најде на нејзиниот пат кон долината со неверојатна брзина.

За изучување и разбирање на проблемот на снежните лавини предмет на изучување би требало да биде цврстата форма на водата односно снежните кристали. Оладените капки вода на 2000 – 6000м во атмосферата се преобразуваат во мали ледени кристалчиња кои се претвараат во елемент на падавина – снег.

Има поваќе од 4 – 5000 разни форми на снежни киристали – снегулки. Нивната форма и големина зависи од температурата на воздухот и количинта на водената пареа содржана во него.

Во зависност од надморската височина и промени во временските елементи - погода или непогода, атмосферскиот притисок, количина или содржина на О2 во воздухот, температурата на воздухот, сонечевата озраченост, облачност, магла, брзина на ветерот, ќе имаме различни видови на снег.

Карактеристично за врнежите во планините е тоа што тие се пообилни на планинските гребени и сртови заради поголемта влажност на воздухот, пониските температури а и транспортното влијание на ветерот што ситните кристалчина како кристален прав лесно ги напластува како нанос.

Врнежите на снег се разликуваат по влажност, тежина, структура и конструкција на кристалите и нивната мегусебна поврзаност. Од овие особини на снегот зависи формирањето на снежната покривка и можноста за нејзино покренување како лавина.

Разликуваме: нов снег, див снег, сув снег, мокар снег, зрнест снег, површински снег – скреж.

Стар снег - кристалите се со променлива форма па

снег снежна покривка лавина

др. - Стојан Јованов

13

имаме едро зрнест, ситно зрнест и вечен снег, снег што плива, набиен снег или метморфозирн снег (трансформиран).

СОСТАВ НА СНЕГОТ

Фактор Тежина - Снегот има обемна маса што се зголемува при намалување на температурата за време на врнежите. За секое зголемување на температурата од 10ОC. тежината на снегот се зголемува за 1 кг. на 1м3. Средната тежина на новит снег е 100 кг. на 1м3 кубен . Стариот снег напролет тежи 500 - 700 кгр на 1м3. Снегот од паднати лавини може да има тежина од над 800 кгр на 1м3. Значи, густината на снегот зависи од видот на снежните кристали и нивната преобразба што се случува внатре во него.

Фактор Температура - на снегот влијае особено при формирањето на снежната покривка и нејзината стабилност на падините како и неговата структура.

Термичко својство - снегот е добар изолатор па така може да се користи како материјал за правење на добро засолниште – игло.

Останати својства на снегот - од рефлектирањето или абсорбирањето на сончевите зраци зависи енергетската равнотежа на снежната покривка што е важно за изучување на превенцијата од лавини.

Динамични својства - снегот и снежната покривка не се инертна маса туку материја што е непостојана и е непрестано во движење како- таложење на напластениот снег под сопствената тежина а исто така движење удолу – лизгање под дејство на гравитационата сила на начин што горните пластови се движат побавно од долните заради неравнината на тлото, што треба да се има во предвид при проценка на поврзаност на долните слоеви на снежната покривка и опасност од лавини.

Од густината или цврстината на снегот и меѓусебната поврзаност на кристалите во снежната маса зависи и стабилноста на снежната покривка. Стариот набиен од ветер снег или пролетниот влажен снег се 50000 пати поцврсти од новиот пердувест снег.На цврстината на снегот влијае надворешната температура на воздухот и механичкото кршење на снежните кристалчиња и нивната структра.

Ова својство на снегот во снежната покривка ни служи како тест за проценка на можно раздвижување на снежната маса и евентуална опасност од лавина.

Тврдост во снежен пресек проба со

0 – многу мек шака

1 – мек четири прста

2 – среднотврд еден прст

3 – тврд молив, пенкало

4 – многу тврд оштрица на нож

5 – скаменет оштрицата на нож не пробива

СНЕЖНА ПОКРИВКА

Преку зимата се редат периоди со и без врнежи на снег што доведува до наслојување на повеќе пластови од снег. Меѓусебната поврзаност на пластовите е многу важна и треба да се земе во обзир при правење проценка за опасност од лавина.

Подебелите натрупани пластови се постабилни од потенките побројно натрупани пластови. Кога меѓу тие пластови има слој со пливачки снег, од чашковидни сверични кристали или снежен пласт што содржи големо количество на вода, а зависно од дебелината на снежната покривка и под дејство на надворфешни фактори во таков случај постои

реална опасност од лавина.

Присуството на пливачки снег многу лесно се открива со норидската метода. За таа цел потребно е да се има пластична лопата со која ќе се отсече снежен блок 30 х 30 од снежната покривка и на тој начин ќе се провери меѓусебната врска на одделни пластови и постоење на прашинаст или набиен снег или мокар снег.

Промени во снежната покривка се прават и под дејство на ветерот кога се формира снежна стреа – големи навеви од набиен снег

по гребените на планините надвиснати најчесто на заветрената страна, и снежни даски - напластен снег најчесто на површината на снежната покривка со одредена меѓусебна поврзаност што некои

14

надворешни фактори – колона на планинари или скијачи можат да ја пореметат и направат покренување на таа снежна даска и предизвикаат лавина.

СНЕЖНА ЛАВИНА

Проценката за опасност од лавина е прашање поврзано со спасување на човечки животи па треба да се пристапи сериозно на тој приблем. По дефиниција лавина е снежна маса во движење и представува лизгање на одредена количина на снег низ падината. Статистички 4 од 5 лавини се случуваат за време или непосредно по обилни снежни врнежи или 80% од нив се резултат на врнежите или се случуваат ден два по врнежоте. Стариот снег останува да биде причина за лавина или т.н снежна плоча или даска. Неверојато но дури 90% од лавините се предизвикани од постраданите.

Сонце, прхкав снег, снежна белина во недоглед. Длабокиот снег го сечат скиите или колоната планинари и притоа се слуша пригушен звук на потрес. Тишина, само слабо ветре што се симнало од врвот, и наеднаш, во следната секунда по падината минуваат парчиња на откинатиот снег и тоа е првиот сигнал што ако го знаете може да ви го спаси животот. Потоа, планината оживува снежната покривка се испрекршува, блокови на снег и мраз со огромна сила хаотично летаат надолу носејки се пред себе, во застрашиувачка бучава кон долината.

Лавини имало и ќе има секогаш таму кај што има снег и стрмнини. Долга е листата на несреќи од лавини. Причините за повекето несреќни случаи се од човечкиот фактор. Големиот број на смртни случаи се должи на неинформираноста за опасноста од лавина, незнаење и се уште многу бавното јавување за несреќниот случај. Потребни се 30 до 120 минути до почетокот на спасувањето и во најподготвените центри за спасуванје во Европа. Со тоа се објаснува тажниот биланс на несреќите од лавани со голем процент на смртност.

Како причина за тоа може да биде и невозможноста или тврдоглаво настојување да не се одложи акцијата и ако постојат елементи на опасност или потценување на опасноста.

Парадоксално, зими посиромашни со снег однесуваат повеќе жртви, бидејќи снегот се наоѓа повисоко во планините, на пострмините падини и гребени каде демнат снежни стреи и снежни плочи од набиен снег што се потенцијална опасност за лавини. Нетрпеливоста да се стигне што побрзо до целта, неспазување на растојанието меѓу

учесниците во колоната под чија тежина се руши снежнат стреа или се пресекува снежната плоча може да бидат причина и да предизвикат лавина.

ВИДОВИ ЛАВИНА

Класификацијата на светската организација за спасување води сметка и зема повеќе фактори во обзир кои се вклучени во предизвикување на лавина, а што е неопходно за да се направи најдобар план за дејствување во зависно од видот на лавината.

Девет од десетте можни лавини се лавини од сув снег што се случуваат при обилни врнежи на нов снег. На тој начин падината се ослободува од извесна количина на натрупаниот снег. Преостанатиот снег ќе биде материјал за лавини од мокар снег или снежни плочи. Лавините од сув снег се отцепуваат од една точка и при паѓањето се шират во вид на круша. Обично е зафатен само горниот пласт на снежната покривка. Се движат со 40-50 км/час што е релативно бавно па може да се избегне ако се забележи навреме.

Пример на откинување од една точка

Најопасни од сите лавини и најопустошувачки се прашинастите лавини. Движејки се како облак (содржат големи количини на воздух и прават смеса од снег и воздух чија густина е 10 пати поголема од самиот воздух) се движат со огромна брзина - до 300 км/час. Тие се со несватлива сила способна да опустоши цела една стогодишна шума и носејќи се пред себе да опустоши објекти, населени места и затрупа автомобилски и железнички патишта.

Лавини од мокар снег најчесто се забележуваат на пролет или било кое друго време кога доаѓа

појдовна точка

депозит

15

до нагло покачување на температурата од јужен топол ветер. Тие почнуваат од една точка со мала количина на снег за потоа да се рашират и попримат форма на круша или јазик. Се движат побавно 20-25 км/час но имаат голема разорна моќ затоа што мокриот снег од 1м кубен може да тежи од 150-600 кг. и претставува огромна маса. По зафатеност тие се основни лавини затоа што ги зафаќаат сите слоеви на снежната покривка и формираат снежни блокови и грамади од мокар снег, земја, камења и дрвја. Преживувањето во нив е невозможно за разлика од тие од прашинест снег кои содржат извесна количина воздух и притисокот е поднослив.

Големо снежно зрно

Лавини од снежни плочи најчесто се предизвикани од скијачи или колона планинари. Тие се составени од густо набиен снег. Се движат како плочи што подолу се распаѓаат и прават блокови од различни размери и тежина. Тежината на снежна плоча од 5х10 м и висина од 50 см може да тежи од 10 до 20 тони а можат да се фомираат и блокови од 100 тони. Во ваква лавина затрупаните тешко преживуваат зашто небиениот снег не содржи воздух во себе и заради густината на снегот постраданите се толку пригмечени што им го оневозможува ширењето наградниот кош а со тоа и дишењето.

Пример на откинување на голема плочаНов снегСтар цврст снегСтар слаб слојЛоша подлога

Пример на откинување од снежна стреа

Шематизирано таа табела изгледа вака

1. Според начинот на одцепувањеа. Лавина од правлив снег б. Лавина од снежни плочи

2. Според големината на зафатениот снега. Основни – кога целата снежна маса е повлечена б. Површински – зафатен е само горниот пласт од снежната покривка

3. Според видот на снегот зафатен од лавинаа. Лавина од сув снег б. Лавина од мокар снег

4. Според начинот на движење по теренота. Прашинести – се движат по воздух како облак б. Сите останати лавини што се движат по тлото

ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЛАВИНИ

Во земјите и местата каде лавините се честа појава во туристичките подрачја и поголемите ски центри на пр. во Алпските замји Австрија, Швајцарија, Франција, Италија постои развиена мрежа на центри за собирање и обработка на податоци што се однесуваат на можноста за појава на лавини и нивното препраќање до заинтересираните на критичните места. Во таа насока во зимскиот период се прават и објавуваат по медиумите билтени за состојбата на снежната покривка во планините и се дава проценка за можноста на појава на лавини посочувајки ги прецизно критичните и загрозени места. Усвоена е единствена скала за ризик од лавини и е во употреба во сите замји од Алпскиот ланец и Пиринеите. На тој начин сите што го користат билтенот имаат пристап до информација што е јасна, хомогена и разбирлива во било која земја во Европа.

снежно зрно Вода помеѓу снежните зрна

Ветерзона на

прекршување

корен

врв

било насртот

лице

16

Табелата содржи 5 степени за повишен ризик од лавини што предвидува географска распростране-тост и зголеменост на нестабилноста на снежната покривка.

Постојат уште и организации и асоцијации кои се занимаваат со дејности за подобро познавање на феноменот лавина, употреба на апарати и сред-ства за навремено пронаоѓање на настраданите и

нивно згрижување како и изготвување на билте-ни за ризик од лавина за радиодифузните мрежи и медиуми на локално ниво. Овие информации се добиваат од професионалци, работници во ски центри, инструкитори, водичи, спасители и т.н. и се однесуваат на дебелина на старата снежна покрив-ка, состојба на површината на снегот, дебелина на новиот снег, вид на кристали, густина, интензитет на врнежи, влажност, набиеност, брзина на ветер и температура на воздухот.

На нашите планинари и туристи им препорачуваме да ги користат сите тие информации при престој во Алпите зошто може да им бидат од голема корист.

Индекс за ризик Стабилност на снежната покривка Можност за појава на лавина

1 слаб

Снежната покривка е доста стабилна на повеќето од падините

Појава на лавина воглавно не е можна освен кога има многу голема оптеретеност и тоа на мал број многу стрмн падини. Самосвлекувања на мали лавинки може да се случат спонтано.

2 ограничен

На неколку доста стрмни падини снежната покривка е сосема малку стабилизирана, а на другите места добро стабилна.

Појава на лавина е можна нарочито при силни и обилни врнежи и во некои стрмни падини што обично се означени во билтенот. Спонатана појава на лавина од големи размери не се очекува.

3 можна

Во поголем број на падини доволно стрмни, снежната покривка е малку до умерено стабилна.

Појава на лавини е можна понекогаш дури и при слаба оптеретеност на повеќе падини особено на тие што се означени во билтенот како опасни. Во извесни сиуации, спонтана појава на лавини од мали размери а понекогаш се можни и досга големи.

4 многу возможна

Снежната покривка е слабо стабилизирана во повеќето доволно стрмни падини.

Појава на лавина е можна и при помали врнежи во повеќето од доволно сгтрмини падини. Во некои случаеви бројни се спонтаните појави на лавина од средна големина а понекогаш можно е да се очекуваат и поголеми лавини

5 нај возможни

Нестабилноста на снежната покривка е општа, постои насекаде.

Бројни и големи лавини што спонтано се појавуваат, се за очекување па и тамукаде падините не се толку стрмни

17

ОСНОВНИ ПРАВИЛА

Не се движете напоредно со падината, туку одете директно на неа, а доколку сакате да ја пресечете, пресекувајте ја пред самиот врв, никако во средина или во нејзиниот долен дел. Доколку сте во група движете се одвоено со голем размак од еден до друг, никако во група. Теренот со потенцијална лавинска опасност, доколку има услови заобиколете го, а доколку нема преминувајте го еден по еден, со тоа што ќе се надбљудувате постојано.

Доколку ја придвижите лавината, (подлогата под вас се движи, а и вие со неа се движите неконтролирано), веднаш ослободете се од сите предмети кои претставуваат потенцијална опасност да ве повредат (штеки, цепин, скии...), пробајте да пливата на површината на снегот. Со рацете обидетет се пред лицето да направите простор со што ќе обезбедите воздушен џеб - место за дишење доколку ве затрупа лавината.

Никогаш не се движете сами во потенцијално лавински подрачја, бидејќи ако ве затрупа лавина макар и пола метар, тогаш шансите за преживување се еднакви на нула.

Доколку се случи лавина, останатите од групата кои не се зафатени треба да внимаваат и да го гледаат движењето на лавината, од местото на пукање, зафаќање на унесреќениот, место каде зафатениот е полклопен се до место каде што лавината застанува. На основ на ова, шанса да се лоцира зафатениот со лавина е значителна, а со тоа и благовремена интервенција.

Ископувањето се започнува на метар до метар и половина под телото на унесреќениот, како би се избегнала можност од повредување на истиот при ископувањето. Врз основ на положбата на телото, што е можно побргу откријте го пределот околу главата за да се створи услов за непречено дишење.

Како би имало можност за брзо позиционирање на жртви зафатени со лавина, потребно е да се има и адекватна опрема. Група на планинари која се движи на таков терен по правило би требала да има со себе: бипери (електронска уред кој предава и прима сигнали, и на основ

на кој многу лесно се лоцира местото на затрупаниот со лавина), лавински сонди со чија помош попрецизно се лоцира местото и длабочината на која се наоѓа затрупаното тело, лопата за ископување на унесреќениот...

Најголеми шанси за преживување на затрупан од лавина, е во првите 18 минути од затрупување. После 35 минути шансите за спасување се драстично намалени

Кај потполно затрупаните во првите 18 минути шансите за преживување се движат околу 91%. Во овој период 9% умираат од настанатите тешки повреди. Во наредниот период од 18-та до 35-та минута веројатноста за преживување паѓа на 34%. Во овој период умираат сите што немаат воздушен простор пред лицето, како резултат на задушување. Така умираат околу 60% од затрупаните од лавина. Периодот после 35-тата минута имаат шанса да го преживеат само оние кои околу лицето и главата имаат воздушен простор.

Смртноста на зафатени од лавина се движи околу 23% , кај потполно затрупани е околу 52%, а кај делумно затрупани 4%. Потполно затрупани се сметаат сите оние кај кои главата и градниот кош се под снег.

Затоа сите информации за теренот, ниво на снежни врнежи, временски услови се од витален значај, за избегнување на ризици од лавина.

18

На 25 километри западно од Кратово, во непосредна близина на селото Шопско Рудари, се наоѓа локалитетот Цоцев Камен.

Станува збор за неолитска населба, во која населението се занимавало со земјоделство и лов. Самата карпа претставува духовно светилиште, што е забележливо од многуте остатоци видливи и денес, како и од предметите пронајдени во непосредна близина.Оддалеку, Цоцев Камен изгледа како и секоја друга карпа. Но, на неколку чекори од неа се отвора грандиозен локалитет. Вдлабнатините во вид на пештери се поставени на катови, а пред нив има платоа, базени за ритуално капење, остатоци од скалила, камен престол, седишта. Пред околу 10.000 години праисториските луѓе изведувале ритуални танци на карпата, се капеле под водопадот и им принесувале жртви на боговите на виното и на плодноста. До пештерите се стигнува со помош на скалила, кои водат од подножјето на карпата до врвот. Искачувањето по стрмнините на карпата е еднакво на некој екстремен спорт.Главните церемонии се извршувале во пештерата на второто ниво на Цоцев Камен. Во неа се издлабени едно мало и едно големо корито. На врвот на карпата има два базена, кои најверојатно

служеле за ритуалните капења. Дел од ритуалните церемонии се изведувале и на платото, на кое во карпата се издлабени два престола и неколку седишта. Од седиштето се набљудувале Сонцето, Месечината и ѕвездите. На исток од овие камени столови, на соседниот рид до Цоцев Камен, се наоѓаат мегалити, односно ориенти по кои се одредувала позицијата на Сонцето. Во близина на главниот мегалит има издлабена полумесечина, а на земјата има

изработено голем сончев диск. Пештери има и на западната страна на карпата, но таму не се изведувале ритуали. На ѕидот на една пештера има некаков вид писмо, чии симболи се исцртани со црвена боја. На средината доминира насликаниот орант, тип божество карактеристично за доцната бронза и класичниот период.Својата функција на опсерваторија од камено време Цоцев Камен продолжил да ја одржува во неолитот и во бронзеното време. Неколку века по новата ера светилиштето згаснало. Вредноста на Цоцев Камен е откриена во 1971 година. Некои истражувачи го сметаат за единствен локалитет во светот кој на едно место има светилиште, жртвеник и опсерваторија.

ЦОЦЕВ КАМЕН

http://makedonskibiser.com.mk

19

Nа околу десетина километри од Прилеп, под врвот Златоврв 1422м. се наоѓа манастирот Трескавец со манастирската црква Успение Богородичино. Манастирот се наоѓа на над-

морска височина од 1260 метри во впечатлив планински амбиент од каде се пружа волшебен поглед на Пелагонија, планината Бабуна, Пелистер и Кајмакчалан, градовите Прилеп, Битола и Крушево. Пристапот до Манастирот е можен од три правци и тоа преку селото Дабница, на југозапад на излез од Прилеп по планински пат и од Прилеп од под Маркови кули, патека која туристич-

ки е најискористена и добро е маркирана, а многу планинари и излетници ја користат за да пристигнат во манастирот. Патеката е долга околу 8 ки-

лометри и просечно време за минување е околу два до два ипол часа. Самата патека е лесна за пешачење, нема поголеми успони а

единствениот релативно потежок дел е обезбеден со сајла. По-патно на половина пат има извор на вода каде може да се освежите. Манастирот претставува комплекс од разни градби и доградби, во чиј централен дел се наоѓа манастирската

црква Успение Богородичи-но. Се смета дека манастирот

е подигнат во XIII век, а обновен најверојатно за кралот Милутин.

Во првите години на XV век манасти-рот претрпел поголеми урнувања поради

што дошле и подоцнежните обнувувања. Денешната црква во основа има форма на еднокорабна градба. Централниот дел е надвишен со купола, а на исток е олтарна апсида која однадвор е тространа. Во XIV век кон западниот дел од црквата е подигната припрата со две кули што се надвишуваат со куполи, додека многу подоцна во

Manastir Treskavec

20

XIX век е изграден трем од западната и јужната страна на црквата. Во еден фреско-натпис, кој се наоѓа над влезната врата на мана-стирот, се споменуваат византиските цареви Андроник II (1982-1328) и неговиот совладар Михајло IX. Тоа се всушност првите до-натори во Трескавец. Подоцна во XIV век српскиот крал Милутин (1282-1321), царот Душан и неговиот син Урош се споменуваат во повелбите што ги издал Душан, како донатори на манастирот Трескавец.Живописот во црквата е од повеќе временски периоди. Најстари фрески го исполнуваат просторот во двете кули, со илустрација на календарот и светци со цел раст, насликани во првата зона. Овие фрески му припаѓаат на времето од првата половина на XIV век, а ктиторските портрети насликани на источниот ѕид во јужнот трем, од втората половина на XIV век. Од првите децении на XV век на манастирската црква и припаѓа и ликот на Богородица, насликана во нишата на јужната врата која што води кон наосот на црквата. Кон крајот на XV век, наосот на црквата бил исполнет со фрески изработени од рака на добар мајстор - зограф. Овде е интересно да се напоменат особено фреските од првата зона, со насликани стоечки фигури со цел раст, каде што светите воини се облечени во благородничка облека и раскошни капи на главите, за разлика од вообичаеното нивно претставување со вооена облека и воору-жување. Покрај ова, манастирот Трескавец поседува и вредни уметнички предмети како што се: двокрилната врата работена во плитка рез-ба од XVI век, царските двери од XVI век, крстот космитос од XVII век, работен во резба, како и една певница работена во инкруста-ција. Внатрешниот амбиент на црквата го надополнуваат и број-ните празнични икони, како и иконите на апостолите во два реда кои потекнуваат од крајот на XVII век, или почетокот на XVIII век. Во XIX век околу манастирската црква се подигнати конаци од при-ходите на прилепските занаетчии - еснафи. Во дворот на манасти-рот се наоѓа и трпезаријата со остатоци на фрески од VII и XIX век.

Должина на патеката околу 8 км во еден правецПотребно време околу 2-3 часа (3km/h)Прилеп 640 м.н.в.Манастир Трескавец 1260 м.н.в.Висинска разлика 620 м

21

Еден час целиот свет беше под моите нозе...

ГлигорДелев

МАКЕДОНЦИТЕ НА ЕВЕРЕСТ

Преземено од www.mkdmount.org Интервју: Јован Поповски

22

Д-р Глигор Делев е вториот македонец кој се искачил, и го развеал македонското знаме на Монт Еверест (8848 м.), највисокиот врв на светот на 20. 05. 2007.

Работи и живее во Канада повеќе од триесет години.

Во Канада, заедно со своите родители, оди на 9-го-дишна возраст. Македонија ја напушта како 2-годиш-но дете и до одењето во Канада живее во повеќе мес-та низ тогашна Југославија.

Како стигнавте до Еверест, дали како член на некоја планинарска или алпинистичка асоцијација?

Не, мојот пат до Еверест го планирав, спонзорирав, го одев, сосема сам со помош и подршка од моето семејство.

Почнав со искачуванје на повеќе врвови од 5-6000 м. во Јужна Америка (на некои врвови заедно со жена ми, ќерка ми и син ми). Потоа, во вториот обид (пр-виот пат не успеав по-ради лоши временски услови) се искачив на Денали (Алјаска) - највисокиот врв на Северна Америка. Се искачив и на Аконкаг-ва - највисокиот врв на Јужна Америка, а во Непал го искачив Ама Даблам (6900 м.), инаку познат како “Азиски Матерхорн”. Иако качувањето на Ама Даблам е на-вистина алпинистичко јас знам дека не сум и не се сметам за ал-пинист. Јас се чувствувам како “авантурист”. Лани во Македонија мои пријатели, алпинисти, (за нив е си-гурно јасно дека не сум алпинист) ми рекоа дека јас сум повеќе од авантурист бидејки зад себе веке имам повеке успешни експедиции - ми рекоа дека сум “екс-педиционист”.

Дали на вашите експедиции сте имале некои осо-бено значајни, интересни, тешки моменти на кои се сеќавате?

Како што вели народот “секоја планина своја тежина”. Во овој случај во буквален смисол секоја планина си имаше свои тежини и комплицираности.

На пример, Денали е доста далеку од последната точ-ка до која се доаѓа со транспорт. Од таму се треба да се носи на “грб” 55 кг (фактички половина се носи на грб, а половина се влече на санка). Значи логистиката за овој врв е многу битна - ако носите премногу пре-тешки сте и напредувате многу споро и целата експе-

диција може да пропадне или од премореност или од задоцнување за најдобрите временски услови. Ако не сте понеле доволно храна, опрема, пак може да пропадне потфатот - ќе мора да се враќате назад пред да стигнете на целта.

Ама Даблам е комплицирана - алпинистичка плани-на, треба да знаете алпинистичка техника за карпа, за снег, за мраз, да сте многу добро спремни. По целиот успон има фиксирани јажиња бидејќи цело време е многу стрмно и експонирано. Толку е стрмно што за поставување на шатори на вториот висински логор нема доволно место (има место само за два-три), па ние моравме директно да качуваме од првиот до тре-тиот висински логор бидејќи местото веќе беше зафа-тено со шатори од други експедиции.

На Еверест се е комплицирано, пред се дали ќе се ак-лиматизирате како што треба и дали ке бидат добри

временските услови.

Како се решивте да одите на експедиција за Монт Еверест и со која експедиција оти-довте на највисокиот врв на светот?

На некој начин мое-то одење на Еверест беше „исфорсирано” од случајности. Јас сакав да одам на Еве-рест но немав испла-нирано кога.

Се случи, сега мојот драг пријател, Боге, од Скопје, да напише

напис за мене на неговата планинарска веб-страна. Тој напис го прочитал алпинистот, сега исто мој драг пријател, Надир, од Базел (Швајцарија), и искоменти-рал дека јас сум бил спремен за Еверест. Тој коментер дојде до мене. Мојата прва реакција беше - НЕ. Но, кога помислив, си реков: зошто да не? И така почна се да се одврзува, пак со помош на Надир и Боге ста-пив во контакт со Драган Јакимович кој подготвуваше Српска експедиција на Еверест. Се договоривме кол-ку треба да платам и така станав член на таа експе-диција.

Како бевте прифатени од другите членови и како се снајдовте вие во таа експедиција?

Мислам дека луѓето добро ме прифатија а и јас се чувствував пријатно со нив бидејки менталитетот на тие луѓе ми одговара и ми е познат од детски денови кога татко ми, како доктор, работеше во неколку мес-та од тогашна Југославија.

23

На што намногу се сеќавате од експедицијата и дали имавте некои тешки или драматични моменти?

Се разбира моментите на врвот ќе ми останат во сеќа-вање за секогаш. Сепак тоа е единствена точка на на-шава планета - а јас стоев токму таму. Се прашував: дали можеби ова не е само сон и се плашев дека во следниот момент ќе се разбудам и се ке исчезне.

Времето беше убаво што ни овозможи да останеме скоро еден саат на врвот. Воздухот е разреден, тешко се дише но затоа далеку се гледа, погледот од горе стигнува најдалеку - многу јасно се гледа и закри-веноста на земјината топка. Горе бевме скоро сите членови на експедицијата, си честитавме, се фотогра-фиравме, се радувавме ... Времето како да застана, мислите одеа насекаде - кон најмилите, одеа назад - до секој чекор што претходеше на тој момент, одеа напред заедно со моменталната радост што сакав да ја поделам со најблиските - до скората средба со нив, до средбата со секојдневието, обврските ... и ... тре-баше да се тргне назад!

Е, на враќање го имав најдраматичниот момент, иако до врвот и на врвот се чувствував одлично, на враќање почнав да чувствувам замор.

Не е непознато после искачување на Еверест да се чувствува замор но мислам дека тоа што мене ми се

случуваше беше последица на неколку неповолни случки при искачувањето нагоре. Прво кога стигнав-ме на првиот висински логор бевме непријатно изне-надени кога видовме дека сите три наши сатори се затрупани и уништени од снег. Се сместивме во еден празен шатор од друга експедиција. Шаторот беше поголем но сепак премал за сите нас девет души. Во таа гужва требаше да се топи снег да се прави чај, и други пијалоци, нешто храна, и да се спие. Немавме доволно течности, немаше доволно спиење - одмор.

Во вториот логор, примусот не работеше па морав да чекам другите да завршат со нивниот па да ми го да-дат. После следуваше долго, долго топење снег под-готвување на пијалоци и пак без одмор ... тука се от-кажа Симо - од премореност неможеше да продолжи нагоре.

На врвот уште една случка - еден Шерпас немаше вода па јас му го дадов моето шише вода.

Ете тие работи направија на спуштање надолу, кога се приближував кон вториот висински логор, да ми се случува на моменти да имам слаби халуцинации. Кога стигнав во вториот логор не можев да си го нај-дам шаторот, и за среќа еден шатор беше празен па влегов и преспав таму. Ноќта и утрото беа претешки, немав капка течност - бев прмногу жеден (се знае

Cotopaxi (5897 мнв), Еквадор 2000-та;

Chimborazo (6267 мнв), Еквадор 2000-та

Sumayar (5600 мнв), Пакистан 2001-ва;

El Corazon (4791 мнв), Еквадор 2002-ра;

Carihuairazo (5028 мнв), Еквадор 2002-ра;

Iliniza Norte (5126 мнв), Еквадор 2002-ра;

Iliniza Sur (5248 мнв), Еквадор 2002-ра;

Cotopaxi (5897 мнв), Еквадор 2002-ра

Tocllaraju (6032 мнв), Перу 2002-ра;

Alpamayo (5947 мнв), Перу 2002-ра;

Tunupa (5432 мнв), Боливија 2003-та;

Chachani (6075 мнв), Перу 2003-та;

Nevado de Toluca (4632 мнв), Мексико 2003-та;

Pico de Orizaba, (5610 мнв), Мексико 2003-та;

Aconcagua (6962 мнв), Аргентина 2004-та;

Huayna Potosi (6094 мнв), Боливија 2005-та;

Sajama (6522 мнв), Боливија 2005-та;

Island Peak - Imja Tse (6183 мнв), Непал 2005-та;

Ama Dablam (6856 мнв), Непал 2005-та;

Denali (6194 мнв), Аљаска - САД 2006-та.

Everest (8848 мнв), Непал, 2007-та

24

дека горе треба да се пие 3-4 литри течност на ден). За среќа надолу се спуштав доста добро и на првиот висински логор група Шерпаси ми дадоа да се на-пијам чај. После тоа немаше повеќе проблеми.

Како беше примена веста за вашето искачување на Монт Еверест?

Знам дека веста стигна и во Македонија но прво бев сведок на радоста на моите дома и се разбира прија-телите во Канада. Сите се радуваа и ми честитаа но тоа ми личеше како и после претходните искачувања. Вистинска разлика и големина доживеав кога летос-ка дојдов во Македонија. Весниците и телевизиите, ми кажаа моите во Македонија, веќе имаа објавено повеќе пати (Мицковиќ цело време го следеше со написи мојот пат до врвот и назад како и доаѓање-то во Македонија) но сепак не очекував толку многу внимание, честитки и признанија од сите луѓе што ги сретнав. Прво бев на прием во МОК каде ми беше до-делено признание. Хронолошки потоа се редеа сред-би со планинари, со алпинисти, проекција во “Скоп-ски мерак”, средби со новинари, интервјуа, прием кај Премиерот Никола Груевски, проекција во Тетово, прием во музајот “Мајка Тереза”, прием во ФСМ од каде ме поканија да бидам почесен гостин на меѓуна-родна утакмица на Македонија, прием кај Претседа-телот Бранко Црвенковски, прием во Планинарскиот сојуз, средба со Македонската алпинистицка асоција-ција, проекција за Скопје, посета на Битола со средба со семејството на Димират Илиевски - Мурато, еми-сија за телевизија Битола, посета во Охрид и емисија за телевизија Охрид, прием кај Сојузот на филатели-стите со промоција на пригоден плик со фотографии од Димитар Илиевски и мене. Навистина немам збо-рови колку добро бев прифатем во Македонија. Жа-лев што со мене не беа жена ми, ќерка ми и син ми.

Што ви остави Мт. Еверест?

Мт. Еверест ме приближи до Македонија.

Без Еверест, не би имал такви добри прија-тели како Боге, Надир, Мицковиќ, Драган Јакимовиќ, Јонче - синот на Димитар Илиевски - Мурато, Ѓоката од Битола, луѓето од МОК, алпинистот Коки, ал-пинистите Јован, Пајо, Роко со кои станавме многу добри пријатели, Др. Сашко Кедев, Стево од филате-листичкиот сојуз, Љупчо од “Скоп-ски мерак”, Ѓоко од врв Водно, Столе од “Наџак”, Боби од “Фото Лајка”, к,ако и многу, многу други.

Отсекогаш сум мислел дека сите Македонци заедно можеме мно-гу да постигнеме и направиме, дружењето со овие луѓе направи и

да почувствувам дека навистина можеме. Ако на крај ме прашате дали имам некоја порака за вашите чита-тели, тоа би било мојата порака - сите заедно можеме многу да направиме и да ги пребродиме најтешките ситуации и периоди.

Дел од дневникот на др. Глигор Дделев

01 мај - Аклиматизациско искачување до висина околу 7400 мнв и враќање во Истурениот базен камп.

02 мај - Одмор во Истурениот базен камп.

03-05 мај - Враќање во Базниот камп.

06-07 мај - Одмор во Тоши Џонг (тибетанско село на висина околу 4200 мнв).

08-10 мај - Враќање и престој во Базниот камп.

11 мај - Искачување до Средниот камп.

12-16 мај - Пристигнување и престој во Истурениот базен камп. На 16-ти е решено да се направи обид за искачување на врвот на 20-ти мај, исто е одлу-чено јас да качувам со Симо и со Шерпасот Сонам (истиот со кој бев на Ама Даблам).

17 мај - Искачување до Првиот висински логор. Во него сите наши шатори беа затрупани и срушени од снег. За среќа, од експедицијата Химекс, ни по-зајмија еден голем шатор каде што спиевме сите. Беше многу тесно и многу незгодно за готвење. Слабо спиевме и недоволно се хидратиравме.

18 мај - Искачување до Вториот висински логор. Беше доста напорно затоа што снегот беше како песок (два чекора напред, еден назад).

Cotopaxi (5897 мнв), Еквадор 2000-та;

Chimborazo (6267 мнв), Еквадор 2000-та

Sumayar (5600 мнв), Пакистан 2001-ва;

El Corazon (4791 мнв), Еквадор 2002-ра;

Carihuairazo (5028 мнв), Еквадор 2002-ра;

Iliniza Norte (5126 мнв), Еквадор 2002-ра;

Iliniza Sur (5248 мнв), Еквадор 2002-ра;

Cotopaxi (5897 мнв), Еквадор 2002-ра

Tocllaraju (6032 мнв), Перу 2002-ра;

Alpamayo (5947 мнв), Перу 2002-ра;

Tunupa (5432 мнв), Боливија 2003-та;

Chachani (6075 мнв), Перу 2003-та;

Nevado de Toluca (4632 мнв), Мексико 2003-та;

Pico de Orizaba, (5610 мнв), Мексико 2003-та;

Aconcagua (6962 мнв), Аргентина 2004-та;

Huayna Potosi (6094 мнв), Боливија 2005-та;

Sajama (6522 мнв), Боливија 2005-та;

Island Peak - Imja Tse (6183 мнв), Непал 2005-та;

Ama Dablam (6856 мнв), Непал 2005-та;

Denali (6194 мнв), Аљаска - САД 2006-та.

Everest (8848 мнв), Непал, 2007-та

25

Тука имавме проблем затоа што нашиот „burner“ не работеше и требаше да чекаме некој да ни по-зајми еден. Затоа Симо и јас изгубивме многу вре-ме потребно за спиење и хидратација.

19 мај - Пристигнување во Третиот висински логор, припреми за завршното искачување, спиење 1-2 часа и тргнување кон врвот во 23:05ч. Симо е нер-возен. Во близина на нашиот шатор лежеше телото на еден Чех кој умрел пред 3-4 дена.

20 мај - Искачување на врвот и враќање во Втори-от висински логор. После Првата степеница (тоа е првиот стрмен ѕид на околу една третина од патот кон врвот) Симо се откажа. Потоа Сонам и јас мно-гу побрзо качувавме и ги стигнавме другите. Ноќта беше извонредна, речиси без ветер, без облаци и температура меѓу -20 и -30 Ц. До врвот не чувству-вав замор и качувањето беше полесно од предви-деното. Кога се појави сонцето погледот беше не-веројатен: Отворено небо, облаци и многу врвови под нас!

Стигнавме на врвот во 10 часот и престојувавме на него околу 1ч. - Можеби направив грешка поради тоа што на врвот, заедно со шерпасот Сонам, останав предолго вре-ме, околу еден час, бидејќи не е препорачливо да се биде толку долго на вакви височини, пишува д-р Делев. „Меѓутоа, на врвот бев како маѓепсан, чисто небо, прекрасен поглед, многу врвови под нас. Тешко е со обични зборови да се опише тоа чувство. Нема-ше ветер, температурата беше околу минус 35 степе-ни. Жал ми е поради тоа што мојот партнер Симо Ни-колиќ не беше со мене на врвот, толку разговаравме, дури и сонувавме заедно да се најдеме на „покривот на светот“, но на височина од околу 8.000 метри се от-кажа. Беше премногу уморен, ние бевме последни од групата што тргнавме кон врвот. Исто така, тој страву-ваше од смрзнување, еден прст му беше премрзнат и реши да се врати. Можеби причина за ваквата одлука

беше и смрзнатото тело на еден алпинист од Чешка што го видовме на патот кон Монт Еверест, практично минавме покрај него. Само неколку дена пред тоа бе-вме заедно со Чехот во базниот логор на височина од 7.150 метри. Тоа е судбина на секој алпинист.

До врвот не чувствував замор, дури искачувањето беше полесно отколку што очекував, иако имавме проблеми и слабо спиевме во вториот базен логор (7.800 м), бидејќи ветерот ги имаше урнато сите наши шатори кои беа затрупани со снег. Моравме да по-зајмиме шатор од експедицијата „Химекс“, во кој се сместивме сите. Беше тесно, слабо спиевме и недо-волно пиевме вода.

На враќањето направив втора грешка, по онаа кога предолго останав на врвот. На еден шерпас му дадов еден литар вода, носев два литри со мене. За време на спуштањето снегот беше како песок, одевме два чекора напред, еден назад, бев сè повеќе жеден и дехидриран, бев сè послаб и послаб. Од сонцето и облеката од пердуви ми беше многу топло. Успеав да стигнам до третиот висински логор на височина од 8.300 метри, многу жеден, изморен и по малку конфузен. Очите ми се затвораа, ми се спиеше, но шерпасот Сонам ме убеди да вдишам малку кисло-род и да продолжам до вториот базен логор (7.800 м). Успеа да ме разбуди и раздвижи, чекор по чекор се симнував и во логорот пристигнав сам и веројат-но поради исцрпеноста и конфузијата не можев да го најдам својот шатор. За среќа, влегов во еден празен и во него останав сам, без вода, храна и дополните-лен кислород. На овие височини многу бавно се раз-мислува, најверојатно, и поради недостигот од кис-лород. Во еден момент не бев ниту сигурен дали сум се искачил на врвот.

21 мај - За среќа, се разбудив тотално свесен, мошне слаб, но морав да тргнам кон првиот базен логор (7.150 м). На патот ми помогна еден член на францус-ката експедиција кој се качуваше кон врвот, ми даде малку вода, тоа ме освежи, добив сила и по малку чудно - јас бев првиот од сите членови на експеди-цијата што се искачиле на Монт Еверест кој се симнал во главната база. Дури, спиејќи во празниот шатор, кој не беше мој, не ги видов другите членови. Но, тоа сега не е важно. Бевме повторно сите заедно, тука беше и најголемата прослава на успехот, веќе не ми-слевме што нè очекува. Враќањето до Катманду, дури и од височина од 7.150 метри, беше вистинска песна“.

На крајот од овој свој извештај, д-р Глигор Делев пишува: „Поздрав до сите љубители на алпинизмот и планинарството во Македонија со една желба: да подготвиме нова експедиција на Монт Еверест, маке-донска, на која со сето срце би ѝ се придружил“.

26

АЛПИНИЗАМ

Ќе беше поубаво тексотов да почнуваше како дијамандското

небо на Луси, со мандаринови дрва и небо од мармалад. Но, ќе мора да се задоволите со опис на небо, кој што може да се најде во слаткарница, густо ко шлаг на шампита. Какво и да беше времето ништо не не спречи да гризнеме од „шампитата“ и да тргнеме накај ладната Малта – оваа се наоѓа во Австрија…

Искачувања на мразевИТе во обласТа малТа карИнТИја- авсТрИја

27

Со шлагот размачкан по нашите лица и фанта-горизми за австрискиот

мраз полека, но крајно реши-телно почнавме да се тркаламе по асфалтот. На ретровизорот не можев да го видам ни Жика, а камо ли плавиот „Голф“ на Ристе. Не можев да ги гледам не од вообичаените причини – колата ми е секогаш прљава толку што едвај успевам да не се извалкам кога и да влагам во нејзе; туку овој пат, сосема очекувано, поради опремата која што буквално беше уредно расфрлана низ целиот ентериер. Тоа и не се покажа како толку лоша идеја, затоа што на Круно „пластиките“ ми дојдоа како удобен потпирач за десната рака, онаа со лактот што неуморно лебди над мењачот. Монотонијата од возењето по т.н. автопат до граница, ја разби озлогласената Грданичка клисура. Лошата репутациај на клисурата беше крајно компромитирана од снегот што беше секаде околу, освен на патот. До Љубљана стигнавме преку некогашниот „Братство-Единство“ аутопут како лет, „лет над кукавјичкото гнездо.“ Така супер и брзо помина се, од едноставна причина што во пресрет на нашата шоферска одисеја се попречија радио станиците што ги имавме поделено по коли. Секако би било безобрано и тоа крајно, ако од моја страна во оваа прилика не истакнам дека нашиот дисперзиран (во Штип), Жика имаше голем удел со неговите досетки и препирки, и секако, Здраве кој што ја испочитува станицата како политичар на митинг (извини Здраве!).Нејсе. Во Љубљана сме. Беше едвам 21 часот, а градот спиеше како месечево кравајче на Северен пол – мирно и многу досадно. Како и да е, кои сме ние да ја коментираме европејската култура и нивните месечарски амбиции… Меѓудругото низ гратчево имавме шанса да ги исползуваме можностите на GPS апликација кај Ристе во телефон. Инаку тоа беше еден од ретките моменти кога не ја пцуев поради неточното наведување. Она што ми остави најголем впечаток од Љубљана, покрај тоа што си купив патики за качување по 6-7-ми пат, е симпатичната Турчинка на рецепцијата во хостелот каде што преспавме.

Сега има една голема елипса (скокање на време) од целата ноќ, не, не е поради вообичаени околности, немаше користење на алкохолни супстанци, туку спиевме длабоко до сабајлето, дури до 6 и 30, цирка… Пред мене виси на вратата од собава една ќеса од „Иглу Шпорт“ – продавницата од каде што Цеко си купи пантолони, а

Ристе и Здравко ракавици, плус и уште една клупска лопата. Ништо битно, само се фалам.После Љубљана продолживме директно до Малта. Како што продолживме, директно, така и стигнавме – директно! Малта е едно убаво местенце сместено во Југо-Западниот дел на Австрија со прекрасна природа и пејасжи од разгледница. Колку и да биле воодушевувачки природата и пејсажите, ние не им обрнавме посебно внимание; од една страна сме виделе полно разгледници, а од друга страна многу побитно ни беше да најдеме место каде ќе спиеме. Уф тоа барање на престојувалиште! Како полски глувци во доцна есен се пикавме по секоја дупка низ целата долина на Малта со надеж дека ќе најдеме пристојно преноќувалиште со пристојна цена. Проблемот беше во тоа што немаше баш „дупки“, а цените беа далеку од пристојни. Се разбира, раскажувам за хотели со хотелски цени. Ишамарани од фактичката ситуација баравме и летни кампови каде што би се шверцувале со нашите шатори… некој мудар човек пред многу време роден рекол дека надежта последна умира. Тогаш тоа беше и се што имаме – надеж! Продолживме да бараме понатака по патот. На само неколку километри од мразевите нашата надеж замираше како Халиева комета, следен пат ќе се појавеше после 72 години.Тогаш го видовме и првиот мраз, монументален водопад со неспоена завеса, па за да ги задоволиме нашите емотивни потреби и качувачки пориви подзастанавме да го буљиме, и баш тогаш Жика наш

прочита некаде табла со знак „ЦИМЕР“, додека им јавиме на другото возило, Ристе ни јави друга табла со исти знак. Две коли, два знака, се поделивме и секој по својот знак. Е оној на Ристе посочуваше кон некаков си „дом“ со

28

нељубезни домакини и ич место… Овој на Жика не однесе до една огромна куќа, со огромна штала и огромни две кучиња. Не, сериозно огромни кучиња, луѓе мои поголеми од најголемата џукела што сум ја видел во Маврово и Шар Планина заедно. Изгледаа како магариња на стероиди, дури едното од нив изгледаше како квазимодо – имало некаков тумор. Да се вратам кон огромната куќа со огромна штала. Влеговме културно како и секој намерник во куќата и се појави една насмеана тетка со која што конверзацијата се одвиваше прилично тешко. Не, оваа не се лигавеше како старецот во „домот“ на Ристе, само не знаеше Англиски, а ние од Гермасни знаеме само соба и сендвич… Бидејќи си побаравме соба за 6 луѓе, тоа и добивме, не спиевме во шталата. Кога ни ги покажа собите мислам дека во тој момент бев повоодушевен од собите него од мразевите.Собата немаше мини бар, сателитска и интернет – само изгледаше премногу уредена и влеваше чувство на хотелска соба на Хаваи; за една куќа на фарма, мене чудно, но барем јас тоа така го доживеав. Го собравме и другиот дел од експедицијата и како вистински алпинисти комотно се вдомивме во топлите соби. Тетката ни покажа каде може да ја сушиме опремата после качување, одма и стана јасно зошто сме тука, додуша и не им бевме единствените гости во тој момент/недела.Кога го решивме и тоа гајле, кога си се изнасмеавме за лежалките, вреките и шаторите со Круно се стрчавме со колата да купиме и водич за насоките. Е сега се чувствував како коцка мраз во шејкер. Тоа беше коктел од еуфорија, емоции (од кои девојчиња плачат по филмови), страст, неисчекување и, и…јасна ви е сликата де. Успеавме конечно да се договориме кои што ќе качуваат следниот ден. Ги поделивме присобраните тубуларци, останатата опрема, јажињата и си се раскомотив во новиот ми кревет, демек нешто ќе читам. А бе одма заспав!Сабајлето последен станав, чисто од бунтовнички причини. Протестирав бидејќи не наоѓав логика да станам во 5 и 30, ако треба да почнеме со качување во 8 часот. Утрото го тегневме доволно долго и конечно тргнавме кон мразевите. Додека пешачевме кон првите насоки што треба да ги качиме, мислам дека се подмочав малку, како кученце, од среќа, иако претходно се осигурав дека сум комплетно празен за да немам инциденти во насока. Значи три наврски, две насоки. Круно и Здравко влегоа во Dreifaltigkeitsfall (WI3+, 80m), а јас и Жика, Цеко и Стариот во Aluhol (WI3, 180m).

Според водичот, ова што го читате како оценка, го одбравме како нешто полесно да се привикнеме на теренот, мразот итн. итн. Се е тоа супер само што поради недоволно мраз на терен и не беше баш така, беше за нијанса потешко, само до една оценка или пола, плус. Како и да е, прв тргнав јас, и бајаги се изнамачив. Она што според водачот како пристап требаше да биде замрзнато, е па не беше. Место качување на мраз влетавме во класично балванарење, од балван на балван преку тазе паднатиот снег. После 200 метри стигнавме до мразот, вистинската насока. Се собравме сите четворица и почнав јас. Беше некоја си двојка првиот цуг, со по тек-таму некое скокче, ништо страшно. Тука најмногу ми се направи мерак кога се усидрив на чок, за кој сите иронично ме прекоруваа зошто го зимам (по нашки заебаваа!).Имаше уште еден таков цуг и после дојде она што требаше да биде тројка… Тие триесеттина метри убаво се измачивме сите четворица. Објективно не беше повеќе од четворка, ама мене лично повеќе ме збуни и исплаши отколку што технички ме измори. После овој цуг и уште еден-лесен, влеговме во еден бајаги мокар, со техничка оценка 3. Следниот поради реални, тубуларно-мокри причини не влеговме – мразот беше премногу мокар и мек за да издржи пад на тубуларец, а карпа и некое дрво немаше вдолж целиот цуг. Додека ние се спремаве за надоле, на два цуга под нас дојдоа Круно и Здраве, па сите заедно си направивме абзел.По пат до дома, дома и целото преостаното време од квечерината го поминавме како стрини раскажувајќи ги доживелиците од дента. Мошне инспиративно, мора да признаам. Пред да легнеме

АЛПИНИЗАМ

29

се договоривме и што ќе качуваме утре дента и дека ќе го бојкотираат мојот штрајк, морало порано да излеземе од дома и порано да влеземе во насоката!Утрото така и започна, со брутален бојкот на мојот штрајк и задушување на мојот бунтовнички сон. Стигнавме доволно рано пред Strannenbach (WI2-3, 400m), кој беше прилично влажен. Колку и да беше мразот влажен, ние бевме далеку понапалени и решивме да ја качуваме левата варијанта од насоката. Паралелно тргнаа наврските на Ристе и Цеко и Здраве и Круно, додека они качуваа, а ние чекавме се здобив со некои расекотини по носот и усната. Доволно големи колку да се жалам, доволно мали за да зараснат додека ме види мајка ми. Качувањето се одвиваше супер се додека Ристе малку не го боцна едното јаже. Сега пак, супер одеше кратењето на јажето и нашата јанѕа… потоа качувањето повторно продолжи супер.Сидриштата беа на јасни и предвидливи места, мрзот во погорните места беше поцврст. Цуг за цуг во нашето познато и весело друштво, се до моментот кога мразот беше премногу стопен и мокар за да продолжиме нагоре. Кога нема нагоре единствена опција е надоле, со изверзираниот систем на групно абзелување, со брзина на елеватор се спуштивме до доле. По пат имавме прилика да направиме муабет со други качувачи, од кои излезе дека едните дури ни се и цимери во огромната куќа. Кога излеговме од насоката, а излеговме според планот, имавме доволно време за рагледување, а и доволно малку за да качиме уште нешто. Сепак времето не беше залудно потрошено, научивме доста за положбата

и состојбата на останите мразеви. Видовме еден доста импресивен мраз, во кои имаше двајца качувачи. Мене таа глетка ме направи љубоморен. И денеска процедурата до дома и низ дома помина исто како и претходниот ден.Е овоа утро, пак мојот штрајк беше актуелен, и се исплатеше. Не истрчавме толку рано. Утрото го мезевме како што сонцето полека ги мезеше степените на термометарот, како што Ристе си го мезеше намазот со лук, како што Бетовен (кучето-Квазимодо) си ги мезеше бисквитите. Колку што Бетовен имаше заборавено дека е куче, ние така рутинирано излеговме кон новиот предизвик за денот. Тргнавме кон мразевите кои што имавме шанса да ги видиме претходниот за да ни влезат во глава. И тоа како ни влегоа… Круно, Здраве и Жиле влегоа во Mittlerer Maralmfall (WI4+ 200m). Влегоа такви какви што се, а само Круно излезе со нов прекар – Алабаков, во чест на јазолот „Абалаков“. Приказната се развива така што Круно доаѓа до

момент каде што мразот е со пропорции на „циганска хартија“ и единствена варијанта е абалаков, Круно го промаши малку, за среќа само името! А ние останите качувавме една насока која што е несомнено поврзана со мојта љубомора. Во принцип не сум љубоморен, ама ме држи додека не си го истерам инаетот. Сега инаетот се преклопуваше со меракот, кон кој што се придодаде и Цеко. Влеговме во насокта што ја видовме претходниот ден со име и опис Vorderer Maralmfall (WI3 – WI5 80m).Цеко го водеше првиот цуг, од проста причина што не сакам рампи, вторите два ми припаднаа на мене. Целото искуство можам да го опишам едноставно само

30

како Rock&Roll , искуство кое обично се доживува на концерти под дејство на сомнителни супстанци (не сум пробал само сум прочитал, мамо!). Додека ние го доживувавме нашиот рокенрол концерт, Ристе беше доволно љубезен да го докуметира со видео и фото целото качување. На крајот на таа рокенрол доживелица развивме и Македонско знаме…од оваа временска перспектива и не ми е баш јасно зошто…Цеко сакаше дипломатски пасош! За да му кажам фала на Ристе, но и да го пролонгирам гореспоменатото доживување и ние двајцата влеговме во истата насока кај Круно, со разлика од едно „алабаково искуство“. В куќи квечерината течеше иста приказна, само што сега куќата замириса на кајгана со пола кило сланина, а за Круно и Жика – само на кајгана…Мислам дека следнава изрека ми е од партизаните: „Ново утро, нова борба“. Па и да не е, ние си имавме наша „борба“. Ова „борба“ ме наведува да напоменам дека мојот штрајк и ова утро беше залуден. За да има антагонист, мора да има и протагоист, а ова утро од антагонист во приказнава, станав протагонист на самиот себе; сите групно станаа последни! Утрово го истегнавме толку долго, што почна да личи на чаталот на дедо ми Роко. Најадени, напиени тргнавме по добро познатиот пат за да си се закачиме секој на својот мраз. Здравко и Круно за „нивен“ мраз го одбраа Strannenbach (WI2-3, 400m),овој пат десната варијанта. Ги оставивме нив под него, а ние како искусни џаболебари вртевме околу мрзевите додека да се одлучиме како ќе ја запечатиме оваа акција. По доволно долго шпацирање по „лизгалиштето“ се одлучивме за првата насока на Круно и Здраве, Dreifaltigkeitsfall (WI3+, 80m), само затоа што Здраве цело време кога ќе му се спомнеше насоката бликаше од ќејфови! Поучени од претходното искуство, кога пристапот беше целосно балванарење, сега тргнавме голи, без

дерези кон насоката. Првите проблеми ги имавме во пола насока, кога веќе мораше да се наоружаме во полна спрема. Да добро прочитавте, до пола насока, за неколку дена само толку и остана од насоката. Не дозволивме тоа да ни го расипе расположените и качивме колку што можеше, го извадивме максимумот, го исцедивме мразот, остана само за во чаша бурбон…Со тажен поглед како во стар шлагер и полно срце се спакувавме вечерта за на пат, но сега накај дома, дома во Скопје и Штип! Осамно и ова утро, осамнавме и ние пред колите, се поздравивме и изгушкавме со тетката со ветувања за да се видиме догодина пак. А бе испраќање ко испраќање, исто како во летувалиште во Претор или во Шула Мина – Крушево. По пат застанавме и во локалниот Супермаркет да поткупиме нешто за по дома, некое сувенирче…Е да, Жика си го заборави виното кај мене во кола, супер вино! Нејсе. Тргнавме со намера да преспиеме во Загреб, за да ги избегнеме временските (не)услови. Пред Загреб, решивме дека ќе тргнеме нај Белград, па таму да преспиеме. И да, пред Белград решивме дека ќе одиме за Скопје, па таму да преспиеме… Испадна на крај дека временските услови се непогодни за возење само кај нас. А бе дома си е дома!Во релативно, кратки црти вака некако изгледаше нашето излагање во Австрија. Секако има уште еден цел ферман непишани препирки, случувања, анегдоти, кои останува да се раскажуваат на следната акција, следниот табор, под некоја карпа во скоро време и после многу години…

Фала ви на читањето, поздрав со љубов, Ико.© 2011 АК Матка А

ЛПИНИЗАМ

31

АМА ДАБЛАМ

Ама Даблам во превод од локалниот Шерпа дијалект значи „мајка со ѓердан“. Поради својата стрмна пирамидална форма уште го нарекуваат Хималајски Матерхорн.

32

Македонските алпинисти Илија Ристовски и Илина Арсова со нов успех од светски рамки,

овојпат од Хималаите.На 18 Ноември 2011, Македонски алпинистички тим составен од Илија Ристовски и Илина Арсова го развиориja македонското знаме на Хималајскиот врв Ама Даблам 6856м. Претходно овој врв од македонците го има искачено единствено др. Глигор Делев во 2005 година .Ама Даблам се наоѓа во Непал, на Хималајскиот масив во регионот Кумбу, во близина на највисоките светски врвови Мт. Еверест, Лоце и Нупце. Ама Даблам во превод од локалниот Шерпа дијалект значи „мајка со ѓердан“. Поради својата стрмна пирамидална форма уште го нарекуваат Хималајски Матерхорн. Илина и Илија неслучајно го одбраа овој врв по минатогодишното искачување на Европскиот Матерхорн - нивната алпска страст.Ама Даблам е еден од потешко достапните Хималајски врвови кој бара сериозна алпинистичка спремност и искуство. Насоката до врвот во просек има стрмнина од 70-90%, на места целосно вертикална и по целата должина технички доста комплицирана.Со експедицијата Ама Даблам на Илија и Илина, Македонија се здоби со први свои претставници на планина со ваква тежина и висина и уште еднаш прва жена – македонка на олку сериозен алпинистички подвиг. По Аконкагва, Матерхорн и други светски врвови, оваа алпинистичка двојка има намера го развиори македонското знаме на покривот на светот Монт Еверест 8848м.

До сега овие македонски спортисти сами се финансираат во своите експедиции. На големо задоволство во последниот хималајски подвиг тие беа поддржани од неколку македонски компании кои несебично придонесоа во реализирањето на експедицијата Ама Даблам со свои производи и финансиска помош. Голема благодарност до специјалната болница Филип Втори, Касио Про Трек и My time, како и до здравата храна на Виталиа, кои учествуваа во реализацијата на експедицијата „Ама Даблам 2011“. Тие се почестени од поддршката на претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов и претседателскиот кабинет кои редовно ги следат и ги поздравуваат нивните постигнати успеси. За нив тоа претставува мотивација и голема морална поддршка.

Од каде идеја за освојување на Ама Даблам?

Долго време посакувавме да одиме во Непал и да искачиме некој врв на Хималаите. По Матерхорн и Аконкагва се чувствувавме спремни за да се обидеме да качиме нешто повисоко. Имаме огромна желба да се качиме на висина над 8000м., но како што знаете, врвовите колку се повисоки толку се и поскапи дозволите, организациските и логистички услуги за нивно искачување. Бидејќи не успеавме да најдеме финансиска поддршка за една таква експедиција каде трошоците изнесуваат најмалку 8-9000 евра по човек, се одлучивме за експедиција каде ќе можеме уште еднаш да се „закрпиме“ со сопствени средства.Ама Даблам е временски покуса експедиција и

33

за нејзина реализација беа потребни значително помалку средства.Клучниот момент во изборот е самата насока на искачување на Ама Даблам кој по својата форма доста наликува на нашиот омилен Алпски врв, Матерхорн. Ова беше и продолжување на тренингот по Аконкагва која е нешто повисока но доста лесно пристапна. Ама Даблам беше добра прилика да се пробаме на слична висина со потежок пристап. Тоа е технички проблематична насока, зборувајќи за себе сметам дека ова беше досега нај напорно искачување за нас до сега.

Колку време ви беше потребно за подготовки за овој врв. Во кратки црти за организацијата на искачувањето?Подготовката беше долготрајна всушност сите наши досегашни активности кои се обидуваме да задржуваат свој континуитет, во прлиог на нашата психо-физичка состојба. Летото и есента качувавме карпа, планини, редовно трчање, планински велосипедизам, пливање. Инаку голема улога има и долгогодишното искуство (преку десет години) активни во планински спортови.

Дали водевте дневник за искачувањето? Има денови кога предвидената активност трае само неколку часа. Попладнето и вечерта се слободни. Тоа е идеално време за пишување, цртање, читање, медитирање.

Дневникот од оваа експедиција не беше обемен како оној на Аконкагва веројатно заради исполнетото време со пријатно друштво. Сепак дневникот овековечува одредени моменти, сцени од пејзажот и окружението. Тоа не е сосема дневен запис на емотивна состојба туку повеќе планер, потсетник, фиока за идеите кои ни навираат во глава.

Со оглед на тоа дека сами го финансиравте искачувањето и дека немавте класична експедициска логистика, каква се опрема носевте со вас и како се снајдовте со логистиката? Опремата што ја носевме беше една транспортна торба која ја набавивме таму, нормално тоа би било опрема за еден човек а не за двајца. Доста сме практични во изборот на багаж, што секогаш ни оди во прилог при транспорт на опремата на висина.Од опремата за ниски температури голем дел изнајмивме како: вреќи, чевли, шатор. Од поситните потребштини нешто купивме а нешто имавме позајмено. Се носи топла облека во повеќе слоеви, синтетика, полар, пердув па воодоотпорен материјал кој штити и од ветер. Дерези, цепин, кацига, систем за обезбедување, алпинистички појас, јумар... Во главно целосна алпинистичка опрема за зимски услови при фиксно обезбедување на карпа, мраз, снег.

34

Од исхрана носевме доста спонзорски производи здрава храна, која секојдневно се намалуваше а ранците стануваа сè полесни. Во базниот камп и за време на искачувањето имавме организирано храна преку локална логистичка компанија. Храната која се користи на висина се состои од високо протеински зготвени, концентрирани оброци кои само се подгреваат во врела вода и се конзумираат директно од паковањето.Колку време ви беше потребно да го искачите врвот? (пристигнување, аклиматизација...)

Ја сфативме оваа работа сериозно, затоа не дозволивме никаква импровизација во однос на аклиматизацијата. Одвоивме десетина дена за постапно да стигнеме до висина од околу 5500 притоа искачувајќи неколку врвови над 5000 и неколку пати преспивајќи на висина од околу 4200м.Потоа следеа неколку дена одмор за во тек на првата недела од ноември да дојдеме на базниот камп под Ама Даблам. Од таму до врвот и назад вкупно ни требаа уште десетина дена. Овде се одвива втората фаза на аклиматизација и испитување на теренот кон врвот. Два пати се качивме до 6000м со преспивање на 5700м, повторно одморивме во базниот камп ден два за на 15 ноември да тргнеме нагоре со цел да се качиме на врвот. Врвот го качивме на 18 ноември придржувајќи се до планот.

Целото патување вкупно траеше нешто помалку од 6 неделиСо какви се предизвици се соочивте за време на искачувањето?

Здравствени проблеми секогаш знаат да изненадат и да не затекнат неподготвени.Првата средба со планината од растојание беше застрашувачка. Во целост ја покажува својата моќност и доминантност. Приближувајќи се кон неа бевме по малку уплашени од она што не чека. Теренот по целата должина е доста стрмен и експониран на ветер, ниски температури, лавини. Треба и ментално да е човек добро подготвен за да издржи до крајот.Колку ве чинеше оваа искачување?

Не чинеше околу 3500 Евра по човек. За прв пат досега на оваа експедиција имавме и спонзори кои придонесоа со свои производи и скромна финансиска помош, главно при покривање на патните трошоци. Голема благоданост до нив: Специјалната болница Филип 2, Мај Тајм и Касио Про Трек и здравата храна на Виталија.Наредни планови

Неодмна откривме уште еден врв по форма сличен на Матерхорн, висок е околу 3500м. Тоа е еден од нашите предизвици. За зимава во план е и Килименџаро, а доколку успееме да обезбедиме средства се надеваме и на Еверест оваа година.

35

ристовски ИлијаKако член на ПД Елема, Скопје започнува со планинарење и спортска ориентација во 1997 година, а со спортско качување почнува како член на СКК Екстрем, Скопје во 2001 година.Од 2001 до 2004 се здобива со значајни признанија и награди - Македонски државен првак во спортско качување и неколкукратен „спортист на годината“ според ФПСМ.Во овој период станува лиценциран инструктор по спортско качување според Македонската Спортско качувачка Асоцијација. Во 2004 год.станува Балкански шампион во спортско качување. Како член на Македонската спортско качувачка репрезентација учествува на светски купови во Швајцарија, Италија, Франција, Словенија, Грција.Во овој период активно учествува во отварање на нови насоки и нивно одржување. Во 2005 год. се стекнува со лиценца за планински водич според ФПСМ членка на УИАА, а во 2007 год станува лиценциран местач на насоки според СКА членка на IFSC. Од 2006 па се до 2008 год. е член на планинско спасителна служба, единица за итни интервенции, Црвен Крст на град Скопје. Во текот на 2009 година во Малезија е инструктор во спортско качување (на природна и вештачка карпа) и местач на насоки за најголемата Азиска качувачка компанија, СМА, Малезија. Истата година учествува на светскиот ИФСЦ шампионат во спортско качување, Кина. Истата година се стекнува и со звање ИРАТА техничар (Интернационална асоцијација за работа на високо недостапни места). Илија е вооедно основач и раководител на Центар за Активен туризам во Сао Томе (Африка).

Достигнувања:Ама Даблам 6856м., Гокјо Ри, Чо Ла, Ренџа и други Хималајски искачувања до 5500м, Бајеситос 5500м, Серо Катедрал - традиционален стил (Аргентина), Матерхорн 4478м, со пристап од Италијанска страна по насоката Леоне, Мон Блан, Брајтхорн и други Алпски врвови од 3000 до 4000м нв, Хаба 5350м (Кина), Канг Шан 4122м (Кина), Суфан Даг 4344м (втора планина по висина во Турција), вулканот Агунг 3142м (Бали, Индонезија). 400м долга насока традиционално качување, Казакстан. Спортско качувачки насоки од 7а-8б во Македонија, Грција, Франција, Италија, Португалија, Кина, Тајланд и Малезија.

Илина арсоваПо професија e дипломиран Ликовен уметник, сликар и педагог, магистер по деловни јазици и меѓународна трговија. Со планинарење започнува од најрани години, а официјално почнува со планинарење и алпинизам како член на АК К2 и ПСД Кораб во 2002 година.

Освен тоа и параглајдерство и е еден од интересите, но последниве години не е активна во овој спорт. Активен член е на планинско спасителна служба при Единица за итни интервенции, Црвен Крст на град Скопје во периодот од 2006 до 2008. Со спортско качување започнува како член на СКК Екстрем, а во 2006 станува лиценциран судија во спортско качување. Во 2008 година во Малезија завршува обука за местење насоки, а 2009 завршува обука за работа на високо достапни места според светска асоцијација за висинска работа.

Достигнувања:Во периодот од 2006 до 2011 ги искачува врвовите Ама Даблам 6856м (Непал), Гокјо 5350м (Непал), Аконкагва 6963м (Аргентина), Бајеситос 5500м (Аргентина), Матерхорн 4487м (Италија), два пати Мон Блан 4807 (Франција), Брајтхорн 4165м (Швајцарија), Суфан Даг 4134м (Турција), Агунг 3450м (Бали) и други врвови на европските Алпи, масивот Тијан Шан во Кина, и на Андите во Јужна Америка. По Аконкагва на почетокот на 2011 го добива епитетот „Највисока Македонка“ постигнувајќи највиоск дострел во женска конкуренција во РМ. На повеќето врвови се појавува како прва Македонка.

Заедно Илина и Илија качуваат и алпинистички и спортско качувачки насоки практично низ целиот свет. Би ги издвоиле Казакстан, Кина и Тајланд каде качуваат насоки со должина до 500м и тежина 6б (Француска скала).Освојуваат прво место екипно на интернационален качувачки маратон во Тајланд, во конкуренција со десет земји меѓу кои Канада, Чиле, Аргентина, Сингапур, Кореа, Малезија и др., а освојуваат и поединечно трети места „Deep water solo“ на истиот натпревар.Во текот на 2008 и 2009 заминуваат на истражувачко патување низ Азија каде се професионално ангажирани за искачувања на карпи и планини, а од 2010 работат на развој за активен туризам во трети земји.

36

IN MEMORIAM

На 06.02.2012 година наврши една година од смртта на нашиот другар и пријател Димитар Боцевски. Вљубеник во планината, љубител на природата, учесник во Спасителната служба на Црвениот Крст, Диме беше пример за одговорност, хуманост, дружељубивост и чесност. Да се подели совет и укаже помош се особини кои му ги препишуваме на Диме. Затоа со голема благодарност и почит за неизмерното пријателство кое несебично го делеше на сите, на 05.02.2012 год ПСД Кораб, неговиот матичен клуб во кој членуваше и активно учествуваше, организираше и одржа меморијален марш во негова чест. Непосредно по немилиот настан клубот одлучи овој меморијален марш да се одржува секоја година во негова чест. Како и на минатогодишниот марш, кој се одржа 40 дена по смртта, кога беше поставена и спомен плоча на местото на настанот, така и оваа година 70тина пријатели и познајници на Диме земаа учество и му оддадоа почит. Запалени свеќи, осаменост и воздишки во кои често беше споменуван го одбележаа годинешниот марш. Неговиот спомен пак, останува со нас се додека го споменуваме и се сеќаваме на моментите поминати заедно. Нека му е вечна слава!

Елена Поп Алексова

37

Корените на ус-пехот на Пецл лежат во желба-

та на неговите оснива-чи да служат на една единствена цел - истра-жувањето.

Од неговите почетоци во спелеологијата, ми-сијата на компанијата остана постојана: да понуди практични ре-шенија кои им овоз-можуваат на луѓето да напредуваат. Денес тој пионерски дух, страст за истражување и етика не се променети и се со ист интензитет.

Брендот Пецл е созда-ден врз мотото - Соз-давме пристапност кон непристапното - мото кое треба да им служи како обврска, и кое ќе

ги задоволи потребите на клиентите. Идејата за создавање на таков бренд произлегува од личниот дух на самиот основач Фернанд Пецл, спортски љубител и истражувач на пештери. Тој барал решенија за предизви-ците поврзани со освојувањето на непри-стапните терени. За период од 30 години, Пецл, создаде сопствен дизајн и технички решенија и помагала кои го олеснуваат на-предувањето на вертикални и подземни те-рени со оптимална ефикасност, слобода и си-гурност. Додека создавал конкретни решенија за корисниците, Пецл, имал за цел да ги реши пред се техничките предизвици на теренот. Најголемите иновации на компанијата се резултат на прецизна експертиза, ко-ристејќи го методот: слушај го клиентот,

анализирај ги неговите потреби, експериментирај, развивај, тестирај.

ПОЧЕТОЦИ...

Фернанд Пецл е роден 1913 година. Во почетокот на 30-тите години на минатиот век на возраст од 17 години Фернанд Пецл ја открива својата голема љу-бов кон истражување на пештерите. Заедно со сво-ите браќа во почетокот на 30-тите ги истражуваат пештерите Dent de Crolles, во близина на Grenoble (Франција). Подоцна кога веќе станал возрасно момче тој формира своја независна работилница за дрво и метал, која била користена за потребите на леарницата Кронинг во градот Saint-Nazaire Les Eymes (Isère). Во 1936 заедно со Пјер Шевалие го истражуваат и ги мапираат првите 17 километри галерии на пештерата Dent de Crolles и го постигну-ваат првиот длабочински рекорд во светот на спе-леологијата. По идеја и предлог на Пјер Шевалие за прв пат изработуваат и користат најлонско јаже. Во 1942 година, тој ги тестира првите најлонски ја-жиња и се посветува на производтсво на флекси-билни скали. Пецл брзо почнал да создава алатки за себе и за своите пријатели кои ги употребувале за спелеолошките активности. Почетокот на 50-тите беше проследена со многу спелеолошки ак-

тивности. Фернанд беше назначен за за водач на интернационална експедиција Gouffre

Berger која достигна длабочина од 1122 ме-три постигнувајќи нов светски рекорд. Во тој период Фернанд вложува многу енер-гија во иновирање и создавање на нови

уникатни алатки за помош при качување на јаже (ascender), како и системи за извле-кување и спасување на повредени од под-земни простори. Во 1969 Фернанд заедно со своите синови започнува со производство на descender i belay дизајнирани од страна на спелеологот Бруно Дреслер. Овој период е исто така пресвртна точка во спелеологијата

како и замената на фиксните скали со ја-жиња. Оваа техника веќе беше развиена

од страна на Јумар, но за планинарење,

ПРИКАЗНА ЗА

38

а од страна на Пецл беше адаптирана за користење во спелеологијата. И така всушност Пецл како фирма започнува со својот подем.

Во седумдесетите заедно со своите синови ја проширува дејноста и на изработка на планинарски алатки. Во тој период е направена и првата челна ламба дизајнирана за плани-нари.

ИНОВАЦИИТЕ СЕ ВО СРЦЕТО НА НАШЕТО РАБОТЕЊЕ

Пецл како компанија воведе промени кои предиз-викаа револуција поврзани со осветлувањето и вертикалното искачување, две области во кои ком-панијата има експертиза. Со својот сопствен спорт-ски дух, полн со ентузијазам, Пол Пецл потполно го разбира значењето на унапредување на техниките за освојување на непристапните терени. По завр-шувањето на студиите во Grenoble и со здобивање-то на диплома во техничка механика, тој започна да работи во малата работилница на татко му, каде пак неговиот брат веќе работел. Така, заедно спло-тени, кулминацијата на нивните иновативни идеи ја постигнуваат во 1973 година, со креирање на ново јаже за качување и првата челна ламба. Про-дажбата на овие производи тогаш се вршела преку нарачки по пошта и за време на спелеолошките собири. 1973 била годината кога и сопругата на Пол, Катерина, со својата диплома од менаџмент се придружила на тимот. Работите се менуваат во 1975 година, со создавањето на првата Пецл кор-порација и изградба на првата деловна зграда во Crolles. Продажбите во тоа време расте, а компа-нијата имала 7 вработени со полно работно време. Дистрибуцијата на производите станала структури-рана, со тоа што директните продажби биле заме-нeти од страна на мрежата на трговци на мало, како и од страна на странските дистрибутери од Италија, Швајцарија, Шпанија и Белгија. Опремата произве-дена од страна на Petzl, почнала да го привлекува и вниманието не само на љубителите на пештерите, туку и на планинарите, а особено челните ламби, кои пак биле дизајнирани специјално за нив. Во 80-те години на минатиот век, се случува експанзија во спортското качување на карпи и алпинизмот. Тоа претставува уште еден дополнителен пазар кој тре-баше да ги задоволи токму потребите за напреду-вање во искачувањето на алпинистите. Тогаш Пецл дизајнираат иновативни прицврстувачи за карпа, а воедно и машини кои ќе ги произведат истите. Во

90 -те години на минатиот век, многумина од планинарите и љубителите на пеште-рите земајќи го сопственото искуство од височините, основаат сопствени бизниси, во областа на поставување и одржување на антени и друга опрема на големи висо-чини. Овој сектор на професии се повеќе

започнува да се развива, а од особено зна-чење претствуваат воведувањето на европ-

ските стандарди за безбедност како преду-слов за функционирање на многу професии, а

Пецл како фирма активно зема активно учество на пазарот на опрема за обезбедување. Во 2000 годи-на, Charlet Moser, производител на дерези и цепи-ни, се приклучува кон Пецл групацијата.

Уште еден важен настан ја одбележува истата го-дина, а тоа е иновацијата и производство на првата ЛЕД челна ламба - ТIККА.

Создвајќи низа иновации и нижејќи низа успеси, вo 2006 година е создадена и Petzl фондацијата. Таа понатаму продолжува со поддржување на проекти во спортот, работа на височина и спасување и тоа во три области: едукација и превенција, животна средина и истражување. 2008 година е уште една значајна година за Пецл, поради создавањето на V. axess Petzl институтот, замислен како место за спо-делување на мислења и експериментирање.

Во 2009 година, Пецл е бренд, со годишна про-дажба од 77 милиони евра, 450 вработени, како и дистрибутивна мрежа во повеќе од 40 земји.

Бизнис визијата на Пол Пецл е преточена во него-вите зборови: “За успешно да се води оваа ком-панија, треба цврсто да се држиме за неколку суштински вредности и тоа:

-постојано напредување, кoe доведува до се пого-лем успех, кој на компанијата и дава се поголема независност и понатамошно развивање,

-секогаш да ги слушаме потребите на корисници-те,

-да ја задржиме човечката и фамилијарната ди-мензија на компанијата, која ќе ги почитува своите клиенти и своите вработени”

39

Д али некогаш сте се изгубиле и сте посакале да постои лесен начин да откриете како да се вратите назад? Дали некогаш сте прона-

шле совршено место за пешачка патека, а следни-от пат кога сте ја побарале не сте можеле да ја нај-дете или не се ни сеќавате колку е долга и за колку време сте ја поминале? Сигурно барем еднаш сте прашале некого за вистинската насока за или како да се стигне до одредена локација?

Со GPS приемникот може, во принцип, во секое време да ја знаете позицијата на местото каде што се наоѓате. GPS технологијата брзо го менува начи-нот на кој луѓето ја наоѓаат моменталната локација на која што се, без разлика дали тоа е за забава, побрзо пристигнување на одредена позиција, или било каква друга употреба, навигацијата со GPS од ден во ден станува вообичаена потреба.

Што е GPS?

GPS е кратенка од Global Positioning System или во превод систем за глобално позиционирање. Тоа е мрежа на сателити кои континуирано пренесуваат кодирани информации, што овозможува прецизно да се утврди местоположбата на земјата.

Кој користи GPS

ГПС има примена на копно, море и воздух. GPS може да се користи се-каде освен онаму каде што е не-возможно да се добијат сигнали, како што се одередени места во објекти, тунели, пештери, подзем-ни гаражи и други слични локации каде штои не допира сигналот. GPS

приемници во зависност од моделот можат да обезбедат точност и до помал-

ку од еден метар. GPS приемникот стану-ваат се повеќе популарен меѓу туристите,

ловците, велосипедистите, планинарите. Користењето е релативно лесно, не треба да

сте научник за да научите како GPS работи. Се што треба е малку знаење и желба да се истражу-

ваат светот на GPS-от.

Принцип на работа на GPS уред

GPS приемникот треба да знае две работи, за да ја зврши својата работа. Мора да знае каде се сатели-тите (нивната локација) и колку се далеку (растоја-ние). Како GPS приемникот знае каде се наоѓаат сателитите во вселената? GPS приемникот од сате-литот собира два вида на кодирани информации. Еден тип на информации од базата на податоци, ја содржи приближната позиција на сателитот. Овие податоци постојано се пренесуваат и чуваат во ме-моријата на GPS приемникот така што ги знае ор-битите на сателитите и нивните позиции. Како што сателитите се движат наоколу, така и податоци од базата периодично се ажурираат со нови инфор-мации.

Картографија: Каде сме ние?

Дали некогаш сте гледал географска карта и сте по-сакале точно да ја означите вашата позиција? GPS приемникот е баш тој уред што ви треба за да зна-ете каде сте и каде треба да одите. GPS уредите се опремени со различни карти. Моделите се разли-куваат од модели без карти, со едноставна карта сем до модели со многу детална карта.

ГПС без мапа

GPS приемници без мапа на екранот имаат само цртеж (план) на вашата позиција и точки на дви-жење (waypoints), пат, или претходно снимени па-теки со што ќе можете да ја дефинирате позицијата во однос на одредена точка.

ориентација

40

ГПС со мапи

Кога се користи GPS приемник со можност за чу-вање или вчитување на детални мапи, информа-циите на екранот се навистина многу подобро. Податоците на мапата можат да вклучуват комер-цијални и станбени згради, ресторани, банки, бен-зински пумпи, туристички атракции, топографски детали и многу, многу повеќе. Замислете што мо-жете се да видите, секоја адреса која е содржана во огромна база на податоци или користење на електронска карта, која покажува деталите на ниво на улица!

Навигација: Каде се движам?

Точка на патот

Главната цел на навигацијата е да се овозможи движење од точката А до точката Б на наједнос-тавен можен начин. GPS приемниците можат да меморираат неколку стотици точки, места кои се нарекуваат точки на патот (waypoints). Куќа, прис-таниште, аеродром, или познати културни и исто-риски места што би сакале повторно да ги посетите некои се од примерите на позиции што можат да бидат зачувани, а подоцна повторно да се посетат. Што може да се направи ако никогаш не сте биле на некоја позиција, но знаете за неа или нејзини-те координатите на мапата? Во меморијата на GPS приемникот можат да се создададат точки на мес-та на кои никогаш не сте биле а подоцна да ги иско-ристите и да ви бидат патоказ за тие места.

Движење до одредено место

Движење до одредено место, значи можност со едноставен избор на дестинацијата и команди GPS приемникот да ви го покаже патот до таа точ-ка. GPS-от ќе исцртува линија од точка до точка покажувајќи ја насоката со стрел-ка која подсеќе на ком-пас. Исто така мо-жете да ja снимите вашата насока на движење, брзина, растојание до цел-та, и време кое ви е потребно до цел-та. Исто така може да се види каде сте биле, и тоа прика-жано во форма на дневник на патеката (track log).

Дневник на патеката (track log).

Како што ќе се движите GPS приемникот автомат-ски ќе го сними движењето во дневникот на пате-ката (track log). Оваа снимање на патеката може да го споредите како пат по кој сте фрлале ронки леб и кога сте сакале да се вратите сте ги следеле истите ронки назад, (да доколку некое животно не ги изе-ло). Значи GPS уредот веќе ја има меморирано па-теката во еден правец (track log), и доколку сакате да се вратите назад по истата патека, приемникот ќе ја следи истата патека во спротивна насока и ќе ве врати назад од каде што сте тргнале. Сите овие логови може да се меморираат и да ги користите повторно.

Решение за купување

Решение кој GPS приемник и додатоци да ги купите може да биде многу тешко, особено со големиот избор што е на пазарот денес. Во основа сите GPS приемници можат да ја прикажат позицијата и ос-новните навигациски податоци, и затоа не е потре-бен премногу скап приемник за влезете во светот на GPS навигацијата. Размислете за следните ка-рактеристики кога ќе се избере GPS приемник:

Траење на батеријата - Ако користите ГПС далеку од извор на енергија, сметајте дека треба да обез-бедите дополнителни батерии. Апаратот со екран во боја - батеријата ќе трае пократко во споредба со еднобоен екран.

Големина и тежина - Постојат GPS приемници со различни форми и големини и во зависност од ва-шата потреба да претпоставиме за планинарење - ви е потребен мал и лесен, за носење во рака.

Цена - Треба да се напомене дека сите GPS при-емници ќе ви овозможат одбележување на патни точки (waypoints). Останатото е до вас да решите за тоа кои опции ќе ги задоволат вашите потреби.

Интернет

За да дознаете повеќе за GPS приемници или ГПС технологија многу повеќе информации може да

најдете на интернет. Ќе најдете на целата произ-водна линија спецификации, услуги како што се

одговори на често поставувани прашања (FAQ - Најчесто поставувани пра-

шања), пристап до прирач-ници, софтвер итн. Некои

од најпопуларните произ-водители на GPS приемници

се Garmin, Magellan, Trimble и Lowrance.

41

Навистина е мало ама со извонредни ка-рактеристики, е се што можете да зак-лучите од првото користење на GO PRO

HERO2 камерата.Но да почнеме со ред. Производителот GO PRO ја нуди камерата во три верзии, Outdoor, Motorsport и Surf. Разликата е во додатоците, односно адаптерите што се нудат во секој од овие пакети, додека камерата е HERO2 моде-лот. Ние ја користиме верзијата за Оutdoor и накусо ќе ве запознаеме со основните карак-теристики на камерата. Оваа камера се користи од страна на повеќето професионални спортисти, спортски снима-тели, и ентузијасти и е најкористена камера во светот за екстремни спортови. Камерата е погодна за носење, монтирање и ракување. Вклучени се додатоци за монтирање кои ви овозможуваат да снимате видео материјали од спортови на отворено како велосипедизам, скијање, лизгање, кајак и така натаму. Пакетот за Outdoor доаѓа со неколку адаптери: 2 зак-ривени адаптери за кацига, 2 равни адаптера за рамни површини, лента адаптер за кацига, и лента адаптер за на глава. Во пакетот се на-

оѓаат и две куќишта за камера, едно е со отвор на задниот дел како би можел да се сними и аудио сигналот, а другото куќиште е за подвод-но снимање до 60 м длабочина. GO PRO со својата нова верзија на камери HERO2 внесе значителни подобрувања во однос на првата серија. Овој модел има про-фесионална стаклена леќа која дава два пати поостри снимки. Од првобитните 5 МP (мега-пиксели), во постариот модел, сега имаме 11 МP и можност за сликање од 10 фотографии во секунда, погодно за правење на спортски фотографии, како и опции за подесување на фотографирање на 0,5, 5 сек итн. Видното поле односно аголот на снимање мо-жеме да го подесуваме од стандардни 90О, преку 127О до широкоаголно снимање од 170О во модови од 720p до 1080p односно HD ви-део. На овој модел може да се приклучи и надворешен микрофон преку 3.5 мм приклу-чок.Оригиналната камера имаше само една лед диода, додека новиот модел има 4 лед диоди односно по една од сите четири страни, што е многу корисно да знаете кога камерата ви е

ФОТО &

ВИДЕО

МАЛО АМА... техничарче

42

вклучена, а ви се наоѓа на накој од адаптерите.На предниот дел од камерата имате мал дисплеј каде ви се прикажва во кој мод се наоѓа камера-та. Подесувањата на режимот на работа се врши многу едноставно преку двете копчиња што се на-оѓаат на камерата. Записот на видео форматот е со mp4 компресија. Како медиум за запис се користи SD картичка која за жал не доаѓа во пакетот и неа морате посебно да ја купите. Препорачливи се SD картички со 32MB меморија класа 10. Камерата сама по себе е во солидно цврсто куќиште, па можете слободно да ја пробате додека скијате, планинарите, или се занимавате со други екстремни спортови. Камерата исто така има функ-ција анти-тресењето, намалување на вибрациите од возилата и движење на корисникот при сур-фањето или скијање. Минималистичкиот пристап при изработката на камерата ја задржува идејата таа да се користи ис-клучиво за спортски активности, затоа и на самата камера не постои екран, така да првобитното ко-ристење додека не се навикнете на неа може да представува мал проблем. Во секој случај произ-водителот има решение и за сите оние кои сакаат да имаат контрола над снимањето со додатен ЛЦД екран кој се продава одделно. Производителот

исто така се погрижи на овој модел да можат да се приклучат и дополнителна батерија како и WIFI пакет така што веќе добивате и покомотна работа со истата камера. Едитирањето на видео материја-лот можете да го завршите со било кој видео еди-тор кој подржува работа со HD фајлови, а за тоа од друга страна ви е потребна помоќка компјутерска платформа.

Спецификации:ОПТИКА

2X поостри стаклени леќиf/2.8 фиксиран фокус170º агол на снимање (со 1080p)127º агол на снимање (со 1080p)90º агол на снимање

ВИДЕОHD резолуција:

1080p: 1920×1080, 30/25 FPS960p: 1280×960, 48FPS + 30FPS720p: 1280×720, 60FPS + 30FPS

Стандардна резолуцијаWVGA: 848×480, 120FPS + 60FPSСензор: 1 /2.3” CMOS Image SensorФото осетливост: .84 V/lux-secВидео формат: H.264 codec, .mp4 File FormatКонтрола на експозиција: Spot, Center WeightedБаланс на бело: Auto

ФОТОРезолуција: 11MP, 8MP, 5 MPФокус: 170º , 127ºНачин на сликања: единечна слика, 10 слики во секунда, програмирано сликање*, тајмер* на секои 0.5 сек. потребна е Class 10 SD Card.

ПРОСЕЧНО ВРЕМЕ НА СНИМАЊЕ 32GB SD CARD:1080p30: 4 часа960p30: 6 часа720p60: 4 часа720p30: 6 часаWVGA 120: 4.5 часа 43

Кобилица