ИНТЕРНЕТ И МУЛТИМЕДИЈА

36
ИНТЕРНЕТ И МУЛТИМЕДИЈА Вонр.проф. д-р. Светлана Мијаковска

Transcript of ИНТЕРНЕТ И МУЛТИМЕДИЈА

ИНТЕРНЕТ И МУЛТИМЕДИЈА

Вонр.проф. д-р. Светлана Мијаковска

ПОВРЗУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИСКИ

ПРОТОКОЛИ

На Интернет може да се поврзат секаков тип

на компјутери: коммпјутери со UNIX

оперативен систем, Microsoft, Macintosh, Apple

и др.

Сите компјутери без разлика на нивниот

оперативен систем, нивниот тип или начинот

на организација, можат да се повразат и да

делат информации/

ПОВРЗУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИСКИ

ПРОТОКОЛИ

За поврзување на различен тип на компјутери

или оперативни системи постојат технилки

стандарди кои диктираат како коммпјутерите

ќе комуницираат меѓусебе на Интернет.

За комуникација помеѓу два субјекти треба да

постои протокол.

Протокол е множество на правила кои

покажуваат по каков редослед ќе се изведуваат

активностите за комуникација помеѓу

субјектите.

ОСНОВНИ ИНТЕРНЕТ ПРОТОКОЛИ

За да можат поврзаните компјутери во мрежа меѓусебно да комуницираат, неопходно е да се усвојат правила за комуникација, кои ќе бидат заедничка за сите кои пристапуваат кон таа мрежа.

Збирот на правила и норми кои ја опишуваат постапката која се применува во компјутерската телекомуникација, се нарекува протокол.

TCP/IP (Transmission Control Protocol/Internet Protocol) претставува збир на повеќе протоколи(protocol suite), од кои секој има специфична улога.

ОСНОВНИ ИНТЕРНЕТ ПРОТОКОЛИ

TCP (Transmission Control Protocol) е протокол

за пренос на пакети и нивно формирање и

обработка како податоци за реализација на

пренос на информации на компјутерските

мрежи.

За да испрати порака, TCP протоколот ги дели

податоците во помали групи наречени пакети

и кон секој пакет додава информација

потребна за повторно составување на потаката,

обновување на податоците и проверка на

грешките.

ОСНОВНИ ИНТЕРНЕТ ПРОТОКОЛИ

IP (Internet protocol) е протокол за остварување на Интернет комуникација и сервиси, и фунционира едно ниво пониско од TCP,бидејќи TCP го користи IP за да ја оствари потребната цел.

На секоја порака IP протоколот додава наслов кој што ја содржи адресата на крајната цел (корисникот), како и информација за оној што ја испратил пораката.

IP протоколот е задолжен да ја проследи пораката помеѓу различните јазли на Интернет мрежата, помеѓу испраќачот и примачот на пораката.

ОСНОВНИ ИНТЕРНЕТ ПРОТОКОЛИ

TCP/IP се состојат од следните слоеви:

Физички слој (Physical layer) – ги дефинира

електричните и механичките особини кои

треба да ги задоволи преносниот медиум, како

и форматот на сигналот кој го користи

медиумот за пренос.

Поврзувачки слој (Data link layer) – го

дефинира форматот на пакетот кој се

пренесува преку физичкиот медиум, како

постапката на детекција и евентуална

корекција на грешки при преносот.

ОСНОВНИ ИНТЕРНЕТ ПРОТОКОЛИ

ARP (Address Resolution Protocol) – ја дефинира

постапката на конверзија на 32-битните интернет

(IP) нумерички адреси во разбирливиот

поврзувачки слој и е зависен од конкретната

мрежна технологија.

IP (Internet Protocol) – обавува задачи поврзани за

усмерување на пакетите во мрежата, во зависност

од почетните и одредените интернет (IP) адреси.

UDP (User Datagram Protocol) – ги распределува

датаграмите преку апликации (на пр.датаграми

кои припаѓаат на Telnet сервиси, датаграми кои

припаѓаат на FTP сервиси итн.), односно прави

мултиплексирања кон сервисите.

ОСНОВНИ ИНТЕРНЕТ ПРОТОКОЛИ

TCP (Transmission Control Protocol) – освен што

прави мултиплексирања на пакетите кон

сервисите, овој протокол обавува низа на

сложени задачи за воспоставување и

раскинување на врски, контрола на

исправноста и редоследот на пакетите на

прием, контрола на текот на податоци,итн.

TCP прави целосна контрола на исправноста

на податоците на крајните врски, и бара

повторно емитирање на пакетот ако забележи

дека истиот не стигнал или е оштетен.

ОСНОВНИ ИНТЕРНЕТ ПРОТОКОЛИ

Апликативен слој (Application Layer) –претставува збир на протоколи поврзни со функционирање на поедини апликации. На пример,

FTP (File Transfer Protocol) го дефинира протоколот поврзан со пренос на датотеки;

SMTP (Simple Mail Transfer Protocol) дефинира процедура за размена на електронска пошта помеѓу два системи поврзани на интернет;

HTTP (Hyper-Text Transfer Protocol) е протокол со кој се пренесуваат мултимедијалните елементи (текст,слики,звук) на WWWпрезентација.

АДРЕСИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

За да интернетот функционира како една

мрежа, неопходно е да се усвои еднозначен

систем за адресирање на компјутерите, кои се

поврзани во мрежата.

За да се обезбеди ефикасно локализирање на

компјутерите на интернет, воведен е двоен

систем на адресирање:

АДРЕСИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

Нумерички (IP) адреси – 32-битни броеви кои

користат IP протокол за проследување на

датаграмите од еден до друг компјутер, а кој на

едниствен начин ја одредува адресата на

физичкот интерфејс на компјутерот во

мрежата, на пр.147.91.130.3

Алфанумерички имиња на компјутерите

(FQDN-Fully Qualified Domain Name) – ја

имаат формата на компјутерот (на пр.

tfb.uklo.edu.mk).

АДРЕСИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

IP адресите се четвороцифрени бројчани

адреси кои се доделуваат на секој компјутер,

т.е секој компјутер си има своја уникатна IP

адреса.

IP адресите може да бидат статични и

динамички.

Постојат сервери кои имаат свои статични

адреси и тие не се менуваат.

Динамичките адреси се доделуваат на

крајните корисници кои комуницираат на

интернет преку провајдер.

АДРЕСИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

DNS (Domain Name System) е базен интернет

сервис кој служи за преведување на интернет

домените во IP адреси и обратно, бидејќи

симболичните ознаки (претставени со

алфанумерички знаци) се полесни за памтење

него бројчаните.

Симболичните адреси се состојат од повеќе

делови и поделбата се прави на следниот

начин:

име_сервис._име_сервер._име_домен._име_root_д

омен.

АДРЕСИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

За име на сервисот се користи кратенка за

сервисот кој треба да се направи.

Името на серверот може да биде произволно и

го дефинира администраторот на мрежата.

Името на доменот претставува име на фирмата

или установата (често е и кратенка).

Името на root доменот е фиксно и одредено

према правила (.com – комерцијална

презентација, .edu – образвона институција,

.gov – владина организација, .org – невладина

организација, .mil – воена институција).

АДРЕСИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

URL (Uniform Resource Locator) – го идентификува серверот на кој се наоѓа веб страницата и специфичната локација на компјутерот.

URL се состои од:

протокол;

адреса на компјутерот;

порта;

име на директориумот;

име на датотеката која ја бараме.

Пр: http://www.tfb.uklo.edu.mk/svetlanamijakovska/predavanja.html

ИНТЕРНЕТ СЕРВИСИ

Интернет сервисите се содржината и услугите

кои ги нуди самиот интернет.

Сите сервиси на интернет работаат на

концептот клиент-сервер, чија суштина е со

помош на програм кој се наоѓа на

корисничкиот компјутер на мрежата да се

пристапи кон потребните податоци кои се

сместени на серверот на некоја локација на

светската мрежа.

ИНТЕРНЕТ СЕРВИСИ

Интернет сервисите се делат на:

Основни – сервиси кои постојат на секој

компјутер кој е на мрежата (e-mail);

Јавни – сервиси кои се инсталираат на

значајни сервери на мрежата и обезбедуваат

лесен пристап на податоци (WWW);

Посебни – сервиси наменети за специфични

потреби на корисникот (сервиси за

пребарување, сигурносни сервиси, сервиси

наменети за администраторите на сервери и

мрежи).

WORLD WIDE WEB - WWW

Најпознатиот интернет сервис е WWW - World

Wide Web.

На почетокот (1989 г. – Tim Berns Lee) веб

презентациите содржеле само текст.

Во 1993 г.(Mark Andersen) направен е веб

прелистувач со графички кориснички

интерфејс кој прикажувал бои,слики и

анимации.

1994 г. Andersen и Klark го основале

Netscape,кој го креирал првиот комерцијален

веб прелистувач – Internet Explorer, кој во тоа

време станал и доминантен на пазарот.

WORLD WIDE WEB - WWW

WWW е систем со универзално прифатени стандарди за складирање, пронаоѓање, формирање и презентација на информации во концептот клиент – сервер.

Веб страниците се опишуваат со стандардниот HTML (Hypertext Markup Language) јазик, со кој се форматираат хипертекстуални документите и прават динамички врски (хиперлинкови) кон другите документи и слики.

HTTP (Hypertext Transfer Protocol) е комуникациски протокол кој го овозможува сообраќајот на веб страниците во мрежата.

WORLD WIDE WEB - WWW

За реализација на WWW сервисот важен е веб серверот (софтвер за лоцирање и складирање на веб страницата).

WWW претставува мрежа од документи кои се меѓусебно поврзани со линкови; збир на протоколи кои дефинираат како работи системот и ги пренесува податоците, и софтвер кој ја овозможува оваа концепција.

WWW се разликува од останатите сервиси со неговото едноставно користење и способноста корисникот лесно да се движи од еден до друг документ на исти или различни компјутери, со едноставно кликање на хиперлинковите.

WORLD WIDE WEB - WWW

WWW овозможува:

пребарување,пронаоѓање и читање на

документи на различни компјутери,

користење на интернет сервиси: FTP, Remote

Login Systems,

пребарување во база на податоци,

прибирање на податоци и информации,

презентација и чување на мултимедијални

презентации.

WORLD WIDE WEB - WWW

Архитектурата на WWW се состои од 3

сегменти:

- веб клиент – веб прелистувач, т.е апликација

која е инсталирана на компјутерот – клиент и се

користи за пристап на страниците на веб

(Internet Explorer, Mozilla Firefox, Google

Chrome),

- веб сервер – софтвер инсталиран на

серверскиот компјутер,

- збир на достапни сервиси.

WORLD WIDE WEB - WWW

Прелистувачот на клиентот е во интеракција со

серверот, кој всушност претставува посредник во

интеракцијата помеѓу клиентот и достапните сервиси.

На наредната слика е даден општ концепт на

архитектурана на веб.

СТАТИЧКИ И ДИНАМИЧЕН ВЕБ

На почетокот на својот развој веб страниците биле статични, т.е не постоела технологија која би ги зела во предвид информациите кои пристигнуваат од корисникот и на нивна основа да генерираат одговор.

Кај статичките веб страни информациите се секогаш исти.

Пристапот на статичка веб страна е следниот:

1. Авторот на веб сајтот креира статичка веб страница и ја чува во одреден фолдер на серверот;

2. Клиент-веб прелистувачи- му дава барање на HTTP за потребната страница. Тоа барање всушност е URL адресата која ја внесува корисникот.

СТАТИЧКИ И ДИНАМИЧЕН ВЕБ

3. Веб серверот го прифаќа барањето на

клиентот и ја лоцира бараната веб страница.

4. Бараната страница се прикажува на веб

прелистувачот.

СТАТИЧКИ И ДИНАМИЧЕН ВЕБ

Динамичките веб страници се прилагодуваат према барањата на корисникот, зависат од претходните акции на корисникот, од времето и местото од каде е пристапено, од неговиот идентитет и спеифичните потреби.

Пристапот кон динамична веб страница е следен:

1. Веб читачот испраќа HTTP барање (URL на потребната страница) кон веб серверот.

2. Веб серверот го прифаќа барањето и го активира апликативниот сервер (софтвер кој може и не мора да биде инсталиран на истиот компјутер како и веб серверот).

СТАТИЧКИ И ДИНАМИЧЕН ВЕБ

3. Врз основа на примената информација од

корисничкото барање, апликативниот сервер го

проследува барањето кон базата на податоци на

серверот.

4. Врз основа на барањето, на серверот со база на

податоци се извршува соодветното барање и

резултатот се враќа назад до апликативниот

сервер.

5. Апликативниот сервер формира HTML

страница во која ја вградуваат информацијата

добиена од базата на податоци. HTML

страницата се испраќа кон веб серверот.

СТАТИЧКИ И ДИНАМИЧЕН ВЕБ

6. Веб серверот ја испраќа HTML страницата до

корисничкиот компјутер.

Целосниот пристап на динамичка веб страна е

прикажан на следната слика:

ВЕБ ПРЕБАРУВАЧИ

Денес на интернет просторот постојат

милијарди веб страници, па пронаоѓањето на

потребната информација на веб е тешка

задача.

За оваа цел се користат веб пребарувачи или

машини за пребарување (search engine).

Во пребарувачите се внесува клучен збор за

пребарување, и софтверот бара веб страница

која го содржи клучниот збор, а потоа се

излистуваат пронајдените локации.

Оваа листа некогаш содржи и преку милион

адреси, па корисникот незнае која да ја одбере.

ВЕБ ПРЕБАРУВАЧИ

Google е најпозната алатка за пребарување и

околу 60% од сите пребарувања се прават на

него поради неговата ефикасност и брзина.

Други познати веб пребарувачи се: Yahoo, MSN

Search, Alta Vista.

Постојат и т.н машини за метапребарување -

алатка за метапребарување е Web локација

која овозможува да бараниот израз се внесе

само еднаш, а потоа таа изразот го испраќа до

неколку машини за пребарување одеднаш и ги

објавува резултатите.

ВЕБ ПРЕБАРУВАЧИ

Во принцип вака се гледаат само по неколку

први резултати од секоја машина за

пребарување, но бидејќи сите тие на прво

место ги ставаат резултатите кои најмногу

одговараат на нашиот критериум за

пребарување постојат големи шанси меѓу нив

да се пронајде она што се бара.

Двата најдобри метапребарувачи се:

MetaCrawler – http://www.metacrawler.com

Dogpile – http://www.dogpile.com

ВЕБ ПРЕБАРУВАЧИ

При веб пребарувањето се користат неколку

правила:

Користење на алтернативни зборови;

Пребарување според точен израз;

Додавање на изрази за пребарување;

Користење на + и – за додавање или

исклучување на одредени зборови;

Користење на Булови оператори AND (И), OR

(ИЛИ) и AND NOT (И НЕ). Тоа се најмоќните

алатки кои стојат на располагање за фино

подесување на пребарувањето и повеќето

машини за пребарување ги подржуваат.

ВЕБ ПРЕБАРУВАЧИ

Во принцип Буловите оператори мора да се

внесуваат со големи букви.

AND. Пронајдените документи мора да ги

содржат сите зборови кои ги спојува операторот

AND.

OR. Документите кои се пронајдени мора да

содржат најмалку еден од зборовите кои ги

поврзува операторот OR.

AND NOT.Со користење на овој оператор

пронајдените документи не смеат да го

содржат зборот кој следува зад операторот.

GOOGLE ПРЕБАРУВАЊЕ

Мудро се избира клучен збор.

Нема потреба да е користи зборот AND помеѓу

два зборови, бидејќи AND автоматски се

подразбира.

Зборови како: how, where, the, a, an, is, for и др.

автоматски се исклучуваат.

Знак “-” се става веднаш пред зборот кој треба

да се елиминира.

Google не е “Case Sensitive” што значи не прави

разлика помеѓу големи и мали букви, односно

сите ги третира како мали букви.

GOOGLE ПРЕБАРУВАЊЕ

Google не подржува варијации на зборови, односно на пример garden го разбира различно од gardens,а gard* и gard? ги разбира како gard.

За пребарување спрема точен израз се користат наводници.

За пофино пребарување се користат Буловите оператори.

Зависно од типот на документот Google може да пребарува неколку формати на документи и тоа: Acrobat Reader (.pdf), Microsoft Word (.doc), AdobePostscript (.ps), Microsoft Excel (.xls), MicrosoftPowerPoint (.ppt) и Rich Text Format (.rtf), и неколку формати на фотографии и тоа: .jpeg, .gifи.png.